Обмислено и намерно. Па и по традиција. Кинотека во јануари ќе им ја подари филмската програма – играната и анимираната – на најмладите. На оние за кои, мора да се признае, не е лесно да се направи разбирлив, гледлив филм кој ќе биде запаметен.

Кинотека се определи да започне по новогодишните и божиќните празници со прикажување на ЗОКИ ПОКИ, македонскиот телевизиски серијал, од 10 епизоди. Нема двоумење дека најмладите добро знаат што е тоа. Тоа адаптација на нивната омилена лектира, која датира од 1963 година, кога писателката Оливера Николова го издаде ЗОКИ ПОКИ.

Месец јануари ќе биде надополнет и со анимирани филмови од неодамнешната продукција. Најмладата генерација филмофили ќе биде во можност да ги проследи новите авантури на НИНЏА ЖЕЛКИТЕ, норвешката продукција ТИТИНА, германскиот анимиран филм на еколошка тема СМРДЛИВЦИТЕ – ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО СМРДВИЛ, рускиот МАЧКИ ВО МУЗЕЈОТ, БИБИ И БОБИ: ПРОЛЕТНА МАГИЈА…

Вака ќе заврши филмскиот караван КИНО УТРО на кинотека во јануари. Во февруари, филмофилите ги чека ново изненадување.

 

ПРОГРАМА КИНО УТРО ЈАНУАРИ 2024

 

9 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК), 12:00 ч
„ЗОКИ ПОКИ“ ЕПИЗОДА 1 „СВЕТОТ НА ЗОКИ ПОКИ“
(“Zoki Poki” e1. “World of Zoki Poki”)
Играна серија, Македонија
2020, 22 мин., колор, ХД
Режија на серијата: Александар Поповски, Марија Апчевска (Aleksandar Popovski, Marija Apchevska)
Режија на епизодата: Марија Апчевска (Marija Apchevska)
Сценарио: Сашо Кокаланов (Sasho Kokalanov)
Улоги: Матеј Настевски, Анастасија Аневска, Матео Матоски, Матеј Зимбаков, Сашко Коцев, Даниела Иваноска, Сабина Ајрула-Тозија (Matej Nastevski, Anastasija Anevska, Mateo Matoski, Matej Zimbakov, Sashko Kocev, Daniela Ivanoska, Sabina Ajrula-Tozija)

На Зоки Поки денеска му е роденден и сите негови соученици се поканети на неговата забава во Театарот за деца и младинци. Сите се таму, неговото семејство, неговите најдобри пријатели Боки и Гоки и, секако, посебната девојка по име Лидија.

Влезница: бесплатен влез

 

9 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК), 13:00 ч
10 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 13:00 ч

БИБИ И БОБИ: ПРОЛЕТНА МАГИЈА
Анимиран филм, Македонија
2023, 30 мин., колор, ДЦП
Режија: Димитар Аризанов, Јосип Здравковски (Dimitar Arizanov, Josip Zdravkovski)
Улоги: Слаѓана Вујошевиќ; Сашко Коцев; Никола Ристановски; Дамјан Цветановски (Slagana Vujosevik, Sashko Kocev, Nikola Ristanovski, Damjan Cvetanovski)

Пристигна нова авантура со сказните на Биби и Боби. Исчезнати и заборавени волшебни животни. Магични предмети кои имаат сила да разбудат пролет. Нови другарчиња и пријателчиња во нашата најнова хипер-суперултра-мегатурбо-гига мноооогу возбудлива прошетка низ нашата убава Македонија. Јееј. Јипи рипи!

Влезница: 100 денари

 

10 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 12:00 ч

„ЗОКИ ПОКИ“ ЕПИЗОДА 2 „СИТЕ ЗА ЕДЕН, ЕДЕН ЗА СИТЕ“
(“Zoki Poki” e2. “All for one, one for all”)
Играна серија, Македонија
2020, 22 мин., колор, ХД
Режија на серијата: Александар Поповски, Марија Апчевска (Aleksandar Popovski, Marija Apchevska)
Режија на епизодата: Марија Апчевска (Marija Apchevska)
Сценарио: Билјана Црвенковска (Biljana Crvenkovska)
Улоги: Матеј Настевски, Анастасија Аневска, Матео Матоски, Матеј Зимбаков, Сашко Коцев, Даниела Иваноска, Сабина Ајрула-Тозија (Matej Nastevski, Anastasija Anevska, Mateo Matoski, Matej Zimbakov, Sashko Kocev, Daniela Ivanoska, Sabina Ajrula_Tozija)

Зоки и Гоки имаат кавга со Боки и решаваат да не разговараат со него. Но, еден ден во училиште тие гледаат како две постари момчиња го малтретираат Боки. Дали ќе им се спротивстават и ќе го спасат својот пријател?

Влезница: бесплатен влез

 

11 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 12:00 ч

„ЗОКИ ПОКИ“ ЕПИЗОДА 3 „ЧУДОВИШТЕТО ОД ПОДРУМОТ“
(“Zoki Poki” e3. “The Cellar Monster”)
Играна серија, Македонија
2020, 22 мин., колор, ХД
Режија на серијата: Александар Поповски, Марија Апчевска (Aleksandar Popovski, Marija Apchevska)
Режија на епизодата: Даријан Пејовски (Darijan Pejovski)
Сценарио: Билјана Црвенковска (Biljana Crvenkovska)
Улоги: Матеј Настевски, Анастасија Аневска, Матео Матоски, Матеј Зимбаков, Сашко Коцев, Даниела Иваноска, Сабина Ајрула-Тозија (Matej Nastevski, Anastasija Anevska, Mateo Matoski, Matej Zimbakov, Sashko Kocev, Daniela Ivanoska, Sabina Ajrula-Tozija)

Во подрумот демне нешто чудно и страшно. Авантуристите Зоки Поки, Лидија, Боки и Гоки се во мисија да ја решат оваа мистерија. Што ќе најдат?

Влезница: бесплатен влез

 

11 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 13:00 ч
12 ЈАНУАРИ (ПЕТОК), 13:00 ч

НИНЏА ЖЕЛКИ: МУТАНТСКИ ХАОС
(Teenage Mutant Ninja Turtles: Mutant Mayhem)
Анимиран филм, САД
2023, 99 мин., колор, ДЦП
Режија: Џеф Роу, Кајлер Спирс (Jeff Rowe, Kyler Spears)
Сценарио: Сет Роген, Ајван Голдберг, Џеф Роу (Seth Rogen, Evan Goldberg, Jeff Rowe)
Улоги: Мика Аби, Шемон Броун Џуниор, Николас Канту (Micah Abbey, Shamon Brown Jr., Nicolas Cantu)

НИНЏА ЖЕЛКИ: МУТАНТСКИ ХАОС е ново продолжение на позантиот филмски серијал во кој ги следиме авантурите на нинџа желките Леонардо, Донатело, Рафаел и Микеланџело. После долги години криење од човечкиот свет, Нинџа желките се обидуваат да бидат прифатени од њујорчани како нормални тинејџери. Нивната нова другарка Април им помага да победат една мистериозна криминална група, но тие наскоро се наоѓаат во неволја кога друга група на мутанти ги напаѓа нив.

Влезница: 100 денари

 

12 ЈАНУАРИ (ПЕТОК), 12:00 ч
„ЗОКИ ПОКИ“ ЕПИЗОДА 4 „КАМПУВАЊЕ“
(“Zoki Poki” e4. „Camping”)
Играна серија, Македонија
2020, 23 мин., колор, ХД
Режија на серијата: Александар Поповски, Марија Апчевска (Aleksandar Popovski, Marija Apchevska)
Режија на епизодата: Марија Апчевска (Marija Apchevska)
Сценарио: Сашо Кокаланов (Sasho Kokalanov)
Улоги: Матеј Настевски, Анастасија Аневска, Матео Матоски, Матеј Зимбаков, Сашко Коцев, Даниела Иваноска, Сабина Ајрула-Тозија (Matej Nastevski, Anastasija Anevska, Mateo Matoski, Matej Zimbakov, Sashko Kocev, Daniela Ivanoska, Sabina Ajrula-Tozija)

Лидија оди на кампување со својот извиднички тим. Зоки Поки сака да се приклучи, но Лидија не мисли дека го има она што е потребно за да биде член на извидничкиот тим. Зоки Поки треба да ја докаже својата вредност.

Влезница: 100 денари

 

13 ЈАНУАРИ (САБОТА), 12:00 ч
„ЗОКИ ПОКИ“ ЕПИЗОДА 5 „ЉУБОВ“
(“Zoki Poki” e5. „Love”)
Играна серија, Македонија
2020, 23 мин., колор, ХД
Режија на серијата: Александар Поповски, Марија Апчевска (Aleksandar Popovski, Marija Apchevska)
Режија на епизодата: Марија Апчевска (Marija Apchevska)
Сценарио: Билјана Црвенковска (Biljana Crvenkovska)
Улоги: Матеј Настевски, Анастасија Аневска, Матео Матоски, Матеј Зимбаков, Сашко Коцев, Даниела Иваноска, Сабина Ајрула-Тозија (Matej Nastevski, Anastasija Anevska, Mateo Matoski, Matej Zimbakov, Sashko Kocev, Daniela Ivanoska, Sabina Ajrula-Tozija)

Сите се сеќаваме на една посебна девојка или момче кое ни го одзема здивот. За Зоки Поки таа девојка е Лидија. Дали конечно ќе има храброст да ѝ каже како се чувствува?

Влезница: бесплатен влез

 

13 ЈАНУАРИ (САБОТА), 13:00 ч
15 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 14:00 ч

ТИТИНА
(Titina)
Анимиран филм, Норвешка
2023, 91 мин., колор, ДЦП
Режија: Кајса Наес (Kajsa Næss)
Сценарио: Кајса Наес, Пер Шрајнер (Kajsa Næss, Per Schreiner)
Улоги: Јан Гунар Ројзе, Каре Конради, Ане Марти Јакобсен (Jan Gunnar Røise, Kåre Conradi, Anne Marit Jacobsen)

Титина е забавна и возбудлива приказна за речиси заборавеното патување и откритие: освојувањето на Северниот пол во 1926 година со воздушна експедиција. Италијанскиот аеронаутички инженер Умберто Нобиле ужива во друштво на своето сакано куче Титина, кое го има спасено од улиците на Рим.
Еден ден, познатиот норвешки истражувач Роалд Амундсен го контактира со намера да го освојат Северниот пол со цепелин. Нобиле се стреми да ја искористи шансата и да влезе во историјата. Тој ја носи Титина со себе и неверојатното трио тргнува во потрага по последното неоткриено место на Земјата. Нивната потрага е успешна, но после тоа двајцата мажи почнуваат да се борат за славата…
Низ очите на четириногата Титина се открива вистинската приказна за триумфот и поразот.

Влезница: 100 денари

 

 

15 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 12:00 ч

„ЗОКИ ПОКИ“ ЕПИЗОДА 6 „АСТРОНАУТ“
(“Zoki Poki” e6. „Astronaut”)
Играна серија, Македонија
2020, 22 мин., колор, ХД
Режија на серијата: Александар Поповски, Марија Апчевска (Aleksandar Popovski, Marija Apchevska)
Режија на епизодата: Радован Петровиќ (Radovan Petrovic)
Сценарио: Сашо Кокаланов (Sasho Kokalanov)
Улоги: Матеј Настевски, Анастасија Аневска, Матео Матоски, Матеј Зимбаков, Сашко Коцев, Даниела Иваноска, Сабина Ајрула-Тозија (Matej Nastevski, Anastasija Anevska, Mateo Matoski, Matej Zimbakov, Sashko Kocev, Daniela Ivanoska, Sabina Ajrula-Tozija)

Како да станете астронаут и да стигнете до ѕвездите? Што има таму? Дали има вонземјани во нашиот универзум? Нашиот Зоки Поки има многу прашања, но дали ќе му се допаднат одговорите?

Влезница: бесплатен влез

 

16 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК), 12:00 ч

„ЗОКИ ПОКИ“ ЕПИЗОДА 7 „ОПАСЕН ГОСТИН“
(“Zoki Poki” e7. „A dangerous guest”)
Играна серија, Македонија
2020, 21 мин., колор, ХД
Режија на серијата: Александар Поповски, Марија Апчевска (Aleksandar Popovski, Marija Apchevska)
Режија на епизодата: Даријан Пејовски (Darijan Pejovski)
Сценарио: Сашо Кокаланов (Sasho Kokalanov)
Улоги: Матеј Настевски, Анастасија Аневска, Матео Матоски, Матеј Зимбаков, Сашко Коцев, Даниела Иваноска, Сабина Ајрула-Тозија (Matej Nastevski, Anastasija Anevska, Mateo Matoski, Matej Zimbakov, Sashko Kocev, Daniela Ivanoska, Sabina Ajrula-Tozija)

Зоки Поки има гостин од едно село во близина на Охрид и не е среќен поради тоа. Тој прави сè за да се чувствува непожелно, но кога правите заговор против некого, правите заговор против себе.

Влезница: бесплатен влез

 

 

16 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК), 13:00 ч
17 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 13:00 ч

МАЧКИ ВО МУЗЕЈОТ
(Koty Ermitazha)
Анимиран филм, Русија
2023, 70 мин., колор, ДЦП
Режија: Василиј Ровенскиј (Vasily Rovenskiy)
Сценарио: Елвира Буштец, Фјодор Деревјански, Васили Ровенски (Elvira Bushtets, Fyodor Derevyanskiy, Vasiliy Rovenskiy)
Улоги: Роман Курцин, Полина Гагарина, Павел Прилучниј (Roman Kurtsyn, Polina Gagarina, Pavel Priluchnyy)

Додека се обидуваат да избегаат од поплава, младиот мачор Винсент и неговиот нов пријател, глувчето Морис, се кријат во старото пијано. Кога инструментот ненадејно ќе заврши во музејот, Винсент се среќава со елитен тим мачки кои со години ги штитат ремек-делата од глодари и други штетници. Иако со години сонува да најде вистинско семејство на мачки и копнее по чувство на припадност, тој не сака да го загуби својот пријател кој му го спасил животот, па Винсент е принуден да го скрие Морис. Сепак, глувчето има една слабост, а тоа е што сака да ги гризе најпознатите музејски ремек-дела.

Влезница: 100 денари

 

 

17 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 12:00 ч

„ЗОКИ ПОКИ“ ЕПИЗОДА 8 „МОЈА СРЕЌА“
(“Zoki Poki” e8. „My luck”)
Играна серија, Македонија
2020, 25 мин., колор, ХД
Режија на серијата: Александар Поповски, Марија Апчевска (Aleksandar Popovski, Marija Apchevska)
Режија на епизодата: Александар Поповски (Aleksandar Popovski)
Сценарио: Сашо Кокаланов (Sasho Kokalanov)
Улоги: Матеј Настевски, Анастасија Аневска, Матео Матоски, Матеј Зимбаков, Сашко Коцев, Даниела Иваноска, Сабина Ајрула-Тозија (Matej Nastevski, Anastasija Anevska, Mateo Matoski, Matej Zimbakov, Sashko Kocev, Daniela Ivanoska, Sabina Ajrula-Tozija)

Зоки Поки наоѓа паричник полн со пари во Зooлошката градина и не му кажува на татко му. Размислува да го задржи и да си ги купи одамна посакуваните Џурасик коцки, но Лидија не се согласува со него. Што ќе направи нашиот херој?

Влезница: 100 денари

 

18 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 12:00 ч

„ЗОКИ ПОКИ“ ЕПИЗОДА 9 „КРАДЕЦ“
(“Zoki Poki” e9. „Thief”)
Играна серија, Македонија
2020, 20 мин., колор, ХД
Режија на серијата: Александар Поповски, Марија Апчевска (Aleksandar Popovski, Marija Apchevska)
Режија на епизодата: Даријан Пејовски (Darijan Pejovski)
Сценарио: Билјана Црвенковска (Biljana Crvenkovska)
Улоги: Матеј Настевски, Анастасија Аневска, Матео Матоски, Матеј Зимбаков, Сашко Коцев, Даниела Иваноска, Сабина Ајрула-Тозија (Matej Nastevski, Anastasija Anevska, Mateo Matoski, Matej Zimbakov, Sashko Kocev, Daniela Ivanoska, Sabina Ajrula-Tozija)

Мистериозно исчезнаа сендвичот на Боки, спинерот на Гоки и микроскопот на Зоки. Имаме крадец во зградата? Нашите мали детективи се обидуваат да откријат кој би можел да биде.

Влезница: бесплатен влез

 

18 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 12:00 ч

„ЗОКИ ПОКИ“ ЕПИЗОДА 10 „РАСПУСТ“
(“Zoki Poki” e5. „Vacation”)
Играна серија, Македонија
2020, 21 мин., колор, ХД
Режија на серијата: Александар Поповски, Марија Апчевска (Aleksandar Popovski, Marija Apchevska)
Режија на епизодата: Марија Апчевска (Marija Apchevska)
Сценарио: Билјана Црвенковска (Biljana Crvenkovska)
Улоги: Матеј Настевски, Анастасија Аневска, Матео Матоски, Матеј Зимбаков, Сашко Коцев, Даниела Иваноска, Сабина Ајрула-Тозија (Matej Nastevski, Anastasija Anevska, Mateo Matoski, Matej Zimbakov, Sashko Kocev, Daniela Ivanoska, Sabina Ajrula-Tozija)

Крај на учебната година и почеток на летниот распуст. Зоки Поки е тажен затоа што ќе мора да го помине поголемиот дел од летото без своите пријатели. Но, во неговата зграда пристигнуваат нови соседи кои имаат мало девојче по име Наташа.

Влезница: бесплатен влез

18 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 14:00 ч

Смрдушковци – Добредојдовте во Смрдвил.

(The Ogglies – Welcome to Smelliville)
Анимиран филм, Германија, Белгија
2021, 85 мин., колор, ДЦП
Режија: Тоби Генкел, Јенс Мулер (Toby Genkel, Jens Møller)

Сценарио: Тоби Генкел, Џон Чемберс, Ерхард Дитл (Toby Genkel, John Chambers, Erhard Dietl)

Улоги(гласови): Бен Јанг, Лили Хелд, Сузан Такенберг (Ben Young, Lily Held, Susan Tackenberg)

Смрдливците бараат нов дом и се наделуваат во Смрдвил, едно прекрасно и весело селце. На жалост, во Смрдвил има еден гаден проблем: локалната депонија ја згадува целата околина. Нешто мора да се стори! Макс, синот на градоначалникот, е млад талент кој тајно мечтае да го реши смрдливиот проблем со една луда машина, која ја изработува заедно со професорот Пенливски и неговата внука Лота. Кога Макс се сретнува со Смрдливците на депонијата, веднаш станува јасно дека тие се решението за проблемот, затоа што јадат ѓубре! А за Смрдливците, депонијата значи дека конечно нашле вистински дом. Сè би било во ред ако не беа плановите на сопругата на градоначалникот и бескрупулозниот градежен изведувач Чекановски кои сакаат на депонијата да градат велнес центар! Смрдливчињата сега треба да го спасат својот нов дом заедно со пријателите Макс и Лота.

Возрасна категорија: 8 години
Влезница: 100 денари