IПовторно, северот доаѓа на југ. Овој пат во август. Повторно шведски филмови, во Кинотеката на летната сцена. Овој пат, селекција од рецентната шведска документарна продукција. Што создадоа креативците од скандинавската документарна школа? Почнувајќи со историјата на квир и транс културата во Шведска, преку приказ за животот на домородното население, до општествено ангажирани теми. Ова е само дел од тоа што ќе може да се види, да се коментира. Кинофилите ќе имаат можност да проследат и документарен филм за културата на канабисот, последниот филм на Миа Хансен-Лав со француската фам фатал Лејла Сејду во главната улога, како и нестрпливо очекуваната премиера на новиот филм на Кристофер Нолан, биографскиот еп Опенхајмер. Тоа е филмот на моментот, секаде коментиран и анализиран, моќно дело кое ни го става прстот на чело, за да промислиме што е во суштината на нуклеарната енергија. Крајот на месецот е резервиран за фестивалот на нем и класичен филм. Се гледаме на летната сцена во Кинотека, омиленото прибежиште на љубителите на добриот филм.

ПРОГРАМА АВГУСТ 2023

1 АВГУСТ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

ЦРВЕНАТА ЖЕЛКА
(La tortue rouge / The Red Turtle)
Анимиран филм, Франција / Белгија / Јапонија
2016, 80 мин., колор, ДЦП
Режија: Михаел Дудок де Вит (Michael Dudok de Wit)
Сценарио: Михаел Дудок де Вит, Паскал Феран (Michael Dudok de Wit, Pascale Ferran)
Гласови: Емануел Гарижо, Том Хадсон, Баптис Гој (Emmanuel Garijo, Tom Hudson, Baptiste Goy)

ЦРВЕНАТА ЖЕЛКА ја раскажува приказната без дијалог на еден човек кој доживува бродолом на пуст остров и запознава огромна црвена желка. Композитор на придружната музика во филмот е Лорен Перез дел Мар. Интересно е што музиката била снимена во Скопје, во студиото ФАМЕС на француската двојка Од Мопас и Лорен Копиц.
Филмот имаше премиера на Канскиот фестивал, каде што режисерот освои Специјална награда на жирито во програмата „извесен поглед“, беше номиниран за „Оскар“, а освои десетина награди на светските филмски фестивали.

Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари

 

 

 

 

1 АВГУСТ (ВТОРНИК), 20:00 ч.
3 АВГУСТ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч. ml
4 АВГУСТ (ПЕТОК), 20:00 ч.
5 АВГУСТ(САБОТА), 20:00 ч.
7 АВГУСТ(ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.
8 АВГУСТ (ВТОРНИК), 18:00 ч.
9 АВГУСТ (СРЕДА),18:00 ч.

16 АВГУСТ (СРЕДА), 20:00 ч.

ЗАСЕКОГАШ МЛАДИ
(Les Amandiers / Forever Young)
Игран филм, Франција / Италија
2022, 126 мин., колор, ДЦП
Режија: Валерија Бруни Тедески (Valeria Bruni Tedeschi)
Сценарио: Валерија Бруни Тедески, Каролин Деруа-Гарел, Ноеми Лавовски (Valeria Bruni Tedeschi, Caroline Deruas-Garrel, Noémie Lvovsky)
Улоги: Надја Терескиевич, Софијан Бенасе, Луј Гарел, Миша Лескот, Ноам Еџ, Василиј Шнајдер (Nadia Tereszkiewicz, Sofiane Bennacer, Louis Garrel, Micha Lescot, Noham Edje, Vassili Schneider)

Дејствието на филмот се случува кон крајот на 1980-тите години во Париз. Стела, Виктор, Адел и Етјен се млади студенти по актерска игра, штотуку примени во Les Amandiers (буквален превод: „Стебла со бадеми“), престижно театарско училиште основано од Патрис Шеро, еден од најмаркантните француски режисери на преминот на двата века. На новиот животен пат тие ќе учат, ќе сакаат, ќе се плашат, ќе го живеат животот во целост и ќе ги доживеат своите први трагедии… Сторијата на филмот има автобиографски елементи од животот на Тедески, која студирала на истата академија под менторство на Шеро во 1980-те, а еден од нејзините колеги е актерот Винсент Перез.
Во филмографијата на Валерија Бруни Тедески (1964), италијанско-француска актерка, сценаристка и режисерка, досега се запишани деведесетина наслови и триесетина номинации и награди на светските филмски фестивали, меѓу кои и националната награда на француската кинематографија „Цезар“. Режисерка е на 6 филмови, за АКТЕРКИ (Actrices / Actresses) ја доби Специјалната награда на жирито на програмата „Извесен поглед“ на Канскиот фестивал во 2007 година. Со ЗАСЕКОГАШ МЛАДИ Тедески беше дел од натпреварувачката програма на Канскиот фестивал, забележа десетина номинации за награди, а Надја Терескиевич ја доби наградата за најталентирана актерка на годишното доделување на француските филмски награди „Лимиер“.

Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари

 

 

3 АВГУСТ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.
4 АВГУСТ (ПЕТОК), 18:00 ч.
5 АВГУСТ (САБОТА), 18:00 ч.
7 АВГУСТ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.
8 АВГУСТ (ВТОРНИК), 20:00 ч.
9 АВГУСТ (СРЕДА), 20:00 ч

16 АВГУСТ (СРЕДА), 18:00 ч.
17 АВГУСТ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч

18 АВГУСТ (ПЕТОК), 18:00 ч.
19 АВГУСТ (САБОТА), 18:00 ч.

21 АВГУСТ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.
22 АВГУСТ (ВТОРНИК), 18:00 ч.
23 АВГУСТ (СРЕДА), 18:00 ч

ЕДНО УБАВО УТРО
(Un Beau Matin)
Игран филм, Шведска / Франција
2022, 112 мин., колор, ДЦП
Режија и сценарио Миа Хансен-Лав (Mia Hansen-Løve)
Улоги Леа Сејду, Паскал Грегори, Мелвил Пупо, Никол Гарсиа (Léa Seydoux, Pascal Greggory, Melvil Poupaud, Nicole Garcia)

Сандра Кинзлер е млада вдовица, која живее во Париз со нејзината осумгодишна ќерка, а работи како преведувачка. Постојано се грижи за нејзиниот татко кој боледува од прогресивна форма на невродегенеративна болест наречена Бенсонов синдром. Едно утро, во паркот во нејзиниот реон, таа го среќава Клемент, пријател на нејзиниот починат сопруг. Двајцата започнуваат романтична врска. Сандра се наоѓа на крстопат – дали да се предаде на љубовната релација со женет човек, или целосно да се посвети на грижата за нејзиниот болен татко. Филмот е добитник на награда од престижниот филмски фестивал во Кан – Europa Cinemas Label Award.

Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари

 

10 АВГУСТ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

ПРЕДРАСУДИ И ГОРДОСТ – ШВЕДСКИ ФИЛМСКИ КВИР
(Fördom & stolthet – en queer filmhistoria
Документарен филм, Шведска /Финска/Исланд
2022, 100 мин., колор, ДЦП
Режија: Ева Белинг (Eva Beling)
Сценарио: Ева Белинг (Eva Beling)
Учествуваат: Хариет Андерсон, Лив Улман, Леван Акин, Грета Гарбо, Ингрид Бергман (Harriet Andersson, Liv Ullmann, Levan Akin, Greta Garbo, Ingrid Bergman)

Овој документарец е фасцинантно патување низ богатата историја застапеноста на квир и транс заедницата во шведската кинематографија. Филмот содржи импресивни архивски материјали, и опфаќа период од повеќе од 100 години. Меѓу другите, во филмот има делови за Грета Гарбо, Ингрид Бергман, како и за шведскиот камп жанр од 1970-тите. Овие архиви се испрекинати со дискусии за полот и сексуалноста и ја покриваат еволуцијата на перцепцијата на општеството за квир и транс заедницата.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

 

11 АВГУСТ (ПЕТОК), 20:00 ч.

ИСТОРИЈА – КОНЦИ ЗА САМИ
(Historjá – Stygn för Sápmi)
Документарен филм, Шведска
2022, 97 мин., колор, ДЦП
Режија: Томас Џексон (Thomas Jackson)
Сценарио: Томас Џексон (Thomas Jackson)
Учествуваат: Брита Маракат- Лабаџон, Исак Лаба(Britta Marakatt-LabbaJohn, Isak Labba)

Брита Маракат-Лаба e уметник која со децении ја прикажува митологијата на Самите, нивниот однос кон природата и нивната политичката борба за права и земјата. Нејзиното најпознато дело „Historjá“ е вез од текстил, во кој се прикажани мотиви од историјата на Самите. Ова дело е почетна точка за документарниот филм на Томас Џексон, кој раскажува за културата на Самите, чија историја е обележана со борба против мнозинското население за правото на земјата и нивниот начин на живот. Во нејзиното дело шевовите за Самите, историските настани и митолошките слики се исткаени заедно со проблемот на климатските промени и како тие го загрозуваат денешното одгледување ирваси, а со тоа и постоењето на културата на Сами народот.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

 

 

12 АВГУСТ (САБОТА), 20:00 ч.

ДЕЦАТА НА НЕПРИЈАТЕЛОТ
(Children of the Enemy)
Документарен филм, Шведска/Данска
2021, 97 мин., колор, ДЦП
Режија: Горки Гласер – Милер (Gorki Glaser-Müller)
Сценарио: Горки Гласер – Милер (Gorki Glaser-Müller
Учествуваат: Патрицио Галвез, Клив Стафорд Смит, Изабел Колес (Patricio Galvez, Clive Stafford Smith, Isabel Coles)

Ќерката на Патрисио Галвез се мажи за еден од најозлогласените шведски терористи на ИСИС. Во 2014 година таа со мажот заминува во Сирија и се приклучува на што туку прогласениот калифат. И двајцата се убиени во во 2019 година, но нивните седум мали деца преживуваат и се префрлени во злогласниот затворски логор Ал Хол како „Деца на непријателот“. Кога шведските власти не покажуваат интерес да ги ослободат, Патрисио започнува кампања да ги спаси нивните животи и да ги врати дома.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

 

 

 

14 АВГУСТ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

ХОР – ЕДНА ПРИКАЗНА ЗА ГОСПЕЛ ХОРОТ ТЕНСТА
(Kören – En film om Tensta Gospel Choir)
Документарен филм, Шведска
2021, 97 мин., колор, ДЦП
Режија: Аманда Пешикан (Amanda Pesikan)
Сценарио: Аманда Пешикан (Amanda Pesikan)
Учествуваат: Госпел хорот Тенста (Tensta Gospel Choir)

Филм за госпел хор во една од најсекуларните земји во светот – Шведска. Филмот го следи еден од најпопуларните шведски хорови на патувањето до Чикаго, родниот град на госпелот. За хорот ова патување е духовен и емотивен предизвик каде дилемите поврзани со верата, лидерството и духовноста ќе ги стават членовите на хорот на тест. Извонреден музички документарец кој покренува прашања за човечката потреба за заедништво и духовност.

Возрасна категорија: 8 години
Влезница: 150 денари

 

 

 

15 АВГУСТ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

САБАЈА
(Sabaya)
Документарен филм, Шведска
2021, 90 мин., колор, ДЦП
Режија: Хогир Хирори (Hogir Hirori)
Сценарио: АХогир Хирори (Hogir Hirori)

Филмот ги следи Махмуд, Зијад и нивната група кои ги ризикуваат своите животи (вооружени со ништо друго освен стар мобилен телефон и мал пиштол) обидувајќи се да ги спасат жените и девојките Јазиди кои ИСИС ги држи како сексуални робинки во озлогласениот камп Ал Хол во Сирија.
Ова е филм на набљудување, режиран, снимен и монтиран од познатиот шведски/курдски режисер Хогир Хирори.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

 

 

 

24 АВГУСТ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.
25 АВГУСТ (ПЕТОК), 18:00 ч.
26 АВГУСТ (САБОТА), 18:00 ч.

СИНИОТ КАФТАН
(Le bleu du caftan)
Игран филм, Белгија /Франција/Мароко/Данска
2023, 118 мин., колор, ДЦП
Режија: Марјам Тузани (Maryam Touzani)
Сценарио: Марјам Тузани (Maryam Touzani)
Улоги: Лубна Азабал, Салех Бакри, Ајуб Мисуи, Монја Ламкимел, Абделхамид Зуги, Закариа Атифи (Lubna Azabal, Saleh Bakri, Ayoub Missioui, Mounia Lamkimel, Abdelhamid Zoughi, Zakaria Atifi)

Мина води традиционална продавница за кафтани во една од најстарите медини во Мароко. За да биде во тек со барањата на клиентите, таа и нејзиниот сопруг Халим вработуваат талентиран чирак, Јусеф, кој покажува голема посветеност на учењето на вештините за везење и кроење. Со текот на времето, Мина разбира колку нејзиниот сопруг е трогнат од присуството на младиот човек.

СИНИОТ КАФТАН е последниот филм Марјам Тузани, едно од најеминентните имиња на современиот марокански филм. Филмот беше мароканскиот кандидат за Оскар за 2022 година.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

 


17 АВГУСТ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.
21 АВГУСТ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.
22 АВГУСТ (ВТОРНИК) 20:00 ч.
23 АВГУСТ (СРЕДА) 20:00 ч.

 

ПАЦИФИКЦИЈА
(Pacifiction: Tourment sur les Îles)
Игран филм, Франција/Шпанија/Германија/Португал
2023, 165 мин., колор, ДЦП
Режија: Марјам Тузани (Albert Serra)
Сценарио: Алберт Сера (Albert Serra), Баптист Пинто (Baptiste Pinteaux)
Улоги: Беноа Магимел, Серџи Лопез, Сесил Гилбер, Марк Сусини (Benoît Magimel, Sergi López, Cécile Guilbert, Marc Susini)

Високиот комесар на остров во Француска Полинезија, човек со плашлив карактер и дипломатско однесување, е растргнат меѓу барањата на високата политика и потребите на најниската општествена класа на граѓани. Принуден да се справи со спротивставени барања, тој носи избрзани одлуки кои се во спротивност со неговите политички убедувања.
Шпанецот Алберт Сера е едно од најинтересните современи европски режисерки имиња и е познат по филмовите ПРИКАЗНА ЗА МОЈАТА СМРТ (Story of My Death) и СМРТТА НА ЛУЈ 16-ТИ (The Death of Louis XIV) (2016). За разлика од неговите претходни филмови во кои се занимава со историски приказни, ПАЦИФИКЦИЈА е современ политички трилер кој се случува на егзотична локација (Француска Полинезија). Ова е филм за вистинските филмски сладокусци, визуелно раскошен трилер со бавно темпо и одлично сценарио.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари

 

 

18 АВГУСТ (ПЕТОК), 20:00 ч.
19 АВГУСТ (САБОТА), 20:00 ч.

ГЛАСОТ НА ТИШИНАТА
(Rebirth: Voice of Silence)
Игран филм, Македонија
2022, 82 мин., колор, ДЦП
Режија: Илија Павлов (Ilija Pavlov)
Сценарио: Илија Павлов (Ilija Pavlov)
Улоги: Илија Павлов, Душица Настова (Ilija Pavlov, Dushica Nastova)

Чувството да сакаш некого, без способноста тоа да го искажеш, создава немоќ, но истовремено ја отсликува апсолутната љубов. Сосема неочекувано, Павел слуша глас од далечина, тоа е милозвучниот глас на Касиа по кој копнеел цели 3 години. Тие започнуваат интимна и непрестајна
комуникација за сè она што се случило и сè она што треба да се случи, навлегувајќи длабоко во своите премолчени чувства и емоции.
Љубљана станува градот на светлината за Павел и сите места кои претходно ги доживувал како мрачни, побудувајќи му само спомени и носталгија, добиваат моментално присуство и значење како никогаш. Присуството на Касиа му е првото повторно раѓање.
Постојано се поставува прашањето: Дали Касиа навистина постои или е само креација во умот на
Павел? Појавувањето на Касиа не донесува никакви одговори, со тоа таа ја открива својата мрачна страна и мистериозноста на оние кои нè имаат креирано и нè оставиле да талкаме во потрага по надеж, создавајќи „место“ каде надежта последна умира.
Павел е во постојана потрага по тоа магично „место“ каде сите желби стануваат реалност, „местото“ навистина постои и е прекрасно, но патот дотаму е речиси невозможен, само неколкумина го имаат поминато. Павел не е свесен во што се впушта и нема одговор на прашањето: Колку пати треба да „умреме“ за да се родиме повторно? Shanti, shanti, shanti.
REBIRTH.. е дебитантски долгометражен игран филм на Илија Павлов (1994)

Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари

 

24 АВГУСТ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.
25 АВГУСТ (ПЕТОК), 20:00 ч.
26 АВГУСТ (САБОТА), 20:00 ч.

ОПЕНХАЈМЕР
(Oppenheimer)
Игран филм, САД/Велика Британија
2023, 180 мин., колор, ДЦП
Режија: Кристофер Нолан (Christopher Nolan)
Сценарио: Кристофер Нолан (Christopher Nolan),
Улоги: Силиан Марфи, Емили Блунт, Мет Дејмон, Роберт Доуни Џуниор, Флоренс Пју (Cillian Murphy, Emily Blunt, Matt Damon, Robert Downey Jr., Florence Pugh)

Опенхајмер, последното филмско остварување на Кристофер Нолан, е еден од најочекуваните холивудски филмови последниве години. Филмот е епска приказна за Роберт Опенхајмер и неговата улога во развивањето на атомската бомба.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 250 денари

 

 

 

 

29 АВГУСТ (ВТОРНИК)
30 АВГУСТ (СРЕДА)
31 АВГУСТ (ЧЕТВРТОК)

ФЕСТИВАЛ НА НЕМ И КЛАСИЧЕН ФИЛМ