Почетокот на јунската кинотечна програма се совпаѓа со почетокот на 12-от ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ, па од 1 до 9 јуни ќе видиме десетина наслови на врвни автори од рангот на Алехандро Аменабар (Alejandro Amenábar), Семих Капланоглу (Semih Kaplanoğlu), Алем Кан (Aleem Khan), Лех Мајевски (Leh Majewski)… но и старите мајстори на филмот како Ален Рене (Alain Resnais).

Од 10 до 15 јуни следува НЕДЕЛАТА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ, со наслови од поновата продукција на секогаш интересната јапонска кинематографија. Овој месец ги повторуваме и новите бисери на светската кинематографија, како ЗА БЕСКРАЈОТ (Om det oändliga / About Endlessness) на режисерот Рој Андерсон (Roy Andersson), потоа документарниот филм БЕРГМАН – ГОДИНА ВО ЖИВОТОТ (Bergman – Ett år, ett liv / Bergman: A year in a life) на Јане Магнусон (Jane Magnuson), педантната истражувачка на животот и делото на светскиот филмски великан Ингмар Бергман.

ПРВИОТ СНЕГ (Ensilumi / Any Day Now) на режисерот Хами Рамезан (Hamy Ramezan) се занимава со темата на интеграцијата на бегалците од Блискиот Исток во земјите од северните европски предели, а МАЛЕЧКАТА МАМА (Petite maman / Little Mom) на авторката Селин Скјама (Céline Sciamma) го тематизира тинејџерското растење од женска перспектива.

Следува МРАЧНА БАЈКА (Favolacce / Bad Tales) на италијанскиот братски тандем Дамијано Диноченцо, Фабио Диноченцо (Damiano D’Innocenzo, Fabio D’Innocenzo), егзистенцијалистичка приказна наградена на Берлинале 2021 година и на низа други фестивали во светот; новата филмска сензација на полската кинематографија – приказната за инфлусер(к)ите на социјалните мрежи ПОТ (Sweat) на авторот со шведско потекло Магнус фон Хорн (Magnus fon Horn), образуван на прочуената филмска академија во Лоѓ.

И секогаш интригантната исландска кинематографија има нов адут на јунската кинотечна програма – ЈАГНЕ (Lamb) на младиот автор Валдимар Јохансон (Valdimar Jóhannsson), со актерската ѕвезда Нооми Рапас (Noomi Rapace), која претходно се прослави како Лизбет Саландер во шведската акционатрилогија МИЛЕНИУМ (Millennium).

Кинотечната програма ќе ја заокружиме со два култни класици од почетокот на веков – РЕКВИЕМ ЗА ЕДЕН СОН (Requiem for a Dream) на  Дарен Аронофски (Darren Aronofsky) и МЕМЕНТО (Memento) на Кристофер Нолан од 2000-та година. И двете проекции ќе бидат на “старите и добри“ 35 мм ленти.

 

1 ЈУНИ (СРЕДА)

21:00 ч. ДОДЕКА ТРАЕ ВОЈНАТА (Mientras dure la guerra / While at War)

 

 

2 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК)

18:30 ч. ЗАКЛЕТВАTA НА ХАСАН (Baglilik Hasan / Commitmenт Hasan)

21:00 ч. БЕЗГЛАСЕН (Baglilik Hasan / Commitmenт Hasan)

 

 

3 ЈУНИ (ПЕТОК)

17:00 ч. ПО ЉУБОВТА (After Love)

21:00 ч. ФРАНКЕНШТАЈН (Frankenstein)

 

 

4 ЈУНИ (САБОТА)

16:30 ч. ЗАКЛЕТВАTA НА ХАСАН (Baglilik Hasan / Commitmenт Hasan)

19:00 ч. КОСТА БРАВА, ЛИБАН (Costa Brava, Lebanon)

21:00 ч. МЛИНОТ И КРСТОТ (The Mill and The Cross / Mlyn i Krzyz)

 

 

6 ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК)

19:00 ч.  ПО ЉУБОВТА  (After Love)

 

 

7 ЈУНИ (ВТОРНИК)

18:00 ч. КЛАРА СОЛА  (Clara Sola)

 

 

8 ЈУНИ (СРЕДА)

21:00 ч. ХИРОШИМА, ЉУБОВ МОЈА (Hiroshima, mon amour / Hiroshima, My Love)

 

 

9 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК)

21:00 ч. НЕШТО КОРИСНО (İşe yarar bir şey / Something useful)

 

 

10 ЈУНИ (ПЕТОК)

20:00 ч. НОСАРИ: НЕПОСТОЈАНА ВЕЧНОСТ (Nosari no shima / Nosari: Impermanent Eternity / のさりの島)

 

 

11 ЈУНИ (САБОТА)

21:00 ч. НИЕ ПРАВИМЕ АНТИКВИТЕТИ (Uso happyaku / We Make Antiques / 嘘八百)

 

 

12 ЈУНИ (НЕДЕЛА)

21:00 ч. БУДЕН (Awake / アウェイク)

 

 

13 ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК)

21:00 ч. ПО ЗАЈДИСОНЦЕ (Yuhi no Ato / After the sunset /夕陽のあと)

 

 

 

14 ЈУНИ (ВТОРНИК)

21:00 ч. МИЕЊЕ КОСКИ (Senkotsu / Born Bone Born /洗骨)

 

 

15 ЈУНИ (СРЕДА)

19:00 ч. СЕКОЈ ДЕН Е ДОБАР ДЕН (Nichinichi kore kôjitsu / Every Day A Good Day / 日日是好日)

 

 

15 ЈУНИ (СРЕДА)

21:00 ч. ГУСТО ПЛЕТЕНО (КОГА НАВИСТИНА ЌЕ ПЛЕТАТ) (Karera ga honki de amu toki wa / Close-Knit / 彼らが本気で編むときは)

 

 

16 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК)

18:00 ч. АТЛАС (Atlas)

20:00 ч. ЗА БЕСКРАЈОТ  (Om det oändliga / About Endlessness)

 

 

17 ЈУНИ (ПЕТОК)

18:00 ч. БЕРГМАН – ГОДИНА ВО ЖИВОТОТ  (Bergman – Ett år, ett liv / Bergman: A year in a life)

20:00 ч. ПРВИОТ СНЕГ  (Ensilumi / Any Day Now)

 

 

18 ЈУНИ (САБОТА)

18:00 ч. РЕКВИЕМ ЗА ЕДЕН СОН (Requiem for a Dream)

20:00 ч. МАЛЕЧКАТА МАМА  (Petite maman / Little Mom)

 

 

20 ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18:00 ч. СМЕНАТА (The Shift)

20:00 ч. МРАЧНА БАЈКА  (Favolacce / Bad Tales)

 

 

21 ЈУНИ (ВТОРНИК)

18:00 ч. АТЛАС (Atlas)

20:00 ч. ПОТ (Sweat)

 

 

22 ЈУНИ (СРЕДА)

18:00 ч. МАЛЕЧКАТА МАМА  (Petite maman / Little Mom)

20:00 ч. ЈАГНЕ (Lamb)

 

 

23 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК)

20:00 ч. БЕРГМАН – ГОДИНА ВО ЖИВОТОТ  (Bergman – Ett år, ett liv / Bergman: A year in a life)

 

 

27 ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК)

18:00 ч. ЈАГНЕ (Lamb)

20:00 ч. БЕРГМАН – ГОДИНА ВО ЖИВОТОТ  (Bergman – Ett år, ett liv / Bergman: A year in a life)

 

 

29 ЈУНИ (СРЕДА)

18:00 ч. ПОТ (Sweat)

20:00 ч. БЕРГМАН – ГОДИНА ВО ЖИВОТОТ  (Bergman – Ett år, ett liv / Bergman: A year in a life)

 

 

30 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК)

18:00 ч. МРАЧНА БАЈКА (Favolacce / Bad Tales)

20:00 ч. ЈАГНЕ (Lamb)