Од 23 март (четврток) до 28 март (вторник ) 2023 во Кинотека на Северна Македонија ќе се одржи традиционалната НЕДЕЛА НА ФРАНКОФОНСКИ ФИЛМ, во која ќе можете да ја откриете убавината на филмското творештво на франкофонските земји.

На програмата на НЕДЕЛАТА НА ФРАНКОФОНСКИ ФИЛМ ќе бидат следниве наслови:

23 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч. 

РАДИО МЕТРОНОМ

Игран филм, Романија

2022, 102 мин., колор, ДЦП

Режија: Александру Белк

Улоги: Мара Бугарин и Себан Лазаровици

Букурешт, 1972. Ана има 17 години и мечтае за љубов и слобода. Една вечер, ќе замине на забава со пријателите, каде ќе одлучат да напишат писмо до Метроном – музичка емисија која преку Radio Free Europe е нелегално се емитува во Романија. Токму тогаш пристигнува тајната полиција на Чаушеску…

Проекцијата е организирана од Амбасадата на Романија и Романскиот културен институт.

 

24 МАРТ (ПЕТОК), 20:00 ч. 

ПОСЛЕДНИОТ ТАНЦ

игран филм, Швајцарија

2022, 84 мин., колор, ДЦП

Режија: Делфин Лерисе

Улоги: Франсоа Берлеан и Касеј Моте Клајн

75-годишниот пензионер Жермен живее мирно, помеѓу крајна неактивност и блага мизантропија, Лиза, со која е во брав веќе 50 години, се грижи за сè во домот и водено со радост го исполнува времето со уметнички и волонтерски активности. Кога Лиза одеднаш ќе почине, во животот на Жермен влегуваат челновите на семејтсвото кои ќе му наложат надзор, којшто одлично ќе помине.

Проекцијата е организирана од Амбасадата на Швајцарија.

 

25 МАРТ (САБОТА)  20:00 ч. 

ПОСЛЕДНОТО ИСКУШЕНИЕ НА БЕЛГИЈЦИТЕ

Игран филм, Белгија

2021, 76 мин., колор, ДЦП

Режија: Жак Бикоа

Улоги: Алис Дитоа, Вим Вилер и Алекс Визорек

Ова е приказна за Жан, којшто работи како аниматор за културни настани во непријателска средина, и за неговата ќерка Мари, повремена стриптизерка која стои на работ на една бездна. Таа е подготвена да скокне, тој се обидува да ја спаси. Како? Раскажувајќи и’ приказни кои потсетуваат на приказните од „1000 и една ноќ“. Колку подолго го има нејзиното внимание, таа нема да се предаде.

Проекцијата е организирана од Амбасадата на Белгија во Софија.

 

27 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч. 

ДЕЦА НА ТАТКОВИНАТА

Документарен филм, Франција

2022, 110 мин., колор, ДЦП

Режија: Тјери Демезјер и Албан Терле

Улоги: Елса ле Петрек, Тјери Демезјер

Во срцето на главниот град, едно средно училиште презема „луд“ подвиг: интеграција на ученици од квартовит со цел да се прекине ланецот на школски неуспех преку хип хоп. Овој документарец е приказна за една единствена случка во Франција.

Проекцијата е организирана од Францускиот институт во Скопје и Амбасадата на Франција.

 

28 МАРТ (ВТОРНИК),  20:00 ч. 

НЕВЕРОЈАТНАТА ПРИКАЗНА НА ФРИЦИ

Анимиран филм, Луксембург

Режија: Раиф Кукула и Матијас Брин

Германија, есен, 1989. Софи, најдобрата другарка на Фрици, не се враќа во Лајпциг по летниот распуст во Унгарија. Но Спутник, песот на Софи, сè уште е кај Фрици. Софи е многу вознемирена и не може да верува дека Фрици тукутака го напуштила своето куче, па решава да го врати Спутник и да се впише во аналите на историјата со Бела, која и’ нуди помош.

Фрици ќе биде сведок на падот на Берлинскиот ѕид и сфаќа дека, ако сака да направи некаква промена, треба да се избори за неа и за сопствената слобода.

Проекцијата е организирана одАмбасадата на Луксембург.