Ако си млад филмаџија, музичар, графичар, ликовен уметник…поканет (а) си да учествуваш на конкурсот „После дождот“ во чест на јубилејот, 30 години од македонскиот и светски класик, филмот „Пред дождот“. Организатор е Кинотеката.

Сними оригинален краток филм (меѓу 30 секунди и 30 минути), во кој ќе користиш барем една реплика од филмот „Пред дождот“. На било кој видео формат.

Креирај оригинален плакат за филмот, оригинален ремикс на музиката од филмот или друго уметничко дело инспирирано од филмот.

Селекција од пристигнатите трудови ќе биде презентирана на широка домашна и меѓународна публика.

Наградите ќе бидат објавени наскоро.

Рок: 1 октомври 2024 г.

Дополнителни информации за филмот може да најдете на вебсајтот Manchevski.com.

Сработените трудови  пратете ги  на: cinemathequeofmacedonia@gmail.com, или на: Кинотека на Република Северна Македонија

Адреса: Никола Русински бр. 1

Телефон: + 389 2 30 71 814 + 389 2 30 65 968