Доказ за големиот респект на ЕФА кон нашиот фестивал, во името на традиционално добрата соработка, е испраќањето на угледниот ирски сценарист и режисер Џим Шеридан/Jim SHERIDAN како свој висок претставник. Неговото присуство е за нас посебна чест и задоволство и секако дека многубројните домашни и странски филмофили ќе знаат да го поздрават и ценат тоа што токму тој лично ќе биде на чевствувањето на нашиот 40 Јубилеј.

Шеридан е  роден во Даблин во 1949 и е секако еден од водечките автори, сценарист-режисер на ирската кинематографија, која е горда на неговиот опус  што го вивна во височините не само на пошироката кинематографија на Обединетото Kралство/UK, туку и во светски рамки.

ВО ИМЕТО НА ТАТКОТО/IN THE NAME OF THE FATHER

Врв на неговата кариера и воопшто врв на ирската кинематографија е ремек делото ВО ИМЕТО НА ТАТКОТО/IN THE NAME OF THE FATHER, кој на Берлинскиот фестивал во 1994 ја освои заслужено Златната мечка, по што филмот се закити со уште 7 други светски награди и рекорден број номинации, меѓу кои се 7 номинации за Оскари, 4 номинации за Златниот Глобус и 2 номинации на БАФТА. Иако сите овие 3 угледни институции мораа да имаат слух да им дадат во прв ред  Оскар, Глобус или БАФТА награди на филмот во целина, на Шеридан за сценарио и режија и секао на актерот Дениел Деј Луис/Daniel Day-Lewis,  за неговата маестрална креација  на тинејџерот од  Даблин-Гери Конлон/Gerry Conlon. Еден од четворката обвинети под познатата тортура на англиската полиција, која ги присилува да признаат дека се терористите  на подметнатите бомби од ИРА во 1974 во  Лондонскиот Гилфорд паб/Guilford Pub, при што имало жртви, а тој и татко му се осудени, тој доживотно, за по одлежани  15 години затвор, нивниот случај  да е обновен од адвокатката  (ја игра исто така одличната Ема Томпсон/Emma Thomsonкоја) која  се бори за нивно ослободување и рехабилитација и истерување на вистината и правдата на виделина, иако затворското време протекло неповратно.  Клучна визуелна карика во овој маестрален филм е и оскаровецот-кинематограферот од Велс-Питер Бизју/Peter Biziou. Самиот воедно и филмски актер со скромни амбиции,  Шеридан во секој од своите филмови има посебен однос  кон избраниот casting, заедно со кинематограферите со кои соработува, па така Деј Луис е неговиот омилен артист со кој плодната соработка ја започна во својот првенец,  што го реализира дури кога имаше 40 години-восхитувачката психолошка и длабоко хумана драма – МОЕТО ЛЕВО СТОПАЛО/MY LEFT FOOT (1989), во кој Луис го игра хендикепираниот Кристи Браун/Christi Brown, кој поради церебралната парализа може да црта и пишува само со движење на своето лево стопало-што му го донесе Оскарот за главна машка улога, а во улогата на мајка му, артистката Бренда  Фрикер/Brenda Fricker, го освои Оскарот за споредна женска улога. Во овој свој првенец, Шеридан соработуваше со кинематограферот  Џек Конрој/Jack Conroy.

МОЕТО ЛЕВО СТОПАЛО/MY LEFT FOOT

Третата ефектна сорабoтка меѓу Шеридан и Деј Луис е филмот, БОКСЕР/ BOXER (1997), во кој во тројното својство на продуцент-сценарист-режисер, Шеридан го артикулира неизбежниот, би рекол, опсесивен синдром на ИРА/IRA, со Деј Луис во енергичната и несекојдневна креација на боксерот Дени Флин/Danny Flynn, кој поради својата инволвираност во ИРА, по одлежаниот затвор од  14 години се враќа во своето работничко соседство и на својата девојка Меги/Maggie (Емили Вотсон/Emily Watson), продолжувајќи го животот како боксер. Спецификата на неговата улога како боксер е уште еден доказ за неговата актерска енергија, тренирајќи и успешно боксирајќи пред камерите, како да е професионалец, што е секако карактеристика на расните артисти. Филмот БОКСЕР е ново тројно креативно дело, во прв ред на сценаристот-режисер, Шериган, потоа улогата што ја толкува како насловна, Деј Луис и секако визуелното пакување од страна на искусниот, двократен Оскаровец-кинематограферот и режисер, Крис Менџис/Chris Menges (нашиот лауреат на Златната Камера 300 за животен опус).

БОКСЕР/ BOXER

-Вториот филм на Шеридан е ПОЛЕ/THE FIELD (1990), во кој е ставен силен печат на патриотското сфаќање на тежината на родната грутка, кога “Бикот” МеКејб/”Bull” McCabe, во оскаровската креација на актерот Ричард Херис/Richard Harris, се бори по смртта на еден сопственик на земја, истата понудена на аукција, да му ја одземе на кандидатот од Америка, кој како дојденец/натрапник, ќе ја осквернави автентичноста и исконот на корените на поседувањето на сопствената родна грутка. Оваа расна етно драма во амбиентите на Ирскиот искон ја снимил кинематограферот Џек Конрој/Jack Conroy (од моето ЛЕВО СТОПАЛО).

-Во доменот на сценаристиката, како негова специјалност, Шеридан во 1996 за филмот на режисерот Тери Џорџ/Terry George, го пишува сценариото за филмот СИН НА НЕКОЈА МАЈКА/SOME MOTHER’S SON (со Хелен Мирен/Helen Mirren), работено според автентичен настан од 1981, кога во еден Ирски затвор, ИРА затвореникот  Боби Сендс/Bobby Sands штрајкува со глад, поради третманот на ИРА политичките затвореници како криминалци. Извонредна актерска психо драма со синдромот на ИРА.

Базирано на сопствените искуства, откако во 1982 на 33 годишна возраст ќе се пресели да живее и работи во Америка, Шеридан, автобиографски ќе го прекопира во својот филм ВО АМЕРИКА/IN AMERICA (2002)-приказна за едно ирско семејство кое илегално ќе емигира во САД.  Таткото Џони Саливен/Johnny Sullivan (го игра актерот Педи Консидајн/Paddy Considine), е артист кој мора да успее во тешките животни околности, за да се грижи за своите 2 останати деца и мајката Сара/Sarah (Саманта Мортон/Samantha Morton), кои треба да ја пребродат и трагедијата од смртта на своето 5-годишно синче. Оваа Менхетенска драма  ја снимил во неговиот карактеристичен израз, американскиот кинематографер Деклен Квин/Declain Quinn, а на Шеридан му ја донесува оскаровската номинација за најдобро сценарио.

Инспириран од изворниот истоимен филм на данската режисерка Сузане Биер/Susanne Bier, во 2009, Шеридан ја прави како римејк американската верзија на филмот БРАЌА/BROTHERS, со одличниот casting: Џејк Гиленхал/Jake Gyllenhaal, Тоби Мегвајр/Tobey Maguire,  Натали Портман/Natalie Portman, приказна за исчезнат брат кој војува во Авганистан, додека неговиот брат и неговата жена влегуваат во неверна/прељубничка  врска. Кинематографер на оваа верзија е искусниот Американец ,Фредерик Елмис/Frederick Elmes.

Шеридан, одново  како комплетен автор,во 2011, го режира психо-thriller-ot, КУЌА НА СНИШТАТА/DREAM HOUSE, со одличниот casting: Daniel Craig, Rachel Weisz, Naomi Watts-кога при вселувањето во новата куќа како дел од нивните соништа, едно семејство ќе се соочи со трагедијата, кога во таа куќа се случуваат убиствата на една мајка и нејзините деца. Кинематографер на овој нов ефектен актерски филм е 6 кратно Номинираниот за Оскар-Калеб Дешанел/Caleb Deschanel.

Како ко-сценарист (според романот на  Себастиан  Бери/Sebastian Barry) во 2016 ja режирa  психо драмата ТАЈНИОТ РАКОПИС/THE SECRET SCRIPTURE,  со актерката  Руни Мара/Rooney Mara, во личноста на жена која го пишува својот исповеден дневник, додека престојува во ментална болница. Мистиката и меланхоличната димензија на филмот е специјалност во визуелниот израз на рускиот кинематографер Михаел Кричман/Michael Chrichman (лауреат на фестивалот Браќа Манаки).

Доследно на своето интересирање за автентични настани кои го привлекле светското внимание-и во својот хронолоши најнов филм ЛОКЕРБИ/LOCKERBIE, според документаристичката книга на писателот Питер Бидалф/Peter Biddulph, Шеридан ќе го актуелизира константниот феномен на тероризмот,  ставајки ги во фокусот на својот филм настаните од 1988, кога над Шкотското градче Локерби, од двајца либијски терористи беше срушен авионот на Пан Ам/Pan Am, со 269 жртви, меѓу кои и ќерката Флора, чиј татко Др. Џим Свајр/Dr. Jim Swire, ќе го започне истражувањето за откривање на злосторниците и нивно казнување, со што како конечна сатисфакција, и покрај големата семејна загуба-се рехабилитира суштината на правдата со сите гео-политички и општествени димензии.

Благоја Куновски-Доре

Leave a comment