Годинешното издание на малиот, но значаен за регионот „Балкан филм-фуд фестивал“ (Balkan Film & Food Festival / Балкански фестивал на филм и храна), кој веќе единаесет години по ред се одржува во Поградец, Албанија, резултира со награда за филмот ХЕПИНЕС ЕФЕКТ (Happiness Effect, 2019), т.е. ЕФЕКТОТ НА СРЕЌА: дебитантскиот игран филм на Борјан Зафировски.

линкови:

https://www.facebook.com/196846670335953/posts/4512890628731514/

https://www.facebook.com/196846670335953/posts/4510448292309081/

Жирито на фестивалот, во состав – Винченцо Филипо (продуцнет, Италија), Елојз Верекен (актерка, Франција) и Марко Киколини (програмски селектор, Италија) – вака ја образложи својата одлука Големата награда на фестивалот да отиде во рацете на Зафировски: „Кога ќе завршите со гледање на некој филм, понекогаш сакате да го задржите чувството што тој филм го предизвикал кај вас. Токму овој филм е таков филм. Убавото кај овој филм е што од него се чувствувате подобро. Прекрасно снимен, со одлични актери. Не станува збор само за животот на еден од ликовите, туку ова е психолошка студија на модерното општество кое е во постојана потрага по среќа, но без да ја знае формулата за среќа…“

Балканскиот фестивал на филм и храна за прв пат е одржан во 2011 година, а идејата зад неговото основање е да ги собере балканските филмски творци и уметници на едно место, во случајов Поградец. Тука, преку дружење и уживање во богатите кулинарски традиции на регионот, филмаџиите разменуваат искуства и знаења, ги прикажуваат пред публиката, но и пред своите колеги, филмовите (играни, документарни и анимирани, кратки и долгометражни), како и проектите кои ги завршиле или на кои сè уште работат. Покрај убавите спомени, од Фестивалот можат да понесат по некоја награда, нови партнерства за идни проекти, копродукции и соработки.

Оваа година, во периодот од 1 до 7 септември, филмови и автори од Црна Гора, Словенија, Косово, Грција, Србија, Албанија, Хрватска, Романија, како и од други европски земји, беа дел од програмата на фестивалот. Македонската продукција ја застапуваа играниот долгометражен ХЕПИНЕС ЕФЕКТ на Зафировски и краткометражниот ЈУЛИ (2021) на Сезер Салихи, иако филмот на Зафировски е всушност македонско-црногорска копродукција, а оној на Салихи македонско-косовска.

линк:

https://www.facebook.com/196846670335953/posts/4500642463289664/

Нејсе, тоа е и суштината на Фестивалот во Поградец – воспоставување и одржување соработки и копродукции, преку афирмација и промоција на балканската кинематографија.

Во тој конктекст, еден од јубилеите кои беа одбележани на фестивалот е и 100-годишнината од отворањето на киното „Манаки“ во Битола, од страна на браќата Јанаки и Милтон Манаки, првите сниматели на Блаканот.

линк:

https://www.facebook.com/196846670335953/posts/4503724802981430/ ]

По тој повод, на 3 септември, третиот ден од Фестивалот, беше одржана проекција на 30-минутен филмски материјал смимен од браќата Манаки и подготвен од Кинотеката на Р.С. Македонија, а со музичка илустрација на гитаристот Валентин Илиевски. Пред почетокот на проекцијата на публиката ѝ се обрати Владимир Ангелов, виш филмолог и директор на Кинотеката, кој зборуваше за значењето на браќата-сниматели во балканскиот културен контекст, за нивниот ангажман на полето на фотографската, снимателската и киноприкажувачката дејност.

Дел од изведбата на Илиевски во живо, како музичка придружба на немите филмски материјали на браќата Манаки кои беа прикажувани на платно, може да се проследи преку на следниов линк:

линк:

https://www.facebook.com/watch/?v=576289876883043