5 МАРТ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

МАНАКИ – ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ

(Manaki – Story in Pictures)

Премиера на документарен филм за Јанаки и Милтон Манаки и отворање на изложба на реставрирани фотографии од опусот на Браќата Манаки

Документарен филм, Македонија

2017/2018, 70 мин., црно-бел/колор, ДСП

Режија: Роберт Јанкулоски

Сценарио: Илинденка Петрушева, Роберт Јанкулоски

Филмот ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански кинематографери. Со текот на годините браќата Манаки се митологизирани, а додавањето на нови и непотврдени информации со цел да се зголеми нивната важност е непотребно и штетно, бидејќи нивното творештво и онака е од големо културно значење не само во Македонија, туку и во поширокиот балкански контекст.

Поради оваа причина, секој факт и мислење презентиран во филмот МАНАКИ – ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ се внимателно истражени и потврдени со презентирани артефакти. Приказната се раскажува преку оригинални документарни фотографии следејќи ја нивната работата  од отворањето на  првото професионално студио во 1898 година во Јанина  и подоцнежното селење во Битола, сега познат како град на браќата Манаки.

Камера 300 на браќата Манаки

Leave a comment