2 МАЈ (ВТОРНИК), 18:00 ч.
4 МАЈ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.
6 МАЈ (САБОТА), 20:00 ч.
8 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.
9 МАЈ (ВТОРНИК), 18:00 ч.
10 МАЈ (СРЕДА), 18:00 Ч.
11 МАЈ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.
ПРЕЕКСПОНИРАНО
(Things Unsaid)
Игран филм, Македонија / Србија
2022, 95 мин., колор, ДЦП
Режија: Елеонора Венинова (Eleonora Veninova)
Сценарио: Елеонора Венинова (Eleonora Veninova)
Улоги: Благој Веселинов, Камка Тоциновски, Сара Климоска (Blagoj Veselinov, Kamka Tocinovski, Sara Klimoska)
Приказната во дебитантскиот долгометражен игран филм на Венинова има личен момент, како и во нејзините кратки филмови. Проблематична тинејџерка ја нарушува кревката рамнотежа на брачна двојка откако доаѓа кај нив на гости на неколку дена.
Брачната двојка престојува во викенд куќа во Охрид и нивниот мир и брачна идила се нарушени од тинејџерка која е ќерка на нивни блиски пријатели. Тие двајца ќе се доведат во ситуација да ги преиспитаат односите во својот брак…
ПРЕЕКСПОНИРАНО имаше светска премиера во официјалната натпреварувачка програма на Cairo International Film Festival, Египе, во ноември 2022 година, а годинава учествуваше и фестивалите Pune International Film Festival, Индија, Dolina Miru KinEst Fest, Италија, Eurazja Film Festival, Полска…
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
ОМАЖ НА РЈУИЧИ САКАМОТО
2 МАЈ (ВТОРНИК), 20:00 ч.
ПОСЛЕДНИОТ КИНЕСКИ ЦАР
(The Last Emperor)
Игран филм, В. Британија / Италија / Франција
1987, 163 мин., колор, 35 мм
Режија: Бернардо Бертолучи (Bernardo Bertolucci)
Сценарио: Марк Пипло, Бернардо Бертолучи (Mark Peploe, Bernardo Bertolucci)
Улоги: Џон Лон, Џоан Чен, Питер О’Тул, Роченг Јинг (John Lone, Joan Chen, Peter O’Toole, Roucheng Ying)
Во 1950 година, последниот кинески император Пу Ји доаѓа во новопрогласената Народна Република Кина како затвореник и воен злосторник, пет години откако бил заробен од Црвената армија, кога Советскиот Сојуз влегол во војната на Пацификот. Во периодот на заробеништво, Пу Ји бил под заштита на Советите и неуспешно се обидел да се самоубие.
Кога ќе почне да се сеќава на своето прво влегување во Забранетиот град (царската палата), од моментот кога бил доведен таму како тригодишно дете и поставен на тронот, ќе бидат откриени детали од неговото минато, детството и раната младост. Осуден на живот без семејство и пријатели, со забрана за напуштање на царската палата каде што се чувствувал сè повеќе како во затвор, Пу Ји никогаш не бил среќен и слободен.
Доаѓањето на шкотскиот учител Реџиналд Џонстон ќе ја разгори желбата да го запознае светот, посебно Западот и неговите обичаи. На 16-годишна возраст, Пу Ји се оженил со атрактивната Ван Јунг, но и покрај тоа, неговата конкубина Вен Циу сè уште му била при срце. И кога бил принуден да абдицира и да ја напушти царската палата, Пу Ји се вратил во својата родна Манџурија, која била окупирана од јапонската војска во 1931 година.
Работен според наводната (неавторизирана) автобиографија на Хенри Пу Ји (Henry Pu Yi), последниот кинески цар, биопикот на Бертолучи освои 9 „Оскари“ – меѓу нив и за најдобар филм, режија, адаптирано сценарио и фотографија (Виторио Стораро) – четири „Златни глобуси“ и француската награда „Цезар“, три британски филмски награди БАФТА во 1989 година. Бертолучи е прв режисер што добил дозвола од кинеските власти за снимање во Забранетиот град во Пекинг.
Музиката во филмот наградена со „Оскар“ е на неодамна починатиот композитор Рјуичи Сакамото (Ryuichi Sakamoto, 1952 – 2023), заедно со Дејвид Брн (David Byrne, некогашниот фронтмен на „Talking Heads“) и Конг Су (Cong Su). Сакамото, кој има мала улога во ПОСЛЕДНИОТ КИНЕСКИ ЦАР, е еден од пионерите на електронскиот звук во светската музика. Меѓу другото, компонирал музика и за „оскаровскиот“ ПОВРАТНИКОТ (The Revenant, 2015) на Алехандро Инариту, СРЕЌЕН БОЖИК, МИСТЕР ЛОРЕНС (Merry Christmas, Mr. Lawrence, 1983) на Нагиса Ошима, каде што и глуми заедно со Дејвид Боуви…
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари
3 МАЈ (СРЕДА), 20:00 ч.
ЈЕНИ, МАЛА СВЕТЛИНА ОД ЗАПАДОТ
(Jeni, malo svjetlo sa Zapada – Jeni, little light from the West)
Документарен филм, БиХ
2022, 70 мин., колор, ДЦП
Режија: Слободан Симојловиќ (Slobodan Simojlović)
Сценарио: Слободан Симојловиќ (Slobodan Simojlović)
Филмот „Јени, мала светлина од Западот“ е снимен според книгата „Воен дневник Пале 1993-1995“ напишана од Јени Лигтенберг, а уредена од академик Мирко Шошиќ.
Филмот е сведоштво за војната од гледна точка на холандската фармацевтка Јени Лигтенберг (Jeni Ligtenberg) која пристигнала во хуманитарна мисија во Пале (неформална воена престолнина на босанските Срби), во близина на Сараево во 1993 година, и останала до 1995 година. Во тој период водела дневник како непристрасен сведок на граѓанската војна во Босна и Херцеговина.
Филмот е во продукција на Кинотеката на Република Српска на Пале и Главната библиотека на Источно Сараево.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница:
4 МАЈ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.
ПЕЧАТОТ НА БРАЌАТА ЉУБАВИЌ
(Pečat braće Ljubavića / Seal of the Ljubavić brothers)
Документарен филм, БиХ
2022, 60 мин., колор, ДЦП
Режија: Слободан Симојловиќ (Slobodan Simojlović)
Сценарио: Слободан Симојловиќ (Slobodan Simojlović)
Филмот на Симојловиќ ја раскажува 500-годишната историја на печатницата во Горажде и напорите на браќата Теодор и Ѓураѓ Љубавиќ да ја донесат печатницата од Венеција во манастирот Сопотница. Под покровителство на нивниот учител и татко – Божидар Горажданин, ја покренале работата на печатница од 1519 до 1523 година.
Печатницата од Горажде, иако скромна по бројот на наслови и тиражот, остави длабока трага во развојот на српската мудрост и духовност изразена преку печатењето на делата „Служабник“ во 1519 година, „Псалтир“ во 1521 година и „Молитвеник“ во 1523 година.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница:
5 МАЈ (ПЕТОК), 18:00 ч.
8 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.
9 МАЈ (ВТОРНИК), 20:00 ч.
10 МАЈ (СРЕДА), 20:00 Ч.
11 МАЈ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.
ПЛАНЕТА НА ОВЦИТЕ
(Planet Sheep)
Документарен филм, Германија / Македонија / Кина
2021, 90 мин., колор, ДЦП
Режија: Марвин Ентолт (Marvin Entholt)
Сценарио: Марвин Ентолт (Marvin Entholt)
Раскажан со хумор и топлина, овој документарец ја истражува нераскинливата врска меѓу луѓето и нивните волнени пријатели, која трае цели 11.000 години. Денес има повеќе од милијарда овци на светот. А сега е време да погледнеме во нивната сегашност и иднина.
Продуценти на филмот се Кристијан Калер (Kristian Kahler) и Леланд Линг (Leland Ling), а копродуцент е Атанас Георгиев (Atanas Georgiev / Trice Films), еден од авторите на документарецот МЕДЕНА ЗЕМЈА (Honeyland), еден од најнаградуваните филмови во историјата на македонската кинематографија.
Возрасна категорија: за сите возрасти
Влезница: 150 денари
12 МАЈ (ПЕТОК), 18:00 ч.
13 МАЈ (САБОТА), 18:00 ч.
И СВИЊИТЕ ОДАТ ВО РАЈОТ
(Nosila je rubac crleni / Even pigs go to heaven)
Игран филм, Хрватска / Македонија
2022, 86 мин., колор, ДЦП
Режија: Горан Дукиќ (Goran Dukić)
Сценарио: Сандра Антолиќ (Sandra Antolić)
Улоги: Наташа Дорчиќ, Теса Литван, прасицата Беба, Пјер Меничанин, Љубо Зечевиќ, Атанас Атанасовски, Љупчо Тодоровски-Упа (Nataša Dorčić, Tesa Litvan, prasica Beba, Ljubo Zečević, Atanas Atanasovski, Ljupčo Todorovski-Upa)
Семоќниот и сезнаен наратор Исус Христос (33 години), заедно со подеднакво сезнајната тетка Анка (55) и љубопитната прасица Беба (2) се главните ликови на оваа рурална комедија со пеење и пукање, сместена во питомото Хрватско Загорје за време на воените 1990-ти.
Филмот се фокусира на љубовната драма на Беба и Роки, крмак за расплод од полусрпско потекло, љубовната драма на невестата Анчица и велечесниот отец Вјеран, кој не е младоженец на свадбата, и дефектот на фризерската хауба што ги пореметува подготовките на тетка Анка за
„проштењето“, еден вид локален аџилак со цел простување на гревовите.
Мајката Божја, како deus ex machina, ја води приказната кон рајски епилог – кочина полна со прасиња и срца полни со проштевање.
Филмот е добитник на наградата на публиката на Пулскиот филмски фестивал, а актерот Љубо Зечевиќ ја освои „Златната арена“ за најдобра споредна машка улога.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари
ФИЛМОВИ НА ДЕЈВИД РИКЕР
12 МАЈ (ПЕТОК), 20:00 ч.
ВАЛКАНИ ВОЈНИ
(Dirty Wars)
Документарен филм, САД
2013, 87 мин., колор, ДЦП
Режија: Рик Роули (Rick Rowley)
Сценарио: Дејвид Рикер, Џереми Скехил (David Riker, Jeremy Scahill)
Учесници: Џереми Скехил, Насе Ал Аулаки, Салеха Ал Аулаки (Jeremy Scahill, Nasser Al Aulaqi, Saleha Al Aulaqi)
ВАЛКАНИ ВОЈНИ го следи истражувачкиот репортер Џереми Скехил, автор на меѓународниот бестселер „Блеквотер, во срцето на тајните војни на Америка од Авганистан до Јемен, Сомалија и пошироко“. Делумно политички трилер, а делумно детективска приказна, документарецот прави напнато патување низ една од најважните и неистражени приказни на нашето време.
Она што започнува како извештај за неуспешен американски воздушен напад во оддалечен дел на Авганистан брзо станува глобална истрага за тајната и моќна Заедничка команда за специјални операции. Како што Скехил навлегува сè подлабоко и подлабоко во активностите на Командата, тој сè повеќе навлегува во светот на тајните операции непознати за јавноста, кои се спроведуваат ширум светот од луѓе кои не постојат на хартија и никогаш нема да се појават пред Конгресот…
Џереми Скехил и Рик Роули беа номинирани за „Оскар“ за најдобар документарен филм. Меѓу десетината награди на светските филмски фестивали, ВАЛКАНИ ВОЈНИ ја освои наградата за најдобра фотографија на фестивалот на независен филм во Санденс, чиј автор е Роули, кој е и кинематографер на филмот.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
ФИЛМОВИ НА ДЕЈВИД РИКЕР
13 МАЈ (САБОТА), 18:00 ч.
ДЕВОЈКАТА
(The Girl)
Игран филм, САД / Мексико
2012, 95 мин., колор, ДЦП
Режија: Дејвид Рикер (David Riker)
Сценарио: Дејвид Рикер (David Riker)
Улоги: Еби Корниш, Џефри Ривас, Остин Вест (Abbie Cornish, Geoffrey Rivas, Austin West)
Самохрана мајка го губи старателството над својот млад син додека се бори да врзе крај со крај, но ја презема контролата врз сопствената судбина откако ќе ја запознае очајната Мексиканка која ја изгубила својата мајка додека се обидувале да се прошверцуваат преку границата со САД.
Ешли (Аби Корниш) е мајка која сè уште заздравува од загубата на нејзиниот син од социјалните служби, кога ненадејната посета на нејзиниот татко, возач на камион, ѝ дава можност да заработи брзи пари. Откако ја изгубила работата во голема продавница во Остин, таа тивко почнува да шверцува Мексиканци преку граница со надеж дека финансиски ќе опстане. Една ноќ ќе ѝ се вкрстат патиштата со млада девојка чија мајка исчезнала додека ја минувала река која ги дели САД и Мексико. Решена да не се меша, Ешли залудно се обидува да држи дистанца од девојчето, но на крајот ја наоѓа нејзината совест разбранувана од маките на невиното дете.
Во текот на следните неколку дена, Ешли му се придружува на исплашеното девојче во обидот да ја пронајде нејзината исчезната мајка. Во меѓувреме, Ешли која некогаш мислеше дека нејзиниот живот отишол бестрага, ги открива нејзините неискористени мајчински инстинкти додека постепено учи да ја преземе контролата врз сопствената судбина.
ДЕВОЈКАТА освои награди на фестивалите Манхајм-Хајделберг и Сан Антонио, а учествуваше во натпреварувачката програма на фестивалот Трибека во Њујорк.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
ФИЛМОВИ НА ДЕЈВИД РИКЕР
14 МАЈ (НЕДЕЛА), 20:00 ч.
ГРАДОТ
(La Ciudad / The City)
Игран филм, САД
1998, 88 мин., црно-бел, ДЦП
Режија: Дејвид Рикер (David Riker)
Сценарио: Дејвид Рикер (David Riker)
Улоги: Ентони Ривера, Џозеф Ригано, Мигуел Малдонадо (Anthony Rivera, Joseph Rigano, Miguel Maldonado)
Дејвид Рикер во неговиот дебитантски долгометражен игран филм ја раскажува сторијата за четворица шпански имигранти кои живеат во Њујорк…
Првата сторија, насловена „Цигли“ е за работниците кои работат за дневница. Ним им се ветува дневница од 50 долари, а потоа дознаваат дека тоа е теоретска сума: добиваат по 15 центи за секоја цигла што ќе ја исчистат од малтерот. Втората приказна, насловена „Дома“, е најгорчлива, бидејќи сугерира можност за надеж, дури и за љубов. Еден млад човек пристигнува во Њујорк од Мексико. Оди на забава и се наоѓа себеси како танцува со жена која е од неговиот роден град…
„Шивачката“, последната приказна, е за жена која го напуштила своето село и земја за да заработи пари потребни за лекови за болното дете. Сега таа работи во продавница за дуксери каде што не прима плата со недели, а кога ќе ја побара платата – ја отпуштаат. Останатите работници тивко слушаат и гледаат кришум. Тие немаат сигурност на работното место и оваа работа очајно им треба; дали ќе се солидаризираат со неа?
Рикер го реализирал ГРАДОТ во црно-бела техника за да му даде неореалистичка димензија во стилот на Роберто Роселини и Виторио ДеСика, и филмот освои десетина награди на фестивалите на независен филм во светот.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
15 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.
НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛМ
16 МАЈ (ВТОРНИК), 18:00 ч.
19 МАЈ (ПЕТОК), 18:00 ч.
ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО
(Liberation Day)
Документарен филм, Латвија / Норвешка / Словенија
2016, 100 мин., колор, ДЦП
Режија: Угис Нолте, Мортен Травик (Ugis Olte, Morten Traavik)
Сценарио: Мортен Травик (Morten Traavik)
Учесници: Борис Бенко, Томаж Чубеј, Милан Фрас, Славој Жижек (Boris Benko, Tomaz Cubej, Milan Fras, Slavoj Zizek)
Норвешкиот режисер Мортен Травик ја смисли досега најчудната севернокорејска приказна: вистинската приказна за тоа како Демократска Народна Република Кореја за прв пат покани западна рок група да свири во земјата.
Групата одбрана за оваа чест се словенечките арт-рок ветерани „Лајбах“, формирани во екс-Југославија, познати по тоа што сатирично флертуваат со фашистички метафори. Идејата на „Лајбах“ е да ги свират своите аранжмани на песни од американскиот мјузикл „Моите песни, моите сништа“ – еден од ретките западни филмови дозволени и сакани во земјата.
Владата на Северна Кореја прво ги одбила „Лајбах“ поради нивниот дрзок милитаристички шик. Травик прикажува една мачна вечера кога комунистички функционер држи тажен, но прилично искрен говор со кој јасно се става до знаење дека позите на „Лајбах“ се неприфатливи. По тешки преговори со официјалните лица, овој чуден концерт се одржа.
Соочувајќи се со строгата идеологија и културолошките разлики, групата се мачи да ги протне своите песни низ иглените уши на цензурата пред да ги претстави пред публиката која дотогаш не чула алтернативен музика.
ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО е продуциран од Латвија (Литванија) и во 2017 година беше доминантен победник на националниот филмски фестивал во таа земја.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
16 МАЈ (ВТОРНИК), 20:00 ч.
НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛМ
17 МАЈ (СРЕДА), 18:00 ч.
27 МАЈ (САБОТА), 18:00 ч.
ХЕЛМУТ ЊУТН: ЛОШИТЕ И УБАВИТЕ
(Helmut Newton: The Bad and the Beautiful)
Документарен филм, Германија
2020, 93 мин., колор, ДЦП
Режија: Геро фон Бом (Gero von Boehm)
Сценарио: Геро фон Бом (Gero von Boehm)
Учесници: Хелмут Њутн, Грејс Џонс, Сигурни Вивер, Изабела Роселини, Ана Винтур (Helmut Newton, Grace Jones, Sigourney Weaver, Isabella Rossellini, Anna Wintour)
Документарецот за легендарниот фотограф Хелмут Њутн е „портрет на портретираните“. Тоа се ѕвездите на неговите најпознати портрети и модни едиторијали – од Ана Винтур до Грејс Џонс, од Шарлот Ремплинг до Изабела Роселини – кои го кажуваат своето видување за животот и делото на контроверзниот фотографски гениј.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
17 МАЈ (СРЕДА), 20:00 ч.
НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛМ
18 МАЈ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.
НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛМ
19 МАЈ (ПЕТОК), 20:00 ч.
НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛМ
20 МАЈ (САБОТА), 18:00 ч.
23 МАЈ (ВТОРНИК), 18:00 ч.
ЈАС СУМ ГРЕТА
(I Am Greta)
Документарен филм, Шведска / САД / Германија / В. Британија
2020, 97 мин., колор, ДЦП
Режија: Натан Гросман (Nathan Grossman)
Сценарио: Хана Лејонквист, Пер Киркегард, Олоф Берглин (Hanna Lejonqvist, Per K. Kirkegaard, Olof Berglin)
Учесници: Грета Тунберг, Сванте Тунберг, Никлас Свенингсен, Антонио Гутереш, Арнолд Шварценегер (Greta Thunberg, Svante Thunberg, Niclas Svenningsen, António Guterres, Arnold Schwarzenegger)
Приказна за тинејџерската климатска активистка Грета Тунберг, која стана глобална ѕвезда, раскажана преку впечатливи и досега невидени снимки. Почнувајќи од нејзиниот самостоен училишен штрајк пред Шведскиот парламент, камерата го следи подемот на Грета, срамежлива ученичка со Аспергеров синдром, чие влијание се шири насекаде во светот, придружувајќи ја на нејзиното неверојатно патување со едрилица преку Атлантскиот Океан за да зборува на Самитот за климатска активност на ООН во Њујорк.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари
20 МАЈ (САБОТА), 20:00 ч.
НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛМ
21 МАЈ (НЕДЕЛА), 20:00 ч.
НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛМ
НЕДЕЛА НА РОМАНСКИ ФИЛМ
22 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.
29 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.
ЛУЃЕ ОД АКЦИЈА
(Oameni de treaba / Men of Deeds)
Игран филм, Романија / Бугарија
2022, 105 мин., колор, ДЦП
Режија: Паул Негоеску (Paul Negoescu)
Сценарио: Раду Романиук, Оана Тудор (Radu Romaniuc, Oana Tudor)
Улоги: Јулијан Постелнику, Ангел Дамиан, Василе Мурару (Iulian Postelnicu, Anghel Damian, Vasile Muraru)
Илие е маж во доцни 30-ти години и ужива во лесниот живот на селски полицаец. Неговата пасивност за време на серија насилни настани наскоро го претвора во соучесник во убиството. Илие и неговиот нов колега Вали, кој штотуку дипломирал на полициската академија, имаат многу различни мислења за тоа како треба да продолжи истрагата.
Во селото се акумулира тензија, што го принудува Илие да донесе конечна одлука, која испаѓа дека е погрешна. Или можеби е во право?
По трите филма сместени во урбана средина и снимени според негови сценарија, Негоеску во ЛУЃЕ ОД АКЦИЈА плете филмска приказна според сценариото на Романиук и Тудор, во која актерот Постелнику остварува блескава улога, наградена на Филмскиот фестивал во Котбус, Германија, минатата година.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
НЕДЕЛА НА РОМАНСКИ ФИЛМ
23 МАЈ (ВТОРНИК), 20:00 ч.
ТИ СИ ЧАУШЕСКУ
(Pentru mine tu esti Ceausescu / You Are Ceausescu)
Документарен филм, Романија
2021, 101 мин., колор/црно-бел, ДЦП
Режија: Себастијан Михалеску (Sebastian Mihailescu)
Сценарио: Себастијан Михалеску (Sebastian Mihailescu)
Улоги: Михаи Чирила, Денис Дума, Флорин Жанг (Mihai Chirila, Denis Duma, Florin Zhang)
Во овој хибриден документарно-игран филм Михалеску ангажира млади луѓе од различно потекло,на возраст од 15 до 22 години, кои учествуваат на аудицијата за улогата на романскиот диктатор Николае Чаушеску во неговата младост, во периодот пред Втората светска војна.
Тинејџерите заземаат пози на ликовите од архивските фотографии, ги фикционализираат историските настани и влијаат еден на друг. Тие се поврзуваат со фиктивниот лик на Чаушеску без никаква предумисла, присвојувајќи го неговиот карактер и мотивација низ призмата на сопствените интереси и клишеата на комерцијалниот филм. Резултат на тој процес е портрет на предвоената генерација и поглед на оставштината на романскиот комунистички лидер од денешен аспект.
Михалеску ја започнал кариерата на асистент на режисерите Раду Јуде во филмот АФЕРИМ!, кој во 2015 ја освои „Сребрената мечка“ на Берлинале и на Раду Мунтеан, ЕДЕН КАТ ПОДОЛУ (Un etaj mai jos / One Floor Below, 2015), учесник на Канскиот фестивал.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
25 МАЈ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.
ФАМИЛИЈА
(La Mif / The Fam)
Игран филм, Швајцарија
2021, 110 мин., колор, ДЦП
Режија: Фредерик Бајлиф (Frédéric Baillif)
Сценарио: Фредерик Бајлиф (Frédéric Baillif)
Улоги: Чарли Ареди, Касиа Да Коста, Амандин Голај, Клаудија Гроб (Charlie Areddy, Kassia Da Costa, Amandine Golay, Claudia Grob)
Група тинејџерки се сместени во дом за згрижување и со нив работат социјални работници. Ова принудно „семејно“ искуство создава неочекувани тензии и интимности. Еден инцидент предизвикува синџир на прекумерни реакции, ги открива слабостите на застарениот систем за социјална грижа и ги буди потиснатите стравови што ги прогонуваат овие малолетнички. СЕМЕЈСТВОТО е социјална драма, која го пресликува и лажниот морал на општеството.
Критиката за долгометражното филмско деби на Фредерик Бејлиф вели дека има директен и псевдо-документарен наратив, откривајќи ја емоционалната сложеност слој по слој. Филмот функционира како остра критика на погрешните вредности на современото општество, ги испитува траумите што нè обликуваат и е своевидна филмска репортажа за адолесценцијата.
СЕМЕЈСТВОТО учествуваше на Берлинале 2021, каде што ја доби наградата на интернационалното жири во програмата за младински филмови, на Филмскиот фестивал во Цирих (награда на екуменското жири и Golden Eye Award), беше најдобар филм на „Џифони филм фестивал“ и на фестивалите во Наму и во Ваљадолид, а на фестивалот во Анталија, Турција, ја доби наградата за најдобра актерка (Клаудија Гроб).
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари
НЕДЕЛА НА РОМАНСКИ ФИЛМ
25 МАЈ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.
ИНТРЕГАЛДЕ
(Întregalde)
Игран филм, Романија
2021, 104 мин., колор, ДЦП
Режија: Раду Мунтеан (Radu Muntean)
Сценарио: Раду Мунтеан, Александру Бачиу, Разван Радулеску (Radu Muntean, Alexandru Baciu, Razvan Radulescu)
Улоги: Марија Попистасу, Илона Брезојану, Алекс Богдан (Maria Popistasu, Ilona Brezoianu, Alex Bogdan)
Сторијата на филмот се фокусира на група хуманитарци во Романија кои носат залихи во областите погодени од сиромаштија во регионот на Трансилванија. Нивното патување до селото Интрегалде ќе се искомплицира откако ќе земат дезориентиран старец на кој му треба превоз…
Мунтеан го опишува филмот како инспирација од вистински волонтерски експедиции за испорака на намирници во оддалечените романски градови. Колку ваквите мисии, всушност, им помагаат на селаните, наспроти чувството дека богатите урбани граѓани сами си честитаат за нивната дарежливост?
Филмот беше премиерно прикажан во програмата на авторите на Канскиот филмски фестивал во 2021 година. Меѓу десетината учества на филмските фестивали ИНТРЕГАЛДЕ победи во Трст (Италија), Хихон (Шпанија) и Хаифа (Израел).
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
26 МАЈ (ПЕТОК), 18:00 ч.
ЦРВЕНАТА ЖЕЛКА
(La tortue rouge / The Red Turtle)
Анимиран филм, Франција / Белгија / Јапонија
2016, 80 мин., колор, ДЦП
Режија: Михаел Дудок де Вит (Michael Dudok de Wit)
Сценарио: Михаел Дудок де Вит, Паскал Феран (Michael Dudok de Wit, Pascale Ferran)
Гласови: Емануел Гарижо, Том Хадсон, Баптис Гој (Emmanuel Garijo, Tom Hudson, Baptiste Goy)
ЦРВЕНАТА ЖЕЛКА ја раскажува приказната без дијалог на човек кој доживува бродолом на пуст остров и запознава огромна црвена желка. Композитор на придружната музика во филмот е Лорен Перез дел Мар. Интересно е што музиката била снимена во Скопје, во студиото ФАМЕС на француската двојка Од Мопас и Лорен Копиц.
Филмот имаше премиера на Канскиот фестивал, каде што режисерот освои Специјална награда на жирито во програмата „извесен поглед“, беше номиниран за „Оскар“, а освои десетина награди на светските филмски фестивали.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари
НЕДЕЛА НА РОМАНСКИ ФИЛМ
26 МАЈ (ПЕТОК), 20:00 ч.
НЕ ДОПИРАЈ МЕ
(Touch me not)
Игран филм, Романија / Германија / Чешка / Франција / Бугарија
2018, 123 мин., колор, ДЦП
Режија: Адина Пинтилие (Adina Pintilie)
Сценарио: Адина Пинтилие (Adina Pintilie)
Улоги: Лаура Бенсон, Томас Лемарквис, Кристијан Баерлајн, Грит Улеман, Адина Пинтилие, Хана Хофман (Laura Benson, Tómas Lemarquis, Christian Bayerlein, Grit Uhlemann, Adina Pintilie, Hanna Hofmann)
Необичниот филм на Пинтилие претставува смеса на реалност и фикција во која режисерката и нејзините глумци ги испитуваат границите на интимноста.
Филмот започнува така што Лаура (Бенсон) изнајмува млад маж за да го гледа додека тој мастурбира. Потоа, во една болница, пациентите учествуваат во психо-терапија во која меѓусебно си ги допираат лицата. Главните ликови во болницата се Кристијан (Баерлајн), момче со деформирано тело, и Томас (Лемарквис), момче без коса и без влакна на телото. Тие двајца зборуваат за својата интимност и за своите погледи на животот.
Една ноќ, Томас оди во ноќен клуб во кој посетителите имаат садо-мазохистички и други сексуални односи. Исто така, Лаура води разговори со Грит (го игра Улеман), транс-сексуална проститутка (поранешен маж кој сега е жена)…
Филмот на Пинтилие ја подели критиката и публиката, но овој необичен естетски експеримент на Пинтилие ја осови „Златната мечка“ на Берлинале и доминираше на доделувањето на националните филмски награди во Романија. НЕ ДОПИРАЈ МЕ забележа уште десетина номинации за награди на филмските фестивали во светот.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
НЕДЕЛА НА РОМАНСКИ ФИЛМ
27 МАЈ (САБОТА), 20:00 ч.
30 МАЈ (ВТОРНИК), 20:00 ч.
МАГНЕТНА РЕЗОНАНЦА
(R.M.N.)
Игран филм, Романија / Белгија / Франција / Шведска
2022, 125 мин., колор, ДЦП
Режија: Кристијан Мунџиу (Cristian Mungiu)
Сценарио: Кристијан Мунџиу (Cristian Mungiu)
Улоги: Марин Григоре, Јудит Стате, Макрина Барладеану (Marin Grigore, Judith State, Macrina Barladeanu)
Неколку дана пред Божиќ, Матијас ја напушта работата во Германија и се враќа во мултиетничкото трансилванско село. Сака да биде повеќе вклучен во растењето на својот син и да му помогне на детето да се ослободи од неговите нејасни стравови.
Матијас е преокупиран и со својот стар татко, како и желбата да ја види својата поранешна љубовница, Сила. Кога во малата фабрика, која ја води Сила, ќе се вработат неколку нови работници, мирот во заедницата полека се нарушува. Уплашеноста ги обзема жителите, а фрустрацијата и страстите ја нарушуваат дотогашната состојба на привидното разбирање и смиреноста.
Мунџиу со неговиот најнов филм победи на фестивалот во Палиќ, Србија, и беше во конкуренција на уште неколку фестивали, меѓу кои и Кан и Чикаго. Тој со неговиот прв успех во 2007 година, ЧЕТИРИ МЕСЕЦИ, ТРИ НЕДЕЛИ И 2 ДЕНА (4 luni, 3 saptamâni si 2 zile) освои педесетина награди и беше предводник на романскиот нов филмски бран што направи фасцинантен пробив во светската кинематографија.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари