1 ЈУЛИ (САБОТА), 18:00 ч.
ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО
(Liberation Day)
Документарен филм, Латвија / Норвешка / Словенија
2016, 100 мин., колор, ДЦП
Режија: Угис Нолте, Мортен Травик (Ugis Olte, Morten Traavik)
Сценарио: Мортен Травик (Morten Traavik)
Учесници: Борис Бенко, Томаж Чубеј, Милан Фрас, Славој Жижек (Boris Benko, Tomaz Cubej, Milan Fras, Slavoj Zizek)
Норвешкиот режисер Мортен Травик ја смисли досега најчудната севернокорејска приказна: вистинската приказна за тоа како Демократска Народна Република Кореја за прв пат покани западна рок група да свири во земјата.
Групата одбрана за оваа чест се словенечките арт-рок ветерани „Лајбах“, формирани во екс-Југославија, познати по тоа што сатирично флертуваат со фашистички метафори. Идејата на „Лајбах“ е да ги свират своите аранжмани на песни од американскиот мјузикл „Моите песни, моите сништа“ – еден од ретките западни филмови дозволени и сакани во земјата.
Владата на Северна Кореја прво ги одбила „Лајбах“ поради нивниот дрзок милитаристички шик. Травик прикажува една мачна вечера кога комунистички функционер држи тажен, но прилично искрен говор со кој јасно се става до знаење дека позите на „Лајбах“ се неприфатливи. По тешки преговори со официјалните лица, овој чуден концерт се одржа.
Соочувајќи се со строгата идеологија и културолошките разлики, групата се мачи да ги протне своите песни низ иглените уши на цензурата пред да ги претстави пред публиката која дотогаш не чула алтернативна музика.
ДЕН НА ОСЛОБОДУВАЊЕТО е продуциран од Латвија (Литванија) и во 2017 година беше доминантен победник на националниот филмски фестивал во таа земја.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
1 ЈУЛИ (САБОТА), 20:30 ч.
20 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК), 20:30 ч.
21 ЈУЛИ (ПЕТОК), 20:30 ч.
СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА
Игран филм, Македонија / Кипар
2022, 106 мин., колор, ДЦП
Режија и сценарио: Кристијан Ристески (Kristijan Risteski)
Улоги: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски, Давид Јанакиев (Natasa Petrovikj, Verica Nedeska, Sashko Kocev, Deniz Abdula, Ivica Dimitrijevikj, Tino Kostadinovski, David Janakiev)
Седум луѓе живеат во време и простор кои се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“на Боби, 20-годишен наркоман. Маја е „волк самотник“, не комуницира „очи в очи“ со луѓе, а Игор е „риба надвор од вода“, има Аспергер синдром. Иако Боби и Маја не би требало да имаат прилика да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детство, „маалска екипа“ која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, од релативизацијата на моралот и од агресивната инвазија на политиката врз нивните животи.
СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА е дебитантски игран филм на Кристијан Ристески, а со неговата премиера се затвори минатогодишното, 43-то издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари
3 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.
5 ЈУЛИ (СРЕДА), 18:00 ч.
ЈАС СУМ ГРЕТА
(I Am Greta)
Документарен филм, Шведска / САД / Германија / В. Британија
2020, 97 мин., колор, ДЦП
Режија: Натан Гросман (Nathan Grossman)
Сценарио: Хана Лејонквист, Пер Киркегард, Олоф Берглин (Hanna Lejonqvist, Per K. Kirkegaard, Olof Berglin)
Учесници: Грета Тунберг, Сванте Тунберг, Никлас Свенингсен, Антонио Гутереш, Арнолд Шварценегер (Greta Thunberg, Svante Thunberg, Niclas Svenningsen, António Guterres, Arnold Schwarzenegger)
Приказна за тинејџерската климатска активистка Грета Тунберг, која стана глобална ѕвезда, раскажана преку впечатливи и досега невидени снимки. Почнувајќи од нејзиниот самостоен училиштен штрајк пред шведскиот парламент, камерата го следи подемот на Грета, срамежлива ученичка со Аспергеров синдром, чие влијание се шири насекаде во светот, придружувајќи ја на нејзиното неверојатно патување со едрилица преку Атлантскиот Океан за да зборува на Самитот за климатска активност на ООН во Њујорк.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари
4 ЈУЛИ (ВТОРНИК), 18:00 ч.
ЦРВЕНАТА ЖЕЛКА
(La tortue rouge / The Red Turtle)
Анимиран филм, Франција / Белгија / Јапонија
2016, 80 мин., колор, ДЦП
Режија: Михаел Дудок де Вит (Michael Dudok de Wit)
Сценарио: Михаел Дудок де Вит, Паскал Феран (Michael Dudok de Wit, Pascale Ferran)
Гласови: Емануел Гарижо, Том Хадсон, Баптис Гој (Emmanuel Garijo, Tom Hudson, Baptiste Goy)
ЦРВЕНАТА ЖЕЛКА ја раскажува приказната без дијалог на човек кој доживува бродолом на пуст остров и запознава огромна црвена желка. Композитор на придружната музика во филмот е Лорен Перез дел Мар. Интересно е што музиката била снимена во Скопје, во студиото ФАМЕС на француската двојка Од Мопас и Лорен Копиц.
Филмот имаше премиера на Канскиот фестивал, каде што режисерот освои Специјална награда на жирито во програмата „извесен поглед“, беше номиниран за „Оскар“, а освои десетина награди на светските филмски фестивали.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари
4 ЈУЛИ (ВТОРНИК), 20:30 ч.
5 ЈУЛИ (СРЕДА), 20:30 ч.
20 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.
21 ЈУЛИ (ПЕТОК), 18:00 ч.
СКРИЕНИ
(Hidden)
Игран филм Македонија / Косово
2022, 103 мин., колор, ДЦП
Режија: Арзим Фазлија (Аrsim Fazlia)
Сценарио: Арзим Фазлија (Аrsim Fazlia)
Улоги: Греса Паласка, Насер Рафуна, Адриан Азири (Gresa Pallaska, Naser Rafuna, Adrian Aziri)
Драмата ја третира психосоцијалната димензија на луѓето, особено кај младите брачни парови, чија димензија опфаќа неколку сфери на истражување, почнувајќи од психолошки, социјален, религиозен и други аспекти. Вистинскиот проблем се рефлектира врз двете главни улоги и не се открива до крај што е причина за распаѓање на нивниот брак, кој на крајот се спасува и брачните другари се враќаат во реалност.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
6 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК), 20:30 ч.
ТРИАГОЛНИК НА ТАГАТА
(Triangle of Sadness)
Игран филм, Шведска, Германија, Франција, Данска
2022, 142 мин., колор, ДЦП
Режија: Рубен Остлунд (Ruben Östlund)
Сценарио: Рубен Остлунд (Ruben Östlund)
Улоги: Херис Дикинсон, Чарлби Дин, Вуди Харелсон, Златко Буриќ, Вики Берлин, Доли Де Леон (Harris Dickinson, Charlbi Dean, Woody Harrelson, Zlatko Burić, Vicki Berlin, Dolly De Leon)
ТРИАГОЛНИК НА ТАГАТА навидум е урнебесна комедија, а суштински претставува брутална сатира за богатите луѓе од разни профили – руски олигарси, аристократи со „старо“ богатство, нафатирани трговци со оружје и претставници на „новата класа“, како што се инфлуенсерите на социјалните мрежи – кои започнуваат со уште едно рутинско задоволство какво што е крстарењето со суперлуксузна јахта. На таа јахта има две класи: едната што платила да бидат задоволени сите нивни суптилни барања од храната, пијалоците и останатите тинтрања; другата треба да го одработи тоа, за помал или поголем бакшиш. Инаку, триаголник на тагата е оној замислен облик од нашите лица ако се повлечат линии меѓу нашите очи и коренот на носот.
Морската болест од лулањето на јахтата за време на бурата ќе биде причина да им преседне перверзно богатата вечера на патниците, но најлошото по нив допрва следува. Тука е најбитна реакцијата на капетанот на бродот. Постои изрека која вели дека и пијаниот бега од будалиот – или обратно, сеедно – но капетанот (одличниот Вуди Харелсон) е и луд и пијан. Згора на тоа, е и нихилист според идеолошкото убедување. Можете да ја претпоставите неговата реакција, а резултатот е потоната јахта и неколкумина спасени патници и членови на персоналот на брегот на еден остров кој изгледа дека е пуст.
И во услови кога луѓето се вратени барем два века назад – нема комуникации со светот, нема Фејсбук , Инстаграм и слично – газда е оној што ја поседува храната, колку и таа да е во оскудни количини. Поточно, газдарица, а тоа е Абигејл (Dolly De Leon), нискорангираната асистентка за хигиена на јахтата – што е само звучна титула за чистачка – која е новата „владетелка“ во изменетите правила: ќе преживее тој/таа што ќе се снајде во дивата природа. Постои и стара изрека дека побитно за опстанокот е да знаеш како да уловиш риба отколку да ја испржиш, и во филмот таа е вистинската норма за преживување. Или, можеби, ќе преживее тој/таа што има подобра интуиција?
Социјалната сатира ТРИАГОЛНИК НА ТАГАТА му ја донесе втората „Златна палма“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд – по триумфот со КВАДРАТОТ (The Square) во 2017 година – како и повеќето главни награди на Европската филмска академија минатата недела: најдобар филм, најдобра режија и најдобро сценарио (исто Остлунд), а наградата за најдобра главна машка улога ја доби Златко Буриќ (хрватски актер со европска кариера и адреса во Данска). Наградата на Европската филмска академија Остлунд ѝ ја посвети на младата јужноафриканската актерка и моделка Чарлби Дин – во филмот ја игра инфлуенсерката Јаја – која ненадејно почина во август на 32 години.
Се чини дека со ТРИАГОЛНИК НА ТАГАТА е постигнат оној вистински баланс меѓу питкоста на сторијата и нејзината убиствена есенција. Како и да е, сведочиме на менување на претходните улоги во општеството, како во мала револуција. Ваше е да проверите дали и оваа ваква „револуција“ повторно ќе ги изеде сопствените деца?
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
7 ЈУЛИ(ПЕТОК), 18:00 ч.
8 ЈУЛИ (САБОТА), 18:00 ч.
29 ЈУЛИ (САБОТА), 20:30 ч.
НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ
(Ballad of Piargy)
Игран филм, Словачка / Македонија / Чешка
2022, 100 мин., црно-бел, ДЦП
Режија: Иво Трајков (Ivo Trajkov)
Сценарио: Франтишек Швантнер, Јана Скорепова, Иво Трајков (František Švantner, Jana Skorepová, Ivo Trajkov)
Улоги: Јудит Бардос, Луција Сипосова, Јана Квантикова (Judit Bárdos, Lucia Siposová, Jana Kvantiková)
Во пролетта 1939 г. се пренесува веста дека во малото планинско село Пиарџи (Piargy), затрупано од снежна лавина пред само неколку дена, се родил Антихристот. Бискупот бара точно да се истражат изјавите на Јоанка, единствената преживеана од катастрофата, за да дознае што навистина се случило…
„Љубов, страст, надеж, грев и казна“… Ова се зборовите како симболи на модерната Содома и Гомора што најдобро би ја опишале атмосферата во најновиот филм на Иво Трајков. Визуелно раскошна приказна, базирана на кратка приказна на словачкиот писател Франтишек Швантнер (František Švantner), филмот импресионира со својата оригиналност и раритетност во пристапот на темата. Преку брилијантната црно-бела фотографија на Петер Бенчик (Peter Bencsik) тој суптилно и нетенденциозно ни доловува атмосфера на историска драма и претставува огледало на хипокризијата на моралот, религијата и патријархалната традиција во општеството – подеднакво релевантна денес, како и во периодот непосредно пред Втората светска војна. Музиката во филмот е на Кирил Џајковски.
Филмот НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ во словачко-македонско-чешка копродукција има учествувано на голем број меѓународни филмски фестивали – меѓу другите и на фестивалите во Буенос Аирес, Брисел, Фестивалот на независен филм во Монтреал… – и е добитник на триесетина награди.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
7 ЈУЛИ(ПЕТОК), 20:30 ч.
ХИЛМА
(Hilma)
Игран филм, Шведска
2022, 120 мин., колор, ДЦП
Режија и сценарио: Ласе Халстром (Lasse Hallström)
Улоги: Тора Халстром, Катерина Чалк, Лили Коле, Лена Олин (Tora Hallström, Catherine Chalk Lily Cole, Lena Olin)
Во режија и продукција на прославениот шведски филмаџија Ласе Халстром, овој филм е прецизно направен биопик за Хилма аф Клинт, креативен гениј, уметница постхумно признаена како прва апстрактна сликарка во историјата на уметноста. Филмот хронолошки го прикажува животниот пат на Аф Клинт, од нејзината младост, спиритуалното будење по прераната смрт на нејзината сестра Хермина, до нејзиното изучување на мистичните книги на Рудолф Штајнер и делата на теозофското движење. Хилма е портет на една храбра жена, далеку пред своето време. Ќерката на режисерот, актерката Тора Халстром, креира одлична филмска ролја како младата Хилма аф Клинт.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
8 ЈУЛИ (САБОТА), 20:30 ч
СОВРШЕН ПАЦИЕНТ
(The Perfect Patient a.k.a Quick)
Игран филм, Шведска
2019, 132 мин., колор, ДЦП
Режија и сценарио: Микаел Хафстром (Mikael Håfström)
Улоги: Јонас Карлсон, Давид Денцик (Jonas Karlsson, David Dencik)
Во режија и продукција на уште еден ветеран на шведската кинематографија Микаел Хафстром, долгометражниот игран филм прикажува една вистинита, контроверзна сторија. Базиран е на вистинската приказна на новинарот Ханс Растам за серискиот убиец Томас Квик. Предизвикувачката приказна е досега најголемиот шведски законодавен скандал. Режисерот Хафстром креира интензивен трилер, комплексен психолошки портрет на двајца луѓе подготвени да одат до крај. Но каде се наоѓа тој крај? Дали е воопшто возможно да се извлече нешто конструктивно од целата ситуација? И, која е цената? Актерот Давид Денцик во 2020 година се закити со наградата за најдобра споредна улога на доделувањето на шведските филмски награди – Guldbagge Awards.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
24 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.
25 ЈУЛИ (ВТОРНИК), 18:00 ч.
ЗАСЕКОГАШ МЛАДИ
(Les Amandiers / Forever Young)
Игран филм, Франција / Италија
2022, 126 мин., колор, ДЦП
Режија: Валерија Бруни Тедески (Valeria Bruni Tedeschi)
Сценарио: Валерија Бруни Тедески, Каролин Деруа-Гарел, Ноеми Лавовски (Valeria Bruni Tedeschi, Caroline Deruas-Garrel, Noémie Lvovsky)
Улоги: Надја Терескиевич, Софијан Бенасе, Луј Гарел, Миша Лескот, Ноам Еџ, Василиј Шнајдер (Nadia Tereszkiewicz, Sofiane Bennacer, Louis Garrel, Micha Lescot, Noham Edje, Vassili Schneider)
Дејствието на филмот се случува кон крајот на 1980-тите години во Париз. Стела, Виктор, Адел и Етјен се млади студенти по актерска игра, штотуку примени во Les Amandiers (буквален превод: „Стебла со бадеми“), престижно театарско училиште основано од Патрис Шеро, еден од најмаркантните француски режисери на преминот на двата века. На новиот животен пат тие ќе учат, ќе сакаат, ќе се плашат, ќе го живеат животот во целост и ќе ги доживеат своите први трагедии…. Сторијата на филмот има автобиографски елементи од животот на Тедески, која студирала на истата академија под менторство на Шеро во 1980-те, а еден од нејзините колеги е актерот Винсент Перез.
Во филмографијата на Валерија Бруни Тедески (1964), италијанско-француска актерка, сценаристка и режисерка, досега се запишани деведесетина наслови и триесетина номинации и награди на светските филмски фестивали, меѓу кои и националната награда на француската кинематографија „Цезар“. Режисерка е на 6 филмови, за АКТЕРКИ (Actrices / Actresses) ја доби Специјалната награда на жирито на програмата „Извесен поглед“ на Канскиот фестивал во 2007 година. Со ЗАСЕКОГАШ МЛАДИ Тедески беше дел од натпреварувачката програма на Канскиот фестивал, забележа десетина номинации за награди, а Надја Терескиевич ја доби наградата за најталентирана актерка на годишното доделување на француските филмски награди „Лимиер“.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
10 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:30 ч.
МОЈОТ ЖИВОТ КАКО КОМИЧАР
(Еn komikers uppväxt)
Игран филм, Шведска / Белгија
2019, 92 мин., колор, ДЦП
Режија: Ројда Секерож (Rojda Sekersöz)
Сценарио: Јонас Гардел (Jonas Gardell)
Улоги: Јохан Реборг, Локе Хелберг, Елисабет Кси (Johan Rheborg, Loke Hellberg, Elisabet Xie)
Во оваа шведско-белгиска копродукција, писателот Јонас Гардел го адаптира сопствениот бестселер на големото платно, автобиографската приказна за неговото созревање во Шведска во 70-те години од минатиот век. За младиот Јуха, растењето во помал град претставува постојано докажување, предизвик. Барајќи начин како да го избегне честото малтретирање од соучениците, тој започнува да се преправа и да ги исмејува познајниците и пријателите. Набргу, станува популарен во друштвото и, уживајќи во новостекнатата популарност, продолжува да ги исмева останатите. Како возрасен човек и професионален комичар, настапува пред полни сали со неговите анегдоти од детството. Но, откако ќе се сретне со стар познајник од младоста, Јуха почнува да ги премислува и преоценува неговите постапки од порано. Сево ова води кон еден неочекуван расплет на настаните…
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
11 ЈУЛИ (ВТОРНИК), 20:30 ч.
438 ДЕНА
(438 dagar)
Игран Филм, Шведска
2019, 124 мин., колор, ДЦП
Режија: Јеспер Ганслант (Jesper Ganslandt)
Сценарио: Петер Биро, Јохан Персон, Мартин Шибје (Peter Birro, Johan Persson, Martin Schibbye)
Улоги: Густаф Скарсгард, Матијас Варела, Фајсал Ахмед (Gustaf Skarsgård, Matias Varela, Faysal Ahmed)
Истражувачките новинари Мартин Шибје и Јохан Персон, по неколку месеци интензивна подготовка, вечерта на 28 јуни 2011 година ја преминуваат границата помеѓу Сомалија и Етиопија. Неколку дена подоцна, двајцата Швеѓани се пресретнати и уапсени од етиопската армија. По брзото, речиси кафкијански бесмислено судење, тие се осудени на повеќегодишна, тешка затворска казна. Но приказната ни оддалеку не е завршена. Напротив. Во затворот, запознавајќи се со останатите политички затвореници, Мартин и Јохан отвораат ново животно поглавје. Филмот, базиран на вистинските приказни на двајцата новинари, е храбро дело, визуелен проглас против диктатурата, против нечовечноста, но и против апатијата и отуѓеноста на современиот човек. Истовремено е и посвета на храброста, истрајноста и пријателството. Во режија на Јеспер Ганслант, 438 денови беше еден од најгледаните шведски филмови во последниве неколку години.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
12 ЈУЛИ (СРЕДА), 18:00 ч.
24 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:30 ч.
25 ЈУЛИ (ВТОРНИК), 20:30 ч.
ПРЕЕКСПОНИРАНО
(Things Unsaid)
Игран филм, Македонија / Србија
2022, 95 мин., колор, ДЦП
Режија: Елеонора Венинова (Eleonora Veninova)
Сценарио: Елеонора Венинова (Eleonora Veninova)
Улоги: Благој Веселинов, Камка Тоциновски, Сара Климоска (Blagoj Veselinov, Kamka Tocinovski, Sara Klimoska)
Приказната во дебитантскиот долгометражен игран филм на Венинова има личен момент, како и во нејзините кратки филмови. Проблематична тинејџерка ја нарушува кревката рамнотежа на една брачна двојка откако доаѓа кај нив на гости на неколку дена.
Брачната двојка престојува во викенд куќа во Охрид и нивниот мир и брачна идила се нарушени од тинејџерка која е ќерка на нивни блиски пријатели. Тие двајца ќе се доведат во ситуација да ги преиспитаат односите во својот брак…
ПРЕЕКСПОНИРАНО имаше светска премиера во официјалната натпреварувачка програма на Cairo International Film Festival, Египет, во ноември 2022 година, а годинава учествуваше и фестивалите Pune International Film Festival, Индија, Dolina Miru KinEst Fest, Италија, Eurazja Film Festival, Полска…
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
12 ЈУЛИ (СРЕДА), 20:30 ч.
КЛАРА СОЛА
(Clara Sola)
Игран филм, Шведска / Коста Рика
2021, 106 мин., колор, ДЦП
Режија: Натали Алварез Месен (Nathalie Álvarez Mesén)
Улоги: Даниел Кастанеда Ринцон, Венди Чинчила Араја, Ана Јулија Еспиноза (Daniel Castañeda Rincón, Wendy Chinchilla Araya, Ana Julia Porras Espinoza)
За мистичната Клара, која има четириесетина години, нејзините соселани веруваат дека има посебни исцелителски моќи, благодарејќи на нејзината наводна поврзаност со Бог. Тоа уште повеќе ја јакне вештината што Клара ја има и затоа животот го минува во природа опкружена со животните. Таа живее под силната заштита на својата мајка, која е многу загрижена поради вродениот физички деформитет на Клара. Но таа ќе почне да се повлекува од закрилата кога ќе ја обземе сексуалниот порив, здогледувајќи го момчето на внука ѝ. Чуствувајќи ја силно новодојдената емоција, Клара ги надминува физичките и духовни граници. Ја оттурнува наметната улога на светица и го започнува долгиот пат на самоспознавање. Режисерката Натали Алварез Месен, по потекло јужноамериканка, родум од Коста Рика, креира филм во кој ги сврзува магичниот реализам и психо-сексуалната драма. Овој филмски ракопис наречен Клара Сола се здоби со позитивни критики на престижниот филмски фестивал во Кан. Тој исто така беше номиниран за статуетката Оскар во категоријата на најдобар странски филм.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
13 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК), 20:30 ч.
18 ЈУЛИ (ВТОРНИК), 20:30 ч.
19 ЈУЛИ (СРЕДА), 20:30 ч.
ЕДНО УБАВО УТРО
(Un Beau Matin)
Игран филм, Шведска / Франција
2022, 112 мин., колор, ДЦП
Режија и сценарио: Миа Хансен-Лав (Mia Hansen-Løve)
Улоги: Леа Сејду, Паскал Грегори, Мелвил Пупо, Никол Гарсиа (Léa Seydoux, Pascal Greggory, Melvil Poupaud, Nicole Garcia)
Сандра Кинзлер е млада вдовица, која живее во Париз со нејзината осумгодишна ќерка, а работи како преведувачка. Постојано се грижи за нејзиниот татко кој боледува од прогресивна форма на невродегенеративна болест наречена Бенсонов синдром. Едно утро, во паркот во нејзиниот реон, таа го среќава Клемент, пријател на нејзиниот починат сопруг. Двајцата започнуваат романтична врска. Сандра се наоѓа на крстопат – дали да се предаде на љубовната релација со женет човек, или целосно да се посвети на грижата за нејзиниот болен татко. Филмот е добитник на награда од престижниот филмски фестивал во Кан – Europa Cinemas Label Award.
Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 150 денари
CINEDAYS FESTIVAL OF EUROPEAN FILM
13 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК)
14 ЈУНИ (ПЕТОК)
15 ЈУЛИ (САБОТА)
16 ЈУЛИ (НЕДЕЛА)
17 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК)
18 ЈУЛИ (ВТОРНИК)
19 ЈУЛИ (СРЕДА)
22 ЈУЛИ (САБОТА), 20:30 ч.
ТЕОДОР УШЕВ: НЕВИДЛИВИ ВРСКИ
(Theodore Ushev: Unseen Connections)
Документарен филм, Бугарија /Канада
2022, 77 мин., колор, ДЦП
Режија: Борислав Колев (Borislav Kolev)
Сценарио: Марија Ландова (Maria Landova)
ТЕОДОР УШЕВ: НЕВИДЛИВИ ВРСКИ е новиот документарен филм на Борислав Колев, еден од најеминетните современи бугарски филмаџии кој е познат по неговите документарни филмови посветени на спортски личности (Стоичков, за познатиот бугарски фудбалер, Христо Стоичков, и Сарто Мортале, за контроверзиниот бугарски дигач на тегови Ангел Генчев).
Во овој филм тој дава портрет на Теодор Ушев, еден од најпознатите бугарски аниматори, кој живее и работи во Монтреал, Канада со импозантна биографија од повеќе од 20 анимирани филмови. Неговиот краткометражниот анимиран Слепата Вајша (Blind Vaysha) беше номиниран за Оскар во 2016 година.
Ова е поетски документарец кој прави емотивно патување низ просторот и времето, истражувајќи го потеклото на темите на филмовите на Теодор Ушев. При посетите на својата родна земја за да го снима својот прв игран филм што не е анимација (PHI 1.618), Ушев ги раскажува најважните моменти од својот живот во Бугарија и се потсетува на различните андерграунд уметнички движења што влијаеле врз него.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари
26 ЈУЛИ (СРЕДА), 20:30 ч.
МЕМЕНТО
(Memento)
Игран филм, Македонија
1967, 97 мин., црно-бел, 35 мм
Режија: Димитрие Османли (Dimitrie Osmanli)
Сценарио: Димитрие Османли, Јован Бошковски, Ташко Георгиевски (Dimitrie Osmanli, Jovan Boshkovski, Tashko Georgievski)
Улоги: Стево Жигон, Рената Фреискорн, Предраг Ќерамилац, Драги Костовски, Нада Гешовска, Петре Прличко, Тодор Николовски (Stevo Žigon, Renata Freiskorn, Predrag Ćeramilac, Dragi Kostovski, Nada Geshovska, Petre Prlichko, Todor Nikolovski)
Проекцијата на филмот МЕМЕНТО на Димитрие Османли ќе биде дел од 4-тото издание на проектот „Сезона на филмски класици“, организирана од страна на АЦЕ (Асоцијација на европските кинотеки).
МЕМЕНТО е снимен во 1967 година и ја раскажува приказната за Јана која низ разговори и реминисценција со германскиот диригент Вили Милер се сеќава на нејзиното миното и семејната трагедија која ја доживеала во катастрофалниот земјотрес во Скопје. Еден ден спроти земјотресот во Скопје, се запознаваат Вили Милер, германски диригент на пропатување низ Македонија, и Јана, млада девојка, студентка. Нивната повторна средба е по неколку години кога Вили Милер диригира еден концерт на Средбата на солидарноста во Скопје. Тие неколку дена минати заедно се исполнети со своевидна реминисценција на Јана за доживеаната семејна трагедија, за нејзините лутања и барање начин повторно да се започне животот, запрен во денот на замјотресот.
Со оваа проекција на МЕМЕНТО, како дел од европските филмски класици, Кинотеката ќе ја одбележи 60-годишнината од разорниот земјотрес што го погоди Скопје во 1963 г. Поголемиот дел од градот беше претворен во урнатини, околу 2000 луѓе загинаа, а неколку стотици илјади ги загубија своите домови.
27 ЈУЛИ, (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.
28 ЈУЛИ, (ПЕТОК), 18:00 ч.
29 ЈУЛИ, (САБОТА), 18:00 ч.
НЕВИНИ
(L’innocent)
Игран филм, Франција
2023, 100 мин., колор, ДЦП
Режија: Луј Гарел (Louis Garrel)
Сценарио: Луј Гарел, Тангај Виел, Наила Гуије (Louis Garrel, Tanguy Viel, Naïla Guiguet)
Улоги: Луј Гарел, Рошди Зем, Анук Гринберг, Ноеми Мерлан, Жан-Клод Паутот (Louis Garrel, Roschdy Zem, Anouk Grinberg, Noémie Merlant, Jean-Claude Pautot)
Абел полудува кога дознава дека неговата шеесетгодишна мајка Силви ќе се омажи за човек кој е во затвор. Со помош на неговиот најдобар пријател Клеманс, тој ќе направи сè што е потребно за да ја заштити. Но, средбата со Мишел, неговиот нов очув, може да му понуди нова перспектива.
НЕВИНИ е новиот филм на Луј Гарел, едно од најпознатите филмски имиња на современата француска кинематографија. Познат е по неговата сестраност и подеднакво успешно работи како актер и режисер. Во НЕВИНИ тој се потпишува како режисер, ко- сценарист и актер. Во стилот на Трифо и Морети, Гарел и тука продолжува со полуавтобиографските приказни. Филмот е невообичаена и шармантна мешавина на жанрови (романтична комедија и филм на потера) преку која се раскажува за односите во едно дисфункционално семејство.
Филмот имаше премиера на 75-тиот филмски фестивал во Кан во 2022 година. Добитник е на Европската филмска награда ЦЕЗАР за најдоброто оригинално сценарио и најдобрата споредна женска улога за Ноеми Мерлан.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница: 150 денари
27 ЈУЛИ, (ЧЕТВРТОК), 20:30 ч.
28 ЈУЛИ, (ПЕТОК), 20:30 ч.
МИМИ
(Mimi)
Игран филм, С. Македонија / Хрватска / Црна Гора
2002, 100 мин., колор, ДЦП
Режијa: Даријан Пејовски (Darijan Pejovski)
Сценарио: Даријан Пејовски (Darijan Pejovski)
Улоги: Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Владимир Петровиќ (Natalija Teodosieva, Tamara Ristoska, Oliver Mitkovski, Petar Mirchevski, Sashko Kocev, Vladimir Pterovikj)
МИМИ е психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Работи во трафиката кај својот вујко и повремено ќе се заинтересира за некој од муштериите.
Се запознава со екстровертната Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во многу повеќе од искрено дружење без обврски. Минатото, болно и таинствено, заради кое побегнала во метрополата, пополека ѝ се враќа на Мими, ја мачи и опседнува.
Оваа копродукција е втор игран филм на режисерот Пејовски, а својата премиера ја имаше на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје, а досега е прикажуван на филмските фестивали во Пула, Братислава и Херцег Нови.
Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 150 денари