2 ЈУНИ (ПЕТОК), 21:00 ч. СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

(Програмата на фестивалот и распоредот на проекциите на филмовите можете да ги видите ТУКА.) 

12 ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

13 ЈУНИ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

14 ЈУНИ (СРЕДА), 18:00 ч.

15 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

29 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.  

НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ

(Ballad of Piargy)

Игран филм, Словачка / Македонија / Чешка

2022, 100 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Иво Трајков (Ivo Trajkov)

Сценарио: Франтишек Швантнер, Јана Скорепова, Иво Трајков (František Švantner, Jana Skorepová, Ivo Trajkov)

Улоги: Јудит Бардос, Луција Сипосова, Јана Квантикова (Judit Bárdos, Lucia Siposová, Jana Kvantiková)

 

Во пролетта 1939 г. се пренесува веста дека во малото планинско село Пиарџи (Piargy), затрупано од снежна лавина пред само неколку дена, се родил Антихристот. Бискупот бара точно да се истражат изјавите на Јоанка, единствената преживеана од катастрофата, за да дознае што навистина се случило…

„Љубов, страст, надеж, грев и казна“… Ова се зборовите како симболи на модерната Содома и Гомора што најдобро би ја опишале атмосферата во најновиот филм на Иво Трајков. Визуелно раскошна приказна, базирана на кратка приказна на словачкиот писател Франтишек Швантнер (František Švantner), филмот импресионира со својата оригиналност и раритетност во пристапот на темата. Преку брилијантната црно-бела фотографија на Петер Бенчик (Peter Bencsik) тој суптилно и нетенденциозно ни доловува атмосфера на историска драма и претставува огледало на хипокризијата на моралот, религијата и патријархалната традиција во општеството – подеднакво релевантна денес, како и во периодот непосредно пред Втората светска војна. Музиката во филмот е на Кирил Џајковски.

Филмот НЕКРСТЕНИ ДЕНОВИ во словачко-македонско-чешка копродукција има учествувано на голем број меѓународни филмски фестивали – меѓу другите и на фестивалите во Буенос Аирес, Брисел, Фестивалот на независен филм во Монтреал… – и е добитник на триесетина награди.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 150 денари

 

 

 

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

3 ЈУНИ (САБОТА)

4 ЈУНИ (НЕДЕЛА)

5 ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК)

6 ЈУНИ (ВТОРНИК)

7 ЈУНИ (СРЕДА)

8 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК)

9 ЈУНИ (ПЕТОК)

10 ЈУНИ (САБОТА)

 

 

 

10 ЈУНИ (САБОТА), 18:00 ч.

12 ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

19 ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

20 ЈУНИ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

28 ЈУНИ (СРЕДА), 18:00 ч.

30 ЈУНИ (ПЕТОК), 18:00 ч.

 

МАЈКА И СИН

(Un petit frère / Mother and Son)

Игран филм, Франција

2022, 116 мин., колор, ДЦП

Режија: Леонор Серај (Léonor Serraille)

Сценарио: Леонор Серај (Léonor Serraille)

Улоги: Анабел Ленгрон, Стефан Бак, Канзо Самбин (Annabelle Lengronne, Stéphane Bak, Kenzo Sambin)

 

МАЈКА И СИН ја раскажува приказната за мајката и за нејзините два сина кои го напуштиле Брегот на Слоновата Коска во 1986 година и дошле во Париз. Филмот го прикажува животот на хероината Роуз и нејзините синови Ернест и Жан во следните две децении низ суптилна хроника на создавањето и распадот на семејството. Роуз била наставничка во нејзината татковина, но дипломата не ѝ е признаена во Франција, па е подготвена и на деградација со прифаќањето на работа како чистачка, само да обезбеди егзистенција на семејството. Но, колку што Роуз е решена да ги прекине сите врски со претходниот живот, толку нејзините деца потешко се снаоѓаат во новата држава. Постариот син Жан, кој одраснал на Брегот на Слоновата Коска, не може да се вклопи во новата средина, и решава да си замине. Помладиот Ернест, кој пристигнува во Франција како мало дете, има поинаков развоен пат: вредно учи и студира, и станува професор…

Анабел Легрон ги освои наградите за нејзината актерска креација на фестивалите „Les Arcs European Film Festival“ во Француските Алпи и во Стокхолм, а филмот ги освои наградите за најдобра фотографија чија потписничка е Елен Лувар (Helen Luvart). МАЈКА И СИН учествуваше и на фестивалите во Кан, Солун, Севилја…

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари

 

 

 

10 ЈУНИ (САБОТА), 20:00 ч.

13 ЈУНИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

19 ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

20 ЈУНИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

ЗАСЕКОГАШ МЛАДИ

(Les Amandiers / Forever Young)

Игран филм, Франција / Италија

2022, 126 мин., колор, ДЦП

Режија: Валерија Бруни Тедески (Valeria Bruni Tedeschi)

Сценарио: Валерија Бруни Тедески, Каролин Деруа-Гарел, Ноеми Лавовски (Valeria Bruni Tedeschi, Caroline Deruas-Garrel, Noémie Lvovsky)

Улоги: Надја Терескиевич, Софијан Бенасе, Луј Гарел, Миша Лескот, Ноам Еџ, Василиј Шнајдер  (Nadia Tereszkiewicz, Sofiane Bennacer, Louis Garrel, Micha Lescot, Noham Edje, Vassili Schneider)

 

Дејствието на филмот се случува кон крајот на 1980-тите години во Париз. Стела, Виктор, Адел и Етјен се млади студенти по актерска игра, штотуку примени во Les Amandiers (буквален превод: „Стебла со бадеми“), престижно театарско училиште основано од Патрис Шеро, еден од најмаркантните француски режисери на преминот на двата века. На новиот животен пат тие ќе учат, ќе сакаат, ќе се плашат, ќе го живеат животот во потполност и ќе ги доживеат своите први трагедии…. Сторијата на филмот има автобиографски елементи од животот на Тедески, која студирала на истата академија под менторство на Шеро во 1980-те, а еден од нејзините колеги е актерот Винсент Перез.

Во филмографијата на Валерија Бруни Тедески (1964), италијанско-француска актерка, сценаристка и режисерка, досега се запишани деведесетина наслови и триесетина номинации и награди на светските филмски фестивали, меѓу кои и националната награда на француската кинематографија „Цезар“. Режисерка е на 6 филмови, за АКТЕРКИ (Actrices / Actresses) ја доби Специјалната награда на жирито на програмата „Извесен поглед“ на Канскиот фестивал во 2007 година. Со ЗАСЕКОГАШ МЛАДИ Тедески беше дел од натпреварувачката програма на Канскиот фестивал, забележа десетина номинации за награди, а Надја Терескиевич ја доби наградата за најталентирана актерка на годишното доделување на француските филмски награди „Лимиер“.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

14 ЈУНИ (СРЕДА), 20:00 ч.

15 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.

28 ЈУНИ (СРЕДА), 20:00 ч.

29 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.

30 ЈУНИ (ПЕТОК), 20:00 ч.

 

АВАНТУРИТЕ НА КАРИКАТУРАТА

(Avanture karikature / Adventures of cartoons)

Анимиран филм, Србија / Македонија

2023, 90 мин., колор, ДЦП

Режија: Вера Влаиќ (Vera Vlajić)

Сценарио: Вера Влаиќ, Мирослав Љ. Јелиќ (Vera Vlajić, Miroslav Lj. Jelić)

 

Со толкување на историските настани од средината на 19 до почетокот на 21 век, користејќи го јазикот на анимираниот филм и неговата уметничка поврзаност со карикатурата, овој филм им дава посебно значење на личностите кои постигнале авторски печати и придонеле за развојот на карикатурата како уметност за српската култура. Вклучува и автори кои повеќе од 70 години го делеле заедничкиот државен, економски и културен простор на луѓето во земјата наречена Југославија. Широката примена и популарност на карикатурата се заснова на нејзината суштина, што преку еден цртеж или неколку цртежи директно толкува одредени идеи и ситуации. Нејзиниот општествен ангажман во толкувањето на актуелните настани или пренесувањето на одредени филозофски размислувања, на сатиричен, пародичен, метафоричен, потсмешен начин, секогаш имала една цел да го насмее лицето на кое му е насочено, тоа е читателот на весниците, без разлика дали се тие. дневни или периодични, или списанија специјализирани за поттикнување смеа и хумор.

Цртежите во филмот се базирани на оригиналните карикатури на Вера Влајиќ и Мирослав Љ. Јелиќ, кој ја потпишува и анимацијата и layout на сликите. Наратори во филмот се актерите Горица Поповиќ и Милан Цаци Михаиловиќ. Продуценти на филмот во копродукција на Movie Drum Белград и Cinema Futura Скопје се Андреј Јаневски и Иван Унковски.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари

 

 

 

СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ

16 ЈУНИ (ПЕТОК), 20:00 ч.

17 ЈУНИ (САБОТА), 20:00 ч.

 

 

 

БУГАРСКИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ

21 ЈУНИ (СРЕДА), 20:30 ч.

 

СТРАЖАРИТЕ НА НАШАТА СОВЕСТ

(Стражарите на нашата съвест / Guardians of our conscience)

Документарен филм, Бугарија

2021, 62 мин., колор, ДЦП

Режија: Станислав Дончев (Stanislav Donchev)

Сценарио: Петја Александрова, Теодора Стоилова-Дончева (Petya Aleksandrova, Teodora Stoilov)

 

Модерен групен социо-психолошки портрет на луѓе кои практикуваат „омразени“ професии во типично урбана средина. Тие се на различни возрасти, со различни сфаќања, животни искуства и соништа, и работат како контролори во јавниот превоз или на паркинзи. Како службеници ги мразиме, но како луѓе тие се „еден од нас“, обични, интересни, допадливи. Извршувањето на нивните должности секојдневно привлекува гнев и омраза кај останатите граѓани, бидејќи тие ги спроведуваат законите и прописите на секојдневно ниво. Филмот ги прикажува во таа спротивставеност, и како претставници на законот и како обични човечки суштества.

Гости на проекцијата ќе бидат сценаристката Петја Александрова и Росен Спасов, филмски критичар.

Филмот е продукциски развиен на Загреб докс про во 2021 година, и ја доби наградата на Документарната асоцијација на Европа.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари

 

 

 

БУГАРСКИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ

22 ЈУНИ (ЧЕТВРТОК), 20:30 ч.

 

СОНУВАМ МУЗИКА

(Сънувам музика / I dream music)

Документарен филм, Бугарија

1983, 37 мин., колор, ДЦП

Режија: Анри Кулев (Anri Kulev)

Сценарио: Борис Христов (Boris Hristov)

Учествуваат: Иво Папазов, Милчо Левиев, Јилдиз Ибрахимова (Ivo Papazov, Milcho Leviev, Yildiz Ibrahimova)

 

СИФ – Авторски колектив ГЛОБУС ја продуцираше филмската сторија за кларинетистот Ибриам Папазов, познат како Ибријама, еден од најбараните музичари низ Бугарија. Неговата музика комбинира фолк и џез елементи на начин што ги шокираше светски познатите имиња од американскиот џез – луѓе на кои Бугаринот Милчо Левиев им ги пушташе снимките на Ибријама.

Филмот е исто толку портрет на музичарот, неговото секојдневие и разбирање на светот и музиката, колку што е и поетски наратив за неизвалканите вредности во животот и уметноста.

Кинематограферот на СОНУВАМ МУЗИКА, Андреј Чертов, ја доби наградата на ФБКФ Пловдив ’85.

 

ЕСЕНСКИ

(Есенно / Autumnally)

Документарен филм, Бугарија

1982, 4 мин., колор, ДЦП

Режија: Панчо Цанков(Pancho Cankov)

Сценарио: Панчо Цанков (Pancho Cankov)

 

Филмска минијатура за девалвација на човечкиот труд. Лисјата од парковите и градините внимателно се собираат во посебни канти. Корпите се фрлаат во камион, но додека тој се движи низ улиците на Софија, собраните лисја се расфрлаат од ветрот.

Награди: Почесна диплома на XIX Меѓународен фестивал на краткиот филм во Краков ’82, Полска; Специјална награда на Сојузот на бугарски филмаџии, Пловдив ’83.

 

ЗА ЛУЃЕТО И МЕЧКИТЕ

(За хората и мечките / Of Men And Bears)

Документарен филм, Бугарија

1996, 54 мин., колор, ДЦП

Режија: Елдора Трајкова (Eldora Traykova)

Сценарио: Асен Владимиров (Assen Vladimirov)

 

Странските туристи во Бугарија можат да бидат сведоци на разни забавни перформанси. Човек во парталава облека свири на чуден инструмент, а во рацете го држи синџирот на кој е врзана мечката што танцува. Овој филм ги раскажува животните приказни на неколку музичари и мечки. Го открива нивниот очај, чудната и сурова врска меѓу нив. Во такви сурови услови мечката тешко може да преживее без човек. Од друга страна, човекот кој мора да го издржува семејство со неговиот занает, тешко може да преживее без мечката…

Гости на проекциите ќе бидат сценаристката Петја Александрова и Росен Спасов, филмски критичар.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари

 

БУГАРСКИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ

23 ЈУНИ (ПЕТОК), 20:30 ч.

 

ТАТО СНИМА „МРСНИ“ ФИЛМОВИ

(Татко снима мръсни филми / Dad Made Dirty Movies)

Документарен филм, Бугарија / Германија

2011, 58 мин., колор, ДЦП

Режија: Јордан Тодоров (Jordan Todorov)

Сценарио: Јордан Тодоров (Jordan Todorov)

 

Филмската сторија на авторот Тодоров го следи животот и кариерата на Стивен Х. Апостолоф (Stephen C. Apostolof; 1928-2005). Филмот содржи архивски снимки, како и интервјуа со членови на семејството, пријателите и колегите на Апостолоф. Филмот содржи и досега невидени архивски снимки од снимањето на ОРГИЈА НА МРТВИТЕ (Orgy of the Dead), најпознатиот филм на Апостолоф од еротскиот-хорор жанр од 1965 година. Тодоров го следи подемот на Стивен Х. Апостолоф од источноевропски емигрант до продуцент и режисер на нискобуџетни еротски филмови во 1960-тите и 1970-тите, неговата бурна врска со озлогласениот Ед Вуд и неговиот пад во доцните 1970-ти по појавата на „хард-кор“ порнографијата. До неодамна некои мислеа дека е мртов, а други се сомневаа дека воопшто некогаш постоел. Други, пак, изнесоа неверојатни тврдења дека Апостолоф и озлогласениот Ед Вуд (познат како „најлошиот режисер на сите времиња“) се една иста личност.

Истражувањето и снимањето на филмот траело пет години, започнало во Њујорк во декември 2009 година и продолжи во државите Калифорнија, Невада и Аризона во мај 2010 година. ТАТО СНИМА „МРСНИ“ ФИЛМОВИ се состои од интервјуа со децата на Апостолоф и неговата трета сопруга Шели, ѕвезди на неговите филмови, култни режисери, филмски критичари и филмски историчари. Филмот користи глас во прво лице заснован на автентични интервјуа со Апостолоф и е обележан со неговиот специфичен начин на зборување, преполн со сленг изрази, игра на зборови и самоиронија.

Продуцентка на филмот е агилната Мартичка Божилова (Martichka Bozhilova), која ќе биде присутна на проекцијата заедно со сценаристката Петја Александрова и филмскиот критичар Росен Спасов.

Филмот беше премиерно прикажан на Меѓународниот документарен фестивал Visions du Réel во април 2011 година.

 

СТОИЧКОВ

(Стоичков / Stoichkov)

Документарен филм, Бугарија

2012, 57 мин., колор, ДЦП

Режија: Борислав Колев (Borislav Kolev)

Сценарио: Борислав Колев (Borislav Kolev)

Учествуваат: Христо Стоичков, Јохан Кројф, Хозе Карерас (Hristo Stoichkov, Johan Cruyff, José Carreras)

 

Ова е филм за феноменалната спортска кариера и бурниот живот на најпознатиот Бугарин во светот – фудбалската суперѕвезда Христо Стоичков. Христо Стоичков е еден од најомилените играчи на ФК Барселона во историјата. Навивачите го ценат неговото фудбалско умеење, упорноста, победничкиот менталитет, поистоветувањето со клубот и регионот. Стоичков го мрази Реал Мадрид – вековниот непријател на ФК Барселона. Тој живее со семејството во Каталонија бидејќи, како што вели, луѓето таму го сакаат, а во родната Бугарија не разбираат дека некогаш бил фудбалски идол. Документарна приказна за мрачната и светла страна на генијот, за триумфите и неуспесите на родениот победник кој никогаш не се откажува, за мисијата да се биде лидер кој ги инспирира и води другите на фудбалскиот терен, за актуелните настани и митови, на националната доверба и националниот нихилизам.

Борислав Колев е познат бугарски новинар и филмски критичар, сценарист и консултант за сценарио пред неговото режисерско деби, документарниот филм СТОИЧКОВ, кој стана неверојатен феномен на кино-благајните. Филмот учествуваше на низа филмски фестивали во светот.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари

 

 

 

БУГАРСКИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ

24 ЈУНИ (САБОТА), 20:30 ч.

 

ПРОБЛЕМОТ СО КОМАРЦИТЕ И ДРУГИ ИСТОРИИ

(Проблемът с комарите и други истории / The mosquito problem and other stories)

Документарен филм, Бугарија / Германија

2007, 100 мин., колор, ДЦП

Режија: Андреј Паунов (Andrey Paounov)

Сценарио: Лилија Топузова (Lilia Topouzova)

 

Граѓаните во еден мал град се полни со надеж дека можеби се на патот на светлиот напредок. Огромните ‘рѓосани кранови, странските инвеститори и радосните извици на навивачките го носат сонот за голема нуклеарна иднина. Вознемирувани само од огромните агресивни комарци, жителите на градот го слават ентузијазмот за атомската енергија со гравирање на логото на нуклеарната централа на зградите и чиниите со супа. Среде очигледниот атомски просперитет, се крие минато кое никој не сака да го памети. Остров кој држи застрашувачки тајни. Приказните за шокантни и ужасни злосторства се надвиснуваат над градот исто како темните облаци од комарци кои се спуштаат врз неговите граѓани. Филмот ги ниже приказните за ликовите чии животи се вкрстуваат во злокобното минато, нуклеарната иднина и здодевните комарци кои летаат низ времето, запечатувајќи ја нивната судбина заедно.

Мартичка Божилова е продуцент и на овој филм, како дел тимот кој стои зад добитникот на наградата „Сребрен волк“ на престижниот фестивал на документарни филмови ИДФА Амстердам, ГЕОРГИ И ПЕПЕРУТКИТЕ (Georgi and the Butterflies), и ќе присуствува на проекцијата за разговор со публиката.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари

 

 

 

БУГАРСКИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ

25 ЈУНИ (НЕДЕЛА), 20:30 ч.

 

ПОСЛЕДНИТЕ ПИРАТИ ОД ЦРНОТО МОРЕ

(Последните черноморски пирати / The Last Black Sea Pirates)

Документарен филм, Бугарија

2013, 72 мин., колор, ДЦП

Режија: Светослав Стојанов (Svetoslav Stoyanov)

Сценарио: Вања Рајнова (Vanya Rainova)

 

Неконвенционален, апсолутно ненашминкан и на места речиси фантастичен спектакл за ликови кои секако би ги земале за улоги во игран филм доколку не се работи за целосно автентични, ПОСЛЕДНИТЕ ПИРАТИ ОД ЦРНОТО МОРЕ ги провоцира, ги забавува, ги засмејува и ги растажува гледачите. Во авторскиот пристап на Стојанов и Рајнова следиме неколку мажи во зрела возраст кои живеат на дива плажа, во приколка со црно пиратско знаме што се вее над неа. Тие со години го поминуваат времето во потрага по легендарното богатство на јаничарот Валчан, или во муабетите за тој мит, обвиткани во испарувањата на ракијата и чадот од цигари.

Но, се покажува дека тие не се единствените кои бараат богатство. Проектот на светски познат архитект на местото на недопрените плажи предвидува вистинска оаза за богатите туристи со луксузни хотели, марина за јахти, сали за игри, па дури и оперска куќа, со многу бетон. Сепак, филмот, како што велат неговите автори, не е за екологија, туку за соништа. Трагикомедија за богатствата што ги бараме и (не) ги наоѓаме.

Пред филмот да се појави на големото платно, капетанот на „пиратите“ заминал на своето последно патување во вечноста. Но, гледачите сè уште можат да го сретнат овој чудак на екранот и со него да го почувствуваат неизвалканиот вкус на морската сол…

ПОСЛЕДНИТЕ ЦРНОМОРСКИ ПИРАТИ во продукција на Мартичка Божилова е еден од ретките примери на документарен филм кој успеал да се прикажува и на големото платно. Наградуван на фестивалите во Ереван, Виена, Софија… и учесник во официјалната конкуренција на Канскиот фестивал.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари

 

 

 

БУГАРСКИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ

26 ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:30 ч.

 

ГРАЃАНИНОТ ФИЛМ

(Гражданинът Кино / Citizen Cinema)

Документарен филм, Бугарија

2014, 81 мин., црно-бел/колор, ДЦП

Режија: Коста Биков (Kosta Bikov)

Сценарио: Коста Биков (Kosta Bikov)

 

Портрет на филмскиот критичар Тодор Андрејков, наречен „Граѓанинот Филм“ по повод неговиот 60-ти роденден. „Филмска енциклопедија која чекори, бунтовник, ерудит и ѕвезда што им се допаѓа на жените“. Вака го паметат роднините, колегите, пријателите и студентите, кои со своите сеќавања, раскажани со насмевка, љубов и почит, потсетуваат на личноста на омилениот и популарен филмаџија Тони, кој имал голем и невозможен сон – да ја напише историјата на светската кинематографија. Филм за човекот кој го сакаше филмот повеќе отколку што се сакаше себеси, филм за учителот кој оставил трага кај сите генерации современи бугарски филмаџии. Филм за „поезијата на интерперсоналната тишина“, за „втиснатото време“ на 20 век и за нераскинливата љубов кон големата илузија наречена филм. За Андрејков говорат Тања Андрејкова, Илка Зефирова, Нели Червенушева, Теди Москов, Валчан Валчанов, Бојан Папазов, Велко Канев…

Филмот ја освои наградата на градот Пловдив, Европската престолнина на културата 2019 година.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари

 

 

 

БУГАРСКИ ДОКУМЕНТАРНИ ФИЛМОВИ

27 ЈУНИ (ВТОРНИК), 20:30 ч.

 

ДОБРИОТ ПОШТАР

(Добрият пощальон / The Good Postman)

Документарен филм, Финска / Бугарија

2016, 80 мин., колор, ДЦП

Режија: Тонислав Христов (Tonislav Hristov)

Сценарио: Тонислав Христов, Љубомир Цветков (Tonislav Hristov, Lubomir Tsvetkov)

Учествуваат: Иван Франсузов, Ангела Јекова, Вангел Јеков (Ivan Fransuzov, Angela Jekova, Vangel Jekov)

 

Мало бугарско село Голем Дервент покрај турската граница се наоѓа среде европска криза, бидејќи мигрантите масовно влегуваат во земјата. „Големата порта“, како што селото со векови го нарекувале поради својата стратешка локација, повторно е во центарот на меѓународните настани. Ова е прва населба низ која минуваат мигрантите. Заборавеното село на границата со Турција стана тајната врата на Европа… Иван, локалниот поштар, има визија. Тој решава да се кандидира за градоначалник и да го оживее селото што умира пречекувајќи мигранти. 38-те избирачи во селото се соочуваат со тешка одлука. Главен противник на Иван ги затвора очите пред проблемите на оние кои бегаат од војната, сака да ја затвори границата и да го врати комунизмот. Како што продолжува изборната кампања, Иван набргу дознава дека иако добрите намери не се доволни, дури и најмалите дела се важни. Користејќи мрачни тонови со мали контрасти, филмската лекција за политиката на гостопримството е направена со внимание, со наједноставни средства, а во врска со најкомплицираното прашање на нашето време.

ДОБРИОТ ПОШТАР освои награди на филмските фестивали во Гетеборг, Трст, Тампере, а освои и номинации за награди во Санденс, Кливленд, Тел Авив, Шангај, Луксембург, итн., како и номинација за најдобар документарен филм на Европските филмски награди.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 150 денари