Проектот „…и Aкција!“ 2022-1-MK01-KA220-SCH-000089397 поддржан од Европската Унија, во рамките на Еразмус+ програмата го имаше својот втор транснационален проектен состанок во Белград, Република Србија. На координаторот на проектот Кинотека на Северна Македонија му се придружија партнери од EDC EKSEDRA, Здружение за образование во областа на природните науки, уметностите и архитектурата (Словенија), Ириг мој град (Србија), Asociación Extremundo (Шпанија) и Здружение – традиции, образование, историја и култура (Бугарија). Секој партнер ги презентираше неодамнешните активности поврзани со проектот. Беа дискутирани: развојот на првиот проектен интелектуален аутпут, истражувачките активности, методологијата и анкетните анализи и беа дадени предлози за понатамошен развој на материјалите. Се разговараше и за следниот транснационален состанок и исто така беше воспоставена структурата на првиот курс за обука.