Кинотеката на Р.С.Македонија, во соработка со Филхармонија, во среда, на 5 октомври со почеток во 20 часот ќе го прикаже антологиското кинематографско дело на режисерот Милош Форман – филмот АМАДЕУС, посветен на генијалниот композитор Волфганг Амадеус Моцарт. На прес-конференцијата што се одржа денес (четврток, 29 септември, 2022) – директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов и директорката на Филхармонијата, Тина Иванова, ја најавија проекцијата на филмот АМАДЕУС – која ќе биде своевидна увертира на концертот на 6 октомври, на кој оркестарот на Филхармонија и пијанистите Алексеј Володин и Едит Пења ќе изведат четири дела од богатиот музички опус на Волфганг Амадеус Моцарт, со што воедно ќе се отвори и новата сезона во Филхармонија.

„Успеавме да ги обезбедиме правата за прикажување на филмот, откако го исконтактиравме синот на продуцентот на филмот АМАДЕУС. Парите со кои требаше да ги платиме парите за прикажување, на барање на продуцентската куќа, ќе ги донираме во хуманитарни цели“ – вели Владимир Ангелов, директор на Кинотеката.

Филмот АМАДЕУС е снимен во 1984 година, а сценарист е Питер Шефер. Филмот е адаптација на истоимената театарска претстава на Шефер, во која акцентот е ставен на наводното соперништво помеѓу Волфганг Амадеус Моцарт и Антонио Салиери, двајца композитори кои живееле во Виена, Австрија – во втората половина на XVIII век. АМАДЕУС беше номиниран за вкупно 53 награди од кои освои 40, меѓу кои и осум „Оскари“ (вклучувајќи и „Оскар“ за најдобар филм), четири БАФТА награди, четири „Златни глобуси“ и една награда од Здружението на режисерите на Америка. Во 1998 година, Американскиот филмски институт го рангираше филмот на 53-тото место на листата „100 години… 100 филмови“.

О

rpt

свен проекцијата на АМАДЕУС, Кинотеката – пак во соработка со Филхармонија – ќе прикаже уште четири филмови: МАЛЕР на Кен Расел, ПРОБА НА ОРКЕСТАРОТ на Федерико Фелини и немиот филм САТАНСКА РАПСОДИЈА од 1917 година, за кој музиката ја напиша Пјетро Маскањи.

На пресс-конференцијата беше најавена и новата концертна сезона на Филхармонија, која оваа година е насловена како „Дамар на слободата“, а која ќе започне со концертот насловен „Зорнина“, на 6 октомври. Насловот на овогодишната сезона е произлезен, како што објасни директорка Тина Иванова, од слободата која ја донесе своевидното излегување од пандемијата, но и како слобода во музиката, изразот, живеењето. Додека пак, насловите на идните концерти ќе бидат инспирирани од архаични зборови во македонскиот јазик, со што ќе се даде акцент на некои заборавени зборови од богатата лексичка ризница на македонскиот јазик.