Заради трагичната сообраќајна несреќа на македонскиот автобус во Бугарија и деновите на жалост, филмските проекции на кинотечната програма во следните три дена се откажани.

Документарните филмови на режисерот Горан Радовановиќ ќе бидат прикажани на 26 НОЕМВРИ (ПЕТОК): СЛУЧАЈОТ МАКАВЕЕВ ИЛИ ПРОЦЕС ВО КИНОСАЛАТА (Случај Макавејев или процес у биоскопској сали / The Makavejev Case or Trial in a Movie Theater) од 18:00 ч. и ЧЕКАЈЌИ ГО ХАНДКЕ (Čekajući Handkea / Waiting for Handke) од 20:00 ч.

Режисерот Горан Радовановиќ ќе биде присутен на проекциите и гледачите ќе имаат можност да разговараат со него.

Документарните филмови на Милан Киќевац и Бошко Милосављевиќ ќе бидат прикажани во следните термини: на 27 НОЕМВРИ (САБОТА), 20:00 ч. на програмата е СЕЛИДБИТЕ ВЕЧНО ПРОДОЛЖУВААТ (Seobe se nastavljaju večno / Migrations continue forever), а на 28 НОЕМВРИ (НЕДЕЛА), 20:00 ч. е УЧИТЕЛОТ ОД ДРИМКОЛ (Učitelj iz Drimkola / teacher from Drimkol).