По урнек на реномираната чешка филмска школа ФАМУ во Прага, минатата недела во Кинотеката на Македонија за прв пат се одржа филмска работилница под работен наслов „Танц со киното”.
Во работилницата, која се одржа во четири работни сесии кои беа сочинети од три групи поделени на режисери, сниматели, продуценти и актери, како ментори беа вклучени филмските режисери Јане Алтипармаков и Димитар Банов и филмологот Александар Василевски.
Сите учесници пружија максимален ентузијазам и љубов, а менторите наидоа на извонреден тим.
Од завршената работилница произлегоа три краткометражни филма, а на завршната манифестација секој учесник беше награден со сертификат за својот труд.