Социјалната сатира ТРИАГОЛНИК НА ТАГАТА (Triangle of Sadness) му ја донесе втората „Златна палма“ на шведскиот режисер Рубен Остлунд (Ruben Östlund), по триумфот со КВАДРАТОТ (The Square) во 2017 година. Остлунд беше фаворит за престижната награда уште по премиерното прикажување на филмот чија сторија говори за тонење на крузер во кој се возат многу богати луѓе, а преживеаните се спасуваат на пуст остров.

Рубен Остлунд на снимање на ТРИАГОЛНИК НА ТАГАТА

Жирито на јубилејното издание на Канскиот фестивал, предводено од францускиот актер Вeнсaн Линдон (Vincent Lindon), го прогласи корејскиот актер Сонг Канг Хо (Song Kang-ho) за најдобар за неговата изведба во филмот БРОКЕР (Broker) на јапонскиот режисер Хироказу Коре-еда (). Филмот говори за едно корејско семејство кое бара дом за напуштено бебе. Сонг и е познат на јавноста по својата улога во филмот ПАРАЗИТ (Parasite) на Бонг Џун Хо (), добитникот на Златната палма во Кан и „Оскарите“ за најдобар филм и најдобар странски филм пред три години.

Наградата за најдобра актерка ја доби Зар Амир Ебрахими (Zar Amir-Ebrahimi) за нејзината улога како новинарка во филмот СВЕТИОТ ПАЈАК (Holy Spider) на Али Абаси (Ali Abassi), крими-трилер за сериски убиец кој ги убива сексуалните работници во иранскиот град Машхад. Филмот не смеел да се снима во Иран и наместо тоа е направен во Јордан. Прифаќајќи ја наградата, Ебрахими рече дека филмот прикажува „сè што е невозможно да се прикаже во Иран“.

Гран при на жирито рамноправно го поделија БЛИСКУ (Close) на белгискиот автор Лукас Донт (Lukas Dhont) и ЅВЕЗДИ НА ПЛАДНЕ (Stars at Noon) на француската ветеранка Клер Дени (Claire Denis).

Наградата за најдобра режија ја освои јужнокорејскиот автор Парк Чан-вук (Park Chan-wook) за ОДЛУКА ЗА ЗАМИНУВАЊЕ (Decision to Leave).

Комплетната листа на награди можете да ја видите ОВДЕ