СООПШТЕНИЕ

Македонската секција на Меѓународната федерација на филмски критичари-ФИПРЕСЦИ се придружува кон реакцијата и поддршката за македонскиот режисер Милчо Манчевски од Филмскиот фестивал Венеција и од Централата на ФИПРЕСЦИ.

Сакаме да изразиме нашата поддршка за Манчевски како проминентен укажувач на корупција на највисоко ниво. Го осудуваме прогонот против Манчевски со цел тој да се замолкне и да се спречи да работи во Македонија.

Укажуваме дека ова е пример на заробена институција која се инструментализира за прогон врз автори, со што се нанесува далекусежна штета не само на филмската дејност ами и на целата култура воопшто. Сметаме дека е недозволиво е да се компромитира македонската култура на меѓународен план на овој начин.

Македонската секција и во иднина ќе продолжи да осудува кога некој автор или други професионалци во филмската дејност ќе бидат институционално прогонети или стигматизирани.

Линкови:

Писмо за поддршка од Венецискиот фестивал:

 

Поддршка од ФИПРЕСЦИ:

https://fipresci.org/news/milcho-manchevski/?fbclid=IwAR1o90NyfjKgYJDg77Rq2uLKT-jrN_wOiZYetgETEsUPF_EneyRzj_UzVfw

 

Преземи документ:

Соопштение-Македонска секција на ФИПРЕСЦИ -Скопје-Aug-22-20231

https://www.labiennale.org/en/news/letter-milcho-manchevski