Дебитанскиот долгометражен филм на младата режисерка Дина Дума „Сестри“, во продукција на „Лист продукција“ ја освои престижната СПЕЦИЈАЛНА НАГРАДА ОД ЖИРИТО во програмата „Источно од Западот“ (East of the West) на 55. издание на Карлови Вари – најголемиот фестивал во Република Чешка и најпрестижен во Централна и Источна Европа. Тој е еден од најстарите филмски фестивали заедно со фестивалите во Кан, Верлин, Венеција, Локарно, Сан Себастијан.

Дина Дума и Марија Димитрова

“Сестри” е приказна за две тинејџерки чие пријателство е ставено на тест, кога тие се соочени со последиците од нивното декадентно однесување.

Главните улоги ги толкуваат Антонија Белазелкоска и Миа Жиро. Продуцент на филмот е Марија Димитрова, сценариото го потпишуваат Дина Дума и Мартин Иванов, кинематографер е Наум Доксевски, монтажер Мартин Иванов, сценографијата е на Кирил Спасевски и Симо Бранов, костимите се на Роза Трајческа Ристовска, шминката на Жанета Димитриевска, музиката е на Игор Василев – Новоградска, а дизајнот на звук на Ристо Алчинов.

“Сестри” е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Северна Македонија во 2017 година, и е регионална копродукција помеѓу Северна Македонија, Црна Гора и Косово.

Интернационалното жири на програмата East of the West (Источно од Западот) во состав Алиса Гелзе од Латвија, Атанас Георгиев од Северна Македонија, Михал Хогенауер од Чешка, Тониа Мишиали од Кипар и Ариел Швајцер од Израел ги избира добитниците на единствените 2 награди во ова селекција: East of the West Grand Prix со дополнитела сума од 15.000 долари за најдобриот филм и East of the West Special Jury Prize со дополнитела сума од 10.000 долари. И кај двете награди финансискиот дел од наградата е подеднако поделен помеѓу режисерот и продуцентот на наградениот филм.

Фестивалот се одржа од 20 до 28 август, а филмот беше дел од компетитивната официјална програма East of the West (Источно од Западот), селекција наменета за автори на прв и втор долгометражен филм од Централна и Источна Европа, Балканот, земјите од поранешниот Советски Сојуз, Средниот  Исток и Северна Африка.

“Сестри” е поддржан од Агенцијата за филм на Р. Северна Македонија, и е регионална копродукција помеѓу Северна Македонија, Црна Гора и Косово.