27 ЈАНУАРИ (САБОТА), 20:00 ч.

ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ НА НЕВОЗМОЖНОТО
(Challenging Impossibility)
Документарен филм, САД
2011, 28 мин., колор
Режија: Санџај Равал, Натабара Ролосон (Sanjay Rawal, Natabara Rollosson)
Сценарио: Санџај Равал (Sanjay Rawal)
Учесници: Шри Чинмој, Бил Перл, Френк Зејн, Хуго Жирар, Карл Луис, Мајк Кац, Ден Лури, Вејн де Милија, Нелсон Мандела, Дезмонд Туту, Стинг, Сузан Сарандон (Sri Chinmoy, Bill Pearl, Frank Zane, Hugo Girard, Carl Lewis, Mike Katz, Dan Lurie, Wayne DeMilia, Nelson Mandela, Desmond Tutu, Sting, Susan Sarandon)

Каква улога во животот може да има внатрешниот мир? Дали може да ни помогне во борбата против возраста, заморот и депресијата?
Шри Чинмој, застапник за мир и духовен водач, веруваше дека тоа e можно. Всушност, тој толку многу веруваше во моќта на внатрешниот мир што го посвети својот живот за да покаже дека луѓето кои имаат мир можат да доведат до свет полн со мир.
Преку блескави разновидни активности, од уметност, литература и музика, до дипломатија, медитација и хуманитарна помош, тој негуваше мир помеѓу поединците со надеж дека тоа ќе ги инспирира нациите да се стремат кон мир.
Во 1985-тата година тој ја преобрази таа филозофија на фасцинантна интроспекција во моќен предизвик за невозможното.
На 54-годишна возраст тој започна со кревање тегови. Во текот на следните години неговите достигнувања не се намалија, туку со возраста му се зголеми силата.
Шри Чинмој им пркоси на сите поими дека возраста е пречка за физичкиот развој. Всушност, на 76-годишна возраст, тој постигна најдобар личен резултат во голем број на подигнувања, кои не се мереа во десетици или стотици килограми, туку во илјадници.
ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ НА НЕВОЗМОЖНОТО илустрира дека никогаш не треба да се откажуваме, дека можеме да го пишуваме и препишуваме нашето минато со инспириран ентузијазам и верба во нашиот најдлабок капацитет.
Овој 28-минутен краток филм ги прикажува легендите во светот на силата и бодибилдинг, Бил Перл, Френк Зејн, Хуго Жирар, Мајк Кац и Ден Лури, како и деветкратниот олимписки златен медалист Карл Луис. ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ НА НЕВОЗМОЖНОТО прикажува и музика од „Explosions in the Sky” и Арво Парт, како и гостување на Нелсон Мандела, Дезмонд Туту, Стинг и Сузан Сарандон.

ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ НА НЕВОЗМОЖНОТО има освоено бројни награди како:
– Награда за најдобар документарен филм на Atlanta Shortfest,
– Најдобар документарен филм на Silicon Valley Film Festival,
– Најдобар документарен филм на San Francisco Frozen Film Festival,
– Најдобар краток документарен филм на Duke City Docs,
– Посебна награда од жирито на St. Regis Film Festival,
– Најдобар краток документарен филм на docMiami, како и
– Награда сребрена сиера (Silver Sierra Award) на Yosemite Film Festival 2011.
ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ НА НЕВОЗМОЖНОТО беше прогласен и за најдобар финалист во категогорија Најдобар докуметарен филм или краток докуметарен филм на Silent River Film Festival, Central Florida Film Festival, Columbia Gorge Film Festival, LA Art House Film Festival и Nevada City Film Festival