ЦИКЛУС ЈИРЖИ МЕНЦЕЛ

1 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.

СТРОГО КОНТРОЛИРАНИ ВОЗОВИ

(Ostře sledované vlaky / Closely Observed Trains)

Игран филм, Чешка

1966, 92 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Јиржи Менцел (Jirí Menzel)

Сценарио: Бохумил Храбал и Јиржи Менцел (Bohumil Hrabal, Jirí Menzel)

Улоги: Вацлав Нецкар, Јозеф Шомр, Властимил Бродски, Владимир Валента, Алојз Вачек,

Фердинанд Крута (Václav Neckár, Josef Somr, Vlastimil Brodský, Vladimír Valenta, Alois Vachek, Ferdinand Kruta)

 

Дејството на овој филм се случува за време на периодот на нацистичката окупација на Чешка. Преку нараторот во филмот, ликот Милош Хрма, на гледачите им се прикажуват приказните за претците на Милош и нивната историја. Антихероизмот и типичниот чешки црн хумор – се поетички доминанти во овој филм. СТРОГО КОНТРОЛИРАНИ ВОЗОВИ е филм базиран врз истоимената новела на Бохумил Храбал, а ова е дебитански филм на Јиржи Менцел, кој го добил режисерското место дури откако од овој проект се откажале тогаш веќе етаблираните Евалд Шорм и Вера Хитилова. Вредно е да се спомене дека овој филм е добитник и на „Оскарот“ за најдобар странски филм во 1968 година, а во 2005 г. е вброен во 100-те најдобри светски филмови на сите времиња, според изборот на списанието „Тајмс“.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

 

 

2 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.

СТРИЖЕНО-КОСЕНО

(Postřižiny / Cutting It Short)

Игран филм, Чешка

1981, 93 мин., колор, ДЦП

Режија: Јиржи Менцел (Jirí Menzel)

Сценарио: Магда Васарјова, Јиржи Шмицер, Јаромир Ханзлик (Magda Vásáryová, Jirí Schmitzer, Jaromír Hanzlík)

 

Франсин е менаџер на една мала градска пиварница и има шармантна сопруга Мариска, чија руса коса сите ја сметаат за украс на градот. Мариска сака месо и пиво, што е сосема спротивно на аскетскиот живот на Франсин. Еден ден, строгите членови на одборот на директори на пиварницата ќе дојдат да ги ревидираат сметките, но веднаш ќе ја загубат концентрацијата и фокусот кон деталните извештаи на Франсин кога Мариска ќеорганизира гозба со убивање свињи и умешно ќе му помага на месарот. Се разбира, тие нема да ја одбијат поканата да го дегустираат свежото свинско месо. Но нештата ќе тргнат во погрешна насока кога неговиот брат Пепин, ексцентрик кој е бучен и безобразен, ќе дојде во посета…

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

3 ДЕКЕМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.

ЛАСТОВИЧКИ НА ЖИЦА

(Skřivánci na niti / Larks on a String)

Игран филм, Чешка

1969, 94 мин., колор, ДЦП

Режија: Јиржи Менцел (Jirí Menzel)

Сценарио: Бохумил Храбал и Јиржи Менцел (Bohumil Hrabal, Jirí Menzel)

Улоги: Рудолф Хрушински, Властимил Бродски, Вацлав Нецкар, Јитка Зеленохорска (Rudolf Hrusínský, Vlastimil Brodský, Václav Neckár, Jitka Zelenohorská)

 

Филмот ЛАСТОВИЧКИ НА ЖИЦА е снимен во 1969 година според расказите од новелата „Реклама за куќата во која повеќе не сакам да живеам“ наБохумил Храбал. Дваесет долги години филмот останал неприкажан поради цензурата од страна на комунистичкиот режим, кој сметал дека филмот ја исмева апсурдната реалност на чешкото општество во 1950-ите. Дејствието на овој сатиричен филм се одвива на отпадот од челичарниците во градот Кладно, што служеле како работен логор за оние кои комунистичкото општество ги отфрлило. На отпадот живеат и се движат ликовите во овој филм: еден обвинител кој не сака да сфати дека законот вели дека треба да се биде подреден на политичките цели на тоталитарната моќ, еден млекар кој доброволно ја затворил млекарата со цел да му служи на комунизмот, еден адвентист кој одбива да оди на работа во сабота, еден филозоф кој нема намера да се откаже од своите сфаќања, еден саксофонист чиј инструмент се смета за буржоаска реликвија и еден бербер.

Секој лик е бележан со трагична човечка судбина, но преку раскажувачката перспектива на Бохумил Храбал и режисерското мајсторство на Менцел, гледачите се соживуваат со овие ликови, кои единствено бараат разбирање и надеж – сред една безизлезна ситуација.

Забранетиот филм ЛАСТОВИЧКИ НА ЖИЦА, премиерно бил прикажан дури дваесет и една година подоцна,а на 40-тото издание на Берлинале во 1990 година, ја добива главната награда „Златна мечка“.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

4 ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА) 20:00 ч.

БИСЕРИ НА ДНОТО

(Perličky na dně / Pearls of the Deep)

Игран филм, Чешка

1965, 105 мин., црно-бел, ДЦП

Режија:Вера Хитилова, Јаромил Јирес, Јиржи Менцел, Евалд Шорм (Vera Chytilová, Jaromil Jires, Jirí Menzel, Jan Nemec, Evald Schorm)

Сценарио:Бохумил Храбал, Вера Хитилова, Јаромил Јирес, Јиржи Менцел, Евалд Шорм (Bohumil Hrabal, Vera Chytilová, Jaromil Jires, Jirí Menzel, Jan Nemec, Evald Schorm)

Улоги: Павла Марсалкова, Фердинанд Крута, Франтишек Хавел, Јозефа Пехлатова, Вацлав Зак, Вера Мраскова, Владимир Боудник, Дана Валтова, Иван Вискоцил (Pavla Marsálková, Ferdinand Kruta, Frantisek Havel, Josefa Pechlatová, Václav Zák, Vera Mrázkova, Vladimír Boudník, Dana Valtová, Ivan Vyskocil)

 

Во омнибусот БИСЕРИ НА ДНОТО, со свои кусометражни филмови се промовираа тогаш младите, но денес едни од најзначајните преставници на новиот чешки филмски бран. Омнибусот содржи пет филмови (СВЕТ-АВТОМАТ на Вера Хитилова, РОМАНСА на Јаромил Јиреш, СМРТТА НА ГОСПОДИН БАЛТАЗАР на Јиржи Менцел, ИЗМАМНИЦИ на Јан Њемец и ДОМ НА РАДОСТА на Евалд Шорм).Како книжевна основа за секоја од епизодите послужил по еден расказ од истоимената збирка раскази на Бохумил Храбал. Директорот на фотографија на сите епизоди од омнибусот, Јарослав Кучера, е еден од најбараните и најценети сниматели во 1960-ите и 1970-ите години во чешката кинематографија.

Филмот е добитник на главната награда од жирито на фестивалот во Локарно, Швајцарија, а исто така бил прикажан и во рамките на познатиот фестивал на кратки филмови „Оберхаузен“.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

5 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

СНЕЖEН ФЕСТИВАЛ

(Slavnosti sneženek / Snowdrop Festivаl)

Игран филм, Чешка

1984, 83 мин., колор, ДЦП

Режија: Јиржи Менцел (Jirí Menzel)

Сценарио: Бохумил Храбал и Јиржи Менцел (Bohumil Hrabal, Jirí Menzel)

Улоги: Рудолф Хрушински, Јаромир Ханзлик, Јосеф Сомр, Петер Чепек (Rudolf Hrusínský, Jaromír Hanzlík, Josef Somr, Petr Cepek)

 

СНЕЖЕН ФЕСТИВАЛ е филм базиран на расказ на Бохумил Храбал, во наративна форма на филмски мозаик од кратки епизоди и слики. Оваа филмска приказна ги опишува тагата и среќата на жителите на Керско (Керско е мала шумска област полна со викенд населби). Жителите на ова место се едноставни и чувствителни луѓе, кои имаат чудни лични задоволства (таков, на пример, е Лели кој е собирач на евтини, но неупотребливи работи), а заедничко задоволство на сите е ловот.

Честопати се споменува дека импресиите на публиката коновој филм на Менцел се екстремни, или, поточно – се вели дека овој филмили го сакаш или го мразиш, но во секој случај, јасно е дека филмот потикнува директна и искрена реакција – токму заради сентименталната лирика и грубиот хумор од меѓучовечките релации на овие ексцентрични ликови.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

6 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.

СЕЛО МОЕ МАЛО

(Vesničko má středisková/ My Sweet Little Village)

Игран филм, Чешка

1985, 98 мин., колор, ДЦП

Режија: Јиржи Менцел (Jirí Menzel)

Сценарио: Зденек Сверак (Zdenek Sverák)

Улоги: Јанош Бан, Маријан Лабуда, Рудолф Хрушински, Петер Чепек (János Bán, Marián Labuda, Rudolf Hrusínský, Petr Cepek)

 

Комедија за луѓето во еден мало место во Чешка. Главните ликови во филмот се Павел и Отик, пар пријатели претставени во манир на најдобриот класичен бурлеска-пар: Станлио и Олио. Нивните меѓуодноси, како и нивните релации со останатите жители на малото место, се срцето на оваа комедија, која својата инспирација ја црпи во изобилството на секојдневните ситници и ситуации.

СЕЛО МОЕ МАЛО во 1987 бил номиниран за наградата „Оскар“ за најдобар странски филм, додека, пак, на филмскиот фестивал во Монтреал ја освоил специјалната награда од жирито. Исто така, унгарскиот актер Јанош Бан ја освоилнаградата за најдобар актерна Парискиот филмски фестивал.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

7 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.

КРАЈОТ НА СТАРИТЕ ВРЕМИЊА

(Konec starých časů / The End of Old Times)

Игран филм, Чешка

1989, 97 мин., колор, ДЦП

Режија: Јиржи Менцел (Jirí Menzel)

Сценарио: Јиржи Блажек, Јиржи Менцел (Jiří Blažek, Jiří Menzel)

Улоги: ЈозефАбрхам, Маријан Лабуда, Јаромир Ханзлик, Рудолф Хрушински (Josef Abrhám, Marián Labuda, Jaromír Hanzlík, Rudolf Hrušínský)

 

КРАЈОТ НА СТАРИТЕ ВРЕМИЊА е комична приказна чие дејствие нѐ води низ првите години во создавањето на независната република Чешка. Во тоа време, новите сопственици на благородничките имоти биле богати луѓе кои, иако имале пари, го немале благородништвото на старите господари, вистинските сопственици на замоците.Новоформираното Нардно собрание ќе го избере Стокласа за управител на замокот Краточвиле. Предводен од амбицијата да го откупи замокот, тој ќе се обиде да ги импресионира соѓраѓаните, политичарите и соседите и ќе организира голем лов, на кој непоканет ќе дојде и за нив непознатиот кнез Алексеј Мегалрогов. Шармот на благородникот ќе го освои целото општество, но не и Стокласа, кој верува дека тој е измамник.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

9 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.

ПРЕКРАСНИ ЛУЃЕ СО КАМЕРА

(Báječní muži s klikou / Those Wonderful Men with Crank)

Игран филм, Чешка

1979, 90 мин., колор, ДЦП

Режија: Јиржи Менцел (Jirí Menzel)

Сценарио: Јиржи Менцел, Олдрих Влацек (Jirí Menzel, Oldrich Vlаcek)

Улоги: Рудолф Хрушински, Власта Фабијанова, Блажена Холисова, Владимир Менсик (Rudolf Hrusínský, Vlasta Fabiánová, Blazena Holisová, Vladimír Mensík)

 

Враќајќи се дома во Прага, магионичарот Паспарте, сопственик на циркуски караван – ќе го затекне својот дамнешен колега на смртна постела, кој ќе му ја довери неговата прекрасна ќерка Елоиза. Во Прага – тој, Елоиза и неговиот караван ќе се сместат во локалот наречен „Сината риба“, местото каде ќе треба да ги организираат нивните претстави. Сопственичка на ова место е вдовицата Евзени, со која Паспарте ќе започне да ги дели и дејноста и домот. Евзени ќе биде љубоморна на Елоиза, па затоа Паспарте ќе ја испрати да биде домарка кај фотографот Јакуб Коленати. Паспарте ќе сака да го основа првото постојано чешко кино во Прага, во кое ќе бидат проектирани оригинални чешки филмови.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

10 ДЕКЕМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.

САМОТИЈА ВО ШУМАТА

(Na samotě u lesa /A Cottage Near the Woods)

Игран филм, Чешка

1976, 74 мин., колор, ДЦП

Режија: Јиржи Менцел (Jirí Menzel)

Сценарио: Зденек Сверак, Ладислав Смолјак (Zdenek Sverák, Ladislav Smoljak)

Улоги: Јосеф Кемр, Зденек Сверак, Даниела Коларова (Josef Kemr, Zdenek Sverák, Daniela Kolárová)

 

Филмската приказна САМОТИЈА ВО ШУМАТА е многу едноставна – едно чешко градско семејство од 1970-ите оди на село, на краток одмор. Но, по престојот тие ќе сакаат и да ја купат викендицата во која престојуваа – од сопственичката, старицата Комарек, која воопшто не е расположена за тоа. Оваа брилијантна комедија на Менцел е дефинитивноеден од оние филмови кои во голема мера се потпираат на разбирањето на гледачот за поширокиот културен контекст– но, филмот е интересен не само благодарение на одличните хумористични дијалози и интеракцијата помеѓу ликовите, туку и поради едноставната комична филмска приказна.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

5 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.

6 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК) 18:00 ч.

12 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.

HOW DO YOU DEFFINE ARROGANCY?

(Што е за вас ароганција?)

Документарен филм, С. Македонија

2022, 65 мин., колор, ДЦП

Режија: Небојша Илијевски (Nebojsha Ilijevski)

Сценарио: Небојша Илијевски (Nebojsha Ilijevski)

 

Четворица храбри, силни индивидуалци со непоколеблива верба во вистината и правдата – борец за човекови права, спортист, свештеник, и – еден неочекуван херој – цврсто стојат пред неправдите на системот и наоѓаат сили среде таа борба да ги препознаат вредностите кои се атрибути на она што животот навистина е. Документарниот филм на Илијевски го препознава и буди вистинскиот радикал во сите нас.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

9 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК) 18:00 ч.
10 ДЕКЕМВРИ (САБОТА) 18:00 ч.
24 ДЕКЕМВРИ (САБОТА) 18:00 ч.
26 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.

САМО ЃАВОЛОТ СЕ ПЛАШИ ОД ВОДА

(Only the Devil Hates Water)

Краток гран филм, С. Македонија

2022, 15 мин., колор, ДЦП

Режија: Лидија Мојсовска (Lidija Mojsovska)

Сценарио: Лидија Мојсовска (Lidija Mojsovska)

Улоги: Ангел Ристоски, Анастасија Јовановска, Тинка Ристеска (Angel Ristoski, Anastasija Jovanovska,Tinka Risteska)

 

Пријателството на Борис и Кира е доведено во прашање кога Борис под влијание на својата баба почнува да се сомнева дека неговата пријателка е олицетворение на Ѓаволот. Ова ќе го натера да се посомнева во нејзината добрина, сѐ додека Кира не му ја открие тажната вистина за својот живот.

 

ТАЛЕ И КОРОНА

(Tale and Corona)

Краток игран филм, С. Македонија

2022, 23 мин., колор, ДЦП

Режија: Томислав Алесков (Tomislav Aleksov)

Сценарио: Томислав Алесков (Tomislav Aleksov)

Улоги: Иринеј Ковчиќ, Мила Стојчевска, Весна Петрушевска, Сања Русеска Ризеска (Irinej Kovcikj, Mila Stojchevska, Sanja Ruseska Rizeska)

 

Ова е приказна за издржливоста на човековиот дух во време на пандемија. Малиот Тале, голем вљубеник во филмската уметност, е заразен со коронавирус и се бори за својот

живот. Користејќи ја силата на филмските ликови што ги обожувал во животот, собира

сила и се спротивставува на болеста. Самовилата Корона му помага и станува негов

пријател.

 

ГОСПОДАТА ОД СОВРЕМЕНА

(Consuming Contemporary)

Документарен филм, С. Македонија

2019, 32 мин., колор, ДЦП

Режија: Ана Алексовска (Ana Aleksovska)

Сценарио: Анџелика Апсис (Angeliksa Apsis)

 

Една група постари дами и господа секојдневно ужива во културните настани во Скопје, изложби, концерти, поетски читања и промоции каде се служи бесплатна храна и по некоја чаша вино. Овие луѓе редовно комуницираат меѓусебно и заедно прават распоред за настаните во претстојниот ден. Кога општествниот прекор се претвора во закана за нивната забава тие сфаќаат дека она што го прават им значи многу повеќе од тоа што си мислеле.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

12 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

19 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.

26 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

МИМИ

(Mimi)

Игран филм, С. Македонија / Хрватска / Црна Гора

2002, 100 мин., колор, ДЦП

Режијa: Даријан Пејовски (Darijan Pejovski)

Сценарио: Даријан Пејовски (Darijan Pejovski)

Улоги: Наталија Теодосиева, Тамара Ристоска, Оливер Митковски, Петар Мирчевски, Владимир Петровиќ (Natalija Teodosieva, Tamara Ristoska, Oliver Mitkovski, Petar Mirchevski, Sashko Kocev, Vladimir Pterovikj)

 

МИМИ е психолошка драма за девојка која потисната од родовите предрасуди во родниот крај доаѓа да живее во Скопје. Работи во трафиката кај својот вујко и повремено ќе се заинтересира за некој од муштериите. Се запознава со екстровертната  Сара и меѓу нив се раѓа пријателство што набрзо преминува во многу повеќе од искрено дружење без обврски. Минатото, болно и таинствено, заради кое побегнала во метрополата, пополека ѝ се враќа на Мими, ја мачи и опседнува.

Оваа копродукција е втор игран филм на режисерот Пејовски, а својата премиера ја имаше на филмскиот фестивал „Синедејс“ во Скопје, а досега е прикажуван на филмските фестивали во Пула, Братислава и Херцег Нови.

 

 

 

13 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК) 18:00 ч.

14 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч.

БИОСКОП 300 -Филмски фестивал на документарни филмови за правата на заедниците

 

15 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч. 

ПРЕД И ПОСЛЕ 

Документарен филм, Македонија

45 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Киро Урдин
Наратор: Роберт Мијано
Музика: Венко и Васко Серафимовски
Монтажа и звук: Владимир Петровски – Картер
Камера: Бранд Феро, Слаѓан Милошевски, Ан Вутерс

Дејствието на филмот се случува во околината на  реката Мара, меѓу Кенија и Танзанија. Едно мало гну и едно мало бафало се раѓаат во непосредна близина. Така, по инсинкт, стануваат пријатели.

Подоцна секое тргнува по својот животен пат. На крајот бафалото оди кон реката да го види за последен пат својот детски другар и двајцата умираат еден покрај друг.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари 

 

 

15 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 21:00 ч.

ПРЕЗИР

(Le Mépris /  Contempt)

Игран филм, Франција

1963, 103 мин., колор, ДЦП

Режијa: Жан-Лук Годар (Jean-Luc Godard)

Сценарио: Алберто Моравија, Жан-Лук Годар (Alberto Moravia, Jean-Luc Godard)

Улоги: Брижит Бардо, Џек Паланс, Мишел Пиколи (Brigitte Bardot, Jack Palance, Michel Piccoli)

 

Пол Џавал е писател кој е ангажиран да направи сценарио за нов филм за старгогрчкиот херој Одисеј, кој треба да биде режиран од Фриц Ланг. Ова понуда ќе дојде од страна на сомнителниот американски продуцент Џереми Прокош. Кога при едно патување Пол ќе ја остави сопругата Камил да се вози сама со Прокош, таа ќе помисли дека тој ќе ја искористи како подарок за Прокош со цел да добие подобар хонорар.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

16 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч.

РОДЕН ЛАЖГО

(Menteur / Natural Born Liar)

Игран филм, Франција

2022, 95 мин., колор, ДЦП

Режијa: Оливер Бару (Olivier Baroux)

Сценарио: Оливие Бару, Ерик К. Булијан, Емил Годро (Olivier Baroux, Eric K. Boulianne, Émile Gaudreault)

Улоги: Тарек Будали, Артус, Полин Клемен (Tarek Boudali, Artus, Pauline Clement)

 

Жером е триесетгодишник кој се занимава со продажба на јахти во Ница. Но, колку повеќе време поминуваат со него, луѓето откриваат дека тој е астронаут, шампион во карате, пријател со мис Универзум… Всушност Жером е компулсивен лажго. Еден ден кога ќе се разбуди му станува јасно дека сите негови лаги станале вистина, и тогаш започнуваат вистинските неволји…

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

  • НЕДЕЛА НА ПОЛСКИ ФИЛМ

16 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.

17 ДЕКЕМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.

19 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

20 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.

21 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.

22 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.

 

20 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК) 18:00 ч.

ОСТРОВОТ НА БЕРГМАН

(Bergman’s Island)

Игран филм,  Германија

2022, 108 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио:  Миа Хансен-Лов (Mia Hansen-Løve)

Улоги: Вики Крипс, Тим Рот, Миа Васиковска (Vicky Krieps, Tim Roth, Mia Wasikowska)

 

Меѓу најатрактивните режисерски имиња во европската кинематографија е и името на режисерката Миа Хансен-Лов, чии филмски остварувања како ЕДЕН (Eden, 2014)и НЕШТАТА ШТО ПРЕСТОЈАТ ј (Things to Come / L’Avenir, 2016) jа истакнаа како режисерка со уникатна визија и приказни кои допираат до публиката. ОСТРОВОТ НА БЕРГМАН, кој својата премиера ја имаше минатата година на Канскиот филмски фестивал, е  меланхоличната драма за љубовта помеѓу Крис и Тони, успешни филмаџии, кои добиваат резиденцијален престој на островот Форе, домот на култниот режисер Ингмар Бергман. Филмското дејство започнува со нивното доаѓање на еден идиличен селски имот,  што подоцна суптилно на гледачите им ги воочува пукнатините во меѓусебната комуникација на брачните партнери, преку нивната неискажана уметничка нетрпеливост на еден кон друг, како и бизарното претворање на овие острови во еден вид тематски парк за Ингмар Бергман.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

21 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА) 18:00 ч.

22 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 18:00 ч.

29 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 18:00 ч.

ЖУРНАЛ ЗА ЖЕЛИМИР ЖИЛНИК

(Ž Ž Ž / Journal about Želimir Žilnik)

Документарен филм, Србија

2021, 90 мин., колор, ДЦП

Режија: Јанко Баљак (Janko Baljak)

Сценарио: Јанко Баљак (Janko Baljak)

 

Документарниот филм за филмското и ангажирано творештво на култниот српски режисер Жилник, кој истовремено е и патување низ историјата на Југославија. Со својот специфичен докудрама стил, овој добитник на Златната мечка на Берлинале во 1969 за својот РАНИ ДЕЛА (Rani radovi) успеал да остане ангажиран, храбар и пред сè креативно слободен со тоа што со децении работел главно ниско-буџетни преокти. Жилник, како еден од главните претставници на југословенскиот филмски „црн бран“ не еднаш бил соочен со цензури, осудувања, отфрлања, забрани. Филмот на Баљак е приказна за неговата непрекината борба на обесправените општествени малцински групи да им даде глас. Желимир Жилник е добитник на наградата „Астер“ за животно дело од областа на филмската уметност што оваа година му ја додели Меѓународниот фестивал „Астерфест“ во Струмица.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

23 ДЕКЕМВРИ ( ПЕТОК) 17:00 ч.

НАЈЛОШАТА ЛИЧНОСТ НА СВЕТОТ

(Verdens verste menneske / The Worst Person in the World)

Игран филм, Норвешка / Франција / Шведска

2021, 127 мин., колор, ДЦП

Режија: Јоаким Трир (Joachim Trier)

Сценарио: Јоаким Трир, Ескил Вогт (Joachim Trier, Eskil Vogt)

Улоги: Ренате Реинсве, Андерс Даниелсен Ли, Херберт Нордрум, Марија Грација Ди Мео (Renate Reinsve, Anders Danielsen Lie, Herbert Nordrum, Maria Grazia Di Meo)

 

Современа приказна за потрагата по идентитетот, сместена во Осло, Норвешка. Во четиригодишната хроника го следиме животот на Џули која го испитува нејзиниот однос кон љубовта, смислата на животот и кариерата. Таа плови во немирните води на својот љубовен живот и се бори да го најде својот пат во кариерата. Една вечер ќе се најде случајно на журка каде што го запознава шармантниот Еивинд и се впушта во љубовна врска, напуштајќи го долгогодишниот партнер Алекс. Сепак, преиспитувањето дали го направила вистинскиот избор трае и трае…

На 42-иот ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола кинематограферот Каспер Туксен ја доби „Сребрената камера 300“. Според жирито, наградата му се доделува „за деликатната камера што нè приближува до ликовите кои се добро позиционирани во урбаниот пејзаж на Осло“.

 

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

23 ДЕКЕМВРИ ( ПЕТОК) 20:00 ч.

24 ДЕКЕМВРИ (САБОТА) 20:00 ч.

27 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК) 18:00 ч.

27 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.

28 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА) 20:00 ч.

29 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.

КАЈМАК

(Kaymak)

Игран филм, С. Македонија / Данска / Холандија / Хрватска

2022, 106 мин., колор, ДЦП

Режија: Милчо Манчевски (Milcho Manchevski)

Сценарио: Милчо Манчевски (Milcho Manchevski)

Улоги: Ана Стојановска, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Александар Микиќ, Сара Климоска, Филип Трајковиќ (Ana Stojanovska, Kamka Tocinovski, Simona Spirovska, Aleksandar Mikikj, Sara Klimoska, Filip Trajkovikj)

 

Неконвенционална љубовна приказна, но и критика на нелибералното лицемерие, КАЈМАК, седмиот игран филм на Манчевски ја следи ситуацијата во две семејства. Едното се млада и добро ситуирана брачна двојка која се обидува да добие дете, а другото се нивните соседи, кои живеат во куќарка подеднакво шарамантно распадната како и нивниот брак. Првите својот проблем ќе се обидат да го решат со роднина од село која ќе се всели кај нив, а вторите со примање на продавачката на кајмак во нивната заедничка постела. И двете семејства си ја бараат среќата, секое на свој начин. Оваа црна комедија под површината се занимава и со помрачни социјални прашања – сурогат родителство, неверство, улогата на жената во семејството и општеството, трговијата со луѓе, сексуалната слобода  итн., а светската премиера ја имаше на Токискиот филмски фестивал во 2022.

 

Возразна категорија: 16

Влезница: 150 денари