Вечерва во киното „Одеон“ во Софија, резидентната киносала на Бугарската национална филмотека, ќе се одржи ексклузивна проекција на НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ (2022), последниот филм на Теона Митевска (https://operationkino.net/2023/11/%d0%b3%d0%bb%d0%b5%d0%b4%d0%b0%d0%b9%d1%82%d0%b5-%d0%bd%d0%b0%d0%b9-%d1%89%d0%b0%d1%81%d1%82%d0%bb%d0%b8%d0%b2%d0%b8%d1%8f%d1%82-%d1%87%d0%be%d0%b2%d0%b5%d0%ba-%d0%bd%d0%b0-%d1%81%d0%b2%d0%b5/).

 

Филмот се прикажува во рамките на манифестацијата „Европски кино-вечери“ која се одржува од 4 до 8 декември со проекции во повеќе европски кина.

 

На софиската публика за филмот ќе ѝ зборуваат Антонија Ковачева, директор на Бугарската национална филмотека и Камен Балкански, директор на Канцеларијата за MEDIA програмата на ЕУ. По проекцијата, директорот на Кинотеката на РС Македонија, Владимир Ангелов, ќе одговара на прашања на публиката во врска со филмот и неговото создавање, како и пошироко за поновата македонски кинематографија.

 

НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ – шестиот долгометражен игран филм на Митевска – е копордукциски проект на Македонија, Босна, Белгија, Хрватска, Данска и Словенија, а беше поддржан и од Europe-MEDIA програмата и Eurimage. Со Јелена Кордиќ, Аднан Омеровиќ, Лабина Митевска, Ана Костовска и уште десетина актери во главните улоги, а по сценарио на Елма Татарагиќ и Теона С. Митевска, НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ својата премиера ја имаше на Венецискиот фестивал во 2022, а беше и македонски кандидат за наградата “Оскар“ оваа година.