„Покровот на Пресвета Богородица“, единствен интернационален филмски фестивал од ваков жанр во нашата држава, но и редок во регионот, годинава има online издание и се одржува од 11 до 26 декември, со реприза на програмата од 01 до 16 јануари. .
Фестивалот започна со рускиот филм „Земниот живот на Пресвета Богородица“ и за 2 дена има речиси 1,400 прегледи.
Во програмата на фестивалот се прикажуваат документарни и играни филмови посветени на културното, духовно наследство и хуманоста, како и историски и биографски филмови. Ќе бидат прикажани 20 филмови и ТВ програми од Македонија, Русија, Србија, Чешка, Словачка, Унгарија, Романија и Франција. Сите се преведени на македонски јазик, поголем број и на англиски, а дел од програмата е и на српски јазик. Филмските проекции се бесплатни.
Годинава фестивалот добива поширока меѓународна димензија со поддршка на Вишеград фондот на Вишеград групата. Исто така, фестивалот е поддржан од Амбасадите на Русија, Чешка Република, Словачка, Унгарија, Романија.