ЈУЛИ ВО КИНОТЕКА: ФИЛМСКА ЖЕТВА ВО ЗЛАТНИОТ МЕСЕЦ

Што би можеле да правиме кога ќе дојде златниот месец? Во тој златен месец („златец“) – според архаичниот народен и старословенски говор – или јули, како што стандардно се употребува последниве 100 и кусур години, може да се прави буквално сè. Денот е доволно долг да го исполните со сите замислени активности, а вечерите се долно топли за да одгледате убав филм во нашето летно кино.

И во тој и таков јули – патем, во разни краишта нарекуван и билјар, горешникили жетвар (последниов термин се користи и за месецот јуни) – кинотечната програма содржи неколку интересни блоковски содржини. На 1 јули (четврток) започнуваме со документарниот музички филм ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ВО ЖИВО ВО „ЛИСИНСКИ“ во продукција на загрепската „Кроација рекордс“ (некогашната култна дискографска куќа „Југотон“), и секој четврток до крајот на месецот под насловот МУЗИЧКИ ЧЕТВРТОЦИ НА „КРОАЦИЈА РЕКОРДС“ ВО КИНОТЕКА ќе имате можност да видите музички документарци од оваа куќа. Тука се концертите на Јосипа Лисац, Раде Шербеџија, Амира Медуњанин и Џеј Ар Аугуст (J.R. August, псевдоним на хрватскиот мултижанровски музичар Никола Враниќ).

Ќе ве потсетиме на годинешниот оскаровец УШТЕ ЕДНА ТУРА (Druk / Another Round) на Томас Винтерберг и еден од најдобрите европски филмови сезонава, ШАРЛАТАН (Charlatan) на Агњешка Холанд, како и на два наслови од минатомесечната НЕДЕЛА НА ЈАПОНСКИ ФИЛМ, РУЧЕКОТ НА ТАТО и СЕКОЈ ДЕН Е ДОБАР ДЕН.

Шведскиот филм КОЛКУ БОРОВИНКИ ИМА ВО СВЕТОТ? (Hur många lingon finns det i världen) на Лена Копел го открива хоризонтот на кој се лицата со попреченост, а кои се повеќе или помалку заборавени во рутинското темпо на нашите животи. Од 9 до 14 јули летното кино ќе биде домаќин на програмата на КАФЕ КИНО на СКОПСКО ЛЕТО, а потоа следува насловот СИТЕ ПРОТИВ СИТЕ (Vsi proti vsem / All Against All) на словенечкиот режисер Андреј Кошак, филм со македонско малцинско продукциско учество.

Рускиот наслов СУПЕРДЛАБОКО (Кольская сверхглубокая / The Superdeep) е спектакл е креиран од припадникот на новата генерација филмаџии, режисерот и сценарист Арсениј Сјухин (Arseny Syuhin). Како опозит на новата визуелна сензибилност во нудиме и неколку стари добри класици.

Започнуваме со СМРТ ВО ВЕНЕЦИЈА (Morte a Venezia / Death in Venice, 1971) на Лукино Висконти, работен според новелата на еден од најзначајните германски книжевници на 20. век – Томас Ман, продолжуваме со ГОЗБАТА НА БАБЕТ (Babettes gæstebud / Babette’s Feast, 1987) на режисерот Габриел Аксел (исто според книжевна предлошка, оваа е на исклучителната Карен Бликсен, можеби попозната по романот и филмот МОЈА АФРИКА/Out of Africa), потоа следува НАВИГАТОРОТ (The Navigator, 1924) на холивудската легенда од ерата на немиот филм, „човекот со камено лице“ Бастер Китон. Мини-циклусот на класиците го заокружуваме со ВЕШТЕРКАТА (Häxan / Witchcraft Through The Ages, 1922) на шведско-данскиот автор Бенјамин Кристенсен, кој е еден од втемелувачите на хорор-жанрот во филмот од почетокот на минатиот век.

Топли ноќи во златниот месец исполнети со добри филмови под отворено небо со златна месечина? Звучи примамливо…

ПРОГРАМА ЈУЛИ 2021

МУЗИЧКИ ЧЕТВРТОЦИ НА „КРОАЦИЈА РЕКОРДС“ ВО КИНОТЕКА
1 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК), 20:30 ч.
ВЛАТКО СТЕФАНОВСКИ ВО ЖИВО ВО „ЛИСИНСКИ“
(Vlatko Stefanovski – Live at Lisinski)
Документарен музички филм

2 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:30 ч.
19 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:30 ч.
УШТЕ ЕДНА ТУРА
(Druk / Another Round)
Игран филм, Данска / Шведска
2020, 115 мин., колор, ДЦП
Режија: Томас Винтерберг (Thomas Vinterberg)
Сценарио: Тобиас Линдхолм, Томас Винтерберг (Tobias Lindholm, Thomas Vinterberg)
Улоги: Мадс Микелсен, Томас Бо Ларсен, Ларс Ранте, Магнус Миланг (Mads Mikkelsen, Thomas Bo Larsen, Lars Ranthe, Magnus Millang)

УШТЕ ЕДНА ТУРА по седум години повторно ги спои режисерот Винтерберг и актерот Микелсен, по нивниот голем успех со ЛОВОТ (The Hunt) во 2012, со кој Микелсен ја освои „Златната палма“ на Канскиот фестивал.
Винтерберг, кој заедно со Ларс фон Трир е еден од основачите на филмското движење „Догме 95“, во УШТЕ ЕДНА ТУРА гради концептуална приказна за пијанчењето на четворица разочарани и уморни интелектуалци, средношколски професори по историја, по физичко воспитување, по психологија и по музичко образование. Приказната за професорите тргнува од наводната теорија на еден познат психолог дека секој човек би требало да се роди со 0,5 промили алкохол во крвта, па таквата скромна опиеност би му го отворила умот за светот околу него, би му ги намалила проблемите и би му ја зголемила креативноста… Сакајќи да ја докажат оваа теорија, четворицата професори почнуваат со експериментот – да бидат постојано опиени во текот на целиот работен ден на училиште.Најкреативен и најагилен во „докажувањето“ на теоријата е професорот по историја (Микелсен): под дејство на алкохол здодевните предавања за периодот на Втората светска војна на неговите часови ги претвора во вистинско шоу, а неговите ученици се воодушевени од лекциите.УШТЕ ЕДНА ТУРА е горчлива комедија која ги открива и сериозните животни проблеми, вклучувајќи го и оној дека тагата не може да се излечи со алкохол.
Филмот на Винтерберг беше селектиран во официјалната конкуренција на годинешниот Кански фестивал, но неговото одржување во мај беше одложено. УШТЕ ЕДНА ТУРА имаше светска премиера на фестивалот во Торонто, беше победник на фестивалот во Сан Себастијан, а на крајот од 2020 година стана најдобар европски филм на доделување на наградите „Феликс“ на Европската филмска академија. Овој филм на Винтерберг во голем стил ја заврши прикажувачката сезона, добивајќи ја наградата „Оскар“ во категоријата најдобар интернационален филм.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 100 денари

3 ЈУЛИ (САБОТА), 20:30 ч.
20 ЈУЛИ (ВТОРНИК), 20:30 ч.
ШАРЛАТАН
(Charlatan)
Игран филм, Чешка / Ирска / Словачка / Полска
2020, 118 мин., колор, ДЦП
Режија: Агњешка Холанд (Agnieszka Holland)
Сценарио: Марек Епштајн (Marek Epstein)
Улоги: Иван Тројан, Јозеф Тројан, Јурај Лој (Ivan Trojan, Josef Trojan, Juraj Loj)

Сторија за Јан Миколашек, познат чешки надрилекар кој лечел и кралеви и функционери на Комунистичката партија на тогашна Чехословачка, за на крајот да настрада во еден монтиран процес. Сторијата на ШАРЛАТАН се одвива во Чехословачка во периодот од распадот на Австроунгарското царство во Првата светска војна до педесеттите години, во периодот по Втората светска војна. Јан Миколашек е вистинска личност, надрилекар кој ги лечи луѓето од сите општествени слоеви. Неговата „медицина“ е уникатна: на основа на визуелниот преглед на урината на пациентите, Миколашек им препишува лековити тревки. Но, тоа било само половина од неговите „рецепти“: надрилекарот им сугерирал дека најбрзо ќе се излечат со позитивната мисла… Иако надрилекар, Миколашек се држел до Хипократовата заклетва речиси како поголем „верник“ од лекарите. Затоа им пружал помош и на Мартин Борман (еден од најблиските соработници на Хитлер, мистериозно исчезнат на крајот на војната), и на чехословачките комунистички функционери. Од сите нив бил богато наградуван – вила, автомобил, скапи костуми – но неговата пасија било лечењето на неговиот специфичен начин: и кога како војник на австроунгарската војска им помагал на соборците лечејќи им ги раните со тревки и помади, и кога пред неговиот дом чекале стотици паталци кои не нашле помош во класичната медицина. Миколашек има хомосексуална врска со неговиот единствен помошник, кој му помагал на тој начин што на бремената сопруга ѝ става тревки за спонтано да абортира. Но, и комунистичкиот режим во еден момент решава да го „абортира“ популарниот надрилекар, монтирајќи му судски процес…

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 100 денари

5 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:30 ч.
КОЛКУ БОРОВИНКИ ИМА ВО СВЕТОТ?
(Hur många lingon finns det i världen)
Игран филм, Шведска
2011, 101 мин., колор, ДЦП
Режија: Лена Копел (Lena Koppel)
Сценарио: Лена Копел, Трине Пил, Пар Јохансон (Lena Koppel, Trine Piil, Pär Johansson)
Улоги: Сверир Гуднасон, Вана Розенберг, Матс Мелин (Sverrir Gudnason, Vanna Rosenberg, Mats Melin)

Филмска сторија за 27-годишниот Алекс, кој во многу работи во животот не успеал. Почнува да работи со лица со попреченост во општината Худиксвал. Кога открива дека тие знаат да пеат убаво, одлучува да им покаже на своите другари дека тие се подеднакво важни и вредни. Филмот е дел од проектот „Децата не се раѓаат со предрасуди“ на „Глада Худик театарот“ од Худиксвал, Шведска.
Сижето се базира на личните искуства на режисерот и сценарист Пар Јохансон кога работел со лица со попреченостии сакал да ги развие нивните способности, наместо да ги форсира да учат работи што им биле тешки. Тогаш го започнал проектот „Глада Худик театар“ и голем дел од ансамблот е во филмот. Но, ова не е документарен филм. Филмот е базиран на одредени настани и ситуации што му се случиле на Јохансон.
Овој филм беше најгледаниот филм во Шведска во првиот викенд на премиерата во киносалите.

Возрасна категорија: за сите возрасти
Влезница: 100 денари

6 ЈУЛИ (ВТОРНИК), 20:30 ч.
РУЧЕКОТ НА ТАТО
(Papa no obentô wa sekaiichi / Dad’s Lunch Box)
Игран филм, Јапонија
2017, 76 мин., колор, ДЦП
Режија: Масаказу Фукацу (Masakazu Fukatsu)
Сценарио: Тошицугу Оно (Toshitsugu Ono)
Улоги: Тошими Ватанабе, Рена Такеда, Шо Кијохара (Toshimi Watanabe, Rena Takeda, Sho Kiyohara)

Филмот на Фукацу е инспириран од вистинска приказна за еден јапонски татко, кој три години подготвувал секојдневни ручеци „бенто“ – за својата ќерка-средношколка. Неговите ручеци се повеќе од вообичаени оброци: тие се вкусни и непобедливи креации, секогаш спакувани во интересен стил. За целиот тој период, таткото се потрудил да подготви прекрасна храна за својата ќерка додека е в училиште… РУЧЕКОТ НА ТАТО избира многу директен пристап: сите дијалози во филмот се за ручеците. Таткото и ќерката Мидори, таткото и неговите колеги, Мидори и нејзиното момче, Мидори и пријателките… Сите разговараат само – за храната која таткото ја подготвува за ќерката…

Возрасна категорија: за сите возрасти
Влезница: бесплатен влез

7 ЈУЛИ (СРЕДА), 20:30 ч.
СЕКОЈ ДЕН Е ДОБАР ДЕН
(Nichinichi kore kôjitsu / Every Day A Good Day)
2018, 100 мин., колор, ДЦП
Режија: Тацуши Омори (Tatsushi Omori)
Сценарио: Тацуши Омори (Tatsushi Omori)
Улоги: Хару Куроки, Кирин Кики, Микако Табе, Шинго Цуруми (Haru Kuroki, Kirin Kiki, Mikako Tabe, Shingo Tsurumi)

Норико е студент на Универзитет. По препорака на нејзината мајка, Норико започнува да присуствува на традиционалната јапонска церемонија на чај во близина на нејзината куќа, со нејзиниот братучед Мичико. На тие церемонии на чај, Норико е подучувана од наставникот Такеда. Норико го стекнува искуството на церемонијата на чај во својот живот, искуство толку потребно за неа, во моментите на тага или среќа…
СЕКОЈ ДЕН Е ДОБАР ДЕН е базиран врз есејот на Норико Моришита (Noriko Morishita) од 2002 година – кој го анализира филозофскиот дух на овој сегмент од јапонската традиција. Јапонскиот израз „日々是好日“ („nichinichi kore koujitsu“), или „секој ден е добар ден“ – е зен израз што се користи во популарниот социјален момент на „церемонијата на чај“, што е многу повеќе од просто испивање топол (или студен) напиток од разни видови билки…

Возрасна категорија: за сите возрасти
Влезница: бесплатен влез

МУЗИЧКИ ЧЕТВРТОЦИ НА „КРОАЦИЈА РЕКОРДС“ ВО КИНОТЕКА
8 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.
ЈОСИПА ЛИСАЦ ВО „КРОАЦИЈА РЕКОРДС СТУДИО“… ТУКА ВО МОЈАТА ДУША ЖИВЕЕШ
(Josipa Lisac from Croatia Records Studio…Tu u mojoj duši stanuješ)
Документарен музички филм

9 ЈУЛИ (ПЕТОК), 20:30 ч.
СКОПСКО ЛЕТО – КАФЕ КИНО

10 ЈУЛИ (САБОТА), 18:00 ч.

БРАТ МИ БРКА ДИНОСАУРУСИ
(Mio fratello rincorre i dinosauri)
Игран филм, Италија
2019, 101 мин., колор, ДЦП
Режија: Стефано Ципани (Stefano Cipani)
Сценарио:  (Fabio Bonifacci)
Улоги:  (Alessandro Gassmann, Isabella Ragonese, Rossy de Palma)

Џакомо отсекогаш сакал да има помал брат за да си игра со него, а од кога ќе се роди Џовани, неговите родители му велат дека неговиот брат е „специјално“ дете. Тогаш Џовани, се претвора во суперхерој со неверојатни моќи во фантазијата на неговиот голем брат, како оние во неговите стрипови.

Со текот на времето, Џакомо ја дознава вистината: неговиот брат има Даунов синдром, состојба која одлучува да ја чува во тајност. Кога оди во средно училиште и се вљубува во Аријана, тој го крие постоењето на Џио од неа и неговите нови пријатели. Но, како можеш да очекуваш некој да те сака ако сокриеш толку важен дел од себе? За кратко време, вистината излегува на виделина и Џакомо сфаќа дека енергијата и виталноста на Џио се заразни. Оригиналниот изглед на Џио навистина го менува светот, исто како суперхерој.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

10 ЈУЛИ (САБОТА),20:30 ч
СКОПСКО ЛЕТО – КАФЕ КИНО

11 ЈУЛИ (НЕДЕЛА), 20:30 ч.
СКОПСКО ЛЕТО – КАФЕ КИНО

12 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:30 ч.
СКОПСКО ЛЕТО – КАФЕ КИНО

13 ЈУЛИ (ВТОРНИК), 20:30 ч.
СКОПСКО ЛЕТО – КАФЕ КИНО

14 ЈУЛИ (СРЕДА), 20:30 ч.
СКОПСКО ЛЕТО – КАФЕ КИНО

МУЗИЧКИ ЧЕТВРТОЦИ НА „КРОАЦИЈА РЕКОРДС“ ВО КИНОТЕКА
15 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК), 20:30 ч.
РАДЕ ШЕРБЕЏИЈА И „ЗАПАДНИ КОЛОДВОР“ ВО „ХНК ЗАГРЕБ“
(Rade Šerbedžija & Zapadni kolodvor band @ HNK Zagreb)
Документарен музички филм

16 ЈУЛИ (ПЕТОК), 20:30 ч.
СИТЕ ПРОТИВ СИТЕ
(Vsi proti vsem / All Against All)
Игран филм, Словенија / Македонија
2019, 100 мин., колор, ДЦП
Режија: Андреј Кошак (Andrej Kosak)
Сценарио: Андреј Кошак (Andrej Kosak)
Улоги: Владо Новак, Силва Цушин, Александра Балмазовиќ, Благој Веселинов, Милан Тоциновски (Vlado Novák, Silva Cusin, Aleksandra Balmazovic, Blagoj Veselinov, Milan Tocinovski)

СИТЕ ПРОТИВ СИТЕ е политички трилер чие дејствие се случува во измислено место Ровте под идиличните Алпи во Словенија и зборува за демократијата, изборните измами и уништувањето на социјалните вредности. Словенечката транзиција ни покажа дека демократијата и политиката станаа синоним за корупција. Филмот е поставен како огледало на светот во кој живеме денес. Главниот лик е градоначалникот Франт, кој ги губи изборите во малиот словенечки град Ровте и е принуден да соработува со криминалци. СИТЕ ПРОТИВ СИТЕ на локално ниво покажува дека живееме во глобален свет на лажни вести, политички „спинови“ и корупција, каде моралот и етиката се уништени и речиси целосноги изгубиле своите хумани вредности.
Првиот филм на Андреј Кошак, АУТСАЈДЕР, е еден од најгледаните словенечки филмови. Вториот негов втор филм е ЗУЕЊЕ ВО ГЛАВАТА, кој го работел заедно со сценаристот Дејан Дуковски. Монтажер на неговиот трет филм СИТЕ ПРОТИВ СИТЕ е Мартин Иванов, а продуценти од македонска страна се Илија Циривири и Дејан Илиев.

Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 100 денари

17 ЈУЛИ (САБОТА), 20:30 ч.
23 ЈУЛИ (ПЕТОК), 20:30 ч.
СУПЕРДЛАБОКО
(Кольская сверхглубокая / The Superdeep)
Игран филм, Русија
2021, 101 мин., колор, ДЦП
Режија: Арсениј Сјухин (Arseny Syuhin)
Сценарио: Арсениј Сјухин (Arseny Syuhin)
Улоги: Милена Радуловиќ, Сергеј Ивањук, Николај Ковбас (Milena Radulovic, Sergey Ivanyuk, Nikolay Kovbas)

„Кола супердлабоко“ („Кольская сверхглубокая скважина“, или „Kola Superdeep Borehole“ на англиски) е името на најголемиот таен објект во Русија, од ерата на СССР. Позициониран е на полуостровот Кола, во близина на границата со Норвешка, и намерата била да се копа што подлабоко во земјината кора. Дупчењето започнало во 1970 година со тогаш најмоќните машини во светот и во 1989 на тој локалитет е реализирана најдлабоката дупка во светот. СУПЕРДЛАБОКО на Сјухин се базира на тој мит за најдлабоката дупка, реализиран во жанрот трилер-хорор. Во 1987, на длабочина од 12 километри под површината на Земјата, забележани и снимени се необични звуци, односно гласови кои потсетуваат на врисоци и лелекања на голем број луѓе. Епидемиологот Ана Фјодорова (Милена Радуловиќ) и специјалната воена единица на руската војска имаат задача да ја откријат причината за мистериозните настани во научната станица која се наоѓа длабоко под површината на Земјата. Нивното откритие ќе претставува најголема закана за човештвото: иднината на светот каков што го познаваме – е во нивни раце…
Главната улога ја толкува српската актерка Милена Радуловиќ, која изминатиов период стана позната во регионот, и – за жал – по откритието за наводните силувања и сексуални вознемирувања од страна на нејзиниот учител по глума Мика Алексиќ, додека како тинејџерка ја посетувала неговата приватна школа за актерство.

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 100 денари

МУЗИЧКИ ЧЕТВРТОЦИ НА „КРОАЦИЈА РЕКОРДС“ ВО КИНОТЕКА
22 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК), 20:30 Ч.
АМИРА МЕДУЊАНИН ВО ЖИВО ВО „АРЕНА“
(Amira Medunjanin – Live at Arena)
Документарен музички филм

24 ЈУЛИ (САБОТА), 20:30 ч.
СМРТ ВО ВЕНЕЦИЈА
(Morte a Venezia / Death in Venice)
Игран филм, Италија / Франција
1971, 130 мин., колор, блуреј
Режија: Лукино Висконти (Luchino Visconti)
Сценарио: Лукино Висконти, Никола Бадалуко (Luchino Visconti, Nicola Badalucco)
Улоги: Дирк Богарт, Ромоло Вали, Марк Барнс, Нора Ричи, Мариса Беренсон, Бјорн Андресен (Dirk Bogarde, Romolo Valli, Mark Burns, Nora Ricci, Marisa Berenson, Björn Andrésen)

Класикот на Висконти е снимен според истоимениот кус роман (новела) на еден од најзначајните книжевници на 20 век, нобеловецот Томас Ман (Thomas Mann). Главниот лик е Густав фон Ашенбах (Богарт), познат композитор кој заминува во Венеција. Има сериозни проблеми со срцето и се сместува во луксузниот „Гранд Хотел де Баин“ (Grand Hotel des Bains), и денес симбол на градот, каде што престојуваат ѕвездите на филмскиот фестивал, „Венециското Биенале“. Таму го среќава младиот полски тинејџер Таџио (Andrésen), дојден на одмор со неговото семејство. Таџио заФон Ашенбах претставува симбол на совршенството: иако никогаш не разговара со него, ниту пак има каков било интимен контакт, композиторот е фасциниран од убавината на младото момче и чувствува неодолива страст кон него. Ашенбах се чувствува подмладено во градот во кој има епидемија на колера, која властите се обидуваат да ја скријат за да не ги изгубат туристите. Сепак, не постои сила, па дури таа да е и смртта, што би го присилила Ашенбах да го напушти објектот на неговотоестетско и еротско задоволство.
СМРТ ВО ВЕНЕЦИЈА е вториот дел од трилогијата на Висконти која се занимава со германската култура и декаденцијата – другите два филма се САМРАК НА БОГОВИТЕ (La Caduta degli dei, 1969) и ТВ серијата ЛУДВИГ (Ludwig, 1972). Новелата на Томас Ман од 1912 година (Ман ја доби „Нобеловата наград“а во 1929, а наградата „Гете“ во 1949) ги подгревала шпекулациите за скриените хомосексуални склоности на писателот, а Висконти, пак, бил деклариран хомосексуалец, како и главниот актер Дирк Богард, кому улогата на Густав фон Ашенбах (инаку, во романот е книжевник) му е најзначајна во кариерата. Висконти го менува профилот на главниот јунак во новелата од писател во композитор за да ја користи музиката на неговиот омилен уметник Густав Малер (Gustav Mahler), а во филмот е потенциран односот помеѓу еросот (сексот) и танатосот (смртта) како естетизирана гротескна нишка – за да го прикаже психофизичкото распаѓање на рафинираниот поединец во услови на епидемија настрашна болест…
СМРТ ВО ВЕНЕЦИЈА забележа дваесеттина награди и уште толку номинации, а меѓу нив и номинација за „Оскар“ (за костимографија), награда во Кан за 25-годишнината на фестивалот, БАФТА, италијански „Златен глобус“, итн…

Возрасна категорија: 16 години
Влезница: 100 денари

26 ЈУЛИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:30 ч.
30 ЈУЛИ (ПЕТОК), 20:30 ч.
ГОЗБАТА НА БАБЕТ
(Babettes gæstebud / Babette’s Feast)
Игран филм, Данска
1987, 103 мин., колор, блуреј
Режија: Габриел Аксел (Gabriel Axel)
Сценарио: Габриел Аксел (Gabriel Axel)

Улоги: Стефани Одран, Бодил Кјер, Бригит Федершпил, Јарл Куле, Жан-Филип Лафон, Биби Андерсон (Stéphane Audran, Bodil Kjer, Birgitte Federspiel, Jarl Kulle, Jean-Philippe Lafont, Bibi Andersson)
Дејствието на овој филм се одвива во 19 век, во малото рибарско место Берлевог, на крајниот север на Норвешка, во радиусот на Поларниот круг. Мартина (Кјер) и Филипа (Федершпил) живеат во комуникациски изолирана заедница со својот татко, пастор во строга црквена секта, чии членови се одрекле од земните задоволства. Иако имале можности да го напуштат селото, кое е опкружено со високи планини, и само два-три месеци во годината не е прекриено со снег и мраз, сепак решиле да останат и да живеат таму со таткото, кој им наметнува строги религиски канони, а мештаните живеат скромно, трагајќи по живот без гревови.Неколку години подоцна, во местото пристигнуваат тројца странци од Париз, кои бегаат од репресиите по сломот на Париската комуна. Бабетбара засолниште во домот на сестрите и тие ја ангажираат како куќна помошничка. Кога сестрите ќе посакаат да направат прослава во чест на 100-годишнината од раѓањето на пасторот, Бабет се нафаќа да подготви гозба за таа пригода. Тие не знаат што да очекуваат од жена која е поинаква од нив, Французинка и припадничка на католичката црква…
Филмот е снимен според романот на познатата данска писателка Карен Бликсен (Karen Blixen), славна по екранизираниот биографски роман „Моја Африка“ (МОЈА АФРИКА / Out of Africa– во режија на Сидни Полак, со Мерил Стрип, Роберт Редфорд и Клаус Марија Брандауер). Романот „Гозбата на Бабет“ прв пат е објавен во 1950 година, во едно списание на англиски јазик под псевдонимот на писателката „Исак Динесен“, а 8 години подоцна, Бликсен го објавува и на мајчиниот дански јазик. Во 1988 година, филмот го доби „Оскарот“ за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје, и е прв дански филм со оваа награда.

Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 100 денари

27 ЈУЛИ (ВТРОНИК), 20:30 ч.
31 ЈУЛИ (САБОТА), 20:30 ч.
НАВИГАТОРОТ
(The Navigator)
Игран филм, САД
1924, 59 мин., црно-бел, блуреј
Режија: Доналд Крисп, Бастер Китон (Donald Crisp, Buster Keaton)
Сценарио: Клајд Брукман, Џозеф Мичел (Clyde Bruckman, Joseph A. Mitchell)
Улоги: Бастер Китон, Кетрин Мегвајер, Фредерик Врум (Buster Keaton, Kathryn McGuire, Frederick Vroom)

Бастер Китон, „Човекот со камено лице“, или „Човекот што никогаш не се смее“, во овој филм е Роло Тридвеј, кој ја запросува девојката Бетси (Мегвајер), со намера да отпловат за Хонолулу. Бетси го одбива, па Роло решава да замине сам. Но, ќе го згреши бродот на кој треба да се смести и се качува на „Навигаторот“, бродот во сопственост на таткото на Бетси.
И Бетси, несвесна дека Роло е на „Навигаторот“, се качува на бродот за да го побара татко ѝ. Бродот испловува на пат кон Хонолулу, татко ѝ на Бетси е киднапиран од двајца шпиони. Бетси и Роло пловат на бродот, незнаејќи за присуството на другиот…
Бастер Китон (1896-1966) е еден од најзначајните комичари во историјата на филмот, посебно во неговата „нема ера“. Китон е единствениот вистински пандан на Чарли Чаплин, а нивното џентлменско ривалство траело со децении. И двајцата се своевидни „жртви“ на звучниот филм, но 150 снимени филмови во филмографијата на Китон доволно говорат за големината на една холивудска кариера.

Возрасна категорија: за сите возрасти
Влезница: 100 денари

 

28 ЈУЛИ (СРЕДА), 18:30 ч.
ГРАНИЦАТА НА
(The Limit Of)
Игран филм, Ирска, 2017, 89 мин, колор, блуреј
Режија: Алан Мулиган (Alan Mulligan)
Сценарио: Алан Мулиган (Alan Mulligan)
Улоги: Џејмс Ален, Алисон Марфи, Моли Ален
(James Allen, Alison Murphy, Molly Allen)

Џејмс Ален е човек што сака да има контрола. Живее сам и работи како банкар. Истовремено се грижи за својата мајка вдовица. Но, не знае е дека банката во која работи сака да ѝ го одземе нејзиниот дом. Кога стресот поради губењето на домот ќе предизвика семејна криза, Џејмс почнува да го преиспитува целиот свој живот и да го гледа немилосрдното, манипулативно црно срце зад сјајниот фурнир на банкарскиот свет. Тој одлучува да преземе акција. Во меѓувреме, Алисон Леонард, неговата убава колешка, има своја агенда, која се судрува со таа на Џејмс. Нејзините постапки ќе предизвикаат темен вител од измама, одмазда и смрт. Филмот ги истражува границите кои ни се наметнуваат поради изборите што ги правиме – граници поставени од нашите кариери, желби, потреби, па дури и од изборот кого љубиме.

Возрасна категорија: 12 години

 

28 ЈУЛИ (СРЕДА), 20:30 ч.
ВЕШТЕРКАТА
(Häxan / Witchcraft Through The Ages)
Игран филм, Шведска /Данска
1922, 91 мин., црно-бел, блуреј
Режија: Бенјамин Кристенсен (Benjamin Christensen)
Сценарио: Бенјамин Кристенсен (Benjamin Christensen)
Улоги: Бенјамин Кристенсен, Елизабет Кристенсен, Марен Педерсен (Benjamin Christensen, Elisabeth Christensen, Maren Pedersen)

ВЕШТЕРКАТА е класичен наслов од ерата на немиот филм, снимен во Копенхаген, во тогаш полетните пионерски денови на шведската и данската кинематографија. Авторот Бенјамин Кристенсен (1879-1959) е сценарист и режисер кој реализирал неколку наслови од жанрот хорор/фантазијаво првите две декади од минатиот век: многу често во насловите на неговите филмови се споменуваат вештерки, сатани, ѓаволи… Така, и неговиот лик во ВЕШТЕРКАТА се вика „Ѓаволот“ (Djævlen/ The Devil: на дански се изговара „Ѓевлен“, многу блиску и до нашиот термин за суштеството кое носи зло и несреќа). Англискиот наслов „Witchcraft Through The Ages“ (дистрибуцијата на филмот во САД била во 1929), пак, практично ја соопштува главната идеја – „Вештерството низ вековите“.
ВЕШТЕРКАТА е токму своевидна лекција од историјата на вештерството од раниот период на човештвото до почетокот на минатиот век. Таа е претставена низ играта и преобразбите на актерите, но сепак наликува на документарец од раниот период на филмографијата во светот, со употреба на пионерски визуелни и наративни средства. Прикажувајќи ги паганските и сатанските обредиво хистеричен интензитет, филмот на Кристенсен е своевиден водич низ вековите на вештерството со ефектни визуелни секвенци.
Цензорите во Шведска барале исфрлање на многу сцениод филмот пред да се одобри неговото прикажување.Меѓу цензурираните сцени биле и тие каде што е прикажано мрдањето на прстот од раката на обесениот човек, газењето на крстот, снимката на новороденчето во тенџерето за готвење, крупниот план на лицето на жената додека таа ена справа за мачење, крупни планови од неколку инструменти за тортура и снимка од демон во прегратка на гола жена… Подоцна овие сцени се вратени во филмот.

Возрасна категорија: 14 години
Влезница: 100 денари

МУЗИЧКИ ЧЕТВРТОЦИ НА „КРОАЦИЈА РЕКОРДС“ ВО КИНОТЕКА
29 ЈУЛИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.
ЏЕЈ АР АУГУСТ ВО ЖИВО ВО „ХРВАТСКИ ГЛАЗБЕНИ ЗАВОД“
(J.R. August – Live at Hrvatski glazbeni zavod)
Документарен музички филм