На 4 мај (среда) во 10 ч. Кинотеката ќе одржи проекција на дел од творештвото на независната македонска продукција за анимација „Светот на Биби“ посветено на македонската азбука. 

Гости на проекцијата ќе бидат децата од градинката „Орце Николов“. Најмладите од оваа градинка во општина Карпош ќе се запознаат со македонската азбука, нејзиното создавање и примена во секојдневниот живот преку главните ликови Биби и Боби, а во исто време ќе се запознаат и со Кинотеката.