И летово продолжува проектот „Сезона на филмски класици“ / #АSeasonofClassicFilms на Европската асоцијација на кинотеки / @AssociationdesCinemathequesEuropeennes, во кој,  учествува и Кинотеката на Република Северна Македонија. На 7 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА), во 20:00 ч., на последната вечер од ФЕСТИВАЛОТ НА НЕМ И КЛАСИЧЕН ФИЛМ во летното кино на Кинотеката ќе бидат прикажани етнолошките филмови на проф. д-р Вера Кличкова, по повод 111 години од нејзиното раѓање. Оваа проекција на филмовите РУСАЛИСКИ ОБИЧАИ ВО ГЕВГЕЛИСКО, ВЕЛИГДЕНСКИ ОБИЧАИ и МАРИОВСКА СВАДБА е дел од проектот „Сезона на филмски класици“ (A Season Of Classic Films) на Асоцијацијата на европски кинотеки / @AssociationdesCinemathequesEuropeennes, со чија финансиска помош, истите беа дигитализирани и дигитално реставрирани.

Филмовите исто така ќе бидат прикажани во живо на сајтот на Кинотеката – https://kinoteka.mk По проекцијата ќе следи настап на групата „Ролинг етнос“.

 

7 СЕПТЕМВРИ (СРЕДА), 20:00 ч.

РУСАЛИСКИ ОБИЧАИ ВО ГЕВГЕЛИСКО

(Rusalia customs in Gevgelija)

Документарен филм, Македонија

1957, 22 мин., црно-бел, ХД-видео

Режија: Благоја Дрнков (Blagoja Drnkov)

Сценарио: Вера Кличкова (Vera Klichkova)

Документарниот филм РУСАЛИСКИ ОБИЧАИ ВО ГЕВГЕЛИСКО – во детали го прикажува значењето на играта, ората и адетите од Гевгелискиот крај. Во тамошните села се силно зачувани ритуалите кои водат потекло од древниот пагански период со елементи на шаманизам. Сите обичаи се поврзуваат со Русалиите, а самиот збор значи „Розалија“ – и доаѓа од цвеќето роза (трендафил), цвет најчесто, дури и култно – посветуван на мртвите. Документарниот филм е реализиран со малку мистика во пристапот, и би бил нејасен во однос на местата и дешифрирањето на обичаите – без конкретните и детални коментари на филмскиот наратор во „офф-тон“.

 

ВЕЛИГДЕНСКИ ОБИЧАИ

(Easter Folk Customs)

Документарен филм, Македонија

1954, 20 мин., црно-бел, ХД-видео

Режија: Ацо Петровски (Aco Petrovski)

Сценарио: Вера Кличкова (Vera Klichkova)

Прослава на Велигден во селото Грешница, Бродско (Порече) – и народните адети врзани за овој верски празник. „Преку филмот ВЕЛИГДЕНСКИ ОБИЧАИ од Порече, Етнолошкиот музеј има за цел ги запази богатите традиции од нашата културна историја, кои ќе послужат како документ за проучување на битието на нашиот народ.“

 

МАРИОВСКА СВАДБА

(Mariovo Wedding)

Документарен филм, Македонија

1966, 55 мин., колор, ХД-видео

Режија: Вера Кличкова (Vera Klichkova)

Сценарио: Милан Ристевски (Milan Ristevski)

Мариовската свадба – во овој филм – ги презентира свадбарските обичаи во Мариовскиот регион од Македонија – презентирани во склоп со пред-свадбарските обичаи, како и со оние пост-свадбарски адети, по одржувањето на самата церемонија, кои траат уште една цела недела по завршувањето на свадбата. Според богатството на обичаите што произлегуваат од овој крај на Македонија, а коишто се одвиваат во рамките на свадбарските свечености, неминовно следи заклучокот дека станува збор за апсолутно изворна варијанта која останала вака архаична – пред сè поради природната географска изолација на овој крај во Македонија.

Возрасна категорија: 14 години

Влез слободен

 

Трите филмови, ВЕЛИГДЕНСКИ ОБИЧАИ (1954),РУСАЛИСКИ ОБИЧАИ ВО ГЕВГЕЛИСКО (1957) иМАРИОВСКА СВАДБА (1966) датираат од пионерските и истовремено златни денови наетнолошката документарна продукција воМакедонија. Станува збор за активност натогашниот Етнолошки музеј, раководен однејзиниот прв директор, д-р Вера Кличкова, којае истовремено и една од основоположницитена визуелната антропологија кај нас, авторка на шест документарни филмови, во кои сепојавува како сценаристка или режисерка.

Во време кога во етнолошко-антрополошките кругови во светот, релевантноста нафилмот како медиум за научно истражување и промоција била доведувана во прашање од конзервативните струи, кои сметале дека дисциплината треба да почива неврз подвижни слики туку врз зборови, таа инејзините колеги успеале да се изборат заместото на етнолошкиот, и пошироко – на документарниот филм во зачувувањето и пошироката афирмација на народната културана Македонците, во склоп на тогашната СФРЈ.Од денешен аспект, нив можеме да ги категоризираме во жанрот „спасувачкаетнологија“(salvage ethnology), а поради фактот дека вовремето во кое се настанати веќе се започнати процеси на коренита трансформација на традиционалната култура, која на овој начин и буквално се спасува од заборав. Тоа дека Кличкова била „моторот“ зад плодната продукција на етнолошки документарни филмови покажува и фактот дека од1970-тите, времето на нејзиното пензионирање, па до осамостојувањето на земјата во 1990-тите иобновената продукција на Музејот на Македонија, бројот на вакви филмови драстично се намалил.

Во ВЕЛИГДЕНСКИ ОБИЧАИ се проследува прославата на големиот христијански празник во селотоГрешница (Порече). Во помалку од дваесетина минути се прикажува целиот циклус, кој започнуваеден месец пред Велигден со мелењето брашно за велигденските лебови; процесот на нивното месење и украсување; вапцањето јајца и благословувањето на децата и стоката со нив; посетувањетона гробишата со велигденски јадења, како и песните, ората и друштвените игри кои ги играат момчињата и девојките како начин за нивно социјализирање.

РУСАЛИСКИ ОБИЧАИ ВО ГЕВГЕЛИСКО зборува за заштитните обреди кои се преземаат во текот нат.н. „некрстени денови“ (од Божик до Водици) од страна на машки играорни дружини, во случајовод селото Миравци. Членовите на дружината се опремени со сабји, кои во времето на снимањето нафилмот се дрвени, со назнака дека порано биле метални, со кои симболично и низ танц го изгонуваат злото. Филмот ја следи првичната организација на настанот, поделбата на улоги, облекувањето, собирањето на сретсело и ората кои притоа се играат, пред дружината да ја почне обиколкатана атарот на селото и на куќите. Се опишуваат табуата кои важат за учесниците, како и обичајот којподразбирал дека доколку се сретнат две русалиски дружини, треба да ја докажат својата надмоќсо реална меѓусебна битка, нешто што во времето на снимањето на филмот е веќе напуштеноизаменето со преговарање. Нагласена е и социјалната димензија на обредот, чија цел меѓу друготое да обезбеди приход за локалната заедница, односно за градење чешми, црква или решавање надруги инфраструктурни потреби.

МАРИОВСКАТА СВАДБА ги презентира свадбарските обичаи во денес замрениот мариовски регион,повторно низ еден хронолошки и сеопфатен пристап, од предсвадбарските адети, оние кои се прават за време на свадбата, и оние по неа. Богатството на материјалите се толкува низ призмата наприродната изолација на овој крај, кој овозможил и зачувување на нивната автентичност. Токмупоради сложената структура на овој обред на премин, кој опфаќа голем број улоги и дејства, ова еистовремено и најдолгиот од сите три филмови.

И покрај различните теми, неколку карактеристики се заеднички за сите три дела. Прво е почитувањето на главниот принцип на визуелната антропологија, принципот на холизам, кој подразбирадека прикажаното треба да биде ставено во конкретен контекст, и доколку се работи за обред (аво случајов сите три зборуваат за обреди), тој да биде прикажани хронолошки, од почеток до крај.Понудениот контекст не е само социјален туку и природно-географски, со прецизно лоцирање напределите и наведување на нивните релјефни и климатски карактеристики. Користената музикае или снимена на терен (во еден од случаите е наведено дека тоа го сторила самата Кличкова, сомагнетофон) или на неа ѝ е посветено посебно внимание, со ангажирање на професионален композитор (Стефан Гајдов) и инструменталисти од тогашната македонска опера. Согласно тогашниоттренд, освен телоп во воведот, се користи глас на наратор – професионален спикер кој нуди детален опис на она што се случува на екранот.

Од денешна гледна точка особено е интересна призмата низ којашто се толкуваат обредите, особено за Велигден, кои сосема го игнорираат црковниот односно христијанскиот аспект, инсистирајќи исклучиво на паганските елементи на обредите – нешто што веројатно се должи на духот натогашното социјалистичко уредување и статусот на религијата. Истовремено, крајно ангажиранозвучи синтагмата во воведот на ВЕЛИГДЕНСКИ ОБИЧАИ, дека тој треба да послужи „како документза проучување на битот на нашиот народ“, бит кој и денес доживува различни предизвици и за кој,оттаму, ваквите филмови се од непроценливо историско и културно значење.

д-р Илина Јакимовска

Институт за етнологија и антропологија, ПМФ, УКИМ