Второто издание на Фестивалот на урбана култура МУРАЛ, во соработка со Кинотеката, ќе се одржи на 25 септември (петок) во 22:00 ч. во дворот на Кинотеката.
Ова фестивалско издание ќе биде одбележено со цртање мурал на зградата на Кинотека на Северна Македонија, за чиј уметнички печат ќе се погрижи Воскресија Андреевска.
Во склоп на фестивалот ќе се одржи и изложба на дипломираните фотографи и уметници Ирина Крстевска и Филип Лафазановски. A за да ги измешаме сите бои со звуци ќе ни помогнат изведувачите Долорес Поповиќ, Андреј Татарчевски и Gloomié.
Се гледаме во дворот на Кинотека во 22:00 ч.!
За време на фестивалот ќе бидат строго испочитување сите мерки за претпазливост согласно протоколот.

 

Leave a comment