Со изложбата ДЕТСКИ ПОГЛЕД: ИЗБОР НА ПЛАКАТИ ЗА ДЕТСКИ ФИЛМОВИ ОД ЗБИРКАТА ФИЛМСКИ ПЛАКАТИ НА ХРВАТСКИОТ ДРЖАВЕН АРХИВ во Кинотеката на Македонија започна Неделата на хрватскиот детски филм.

Дел од изложбата на плакати за детски филмови

На присутните им се обратија Владимир Ангелов, директор на Кинотеката на Македонија, и Младен Буриќ, в.д. директор на Хрватската кинотека при Хрватскиот државен архив, кој е и куратор на изложбата на плакатите за детски филмови.

Најмладите и нивните родители, а секако и баби и дедовци, имаат уникатна можност да видат дела од еден посебен филмски жанр, кој има(ше) голем авторски и продукциски потенцијал токму во хрватската кинематографија.

Владимир Ангелов, Младен Буриќ и Даниела Баришиќ, амбасадорка на Република Хрватска во Македонија

Leave a comment