Ве инфоримираме дека Кинотеката на Македонија од овој месец е членка на мрежата Europa Cinemas/ Creative – Europe – Media – sub programmeевропска и светска глобална мрежа. 

Поддржана уште од зачетокот од страна на Европската комисија (Креативна Европа / Програма за медиуми) и од Националниот центар за филм на Франција (CNC), Европската мрежа на киноприкажувачи „Europa Cinemas“ е правата мрежа на кина кои се фокусираат на европски филмови. Создадена во 1992 г. од страна на група од триесет киноприкажувачи, за 25 години прерасна во мрежа која обединува повеќе од 1100 кино сали (речиси 3000 филмски платна) во 43 држави.

Главните цели ѝ се да обезбеди оперативна и финансиска поддршка на кината кои се обврзуваат значаен дел од нивните прикажувања да заземаат европски филмови кои не се од национално потекло, како и да реализира активности за младата публика.

Благодарение на Еуроимаж и Министерството за надворешни работи и меѓународен развој на Франција, работата на Европската мрежа на киноприкажувачи „Europa Cinemas“ се протега до земјите во источна Европа, на Балканот, Русија и Турција. Освен тоа, 42 филмски платна (44 филмски платна) во 42 градови во 31 земја во Европа и глобално се исто така поврзани со мрежата на „Europa Cinemas“преку партнерството меѓу истите со Францускиот институт.

Мрежата, која е отворена за соработка со сите видови кино сали, како локални така и мултиплекс кина, се прошири и многу подалеку од Европа, со помош на спроведените програми за поддршка: вчера во Азија и латинска Америка преку програмата Мундус (Mundus), утре во Канада преку програмата Еуроимаж. Така Европската мрежа на киноприкажувачи „Europa Cinemas“ придонесува Европа и нејзината културна разновидност да се споделат низ светот.

„Голема е честа што сме членови на оваа мрежа на европски киноприкажувачи. Сепак, одговорноста е поголема, не само кон здружението на кое станавме член, туку и кон нашата верна публиката која секогаш знае да препознае квалитетни филмови, а тие во голема мера доаѓаат од европската кинематографија кон кој припаѓа и нашата македонска кинематографија. Оваа година Кинотеката бележи рекордна „реколта“. Рекордот е веќе достигнат, а целта од 15000 посетители на кинопретставите во Кинотеката до крајот на 2018 г., кон која стремевме на почетокот на годината, е веќе извесна. За следната година се надеваме на уште подобри резултати и уште побогата филмска програма што ќе ја реализираме и со помош на финансиските средства што ќе се обезбедат преку членството во оваа мрежа“ – вели Владимир Ангелов, в. д. директор на Кинотеката на Македонија.

Leave a comment