Гани Мехметај

 

Косовската кинематографија помеѓу амбициите и финансиските (не)можности

 

Косовската кинематографија во последните десет години се одделува со видливо отворање кон копродукциите и меѓународните соработки, потоа со учество во меѓународните фестивали и напорите да се комуницира со странскиот гледач. Истотака, има како никогаш порано, доста млади кинеасти кои ветуваат во аспект на амбициите и филмското знаење и вештина. Кинематографските проекти се реализираат со најнизок буџет во регионот, затоа урбаните драми кои се наоѓаат помеѓу уметничкиот филм и телевизиската драма не се во мал број, поради фактот што не бараат големи трошоци, се реализираат со мали снимателски екипи и помал број на актери. Видови на филмови (жанр) се од најразличен вид: драма, комедија, психолошки филмови, акциони идр, а филмовите кои чинат најмногу пари се реализирани од постари режисери со поголемо филмско искуство. Средствата кои се делат за кинематографија се најниски во полуостровот. Сите конкуренти на јавниот конкурс земаат по малку, но, никој не е задоволен, затоа што секој од продуцентите ако не изнајде поддршка и од друго место, не успева да покрие ни пола од трошоците за проектот.

Косовската кинематографија е мала кинематографија. Никогаш не се одликувала како голема продукција, а постојано правела напори да излезе од регионална изолација за да комуницира со светот. Некои од овие филмови земале учество во стотина меѓународни фестивали и се вратиле со награди, иако што немаа стимул или посебен буџет за учество на филмовите по меѓународни фестивали, воглавно беа продуцентите и режисерите, или некоја меѓународна поддршка кои ги покриваа трошоците за учество.

Документарниот и анимираниот филм на некој начин се запоставени, тие се видно во помал број од долгометражниот и краткометражниот уметнички филм. Зачудувачки е фактот што и младата генерација се колеба за негување на документарниот и анимираниот филм.

Филмовите воглавно ги финансира државата – Министерството за култура преку Кинематографскиот Центатр со јавен конкурс, а телевизиите не земаат учество ни на симболичен начин во овие финансирања иако имаат малку оригинални уметнички програми.

Посебен проблем во прикажување на филмовите кај домашните гледачите е отсуството на кината, поточно, киносалите кои се стари преку шеесет години. За време на фазата на приватизација, некои од овие кина ја сменија нивната главна активност, а другите претставуваат мешавина на јавен имот без соодветно внимание и без дозвола за работа во хармонија со законите и правилата на пазарот. Агенцијата за приватизација им стои над глава, ниту ги приватизира, ниту им дозволува да работат независно. Од 33 некогашни кина кои прикажуваа редовно филмови и 20 подвижни кина, останати се четири-пет функционални кина, додека другите прикажуваат филмови само по некој посебен и редок повод. Уметничките домашни филмови и копродукциите со државите од регионот или со Запдна Европа ја немаат некогашната гледаност, затоа што голем број од нив, за време на приватизација ја смениле дестинацијата, или пак воопшто не се прикажуваат филмови.

Системот на мултиплекс кината што започна да ја покрие територијата на Косово, е од посебна природа. Во нив не се прикажуваат сите домашни уметнички филмови и не се сите наменети за овој вид на кина. Според законските рамки на пазарот, кај нас, ниту еден филм не ги покрива своите трошоци со прикажувањето по кина. Овој проблем е присутен и кај кинематографиите на целиот Балкански полуостров, но, кај нас е посебно истакнат. Централните телевизии ги прикажуваат домашните филмови со многу колебања, или пак, плаќаат толку незначителна сума која не вреди да се даде дозвола за прикажување, зато што може потоа да наштети на прикажувањето на системот на порталите со наплатување.

Во последните десет години, два пати се вложени напори да се дополни и да се измени Законот за кинематографија (2004), но, различните интереси и несогласувањата помеѓу кинеастите и државните службеници, влијаеле овој закон да не се уреди.

Ќе направиме еден телеграфски приказ на најкарактеристичните филмови од Косовската продукција, кои се издвојуваат со различниот пристап, со нивните теми, потоа со спецификите на урбаниот живот и настојувањето за идентитетот. Филмот ТАТКО (Babai), според сценариото и режијата на Висар Морина (филмското образование го има стекнато во Германија), е меѓу посебните и најуспешните филмови во последните десет години, а се прикажа по меѓународните фестивали но и во германските кино мрежи. Младиот автор, Висар Морина, преку судбината на таткото и синот, ја претставува атмосферата на насилството и крајната сиромаштија во Косово во последната декада од XX век. При обидите да се избега од сиромаштија и полициското насилство, филмските протагонисти не поминуваат добро ниту во Германија како бегалци, напротив, се разочаруваат по неколку перипетии кои ги доживуваат. Филмот ТАТКО (Babai) со наплив на емоции, неочекувани преврати и темната атмосфера, не го оставаат гледачот рамнодушен, а истовремено го поттикнуваат на длабока контемплација и по излегување од кино сала. Протагонистите Нори, (интерпретација на младиот Вал Малоку), Гзим (таткото на Астрит Кабаши), поминуваат во разни перипетии и трауми. ТАТКО (Babai) носи атмосфера на италијански неореализам, атмосфера која на гледачот му го дава чувството на тага, реализирано е со големо мајсторство и инвентивност. Филмот е копродукција со „НикоФилм“ (Германија), продукција „Круша“ (Косовос), „Скопје Филм Студио“ (Македонија) и “EauxVivesProductions” (Франција). Има добиено четири награди на големиот  фестивалот “FilmfestMunchen”, а на „KarlovyVary“ е лауреат со наградата за најдобра режија „EuropaCinemasLabel“, која се доделува од „EuropaCinemasNetwork“.

ГРАНИЧНИ МАГАРИЊА (Gomarët e kufirit), според сценарио на Јетон Незирај и режија на Јетон Ахметај, е драма која ги претставува судбините на жителите на едно гранично село. Настанот се случува во последните шестдесети години од минатиот век. Селани, воени лица, полицајци и љубопитни лица се вртат во еден затворен круг, меќу нив се наоѓа и еден учител идеалист, кој подоцна се побунува. Во овој филм има трагикомични ситуации, црн хумор, но и политичка. Интепретираат Шкумбин Истрефи, Флорентина Адеми, Хисен Бинаку, Луан Дака, Хазир Хазири.

Филмот ХЕРОЈОТ (Heroi) на Луан Криезиу, автор на сценариотот и режијата, со актерите: Арбен Бајрактарај, Адриана Морина, Чун Лајчи, Салахудин Билали, Енвер Петровци, Џеми Агај идр. Претставува поинаков филм од другите филмови кои зборуваат за последната војната. Во него се третира судбината на борецот, социјалната состојба и разочарувањето, затоа што никој не го разбира и не се труди да му помогне кога тој има потреба од општеството. На место благодарност, него го чека игнорирање и омаловажување. Филмот е добро прифатен од јавноста со топлиот пристап што го има кон ликовите и со напорите да се акцентира корумпираното општество и горчливата реалност.

Искусниот режисер Агим Сопи, автор на филмовите: ЧОВЕКОТ ОД ЗЕМЈА, ЦУТОВИ НА ЛУБОВТА, КУЛА, ОТАДДЕ СМРТТА, ЕСЕНТА НА ТРЕНДАФИЛИТЕ, АНАТЕМА идр, во филмот АГНУСДЕИ (Agnusdei) ја третира темата за последната војна од призмата на колективната драма и индивидуалните судбини. Следејќи ги перипетиите на двајца млади кои војната ги зближува, но различната етничка припадност ги прави непријатели, режисерот потоа ги преплетува нивните судбини вадејќи го инцестот како лајтмотив. Преку инцестото се гради нивната двојна трагедија. АГНУСДЕИ е најприкажаниот филм на Косово по меѓународните фестивали и има добиено најмногу награди. Интепретираа: Астрит Алихајдарај, Дафина Бериша, Жаклина Остир, Енвер Петровци, Чун Лајчи, Бајруш Мјаку.

ТРИ ПРОЗОРИ И ЕДНA ЗАКАЧАЛКА (Tri dritare dhe një varje), во режија на Иса Ќосја, кој е автор и на филмовите ПРОКА, ЧУВАРИ НА ОБЛАЦИ, КУКУМ, по сценарио на Зимбер Келменди, директор на фотографија, Гокхан Тирјаки, кој воедно е камераман на познатиот турски режисер Цејлан, за разлика од многу наши воени филмови, тука малку се прави осврт на војната, а се фокусира на последиците. ТРИ ПРОЗОРИ И ЕДНA ЗАКАЧАЛКА го отсликува сиромашното и напуштеното село, каде молкот и напорите за да се сокрие минатото претставува вистински кошмар за сите. Во моментот кога се открива вистината за силуваните жени, откако една од нив ќе даде интервју на еден странски новинар, започнува хистеријата до степен на линчување поради откривање на оваа табу тема. ТРИ ПРОЗОРИ… (Tri dritare…) го застапувал Косово во конкуренцијата за „Оскар“. Главните актери се: Ирена Цахани (Луше), Луан Јаха (Ука), Донат Чосја (Сокол).

 

Генерација на младите кинеастки

Лендита Зеќири, Арзана Краја и Бербуче Бериша, се новите четири имиња на Косовските албански режисерки. Некои од нив, направија успех со првите краткометражни филмови и надвор од земјата, таа е авторката Лендита Зечиќири со филмот БАЛКОН (Ballkoni) и ОГРАДА (Gardhi), кои претставуваат еден нов пристап и имаат добиено награди по меѓународни фестивали. Со другиот филм кој носи наслов АГА (Aga), драма за жените кои биле злоставувани и силувани, Зеќири ја отсликува трагикомичната состојба на оваа социјална категорија. Има многу диалози, брзи движења на камерата која ги портретизира карактерите и околината на живеење, потоа нивните судбини, но и покрај се, наоѓаат сила да се потсмеваат, да раскажуваат случкувања, да изградат нов живот. Филмот има интересен пристап и разгранување на драматуршката нарација, а пред се, мајсторска портретизација на ликовите.

Сестрата на Блерта Зеќири во филмот БРАК (Martesa) каде воедно е и сценарист заедно со Крешник Бериша, не само што донесе посебна тема и атмосфера, но и и ги отвори некои традиционални табуа, што на филмот му придаде посебна атракција. Режијата е динамична, а карактерите добро реализирани и портретизирани. Преку урбаната средина, кафеаните, музиката, неконвенционалната свадба, се претставува не само менталитетот, но и фрустрациите, траумите,  конфликтот со средината, а сите се фрустрирани, кој во поголема, а кој во помала мера. БРАК (Martesa) се разликува многу од другите Косовски филмови. Во него интерпретираат: Албан Укај, Адрина Матоши, Генц Салиху. Беким, Анита и Ноли се ликовите кои креираат еден чудесен триаголник: таа е вљубена во Беким, Беким ја сака Ноли, а Ноли повторно го сака Беким. Албан Ука во овој филм се одликува со динамична и експресивна интерпретација. Адриана Матоши претставува посебно име во Косовскиот филм, а посебно со начинот на интерпретирање, шармантна, пријатна и привлечна за екранот.

Арзана Краја е режисерка и сценаристка во филмот ПОЛЕ НА СКОЛОВРАНЦИТЕ (Fusha e mëllenjave), е драматуршка нарација за судбината на поранешните затвореници кои не наоѓаат мир, значи третира тема која не е присутна во кинематографијата. Сула, поранешен затвореник, по дваесет години се враќа во татковината за да ги поврати загубените нитки на неговиот некогашен животот. Лондон е градот кој нему му го враќа минатото, станува кошмар и тортура, затоа се враќа таму каде го започна животот, но духовно скршен.

Филмот ЕДНА ПРИШТИНСКА ПРИКАЗНА (Një tregim Prishtine) во режија на Бурбуче Бериша и сценарио на Гетоар Муличи Бојај, може да се нарече и филм-приказна за Косово по војната, каде сиромаштијата, разочарувањето, организираниот криминал и корупцијата се над вредностите на општеството. Социјалната драма е на прв план, но корупцијата и криминалот се лајтмотив во овој филм, исто така излегуваат на виделина и убиствата на организираниот криминал. Главните улоги ги интерпретираат Теута Красничи, Донат Чосја, Луран Ахмети, Артиола Хамдијај.

Урбаните драми, осаменоста.

НЕМИРНО НЕБО (Qiell i trazuar) во режија на Антон Ндреца, Јехон Горани, Арта Мучај, Имер Кутловци идр., има интересен пристап во урбана средина. Едно модерно семејство нема егзистенцијални проблеми, но е опфатено од болеста на денешнината, компликуваните меѓучовечки односи. Таткото боледува од депресија и немањето смисла за живеење од премногу филозофски анализи, синот станува наркоман затоа што се чувствува отфрлен, а ќерката станува лезбијка, затоа што на тој начин се чувствува подобро, а мајката е таа која се труди да ги поврзе раскинатите семејни односи, но и мајката истовремено е разболена од модерната болест, амбицијата за кариера.

Филмот НЕПОСАКУВАНИ (T’padashtun) во режија и сценарио на Едон Ризваноли, со актерите Адриана Матоши. Јасон де Ридер, Ники Веркар, се одвива претечно во Запад, каде што живеат мајката со синот, бегалци од Косово. Причините за бегство се откриваат покасно и се многу драматични. Осаменоста и напуштеноста ги доживува синот, кој поминува во фаза на адолесценција. Осаменоста во урбаната средина е главната тема на овој филм. Момчето од Косово со големи тешкотии се адаптира во Амстердам, бегалец кој бега за да избегне друга драма, крие едно болно минато…

За филмот ШОК (Shok) во режија на Џејм Доног „JamieDonoughue“ се напиша и се збореше многу. Филмот кој е во британска-косовска копродукција, се базира во вистински настани од 1998 година, овој беше првиот Косовски филм кој кандидираше за награда Оскар. Претставува најдобар трогателен филм за војната од 1998-99 година во Косово. Филмот е драматичен, директен, остар, емотивен, со брзи кадри и добро поврзани меѓусебно, со ритам кој те држи цело време напнат. ШОК е филм кој го баравме долго време и со право беше во тесен круг за наградата Оскар, но за жал не победи.

Ако го погледнете филмот КОЛОНА (Kolona) ве обвива едно чувство на совест како да сте протагонист, или тој што треба да одлучи за живот или смрт на двајца адолесценти, а не полицајците кои ги убиваат нив.

 

Легенда:  Слики од филмот ТАТКО (Babai) во режија на Висар Круша

БРАК (Martesa), i regjisores së re Blerta Zeqiri

ШОК (Shok) на Џејм Доног „Jamie Donoughue“ во тесен круг за наградата           Оскар.

Авторот на текстот е  директор на Косова филм (Kosovafilm) сценарист и професор на Факултетот за Медиумски Уметности во Приштина.

 

Превод и адаптација: Арсим Љесковица

Leave a comment