Комисијата за избор на македонски кандидат за наградата “Оскар за најдобар
долгометражен интернационален филм” при Друштвото на филмските работници на Македонија во состав: Дејан Димески – кинематографер и претседател на Комисијата, Роберт Јанкуловски – фотограф и кинематографер, Петар Богоевски – дизајнер на светло, Несрин Таир – актерка, Снежана Поњевиќ – Муча – сценографка, Александар Пејовски – композитор и Дритон Вејсели – актер, прифатена и одобрена од Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука, донесе одлука филмот „Сестри“ во режија на Дина Дума, да биде национален кандидат на Република Северна Македонија за оваа награда за 2022 година.

Дина Дума

Во конкуренција за кандидатурата беше и филмот „Исчезнатиот“ во режија на Арбен
Тачи.

Американската Академија за подвижни слики, уметност и наука објави дека 94-та церемонија за доделување на Оскарите ќе се одржи во недела, 27 март 2022 година, во Лос Анџелес.