На 29 октомври (вторник) во 20 ч. ќе стартува тринаесетото издание на „Недела на јапонски филм“ во Кинотеката на Северна Македонија.

Амбасадорката Кеико Ханеда ќе ја отвори „Неделата на јапонски филм“ во Кинотека на Северна Македонија.

Селекцијата на четирите играни и анимирани филмови од сите жанрови е за сите возрасти. 

 

29.10. [Вторник]

20 ч. „Гласот на учителот“

30.10. [Среда]

20 ч. „Ошин“

31.10. [Четврток]

20 ч. „Рудолф црниот мачор“

 

01.11. [Петок]

20 ч.  „Самурај мачка”

„Недела на јапонски филм“ ќе се одржи и во Битола, во Центарот за култура, во следниве термини:  

05.11. [Вторник]

20 ч. „Гласот на учителот“

22 ч. „Ошин“

 

18 ч. „Рудолф црниот мачор“

20 ч. „Самурај мачка”

 

Содржините на јапонските филмови можете да ги најдете тука: Japan Film Week Info 2019.

Влезот е слободен, но местата се ограничени. Резервации можат да се направат на билетарите од понеделник до петок, на тел. 02 3065 968.

Leave a comment