На 5 мај (четврток), со почеток во 15:00 ., во Кинотеката ќе се одржи премиера на филмот АТЛАС (Atlas). 

Психолошката драма АТЛАС од 2021 г., во времетраење од 90 минути, е во продукција на Швајцарија, Белгија и Италија, во режија на Николо Кастели (Niccolò Castelli).

Сторијата на АТЛАС говори за Алегра, млада жена полна со живот и со страст за искачување на високи планини. Таа решава да отпатува во Мароко за да го искачи врвот на планината Атлас, но нејзиното патување ненадејно завршува кога ќе експлодира бомба во кафуле и нејзините тројца пријатели ќе загинат во нападот. Не можејќи да ја надмине траумата неколку месеци подоцна, таа се враќа во својот град. Таму ќе го запознае Арад, млад муслимански бегалец, кој ќе ѝ помогне да се соочи со реалноста, нејзините стравови и да ги залечи длабоките внатрешни рани…

Улогите ги толкуваат Матилда Де Анџелис, Хелми Дриди, Анџело Бизон (Matilda De Angelis, Helmi Dridi, Angelo Bison).