НЕДЕЛА НА ПОЛСКИ ФИЛМ: СВЕТОТ НА КШИШТОФ КЈЕШЛОВСКИ

1 ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА), 20:00 Ч. 

КИНОАМАТЕР

(Amator / Camera Buff)

Игран филм, Полска

1979, 112 мин., колор, ДЦП

Режија: Кшиштоф Кјешловски (Krzysztof Kieślowski)

Сценарио: Кшиштоф Кјешловски (Krzysztof Kieślowski)

Улоги: Јежи Штур, Малгоржата Забковска, Стефан Чизевски, Ева Покас (Jerzy Stuhr, Malgorzata Zabkowska, Stefan Czyzewski, Ewa Pokas)

 

Во провинцискиот град Вјелице кон крајот на 70-те години од минатиот век, фабричкиот работник Филип Мош добива ќерка и тој настан го обележува со купување на 8 мм филмска камера. Со неа започнува да го снима растењето на ќерката. Филип бил сирак и сега верува дека му се исполнил сонот кој го сонувал во сиропиталиштето, да има среќно семејство со сопругата Ирма.

Но, снимајќи го секојдневието наоколу, Филип ќе почне со поинакви очи да ја гледа реалноста околу себе. Дополнителните проблеми настануваат кога локалниот шеф на комунистичката партија ќе побара од него да ја сними прославата на јубилејот на локалната фабрика. Фасцинацијата од можностите на филмската камера го менува животот на Филип, но неговите шефови грубо ќе интервенираат во краткиот филм што тој го снима за фабриката.

Кјешловски со КИНОАМАТЕР го привлекол вниманието на меѓународната филмска критика и филмот е награден на фестивалите во Москва (ФИПРЕСЦИ и Златна награда), Берлин и Чикаго. Во овој филм Кјешловски на извонреден начин го спојува документаризмот со фикцијата и им дава ефектна посвета на филмските сниматели. КИНОАМАТЕР  е дело што на интелигентен начин се занимава со темата за цензурата во тогашна комунистичка Полска, како и со мотивот на политичката репресија на државата врз индивидуата со поинакви ставови и коментари.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

2 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

3 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

24 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

МИРАИ

(Mirai no Mirai / Mirai)

Анимиран филм, Јапонија

2018, 98 мин., колор, ДЦП

Режија: Мамору Хосода (Mamoru Hosoda)

Сценарио: Мамору Хосода (Mamoru Hosoda)

Гласовни улоги: Ребека Хол, Даниел Дае Ким, Џон Чо (Rebecca Hall, Daniel Dae Kim, John Cho)

 

Филмот го следи четиригодишниот Кун, кој се обидува да се справи со пристигнувањето на новиот член во семејството, сестричката Мираи. Мистериозната градина во нивниот двор станува порта, која му овозможува на момчето да патува назад во времето каде што ќе се сретне со својата мајка како мало девојче и неговиот прадедо како млад човек.

Овие фантастични авантури ќе му помогнат на момчето да го смени мислењето и да стане големиот брат кој неговата сестра го заслужува.

МИРАИ освои по една номинација за Оскар и за Златен глобус, во категоријата за најдобар анимиран филм, а забележа учество и награди на дваесетина филмски фестивали во светот: Остин, Хјустон, Флорида, Џорџија, Феникс, Сиетл, Лос Анџелес, Сан Франциско, Вашингтон (САД), Монтреал (Канада), Ваљадолид (Шпанија)…

 

Возрасна категорија: за сите возрасти 

Влезница: 100 денари

 

 

НЕДЕЛА НА ПОЛСКИ ФИЛМ: СВЕТОТ НА КШИШТОФ КЈЕШЛОВСКИ

2 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

СЛУЧАЈНОСТ

(Przypadek / Blind chance)

Игран филм, Полска

1987, 114 мин., колор, ДЦП

Режија: Кшиштоф Кјешловски (Krzysztof Kieślowski)

Сценарио: Кшиштоф Кјешловски (Krzysztof Kieślowski)

Улоги: Богуслав Линда, Тадеуш Ломницки, Збигњев Запасиевич, Богуслава Павелец, Марзена Трибала  (Boguslaw Linda, Tadeusz Lomnicki, Zbigniew Zapasiewicz, Boguslawa Pawelec, Marzena Trybala)

 

Младиот Витек на железничката станица во Лоѓ се обидува да се качи на возот за Варшава. Витек трча по возот кој само што тргнал од перонот, и во зависност од тоа дали ќе се качи во него и кого ќе сретне во вагонот, ќе доживее три различни судбини.

Во првиот случај ќе се качи во возот и ќе го запознае стариот сталинист и ќе ја сретне бившата девојка којашто сега е припадничка на илегалното антикомунистичко движење. Во вториот случај Витек ќе задоцни за возот, ќе го удри стражарот и ќе биде уапсен и осуден на еден месец затвор, по што ќе му се придружи на илегалното студентско движење и ќе започне љубовна врска со сестрата на стариот пријател од детството. Во третиот случај ќе задоцни за возот и ќе се врати на факултетот, а потоа ќе се ожени со Олга и ќе стане успешен лекар.

Оваа слоевита и интригантна омнибус драма е снимена во 1982 година, но заради цензурата премиерата ја доживеала пет години подоцна, со две награди на Полскиот филмски фестивал. Кјешловски во СЛУЧАЈНОСТ се манифестира како голем католички моралист, сензибилен уметник и општествен хроничар кои критичките опсервации ги пренесува низ фикцијата. Авторот ја тематизира неслободата на индивидуата и нејзината неможност да живее независно од политиката. На симболично ниво, критичарите во неговото дело ги препознале трите можни иднини кои стоеле пред Полска за време на снимањето на филмот.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

3 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

ХАКЕР

(Hacker)

Игран филм, Данска

2019, 97 мин., колор, ДЦП

Режија: Пол Берг (Poul Berg)

Сценарио: Пол Берг, Руне Кале Бјерко (Poul Berg, Rune Kalle Bjerkø)

Улоги: Есбен Далгард Андерсен, Јанус Набил Бакрави, Алфред Бјере Ларсен (Esben Dalgaard Andersen, Janus Nabil Bakrawi, Alfred Bjerre Larsen)

 

Филмот ја раскажува приказната за тринаесетгодишниот талентиран хакер Бенјамин, кој открива дека мајка му не починала во сообраќајна несреќа пред неколку години, како што му било кажано.

Трагата што ја открива посочува кон високи службеници во данската тајна служба, па Бенјамин заедно со неговата нова другарка Савана тргнува на грозничава потрага за да ја дознае вистината за исчезнувањето на неговата мајка…

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

4 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА), 18:00 ч.

10 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

19 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

24 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

ГЛАС

(Glas / Voice)

Игран филм, Хрватска / Македонија / Србија

2019, 80 мин., колор, ДЦП

Режија: Огњен Свиличиќ (Ognjen Sviličić)

Сценарио: Огњен Свиличиќ, Маријана Верхоеф (Ognjen Sviličić, Marijana Verhoef)

Улоги: Франко Јаковчевиќ, Белма Кошутиќ, Карла Брбиќ, Барбара Вицковиќ, Игор Ковач, Горан Богдан, Стипе Радоја, Јосип Лукиќ (Franko Jakovčević, Belma Košutić, Karla Brbić, Barbara Vicković, Igor Kovač, Goran Bogdan, Stipe Radoja, Josip Lukić)

 

Приказната на филмот ГЛАС – чиј работен наслов бил БОГ ВО КОНДУРА – говори за пораснувањето, за индивидуалната верба и за надежта. Главниот јунак е Горан (Јаковчевиќ), кој нема семејство и е оставен во домот за деца под патронство на Католичката црква.

Горан одбива да му се моли на Бога бидејќи е бесен на целиот свет. Колку повеќе го присилуваат на молитва и да ги почитува строгите правила на домот, толку повеќе тој  станува побунтовен, дури и кога сите ќе се свртат против него. Во целиот тој негов отпор кон околината и низата настани кои ќе му се случат, Горан сфаќа дека сепак постои нешто, некоја сила надвор од физичкото битие, што нè поврзува сите нас…

ГЛАС имаше премиера на филмскиот фестивал во Бусан (Busan International Film FestivalBIF, Јужна Кореја), а потоа учествуваше  и на фестивалите во Варшава, Котбус, скопскиот Синедејс… Свиличиќ е режисер познат по претходните остварувања, меѓу кои и АРМИН и ТАКВИ СЕ ПРАВИЛАТА.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

4 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА), 20:00 ч.

ДРУГИ ДЕВОЈКИ

(Toiset tytöt / Other Girls)

Игран филм, Финска

2015, 90 мин., колор, ДЦП

Режија: Еса Или (Esa Illi)

Сценарио: Еса Или, Каролина Пулкинен (Esa Illi, Karoliina Pulkkinen)

Улоги: Ида Вакури, Бахар Токат, Миса Ломи, Сара Сулие (Ida Vakkuri, Bahar Tokat, Misa Lommi, Sara Soulié)

 

Четири 18-годишни девојки, Џесика, Џени, Тару и Аино, влегуваат во светот на возрасните губејќи ја својата невиност, а на моменти и нивната вера…

Филмот се базира на приказната на четири 18-годишни девојки од Хелсинки кои снимале провокативни видео записи за нивните животи во текот на една година, 2011.

ДРУГИ ДЕВОЈКИ забележа 4 номинации на националниот фински филмски фестивал, како и учество на фестивалот во Сиетл (САД).

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

5 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.

ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ ЗА ПЛАНИНСКО ТРЧАЊЕ „ЛУЃЕ КАКО НАС 2019”

Фестивалот се одржува во организација на Здружение „Трекс” – Скопје, со поддршка од ЕХО – Фестивал на планински филм и Кинотеката на Северна Македонија.

„Луѓе како нас“ е еднодневен филмски фестивал кој се одржува од 2014 година и на неговата неколкучасовна програма се прикажуваат филмови на тема трчање. Низ текот на овие години фестивалот имаше и бројни презентери од Македонија и околината и низ годините се труди да мотивира и инспирира што поголем аудиториум.

Годинава на програмата ќе бидат филмовите за трките СПАРТАТЛОН, ТОР ДЕ ЏАЈАНТС, ВИА ДИНАРИКА и други кратки филмови.

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: бесплатен влез

 

 

6 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК), 17:00 ч.

МОБИЛ ФИЛМ ФЕСТИВАЛ

Десетто фестивалско издание на Мобил фестивал

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

 

ФРАНЦУСКИ КИНО КЛУБ

6 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК), 20:00 ч.

ГОЛЕМИТЕ УМОВИ

(Les grands esprits / Great Minds)

Игран филм, Франција

2017, 106 мин., колор, ДЦП

Режија: Оливие Ајаш-Видал  (Olivier Ayache-Vidal)

Сценарио: Оливие Ајаш-Видал, Лудовик ду Клари  (Olivier Ayache-Vidal, Ludovic du Clary)

Улоги: Дени Подалидес, Леа Дрикер, Абдолај Диало, Полин Иригвен (Denis Podalydès, Léa Drucker, Abdoulaye Diallo, Pauline Huruguen)

 

Франсоа Фуко е четириесетгодишен професор по книжевност во париската гимназија Анри IV. Еден специфичен след на настани го принудуваат да прифати промена на работното место во училиште на перифиријата на градот со проблематични деца. Промената го плаши, и тоа со причина…

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 50 денари 

 

7 ДЕКЕМВРИ (САБОТА), 18:00 ч.

14 ДЕКЕМВРИ (САБОТА), 18:00 ч.

16 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

23 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

24 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК), 16:00 ч.

ВРАЌАЊЕ ВО ЗОМБИЛЕНД

(Zombieland: Double Tap)

Игран филм, САД

2019, 99 мин., колор, ДЦП

Режија: Рубен Флејшер (Ruben Fleischer)

Сценарио: Пол Верник, Рет Рис (Paul Wernick, Rhett Reese)

Улоги: Вуди Харелсон, Џес Ајзенберг, Абигејл Бреслин, Ема Стоун, Зоеј Дојч (Woody Harrelson, Jesse Eisenberg, Abigail Breslin, Emma Stone, Zoey Deutch)

 

Десет години по првиот дел кој стана култ и инстантен хит, главната актерска екипа составена од Вуди Харелсон, Џеси Ајзенберг, Ема Стоун и Абигејл Бреслин, повторно се здружува со режисерот Рубен Флејшер (Веном) и сценаристите Рет Рис и Пол Верник (Дедпул) во ВРАЌАЊЕ ВО ЗОМБИЛЕНД.

Во ова продолжение кое се протега од хумористичниот хаос во Белата куќа преку внатрешноста на Америка, овие четири убијци ќе се соочат со нови видови на зомбиња кои еволвирале од првиот дел, но и со некои нови луѓе кои преживуваат исто како нив. Најважното од сè, мора да се соочат со главоболката која ја предизвикува нивното саркастично, новооформено семејство.

ВРАЌАЊЕ ВО ЗОМБИЛЕНД имаше буџет од 42 милиони американски долари, а досега на светските киноблагајни заработи над 110 милиони американски долари.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

 

 

7 ДЕКЕМВРИ (САБОТА), 20:00 ч.

9 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

11 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА), 20:00 ч.

12 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.

13 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК), 20:00 ч.

МЕДЕНА ЗЕМЈА

(Honeyland)

Документарен филм, С. Македонија

2019, 90 мин., колор, ДЦП

Режија: Тамара Kотевска, Љубомир Стефанов (Tamara Kotevska, Ljubomir Stefanov)

Улоги: Атиџе Муратова, Назифе Муратова, Хусеин Сам (Hatidze Muratova, Nazife Muratova, Hussein Sam)

 

Атиџе, последната одгледувачка на диви пчели во Европа, се соочува со опасност кога во околината облагородена со природен баланс ќе се насели многучлено семејство кое ќе се обиде да ѝ ја преземе трговијата со мед.

Низ супериорна визуелна нарација и маестрална монтажа, филмот за „медената земја“ нѐ опоменува дека сите наши постапки си имаат последици по човештвото во иднина. По подолго време – конечно – фантастичен филмски продукт од ова поднебје, кое како трајна вредност го препознава целиот свет.

Фестивали и награди: Sundance Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм, кинематографери и награда „Impact and change“; DocsBarcelona 2019 – Најдобар документарен филм; DocAviv Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм; Montclair Film Festival 2019 – Најдобар документарен филм…

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

9 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

10 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК), 18.00 ч.

16 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 16:00 ч.

23 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 16:00 ч.

И ПОКРАЈ МАГЛАТА

(Nonostante la nebbia / DESPITE THE FOG)

Игран филм, Италија / Србија / Македонија / Франција

2019, 90 мин., колор, ДЦП

Режија: Горан Паскаљевиќ (Goran Paskaljević)

Сценарио: Горан Паскаљевиќ, Марко Алеси, Филип Давид (Goran Paskaljević, Marco Alessi, Filip David)

Улоги: Донатела Финокјаро, Џорџо Тирабаси, Али Муса Сархан, Франческо Аквароли (Donatella Finocchiaro, Giorgio Tirabassi, Ali Mousa Sarhan, Francesco Acquaroli)

 

Меѓународната копродукција И ПОКРАЈ МАГЛАТА е прв филм на плодниот српски режисер Горан Паскаљевиќ снимен во Италија.

Една дождлива вечер, Паоло, сопственик на ресторан во мало гратче во близина на Рим, се враќа дома од работа. По пат среќава дете стуткано на студот на автобуска станица и решава да го земе дома. Детето се вика Мохамед и е бегалец, напуштено дете, кое ги загубило родителите за време на патувањето до Италија на гумен чамец. Присуството на детето ја вознемирува неговата сопруга Викторија, која на почетокот е несигурна и се колеба, но сепак се согласува детето да преноќи кај нив. По некое време, се премислува и решава да го задржи Мохамед и покрај мислењето на сите останати…

Музиката во филмот е на Влатко Стефановски. Филмот имаше премиера на филмскиот фестивал во Ваљадолид, Шпанија.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

12 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

13 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК), 18:00 ч.

КЕИФ (МАКЕДОНСКА ЧАЛГИСКА ТРАДИЦИЈА) 

(Keif – Macedonian chalgia tradition)

 

Документарен филм, Македонија

2019, 94 мин., колор, ДЦП

Режија: Блаже Дулев

Сценарио: Ристо Солунчев

Учесници: Боривоје Џимревски, Душко Димитровски, Симон Шахин, Кудси Ерѓунер, Омар Фарук Текбилек, Ѓунај Челик, Тасо Велешка Чалгија, Димо Дулот, Вефки Амедов, Раим Баки, Џенгис Ибраим…

 

Македонската чалгија е вкоренета во музичкиот код на многу генерации. Оваа музика претставува основа и структура за многу современи музички форми и исто така претставува карактеристичен феномен што го спојува фолклорот со наследството на музичката традиција на Истанбул, т.е. со византиската црковна музика и со класичната отоманска во еднo, кореспондирајќи со осмогласието и макамскиот систем.

Филмот ги следи историјата и почетоците на чалгијата од Цариград (Истанбул) до Македонија во текот на еден век. Ја следи историјата на старите македонски музички групи (тајфи) основани во Скопје, Охрид, Велес, Кавадарци, Битола, но исто така и на турската класична музика, преку академски професори од Турција. Во филмот се користат стари архивски снимки од изведбите на бардовите на овој вид музика, што носи на површина важен сегмент од македонските музички традиции за идните генерации.

Филмот го следи развојот на чалгијата во Македонија, западните влијанија, резултатите од оваа синтеза и, секако, нејзиното појавување во денешниот контекст, преку интервјуа со македонски музичари, но и светски познати уметници како Кудси Ерѓунер, Омар Фарук Текбилек, Ѓунај Челик, Симон Шахин итн.

 

Возрасна категорија: за сите возрасти

Влезница: бесплатен влез

 

 

 

16 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

17 ДЕКЕМВРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

ТУСТА

(Tusta)

Документарен филм, Хрватска

2019, 109 мин., колор, ДЦП

Режија: Андреј Коровљев (Andrej Korovljev)

Сценарио: Андреј Коровљев (Andrej Korovljev)

 

Биографски документарец за фронтменот на ексјугословенската панк-рок сцена Бранко Чрнац-Туста, и неговиот бенд КУД Идиоти од Пула, Хрватска. За Туста се вели дека е човек што ја надминал музиката и станал симбол на слободното мислење и здравиот разум.

Заради неговиот бескромпромисен антифашистички став и борбата за правата на угнетените и обесправените, Туста и покрај предубедувањата за рокерите и панкерите, е вистински херој на работничката класа. Неговите пораки за меѓуетничка толеранција, соживот и социјална правда во 1990-те години беа сметани како „комунистички“ ставови, и заради нив песните на КУД Идиоти немале пристап во поголемиот дел од радиостаниците во Хрватска.

И покрај ваквата ригидна цензура, Туста и КУД Идиоти не отстапија од вредностите за кои се залагаа и беа првиот хрватски бенд што одржал концерт во Србија по војните во екс-Југославија.

Низ филмот за Туста ја откриваме неговата интимна, човечка димензија заради која е сметан како панк-рок икона. Низ архивските материјали и разговорите со гитаристот на бендот Саша Миловановиќ-Веруда, басистот Ненад Марјановиќ-Фриц, тапанарот Диего Босуска-Птица, како и со современиците Борис Фурлан (издавачот на првите албуми на КУД Идиоти), музичките критичари Петар Јанатовиќ и Драган Кремер, музичарите Зоран Предин, Дамир Урбан и Сејо Сексон… филмот го прикажува неочкуваниот пробој и метеорски успех на бендот.

Последниот дел од документарецот се фокусира на прераната смрт на Туста низ сведочењата  на членовите на семејството и пријателите. Туста беше нарекуван „Џо Страмер и Че Гевара на балканскиот панк-рок“ и човек кој навистина го дишел и живеел панкот. Неговите пријатели се убедени дека тој и сега е истиот борец што со високо дигнати раце ја пее химничната „Бандера роса“.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

18 ДЕКЕМВРИ (СРЕДА), 20:00 ч.

СПЕЦИЈАЛНА ПРОЕКЦИЈА НА „ПРЕД ДОЖДОТ“  ПО ПОВОД 25 ГОДИНИ ОД ПРЕМИЕРНОТО ПРИКАЖУВАЊЕ

ПРЕД ДОЖДОТ

(Before the rain)

Игран филм, Македонија / В. Британија / Франција

1994, 119 мин., колор, 35 мм

Режија: Милчо Манчевски

Сценарио: Милчо Манчевски

Улоги: Раде Шербеџија, Грегоар Колин, Јосиф Јосифовски, Кетрин Кертлиџ, Кирил Ристоски, Лабина Митевска

 

„Пред дождот“ во својата филмска нарација содржи три целини поврзани меѓу себе, насловени како „Зборови“, „Лица“ и „Слики“. Дејството во „Зборови“ се случува во древниот машки манастир некаде во Македонија. Младиот монах Кирил, заветуван на молчење, во својата таванска ќелија ја наоѓа Замира, Албанка, девојка која повеќе наликува на дете. Тој не разбира албански, но нема дилема дека таа тука бара засолниште од некакво зло. Го премолчува нејзиното присусутво во манастирот дури и тогаш кога вооружените селани ја бараат за да и судат за убиството на еден соселанец… Казната за монахот е заминување од манастирот. Под закрилата на ноќта, минувајќи покрај пијаната селска стража, Кирил и Замира ја напуштаат сигурноста на манастирските ѕидини. Нејзиниот дедо со строгост на племенски старешина ја враќа во реалноста. Таа се обидува да објасни дека Кирил и помогнал, дека ја спасил и дека ја сака. Дедото со својот неумолив авторитет го брка Кирил. Тој колебливо тргнува. Крикот на Замира по него го враќа. Таа трча кон него. Нејзиниот брат пука. Кирил е покрај Замира, гледајќи во него таа умира.

„Лицата“ се случуваат во еден наполно поинаков свет, динамичен, современ, урбан Лондон. Во светски познатата фотографска агенција работи лауреатот на Пулицеровата награда, Македонецот Александар Кирков, тукушто вратен од боиштето во Босна каде што фотографирал убиство, чин кој според него го прави соучесник во трагичниот настан, Александар одлучува да се врати во Македонија. Меѓу него и Ен, младата жена која работи во истата агенција се случува страсна љубовна приказна. Александар ја повикува да замине со него. Додека Ен се бори со својата дилема дали да ја остави извесноста во која живее и да замине со Александар во непредвидлива иднина, во кафеаната каде што разговара со сопругот се случува инцидент со трагични последици. Во пресметката меѓу балканските емигранти, меѓу другите загинати е и нејзиниот сопруг…

„Сликите“ се случува во Македонија. Александар се враќа дома, во родниот крај, барајќи засолниште во долго сонуваниот мир на својот роден крај и не помислувајќи дека тука се води една поинаква, но не помалку беспоштедна војна. Вооружени луѓе се сретнуваат насекаде, стравот се вгнездил во душите. Роднините на Александар го примаат со радост, но и со чудење. Неговата родна куќа е руинирана. Искрен во намерите и чесен во постапките кон луѓето, Александар ги посетува пријателите во соседното албанско село, сака да ја види некогашната соученичка Хана, кон која во момчешките години негувал нежни чувства. Таа сега е вдовица и мајка на две деца, син и ќерката Замира. Сè уште неадаптиран кон атмосферата што натежнала врз луѓето, Александар се ангажира во спасувањето на Замира која е затворена во бачилото под обвинение за убиство на еден негов роднина. Тој, без страв од вооружените соселани, ја изнесува девојката од бачилото…

Меѓу триесетината награди и признанија што ги доби „Пред дождот“ се и „Златниот лав“ во Венеција и номинацијата за Оскар.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

ФИЛМ ПО ИЗБОР НА ГЕТЕ ИНСТИТУТ

19 ДЕКЕМВРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

ФЕНИКС

(Phoenix)

Игран филм, Германија

2014, 98 мин., колор, 35 мм

Режија: Кристијан Пецолд (Christian Petzold)

Сценарио: Кристијан Пецолд, Хуберт Монтајлхет (Christian Petzold, Hubert Monteilhet)

Улоги: Нина Хос, Роналд Церфелд, Нина Кунцендорф (Nina Hoss, Ronald Zehrfeld, Nina Kunzendorf)

 

За Нели (Нина Хос) сите мислат дека е мртва, а таа сепак го преживеа концентрациониот логор Аушвиц. Има тешки повреди и лицето ѝ е уништено. По операцијата само оддалеку наликува на жената што претходно била.

Сега сака да му се врати на својот стар живот, животот со сопругот Џони (Роналд Церфелд), нејзината голема љубов. Ќе го сретне повторно во бар, каде што работи. Тој, сепак, не ја препознава и многу повеќе мисли дека е личност која случајно личи на сопругата за која верува дека е мртва. Можно е Џони да ја издал Нели на нацистите, кој сега смислува храбар план: наводната двојничка треба да ја глуми неговата жена, за да дојде до нејзиното наследство…

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

20 ДЕКЕМВРИ (ПЕТОК), 12:00 ч. ДО 22:00 ч.

21 ДЕКЕМВРИ (САБОТА), 12:00 ч. ДО 22:00 ч.

22 ДЕКЕМВРИ (НЕДЕЛА), 12:00 ч. ДО 22:00 ч.

 

МЕЃУНАРОДЕН ФЕСТИВАЛ НА АНИМИРАН ФИЛМ АНИМАКС-СКОПЈЕ ФЕСТ

 

 

23 ДЕКЕМВРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

СОНОТ НА КАТРИНА

Katrina’s Dream

Игран филм, Швајцарија / Италија

2018, 84 мин., колор, ДЦП

Режија: Дарио Бишофбергер, Мирко Бишофбергер (Dario Bischofberger, Mirko Bischofberger)

Сценарио: Дарио Бишофбергер, Мирко Бишофбергер (Dario Bischofberger, Mirko Bischofberger)

Улоги: Симон Естебан, Адриан Фурер, Леонард Косан (Simon Esteban, Adrian Furrer, Leonard Kocan)

 

Катрина сака да има деца, но нејзиното момче Луис не сака. Таа се вљубува во неговиот најдобар пријател Рон, кој станува мажот на нејзиниот живот. Една вечер, враќајќи се пијани од една роденденска забава, двајцата пријатели доживуваат сообраќајна несреќа, во која Рон ја губи главата, а Луис телото. Благодарение на трансплантација на главата, двајцата мажи преживуваат, споени во еден човек. Катрина сега мора да се справи со телото и умот на двајцата мажи за да си го исполни сонот.

Учество на фестивали: Dublin Independent Film Festival, награда за кинематограферот Николо Сетеграна (Nicolo Settegrana)

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

Leave a comment