3 МАЈ (ПЕТОК), 17:00 ч.

АНАТОМИЈА НА ГЕНОЦИДОТ НАД БОГОМИЛИТЕ

(Anatomija genocida nad Bogomilima)

Документарен филм, Хрватска

 

3 МАЈ (ПЕТОК), 19:00 ч.

КРАТОК МЕТАР: ТАТКО

(Father)

Игран филм, Македонија/Србија

2018, 14 мин., колор, ДЦП

Режија: Светозар Ристовски (Svetozar Ristovski)

Сценарио: Светозар Ристовски (Svetozar Ristovski)

 

3 МАЈ (ПЕТОК), 20:30 ч.

СОВРЕМЕНИ ЕКСПЕРИМЕНТАЛНИ ФИЛМОВИ И ВИДЕО АРТ ПО ИЗБОР НА ГЕРМАНСКАТА АСОЦИЈАЦИЈА ЗА КРАТКОМЕТРАЖНИ ФИЛМОВИ „КУРЦ ФИЛМ“

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 50 денари

 

 

ДЕНОВИ НА РУСКИ ФИЛМ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА

4 МАЈ (САБОТА), 18:00 ч.

ОДЛУКА ЗА ЛИКВИДАЦИЈА

(Reshenie o likvidatsii / Decision: Liquidation)

Игран филм, Русија

2018, 96 мин., колор, ДЦП

Режија: Александар Аравин (Aleksandr Aravin)

Сценарио: Алексеј Бузин (Aleksey Buzin)

Улоги: Игор Петренко, Ајуб Цингиев, Алексеј Вертков (Igor Petrenko, Ayub Tsingiev, Aleksey Vertkov)

 

Немилосрдниот екстремист Базгаев е одговорен за терористички напади што довеле до смрт на стотици цивили, меѓу кои и деца од училишна возраст, и планира нови дејства. Група офицери за безбедност го следи и има намера да го ликвидира…

Филмот на Аравин е базиран на вистински случувања во Чеченија за време на конфликтот на бунтовниците со руските безбедносни служби. Приказната на филмот говори за фаќањето и ликвидацијата на Шамил Басаев, еден од најозогласените чеченски терористи, кој бил одговорен за бројни напади на цивилно население, за опсадата на еден театар во Москва, заложничката криза на основното училиште во Беслан, што го потресе целиот свет…

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

4 МАЈ (САБОТА), 20:00 ч.

КРАТОК МЕТАР: СОНOT ЗА КРВТА И ДУШАТА

(Dream of blood and soul)

Игран филм, Македонија

2018, 21 мин. колор, ДЦП

Режија: Игор Алексов (Igor Aleksov)

Сценарио: Александар Русјаков (Aleksandar Rusjakov)

 

4 МАЈ (САБОТА), 20:00 ч.

6 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

21 МАЈ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

ОД НИКАДЕ

(Aus dem Nichts / In the fade)

Игран филм, Германија

2017, 106 мин., колор, ДЦП

Режија: Фатих Акин (Fatih Akin)

Сценарио: Фатих Акин, Харк Бом (Fatih Akin, Hark Bohm)

Улоги: Диане Кругер, Денис Москито, Јоханес Криш, Адам Бусдукос (Diane Kruger, Denis Moschitto, Johannes Krisch, Adam Bousdoukos)

 

Во филмот ОД НИКАДЕ Фатих Акин третира суптилна тема која е поврзана со последици од терористички напади. Одненадеж и од никаде, животот на Катја се распаѓа кога нејзиниот сопруг Нури и синчето Роко ќе загинат во бомбашки напад. Нејзините пријатели и семејството се обидуваат да ѝ ја дадат потребната поддршка, и Катја некако успева да ја преживее загубата на најмилите.

Меѓутоа, опседнатоста да се пронајдат злосторниците и причината зад нападот го усложнуваат болното тажење на Катја, отворајќи рани и сомневања. Данило, адвокат и најдобар пријател на Нури, ја застапува Катја во судењето против двајцата осомничени, млад пар неонацисти. Судењето сосема ја полудува Катја, но за неа едноставно не постои друг избор – таа сака правда. Кога веќе не може да ја добие по судски пат, се подготвува за одмазда…

ОД НИКАДЕ ѝ донесе „Златна палма“ на Диане Кругер и филмот беше прогласен за најдобар странски филм на доделувањето на наградите „Златен глобус“. Во 2017 кинематограферот Рајнер Клаусман за фотографијата во ОД НИКАДЕ ја доби „Сребрената 300“ на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.

Возрасна категорија: 13 години

Влезница: 100 денари

 

6 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

КРАТОК МЕТАР: 48

Игран филм, Македонија

2017, 19 мин., колор, ДЦП

Режија: Владимир Митревски (Vladimir Mitrevski)

Сценарио: Владимир Митревски (Vladimir Mitrevski)

 

ДЕНОВИ НА РУСКИ ФИЛМ ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ПОБЕДАТА

6 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

ТРИ ДЕНА ПРЕД ПРОЛЕТ

(Три дня до весны)

Игран филм, Русија

2017, 100 мин., колор, ДЦП

Режија: Александар Касаткин (Aleksandr Kasatkin)

Сценарио: Александар Касаткин (Aleksandr Kasatkin)

Улоги: Кирил Плетњов, Елена Лотова, Евгениј Сидихин (Kirill Pletnyov, Elena Lotova, Evgeniy Sidikhin )

Ленинград (денешен Санкт Петерсбург), февруари 1942, првата зима од почетокот на Втората светска војна на тлото на Советскиот Сојуз. Градот е под опсада на нацистичките војски, која ќе потрае цели три години. Непријателските авиони постојано го бомбардираат градот и една бомба го погодува медицинскиот институт каде што се чуваат смртноносни вируси. Ленинград се соочува со катастрофална бактериолошка зараза…

Офицерот за државна безбедност Андреев (Плетњов) и младата докторка Олга Марицкаја (Лотова) имаат само 72 часа, или три дена пред почетокот на пролетта и затоплувањето на времето, што му годи на ширењето на бактериите, да ја спречат биолошката катастрофа во градот.

Животот и смртта, љубовта и предавството, интригите и настаните што се претекнуваат едни со други, се преплетуваат во приказната за епската битка за опстанокот на Ленинград.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

7 МАЈ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

ОБЕРХАУЗЕН ПАТУВА: РЕТРОСПЕКТИВА НА ФЕСТИВАЛОТ НА КРАТКОМЕТРАЖЕН ФИЛМ

ПРОГРАМА: НАТПРЕВАРУВАЧКА ПРОГРАМА

2018, 81 мин., колор, ДЦП

Меѓународниот фестивал на кусометражни филмови во Оберхаузен се одржува веќе шест децении и е еден од најстарите фестивали во светот. Во просек се пријавуваат по 5.000 филмови годишно, од кои по пат на селекција за прикажување се избираат повеќе од 400 филмови за едно фестивалско издание.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 50 денари

 

7 МАЈ (ВТОРНИК), 19:30 ч.

ОБЕРХАУЗЕН ПАТУВА: РЕТРОСПЕКТИВА НА ФЕСТИВАЛОТ НА КРАТКОМЕТРАЖЕН ФИЛМ

ПРОГРАМА: ИЗБОР ОД ГЕРМАНСКАТА ПРОГРАМА, ПРВ ДЕЛ

2018, 91 мин., колор, ДЦП

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 50 денари

 

7 МАЈ (ВТОРНИК), 21:00 ч.

ОБЕРХАУЗЕН ПАТУВА: РЕТРОСПЕКТИВА НА ФЕСТИВАЛОТ НА КРАТКОМЕТРАЖЕН ФИЛМ

ПРОГРАМА: ИЗБОР ОД ГЕРМАНСКАТА ПРОГРАМА, ВТОР ДЕЛ

2018, 87 мин., колор, ДЦП

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 50 денари

 

8 МАЈ (СРЕДА), 19:00 ч.

ОБЕРХАУЗЕН ПАТУВА: РЕТРОСПЕКТИВА НА ФЕСТИВАЛОТ НА КРАТКОМЕТРАЖЕН ФИЛМ

ПРОГРАМА: УМЕТНИЧКИ ФИЛМОВИ

2018, 81 мин., колор, ДЦП

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 50 денари

 

8 МАЈ (СРЕДА), 20:30 ч.

ОБЕРХАУЗЕН ПАТУВА: РЕТРОСПЕКТИВА НА ФЕСТИВАЛОТ НА КРАТКОМЕТРАЖЕН ФИЛМ

ПРОГРАМА: НАГРАДЕНИ ФИЛМОВИ

2018, 84 мин., колор, ДЦП

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 50 денари

 

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА 9. ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

РЕТРОСПЕКТИВА ВИМ ВЕНДЕРС ВО СОРАБОТКА СО ГЕТЕ-ИНСТИТУТ СКОПЈЕ: ЗАМИСЛУВАЊЕ НА МИРОТ ПРЕКУ ФИЛОЗОФИЈАТА И ФИЛМОТ

9 МАЈ (ЧЕТВРТОК), 19:00 ч.

НЕБОТО НАД БЕРЛИН

(Wings of Desire / Der Himmel über Berlin)

Игран филм, Германија / Франција

1987, 128 мин., колор и црно-бел, блуреј

Режија: Вим Вендерс (Wim Wenders)

Сценарио: Вим Вендерс, Петер Хандке, Рихард Рајтингер (Wim Wenders, Peter Handke, Richard Reitinger)

Улоги: Бруно Ганц, Солве Домартен, Ото Сандер, Питер Фалк, Курт Боис (Bruno Ganz, Solveig Dommartin, Otto Sander, Peter Falk, Curt Bois)

Што е тоа што луѓето го знаат, а не го знаат ангелите? Вендерсовиот безвремен филм за гледањето е филм во кој протагонисти не се луѓето, туку ангелите чиј мирољубив поглед заедно со тој на камерата даваат една поинаква перспектива (или можност) за гледање на светот. Ангелите во „Небото над Берлин“ на Вендерс се добри, невидливи суштества кои го набљудуваат светот и ги слушаат мислите на смртниците обидувајќи се да ги утешат. Еден од нив, Демиел (Бруно Ганц), посакува да стане човек и „да влезе во историјата на светот“ откако се вљубува во убавата трапезистка Марион (Солве Домартен). Питер Фалк, кој се игра себеси, му помага за време на неговата трансформација, воведувајќи го во малите задоволства на животот и на тоа „што значи да се биде човек“.

НЕБОТО НАД БЕРЛИН го обележа враќањето на Вендерс во нeговата родна Германија и е неговиот прв германски филм по осум години поминати во САД. Снимен две години пред паѓањето на Берлинскиот ѕид, филмот е омаж на „поделениот“ град од една уште понеобична перспектива, онаа на ангелите. Филмот чиј косценарист е писателот Петер Хандке (Als das Kind Kind war…) ги доби наградите за Најдобар режисер на Канскиот филмски фестивал (1987) и на Европските филмски награди (1988) и оттогаш се стекна со култен статус.

По филмот следува излагање и дискусија со публиката на Марјан Вујовиќ, раководител на Музејот на Југословенската кинотека во Белград, Србија.

Возрасна категорија: 12 години 

Влезница: бесплатен влез на отворањето

*Цена на влезници за ФФФ:

Единечен билет: 100 ден.

Редуциран единечен билет: 50 ден. – билети за студенти и пензионери со приложен документ за идентификација; краткометражни филмови (13 и 14 мај).

Дневен билет 150 ден. (за сите проекции во денот).

Редуциран дневен билет 100 ден. – за студенти и пензионери со приложен документ за идентификација; дневен билет за 13 и 14 мај (понеделник и вторник).

Билетите за Фестивалот ќе бидат достапни на касата на Кинотеката непосредно пред секоја проекција (нема резервации).

(Фестивалската програма е подложна на промени. За најнови информации ве молиме следете ја веб-страницата: www.philosophicalfilmfestival.mk или фб страната на ФФФ)

 

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

10 МАЈ (ПЕТОК), 18:30 ч.

ЗА ТЕЛО И ДУША

(On Body and Soul / Teströl és lélekröl)

Игран филм, Унгарија

2017, 116 мин., колор, ХД

Режија и сценарио: Илдико Ењеди (Ildikó Enyedi)

 

Улоги:  Александра Борбељ, Геза Моршањи, Река Тенки, Золтан Шнајдер, Ервин Наѓ (Alexandra Borbély, Géza Morcsányi, Réka Tenki, Zoltán Schneider, Ervin Nagy)

Во оваа неконвенционална љубовна приказна двајца интроверти, и двајцата вработени во фабрика за преработка на месо и месни производи, случајно откриваат дека го споделуваат истиот сон секоја вечер. На почетокот и двајцата се збунети, тешко им паѓа да поверуваат дека ова е возможно. Како е можно да го споделуваш истиот сон со некој друг? И, ако е можно, што доколку го сретнеш тој човек – ќе се исплашиш ли или, пак, можеби ќе бидеш среќен? По некое време, како што започнуваат да ја прифаќаат оваа чудна коинциденција, Марија и Андре ќе се обидат и преку ден да го пресоздадат она што се случува во нивната заедничка потсвест.

ЗА ТЕЛОТО И ДУШАТА претставува славен „камбек“ на унгарската режисерка и сценарист Илдико Ењеди која на Канскиот филмски фестивал во 1989 година ја добива Златната камера за нејзиниот прв игран филм „Мојот дваесетти век“ (My 20th Century / Az én XX. Századom). ЗА ТЕЛОТО И ДУШАТА е филм во кој „сонот е место на метафизичката средба меѓу Марија и Андре, и претставува облик на една метафизичка егзистенција без која стварноста би била премногу профана“ – вели академик Катица Ќулавкова за филмот. Оној вечен проблем на телото и душата во филозофијата кај Ењеди добива една поетска и онирична уметничка форма.

Филмот на Ењеди е добитник на Златната мечка на Берлинскиот филмски фестивал во 2017 година и беше унгарскиот кандидат за Оскар за филм од неанглиско говорно подрачје во 2018 г.

По филмот следи излагање на тема „Интимната комуникација меѓу телото и душата од академик Катица Ќулавкова (МАНУ), како и дискусија со публиката.

Возрасна категорија: 12 години

 

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

10 МАЈ (ПЕТОК), 21:30 ч.

НАМЕ

(Namme)

Игран филм, Грузија / Литванија

2017, 91 мин., колор,ДСП

Режија и сценарио: Заза Калваши (Zaza Khalvashi)

 

Улоги: Мариска Диасамидѕе, Алеко Абашидѕе, Еднар Болквадѕе, Роман Болквадѕе, Роин Сурманидѕе (Mariska Diasamidze, Aleko Abashidze, Ednar Bolkvadze, Roman Bolkvadze, Roin Surmanidze)

Семејството на Али наследува мисија – да се грижи за локалната лековита вода и да ги лекува соселаните со неа. Тројцата синови се скептични и само најмладата ќерка Наме останува да ја чува семејната традиција. Паралелно, во грузиските планини се гради локална хидроцентрала и во прашање се промените на животната средина. Еден ден изворската вода започнува да пресушува, а таткото на Наме се присетува дека водата нема да се врати сè додека не биде принесена жртва.

НАМЕ, грузискиот кандидат за Оскар во 2019 г., преку мистична тензија ни ја предочува врската меѓу традиционалното и модерното. Водата е во сржта на многу филозофски, религиски, магиски и митолошки системи на верувања, а токму и во филмот на Калваши како елемент е во самото јадро на оваа лирска приказна. „НАМЕ е химна на величествените планински пејсажи и пагански фолклорни традиции на југозападна Грузија“, чија „ретка убавина и трансцендентен тон може да ги привлечат фановите на пост-Тарковски школата на медитативниот мистицизам“ – вели Стивен Далтон (Stephen Dalton) од „Холивуд репортер“.

Светската премиера на филмот беше во селекција на 30-от Токиски филмски фестивал, а европската премиера на Меѓународниот филмски фестивал „Црни ноќи“ во Талин, Естонија.

Возрасна категорија: 12 години

 

 

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

10 МАЈ (ПЕТОК), 23:15 ч.

POST GLOBAL TRIO – ФИЛОЗОФСКИ МЕДИТАЦИИ

Аудиовизуелен перформанс

Post Global Trio е искуство. Искуство кое можете да го доживеете на патот низ далечни предели. Внатре или надвор од себеси. Слика на јасни и суптилни звучни сцени и пејсажи. Влези во шумата. Остави го градот зад хоризонтот. Заборави на него… Сега навлези уште подлабоко. Во себеси. И пронајди се. Каков што беше пред да заборавиш.

Проектот е создаден како континуитет на комуникација, соработка, потреба од развивање на одредена сцена. Звучна слика на долготрајни заемни филозофски медитации. Post Global Trio е проект на Тони Димитров, Димитар Додовски и Мартин Георгиевски.

 

 

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

11 МАЈ (САБОТА), 18:30 ч.

ИДА

(Ida)

Игран филм, Полска / Данска

2013, 82 мин., црно-бел, блуреј

Режија: Павел Павликовски (Paweł Pawlikowski)

Сценарио: Павел Павликовски, Ребека Ленкјевич (Paweł Pawlikowski, Rebecca Lenkiewicz)

Улоги: Агата Кулеша, Агата Тжебуховска, Давид Огродњик (Agata Kulesza, Agata Trzebuchowska, Dawid Ogrodnik)

Полска, 1962 година. Ана е убава 18-годишна жена која се подготвува да стане калуѓерка во манастирот каде што живеела уште од дете како сирак. Кога ќе дознае дека има роднина која сè уште е жива, сестрата на мајка ѝ – Ванда, се решава да ја посети пред да ја даде заклетвата и да се обиде да дознае нешто повеќе за корените на нејзиното одамна загубено семејство. Двете жени тргнуваат на заедничко патување кое ќе им помогне да се запознаат една со друга, но и да го откријат таинственото минато на нивното семејство.

Таа дознава дека нејзината тетка, не само што е поранешна комунистичка државна обинителка (озлогласена за осудување на смрт на свештеници и други луѓе), туку, исто така, е и Еврејка. Која е Ана/Ида сега и каде ќе ја одведе нејзиниот пат? Поделена меѓу нејзиниот религиозен живот и иднината во манастирот, од една страна, и можноста за живот надвор од манастирот за кој не верувала дека е можен досега, таа ќе мора да ја стави на тест својата одлука.

Оваа потресна и интимна драма на Павликовски која обработува прашања за идентитетот, семејството, вербата, чувството на припадност и историјата ги освои наградите за најдобар филм на Европската филмска академија и најдобар филм од неанглиско говорно подрачје на БАФТА наградите во 2014 год., а во 2015 година е добитник и на Оскарот за најдобар филм од неанглиско говорно подрачје.

По филмот следи излагање на тема „Ида: Обид за едно крос-културно читање од м-р Наум Трајановски (докторанд на Институтот за филозофија и социологија при Полската академија на науки во Варшава), како и дискусија со публиката.

Возрасна категорија: 12 години

 

 

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

11 МАЈ (САБОТА), 21:30 ч.

ДИШЕЊЕ ВО МЕРМЕР

(Breathing into Marble / Kvėpavimas į marmurą)

Игран филм, Литванија / Латвија / Хрватска

2018, 97 мин., колор, ДСП

Режија и сценарио: Гиедре Беинориуте (Giedrė Beinoriūtė)

 

Улоги: Ајрида Гинтаутаите, Сигитас Шидлаускас, Гуна Зарина, Криступас Циценас, Јорис Балтрунас, Вилиус Минчинаускас (Airida Gintautaitė, Sigitas Šidlauskas, Guna Zarina, Kristupas Cicėnas, Joris Baltrūnas, Vilius Minčinauskas)

Беинориуте вели: „ДИШЕЊЕ ВО МЕРМЕР е филм за обидот да се стопли камен. Можеби е невозможно, но вреди да се обидеме“.  Изабел и Лиудас, семејство од средна класа, живеат во близината на еден голем град со својот син Галиус кој страда од епилепсија. Еден ден Изабел ќе го убеди својот сопруг да го посвојат 6-годишниот Иља, тврдоглаво и повлечено мало момче од домот за деца („Не можам да објаснам, само претчувствувам“, му вели Изабел на Лиудас).

Но, со пристигнувањето на посвоенчето, семејниот живот почнува драстично да се менува и наскоро станува јасно дека Иља не се вклопува во овој нов свет. Со почетокот на нарушувањето на брачната заедница на Изабел и Лиудас, тие донесуваат судбоносна одлука која ќе влијае на семејството во годините што следат.

Оваа психолошка драма, дебитантско филмско остварување на режисерката, ги истражува односите меѓу луѓето, невидливите нишки што ги поврзуваат нашите животи, одговорноста едни кон други, вината, како и обидот да се прости и да се сака. Филмот е базиран на истоимената книга на Лаура Синтија Черниаускаите (Laura Sintija Černiauskaitė), добитник на Наградата за литература на Европската унија во 2009 г., а интернационалната премиера ја доживува на филмскиот фестивал во Карлови Вари, во компетитивната програма East of the West.

Возрасна категорија: 12 години

 

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

12 МАЈ (НЕДЕЛА), 16:00 ч.

БАДЈУ

(Badiou)

Документарен филм, САД

2018, 83 мин., колор, ХД

Режија: Горав Калјан, Рохан Калјан (Gorav Kalyan, Rohan Kalyan)

Фридрих Ниче има напишано дека секоја филозофија е секогаш биографија на мислителот. Животот на Ален Бадју покажува дека и спротивното може да биде вистина. Од неговото раѓање во Мароко, преку настаните од мај 1968 во Париз, до неговите доцни години како ангажиран интелектуалец и филозоф, биографијата на Бадју можеби е неговото најкомплексно и најпредизвикувачко дело досега.

Преку еден интимен и филозофски портрет, режисерите Горав и Рохан Калјан го продуцираа првиот долгометражен документарен филм за еден од најпознатите современи филозофи денес, повикувајќи нè да мислиме со, а не само за Бадју. Адресирајќи ги контрадикциите во животот на Бадју преку филмот, режисерите се соочуваат со инхерентните контрадикторности на филмот како таков: мисла и акција, внатрешност и надворешност, присуство и отсуство. За да внесат нишка на емпатија, јасност и критика во нивната комплексна тема, тие мора да постават едно прашање, старо колку и самиот медиум: Може ли филмот да мисли?

Филмот беше дел од Официјалната селекција на Меѓународниот филмски фестивал Јихлава во Чешка (2018) и CPH:DOX во Данска (2019).

По филмот следи излагање на тема „Симптомот Бадју од д-р Марија Тодороска (независен филозофски истражувач), како и дискусија со публиката.

Возрасна категорија: 12 години

 

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

12 МАЈ (НЕДЕЛА), 18:30 ч.

10 МИНУТИ ПОСТАР

(10 Minutes Older / Vecāks par 10 minūtēm)

Документарен филм, краткометражен, Латвија

1978, 10 мин., црно-бел, ДСП

Режија и сценарио: Херц Франк (Herz Frank)

10 МИНУТИ ПОСТАР е еден од највлијателните кратки филмови во филмската историја. Претставник на Балтичкиот нов бран, филмот не содржи зборови, туку само тивко ги набљудува лицата на деца загледани во една куклена претстава. Во 10 интензивни минути повеќето од човечките емоции оживуваат на отворените лица на децата – радост, страв, сочуство, ужас и среќа. Во само еден кадар – цели 10 минути – лицето на детето ја отсликува вечната борба меѓу доброто и злото, станува „огледало“ на невидливата човекова душа.

Херц Франк, еден од најпознатите документаристи од Латвија кој во 1960-тите ја воспостави поетската документарна школа во Рига, ќе рече: „Немам снимено ништо невообичаено. Сите мои филмови се за живототот, љубовта и смртта“, а за неговото правење филмови тој вели дека е „едноставно“ и дека нивното влијание не се состои во сензационалистички заплети, туку во поставувањето етички прашања од егзистенцијална природа.

Инспирирани од оваа едноставна, но исклучително значајна идеја, 15 светски режисери, автори од Европа и САД, меѓу кои и Вим Вендерс, Вернер Херцог, Џим Џармуш, Жан-Лук Годар, Бернардо Бертолучи, Клер Дени и Аки Каурисмаки – направија свои верзии на филмот – 10 МИНУТИ ПОСТАР: ТРУБА и 10 МИНУТИ ПОСТАР: ЧЕЛО (2002) чија премиера беше на Канскиот филмски фестивал.

Возрасна категорија: 12 години

 

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

12 МАЈ (НЕДЕЛА), 18:40 ч.

МОСТОВИ НА ВРЕМЕТО

(Bridges of Time / Laika tilti)

Документарен филм, Латвија / Литванија / Естонија

2018, 78 мин., колор, црнобел, ДСП

Режија и сценарио: Одрис Стонис, Кристине Бриеде (Audrys Stonys, Kristīne Briede)

Со учество на Улдис Браунс, Херц Франк, Аиварс Фреиманис (Uldis Brauns, Herz Frank, Aivars Freimanis)

„Која е смислата на создавањето филмови?“ Или што е она што го правиме во документаристиката? Овој нов документарен филм на Одрис Стонис и Кристине Бриеде е медитативно патување кое нè води да ги (пре)откриеме Големите мајстори на Балтичкиот поетски документарен филм – Херц Франк (Herz Frank), Улдис Браунс (Uldis Brauns), Иварс Селецкис (Ivars Seleckis), Марк Соосаар (Mark Soosaar), Андрес Соот (Andress Sööt), Робертас Вербас (Robertas Verbas), Хенрикас Шаблевичиус (Henrikas Šablevičius) и Аиварс Фреиманис (Aivars Freimanis) и нивниот поетски третман на онтологијата на документарното филмско творештво кое го дава уникатниот феномен во историјата на филмот – Балтичката школа на поетскиот документарен филм.

Со нивните обземачки црно-бели слики на човекот и природата, тие ја „снимаат Земјата, но помнат дека Небото е над нас“ (Франк), дофаќајќи ја супстанцијата, стварноста, но, исто така, покажувајќи ни ги идеалното и духовното содржани во материјалното. Станува збор за филмови кои се хумани, значајни и поетски, кои ни посочуваат нов начин на гледање на светот и преиспитување на самата природа на документарниот филм како уметничка форма. Филмот на Одрис Стонис и Кристине Бриеде, преку креативно градење на мостови на времето со оваа уникатна збирка на архиви, ветува откривање на еден нов бран во историјата на филмот – Балтичкиот нов бран на поетскиот документарен филм и цела една генерација на подзаборавени филмски поети од Латвија, Литванија и Естонија.

По филмот следи Q&A со режисерката Кристине Бриеде (Латвија).

Возрасна категорија: 12 години

 

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

12 МАЈ (НЕДЕЛА), 21:30 ч.

ГРАДИНА

(Garden / Garten)

Игран филм, Австрија

2018, 136 мин., црно-бел, ДСП

Режија и сценарио: Питер Шрајнер (Peter Schreiner)

Улоги: Џулијана Пахнер, Авад Елкиш, Херман Крејцар, Санду Петре Бојтан, Омар Таха (Giuliana Pachner, Awad Elkish, Hermann Krejcar, Sandu Petre Boitan, Omar Taha)

Секогаш движејќи се помеѓу играниот и документарниот филм, низ неконвенционална драматуршка постапка, ГРАДИНА ни зборува за љубовниот триаголник помеѓу Авад, Херман и Џулија. Џулија открива дека страда од терминална болест. Авад, филмски режисер, е киднапиран од полицијата, затворан и мачен. Херман, сценскиот дизајнер, е измачуван од ноќни мори. Целото дејствие на филмот се одвива во неидентификувана градина и неопределени душевни простори, низ атмосфера на необична нејасност на сонот, мората, состојбата на неизвесност итн. Филм во кој една градина станува сцена на сите протагонисти, рај и пекол или, пак, можеби чистилиште.

ГРАДИНА е контемплативен филм на Питер Шрајнер чие дело дава отсјај на атмосферата од филмовите на Бела Тар, а чиј претходен филм ЛАМПЕДУЗА беше дел од Официјалната селекција на ФФФ 2017. Филмот беше премиерно прикажан на престижниот филмски фестивал во Ротердам, во рамките на програмата Deep Focus.

Возрасна категорија: 12 години

 

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

13 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:30 ч.

ИЗБОР ФИЛМОВИ

Официјална селекција на краткометражни филмови – Ден 1 (133 мин.)
Селекција на кратки филмови од Непал, Шпанија, Русија, Португалија, Узбекистан, Германија, Белгија и Јужна Кореја.

Возрасна категорија: 12 години

 

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

13 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК), 21:30 ч.

8 МИНУТИ И 19 СЕКУНДИ

(8’19’’ / 8 минути и 19 секунди)

Игран филм, Бугарија

2018, 85 мин., колор, ДСП

Режија: Петaр Валчанов, Љубомир Младенов, Теодор Ушев, Надежда Косева, Владимир Љуцканов, Кристина Грозева (Петър Вълчанов, Любомир Младенов, Teодор Ушев, Надежда Косева, Владимир Люцканов, Кристина Грозевa)

Сценарио: Георги Господинов

Улоги: Светлана Јанчева, Иван Барнев, Цветан Алексиев (Светлана Янчева, Иван Бърнев, Цветан Алексиев)

Омнибус филм базиран на кратките раскази на најпреведуваниот современ бугарски писател Георги Господинов, режиран од шест различни режисери од Бугарија.

Во оној момент кога ќе почнете да го гледате овој филм, сонцето можеби веќе згаснало, но вие сè уште нема да го знаете тоа бидејќи 8 минути и 19 секунди е времето за кое ќе пристигне веста за неговата смрт. Тоа е времето што ѝ е потребно на светлината да стигне дотука, а потоа ќе настапи темнината…

Темата на апокалипсата не мора да биде прикажувана преку глобална катаклизма, коњаници на апокалипсата, ангели на смртта, оган и деструкција. Крајот на светот може да биде многу лична работа, интимно и безмалку нечујно човечко искуство.

Наративниот мозаик на 8 МИНУТИ И 19 СЕКУНДИ ќе ги постави стожерните точки на овој исклучителен омнибус филм: чувството на смртноста, миговите пред самиот крај, нашето неизвесно постоење и стравот што доаѓа од сознанието за сето тоа.

Возрасна категорија: 12 години

 

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

14 МАЈ (ВТОРНИК), 18:30 ч.

ИЗБОР ФИЛМОВИ

Официјална селекција на краткометражни филмови – Ден 2 (131 мин.)

Селекција на кратки филмови од Полска, САД/Полска/Германија, Коста Рика/Доминиканска Република/Португалија/Шпанија,Германија, Португалија, Франција, Македонија, Русија и Индија.

Возрасна категорија: 12 години

 

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

14 МАЈ (ВТОРНИК), 21:30 ч.

КРАДЦИ НА ГУЛАБИ

(The Pigeon Thieves / Güvercin Hırsızlar)

Игран филм, Турција

2018, 82 мин., колор, ХД

Режија: Осман Наил Доган (Osman Nail Doğan)

Сценарио:Осман Наил Доган, Самет Доган(Osman Nail Doğan, Samet Doğan)

Улоги: Сеит Низам Јилмаз, Мерт Бугра Татароглу, Кутај Сандикчи, Гокан Јикилкан, Бурчин Сезен (Seyit Nizam Yilmaz, Mеrt Buğra Tataroğlu, Kutay Sandikçi, Gökhan Yikilkan, Burçin Sezen)

Животот на 16-годишниот Махмут се состои од хранењето на гулабите и заработување од крадењето туѓи гулаби. Најголемиот сон му е да ги има најдобрите гулаби. Еден ден, еден од гулабите ќе избега и не се враќа повеќе. Кога Махмут наоѓа гулаб вгнезден на еден покрив, го запознава Исмаил, 8-годишно детенце кое живее во куќата. Оваа средба станува една од најважните пресвртници којашто ќе влијае на животите на двете деца.

КРАДЦИ НА ГУЛАБИ, прв игран филм на режисерот кој беше дел од Официјалната селекција на 24-тиот Сараевски филмски фестивал, е филм за растењето, за созревањето и за вивнувањето во животот. Топла приказна за пријателството и младешките страсти, погледната низ специфичната призма на културата на живеење во Анадолија. И како што Доган прашува, зборувајќи за филмот, дилемата е пред нас: „Што е добро, a што лошо? Дали можеш да бидеш добар со лошо однесување?“ Или, пак, како може еден човек да биде добар ако животот е беспоштеден и суров, луѓето се немилосрдни и себични, а светот е студен и туѓ?

Возрасна категорија: 12 години

 

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

15 МАЈ (СРЕДА), 18:30 ч.

ДЕЦА НА ЧОВЕШТВОТО

(Children of Men)

Игран филм, Велика Британија / САД

2006, 110 мин., колор, блуреј

Режија: Алфонсо Куарон (Alfonso Cuarón)

Сценарио: Алфонсо Куарон, Тимоти Џ. Секстон, Давид Арата, Марк Фергус, Хок Остби (Alfonso Cuarón, Timothy J. Sexton, David Arata, Mark Fergus, Hawk Ostby)

Улоги: Џулијан Мур, Клајв Овен, Хуан Габриел Јакузи, Мајкл Кејн (Julianne Moore, Clive Owen, Juan Gabriel Yacuzzi, Michael Caine)

Лондон, 2027 година. Најмладиот човек во светот умира на возраст од 18 години и човештвото се соочува со опасноста од сопственото исчезнување. Во оваа дистопија во којa луѓето повеќе од две децении не можат да имаат деца, светот е на работ на колапс, а човечноста и моралноста еродираат. Велика Британија е единствената земја во која повеќето имигранти се обидуваат да пронајдат засолниште, но набрзо се претвора вo полициска земја блиску до Орвеловата визија на 1984-тата. Кога меѓу бегалците ќе се појави млада жена која на чудесен начин останува бремена, поранешен активист ќе се обиде да ја обнови последната надеж за опстанокот и иднината на човештвото на Земјата.

ДЕЦА НА ЧОВЕШТВОТО е британско-американски дистописки трилер во режија и косценарио на мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон. Еден од најистакнатите филмови денес, на него може да се гледа и како на уметнички приказ на т.н. Антропоцен (периодот во времето во кој човечките активности имаат такво влијание на Земјата што може да се опишат како посебна геолошка ера). Сценариото на филмот е базирано на книгата „Деца на човештвото“ на Филис Дороти Џејмс (Phyllis Dorothy James) од 1992 година, а во 2016  г. на анкетата на BBC Culture беше изгласан како 13-ти помеѓу 100 филмови прогласени за најдобри филмови на XXI век од 177 светски филмски критичари. Што би се случило во една иднина во која човекот повеќе не е „центарот“ и „мерата“ на светот? Свет во кој некоја или некаква иднина е можна и без него?

По филмот следи излагање на тема Children of Men: Anthropocene’s “Père-version”; Patriarchy’s Demise од д-р Габриела Калчи Новати (Dr. Gabriella Calchi Novati), визитинг професор на Тринити колеџ во Даблин и истражувач на Институтот Карл Густав Јунг во Цирих, како и дискусија со публиката.

Возрасна категорија: 12 години

 

ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ

15 МАЈ (СРЕДА), 21:30 ч.

СТИКС

(Styx)

Игран филм, Германија / Австрија

2018, 94 мин., колор, блуреј

Режија: Волфганг Фишер (Wolfgang Fischer)

Сценарио: Волфганг Фишер, Ика Кинцел (Wolfgang Fischer, Ika Künzel)

Улоги: Сузан Волф, Гедион Одуор Векеса, Александар Бајер, Инга Биркенфелд (Susanne Wolff, Gedion Oduor Wekesa, Alexander Beyer, Inga Birkenfeld)

Рике е 30-годишна жена и е успешен доктор во итната медицинска служба. Кога тргнува сама на патување во својот брод кон Гибралтар, по силна бура се наоѓа во близината на претоварен брод со бегалци кои се во животна опасност. На почетокот се обидува да повика помош според поморските прописи и да ја изврши својата граѓанска должност, но и покрај сите апели, никој не се одѕива. Рике е соочена со острицата на одлуката и треба да реши дали да се обиде самата да дејствува за да го спаси она кое има можност да го спаси.

Алегорија за студениот и негрижлив свет, наутичкиот трилер на Волфганг Фишер е филм за преживувањето и за смртните опасности со кои се соочуваат мигрантите што патуваат кон Европа. Прикажувајќи едно општество каде што добродетелта на поединецот се удавила во суровоста на другите, филмот ја отсликува моралната дилема помеѓу светот на реалното и светот на идеалното и на тест ја става личната наспроти колективната одговорност. Естетски придржувајки се на строг минимализам, СТИКС упатува ургентен повик за будење на светот што сè повеќе запаѓа во рамнодушност и во отсуство на емпатија. Филмот ја отвори секцијата Panorama на 68-от Берлински филмски фестивaл, а беше и еден од трите LUX Prize финалисти на Европскиот парламент во 2018 година.

Возрасна категорија: 12 години

 

СВЕЧЕНО ЗАТВОРАЊЕ НА 9. ФИЛОЗОФСКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ И ДОДЕЛУВАЊЕ НАГРАДИ

16 МАЈ (ЧЕТВРТОК), 19:00 ч.

ЗАЛИВОТ СЛЕК

(Slack Bay / Ma Loute)

Игран филм, Франција / Германија

2016, 122 мин., колор, блуреј

Режија и сценарио: Бруно Димон (Bruno Dumont)

Улоги: Фабрис Лукини, Жулиет Бинош, Валерија Бруни Тедески, Жан-Лук Венсан (Fabrice Luchini, Juliette Binoche, Valeria Bruni Tedeschi, Jean-Luc Vincent)

Во текот на летото 1910 година, неколку туристи исчезнуваат додека се релаксираат на убавите плажи од брегот на заливот. Двајцата инспектори, Машан и Малфој, откриваат дека епицентар на овие мистериозни исчезнувања е заливот Слек, место каде што живее мала заедница на рибари и одгледувачи на школки. Помеѓу нив се наоѓа и семејството Бруфор, водени од таткото Бруфор со прекар „Вечниот“ и неговиот син Малут. Од другата страна, надвиснувајќи се на ридот, се наоѓа Тифониумот, величествената вила на Ван Петегемови, буржоаско ексцентрично семејство кое вообичаено ги поминува летата на брегот. По пет денови на брегот, како што започнува необичната љубовна приказна помеѓу Малут и младата Били ван Петегем, двете семејства ќе се најдат збунети и со разнишани очекувања и гледишта за животот.

Оваа необична комедија со елементи на слепстик и бурлеска и со една од најнеобичните улоги на Жулиет Бинош на големото платно беше номиниранa за „Златна палма“ на Канскиот филмски фестивал во 2016 година. Почетокот на XX век го означува растежот на буржоазијата, индустријата, капитализмот и, оттука, засилената класна борба, а филмот на Димон е токму за овој втемелувачки наратив на нашата ера. За режисерот филмот е „друг и можеби поинтересен начин да се создава филозофија“ – дисциплина којашто нашироко ја проучува за време на универзитетските денови кога се фокусира на естетиката на филмот и ја пишува тезата „Филозофија и естетика на андерграунд филмот”.

По филмот следи излагање на тема „What Are We Laughing At? Skepticism as a Joke in Film-Philosophyод д-р Дејвид Сорфа (Dr. David Sorfa), вонреден професор на филмските студии на Универзитетот во Единбург и главен и одговорен уредник на интернационалното списание Film-Philosophy, како и дискусија со публиката.

Возрасна категорија: 12 години

 

17 МАЈ (ПЕТОК), 18:00 ч.

КРАТОК МЕТАР: АМБИ

(Ambi)

Игран филм, Македонија

2017, 18 мин., колор, ДЦП

Режија: Марија Апчевска (Marija Apchevska)

Сценарио: Марија Апчевска (Marija Apchevska)

 

БЕЗ ЉУБОВ

(Nelyubov  / Loveless)

Игран филм, Русија

2017, 127 мин., колор, ДЦП

Режија: Андреј Звјагинцев (Andrey Zvyagintsev)

Сценарио: Олег Негин, Андреј Звјагинцев (Oleg Negin, Andrey Zvyagintsev)

Улоги: Маријана Спивак, Алексеј Розин, Матвеј Новиков, Марина Васиљева (Maryana Spivak, Aleksey Rozin, Matvey Novikov, Marina Vasilyeva)

 

Борис (Розин) и Жења (Спивак) се разведуваат. Постојано во расправии и во процес на продавање на нивниот стан, тие веќе се подготвуваат за новиот живот. Борис планира женидба со неговата помлада, бремена девојка Маша (Васиљева), а Жења со богат љубовник кој планира да се жени.

Борис и Жења се чини дека не се заинтересирани за понатамошната судбина на нивниот 12-годишен син Аљоша (Новиков), кому разводот на родителите најтешко му паѓа. Аљоша ја слуша кавгата на неговите родители, во која најстрашно му звучи нивното препирање за тоа кај кого треба да биде згрижено детето – и Борис и Жења сакаат другиот да биде одговорен за Аљоша, бидејќи ќе им пречи во нивните нови бракови.

Следниот ден Аљоша не се враќа од училиште. Започнува големата потрага по него, а жестокоста во кавгите и меѓусебните обвинувања на довчерашните сопружници за судбината на малиот Аљоша само се зголемуваат…

БЕЗ ЉУБОВ ја доби наградата на критиката ФИПРЕСЦИ на Канскиот фестивал во 2017 г., Европската филмска награда, наградата „Цезар“ и номинацијата за „Оскар“ за најдобар филм од неанглиското говорно подрачје. Кинематограферот Михаил Кричман, постојан соработник на Звјагинцев, за БЕЗ ЉУБОВ ја доби Европската филмска награда за камера. Кричман беше неколкукратен учесник на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола, каде што ја има освоено „Сребрената камера 300“.

Возрасна категорија: 13 години

Влезница: 100 денари

 

 

ФИЛМ ПО ИЗБОР НА ГЕТЕ ИНСТИТУТ

17 МАЈ (ПЕТОК), 20:30 ч.

АМЕЛИ ТРЧА

(Amelie rennt / Mountain Miracle)

2017, 97 мин., колор, ДЦП

Режија: Тобиас Виман (Tobias Wiemann)

Сценарио: Натја Брункхорст, Јите-Мерле Бернсен (Natja Brunckhorst, Jytte-Merle Böhrnsen)

Улоги: Денис Москито, Сузане Борман, Давид Бредин (Denis Moschitto, Susanne Bormann, David Bredin)

 

На младата Амели ѝ е доста од нејзината состојба на астма. Таа им е лута на Бога и на светот, особено на нејзините родители и на лекарите. По еден тежок астматичен напад, ја праќаат во Јужен Тирол, каде што треба да закрепне во специјална клиника.

Но, Амели ја смета терапијата како терор и бега во планините. Ѝсе придружува младиот Барт, тврдоглав и корисен придружник. За време на потрагата по избеганата девојка, Амели, со поддршка на Барт, стигнува до нејзината дестинација, планинскиот врв. При искачувањето, тие се соочуваат со магичен оган од Свети Јован, кој на девојката ѝ ветува исцелување. Можеби, на крајот, тоа е срамежливиот прв занес на вљубеност, кој на болната Амели барем психолошки ѝ дава нова сила.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛМ

18 МАЈ (САБОТА), 20:00 ч.

 

НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛМ

19 МАЈ (НЕДЕЛА), 20:00 ч.

 

 

НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛМ

20 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

 

21 МАЈ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

КРАТОК МЕТАР: ЉУБОВНИКОТ

Игран филм, Македонија

2018, 8 мин., црно-бел, ДЦП

Режија: Игор Иванов-Изи

Сценарио: Игор Иванов-Изи

 

ФИЛМ ПО ИЗБОР НА ГЕТЕ ИНСТИТУТ

21 МАЈ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

ЕРАЗМУС: ЕВРОПА ЗА СИТЕ

(Citizen Europe)

Документарен филм, Грција / Франција / Ирска / Бугарија

2019, 72 мин., колор, ДЦП

Режија: Ангелики Аристоменопулу, Андреас Апостолиди (Angeliki Aristomenopoulou, Andreas Apostolidi)

 

Кинематографско патување во срцето на Европа преку искуството што им го менува животот на младите учесници на програмата Еразмус – најамбициозна програма за мобилност на младите во денешно време. Еразмус е најголемата програма за мобилност во светот, која на младите им овозможува студирање, обучување, работа и волонтирање ширум Европа.

Учесниците во документарецот ја напуштаат зоната на удобноста на нивните земји за да си докажат себеси дека можат да преживеат во странско опкружување, надминувајќи ги сопствените стравови и прилагодувајќи се на различните култури и менталитети. ЕРАЗМУС: ЕВРОПА ЗА СИТЕ е направен да ѝ  пркоси на актуелната европска криза, поттикната од невработеноста на младите и стравот од ситуацијата со бегалците. Патувањата во рамките на програмата Еразмус на учесниците им ја нудат „големата слика“ на еден континент во транзиција, давајќи им чувство за тоа што нуди иднината.

Возрасна категорија: За сите возрасти

Влезница: бесплатен влез

 

НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛМ

21 МАЈ (ВТОРНИК), 22:00 ч.

 

НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛМ

22 МАЈ (СРЕДА), 19:00 ч.

 

КИНОТЕКА ВО СОРАБОТКА СО ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ЛИТЕРАТУРЕН ФЕСТИВАЛ “ПРО-ЗА БАЛКАН”

22 МАЈ (СРЕДА), 21:00 ч.

МИСИЈА ЛОНДОН

(Mission London)

Игран филм, Бугарија / Македонија / Унгарија / Велика Британија / Шведска

2010, 107 мин.,колор, ДЦП

Режија: Димитар Митовски (Dimitar Mitovski)

Сценарио: Делјана Манева, Димитар Митовски, Алек Попов (Delyana Maneva, Dimitar Mitovski, Alek Popov)

Улоги: Ралф Браун, Алан Форд, Томас Арана, Мето Јовановски (Ralph Brown, Alan Ford, Tomas Arana, Meto Jovanovski )

 

По големиот успех на романот „Мисија Лондон“ на Алек Попов, режисерот Митовски го сними истоимениот филм, кој ја врати бугарската публика во кино-салите, а забележа голема популарност кај нас и во регионот.

Приклучувањето на Бугарија во Европска Унија е повод за спектакуларен настан кој се планира во амбасадата на Бугарија во Лондон. Настанот  ѝ е многу битен на сопругата на бугарскиот претседател, која сака да се промовира и себеси, а задачата му е доделена на Варадин, новиот бугарски амбасадор во Лондон. Освен организацијата на концертот, најважната „политичка“ задача на Варади е да го обезбеди присуството на британската кралица: не треба да се сомневате дека тоа е личната желба на „прват дама“ на Бугарија.

Но, со корумпираните вработени во бугарската амбасада, кои го дополнуваат личниот буџет преку ситен криминал, и недоразбирање со Пи-Ар агенцијата, која треба да обезбеди семејство кое ќе личи на британското кралско семејство –  едноставна задача на Варадин се претвора во хаотичен кошмар за него, но и за угледот на неговата држава и „првата дама“…

На проекцијата ќе биде присутен и Алек Попов, а по проекцијата ќе се одржи дискусија со писателот под модераторство на проф. д-р Александар Прокопиев.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

НЕДЕЛА НА ИТАЛИЈАНСКИ ФИЛМ

23 МАЈ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

 

 

25 МАЈ (САБОТА), 18:00 ч.

КРАТОК МЕТАР: ЖЕЛЕЗНАТА ПРИКАЗНА

(Iron story)

Игран филм, Македонија

2017, 16 мин., колор, ДЦП

Режија: Златко Калеников (Zlatko Kalenikov)

Улоги: Златко Калеников (Zlatko Kalenikov)

 

КАРИРАН НИНЏА

(Ternet ninja / Checkered Ninja )

Анимиран филм, Данска

2018, 81 мин., колор, ДЦП

Режија: Андерс Матесен и Торбјорн Кристоферсен (Thorbjørn Christoffersen, Anders Matthesen)

Приказната на анимирана детска авантура КАРИРАН НИНЏА говори за Алекс, ученик кој добива нинџа кукла од неговиот чичко Стјуарт по патувањето во Тајланд. Алекс наскоро сфаќа дека чудната шарена кукла, со копчиња неместо очи, всушност е жива и може да му помогне да се заштити од насилниците на училиште. Меѓутоа, кога Алекс одлучува да ѝ  возврати услуга на нинџа куклата, тој открива дека е таа опседната со мисијата да ја одмазди.

КАРИРАН НИНЏА се базира на книгата од данскиот комичар Андерс Матесен, кој исто така го режираше филмот заедно со Торбјорн Кристоферсен. Филмот беше селектиран во детската програма на Берлинскиот филмски фестивал 2018, а годинава руши рекорди во кината низ Данска. Филмот е добитник на наградата „Роберт“ од  Данската филмска академија за најдобар филм за деца и млади, како и наградата за најдобро адаптирано сценарио.

КАРИРАН НИНЏА е сихнронизиран на македонски јазик за најмладата публика.

Возрасна категорија: 9 години

Влезница: 100 денари

 

25 МАЈ (САБОТА), 20:00 ч.

ЌЕ ДОЈДАТ ДЕЦАТА

(The children will come)

Игран филм, Македонија

2017, 18 мин., колор, ДЦП

Режија: Ана Јакимска (Ana Jakimska)

Сценарио: Бранко Костески (Branko Kosteski)

 

КОГА ЌЕ ОСАМНЕ ДЕНОТ

(Kad svane dan / When Day Breaks)

Игран филм, Србија

2012, 95 мин., колор, ДСП

Режија: Горан Паскаљевиќ (Goran Paskaljević)

Сценарио: Филип Давид, Горан Паскаљевиќ (Filip David, Goran Paskaljević)

Улоги: Мира Бањац, Мето Јовановски, Зафир Хаџиманов, Предраг Ејдус (Mustafa Nadarević, Mira Banjac, Meto Jovanovski, Zafir Hadžimanov, Predrag Ejdus)

Филмот е приказна за Миша Бранков (Надаревиќ), професор по музика во пензија, кој случајно го открива своето потекло. На местото во Белград, каде што некогаш бил нацистичкиот логор за Евреите во Втората светска војна, градежни работници наоѓаат лимена кутија со документи кои во 1941 година ги закопал затвореникот Исак Вајс. Професорот дознава дека неговите биолошки родители се Вајс кои, пред да бидат одведени во логорот, го дале на чување на семејството Бранков. Во лимената кутија се наоѓаат и партитурите на недовршената музичка композиција што ја компонирал Исак Вајс.

Трагајќи по вистината за своето потекло, професорот Миша ја истражува и малку познатата вистина за логорот Сајмиште во кој биле сместени Евреите (Judenlager Semlin), едно од најстрашните нацистички собиралишта во средиштето на Белград. Една од опсесиите на Миша е и да ја доврши започнатата композиција на својот татко Исак и да ја изведе на местото на некогашниот логор. По низа перипетии, успева во тоа…

КОГА ЌЕ ОСАМНЕ ДЕНОТ премиерно беше прикажан на Интернационалниот фестивал во Торонто, а беше и српски кандидат за Оскар во 2012.

Возрасна категорија: За сите возрасти

Влезница: 50 денари

 

27 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

ВЛОГОТ НА АНГЕЛИТЕ

(The Angels’ Share)

Игран филм, Велика Британија

2012, 101 мин., колор, ДЦП

Режија: Кен Лоуч (Ken Loach)

Сценарио: Пол Лаверти (Paul Laverty)

Улоги: Пол Браниген, Џон Хершоу, Роџер Алам (Paul Brannigan, John Henshaw, Roger Allam)

 

ВЛОГОТ НА АНГЕЛИТЕ е горчлива комедија и го следи главниот лик Роби кој се прикрадува во породилиштето за да ја посети својата млада девојка Леони и за првпат да го земе в раце својот син Лук. Пресреќен од мигот, тој си дава ветување дека нема да дозволи Лук да има трагичен живот како што имал самиот. За влакно спасувајќи се од затворска казна, тој добива уште една, последна шанса.

Роби работи општествено корисна работа и ги среќава Рино, Алберт и Мо. Но, сите тие не можат да најдат регуларна работа бидејќи имаат криминални досиеја. Пред нив е предизвикот како да обезбедат егзистенција, а да не завршат повторно в затвор…

Возрасна категорија; 14 години

Влезница: 100 денари

 

РЕТРОСПЕКТИВА ВИМ ВЕНДЕРС ВО СОРАБОТКА СО ГЕТЕ-ИНСТИТУТ СКОПЈЕ: ЗАМИСЛУВАЊЕ НА МИРОТ ПРЕКУ ФИЛОЗОФИЈАТА И ФИЛМОТ

27 МАЈ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

ТОКИО-ГА

(Tokyo-Ga)

Документарен филм, Германија / САД

1985 г., 92 мин., колор, ДСП

Режија и сценарио: Вим Вендерс (Wim Wenders)

Со учество на Чишу Риу, Вернер Херцог, Јухару Ацута (Chishû Ryû, Werner Herzog, Yûharu Atsuta)

Инспириран од филмското наследство на јапонскиот режисер Јасуџиро Озу (Yasujirô Ozu), Вим Вендерс патува во Јапонија во потрагата по она Токио од филмовите на Озу. Во овој документарен филм, наградуваниот режисер и продуцент комбинира инсерти од еден од неговите омилени режисери со сликите од Токио 30 години подоцна – сега бучен метрополис полн метеж – во обид да открие каде вистинскиот свет и светот на филмот (можеби) се пресекуваат.

Вендерс ги интервјуира верниот камерман на Озу, Јухару Ацута и еден од неговите омилени актери кој игра во повеќето од филмовите на Озу – Чишу Риу. И додека се обидува да го преоткрие Токио низ очите и низ камерата на Озу, Вендерс открива еден нов Токио низ Пачинкото, голферите на градските покриви, неонските светла во Гинза, бејзбол игрите на гробиштата и восочната храна во излозите на рестораните на овој Токио од 80-тите. Две „Приказни од Токио“, на двајца режисери кои се запознаваат токму упатувајќи го погледот/камерата кон истиот град.

Филмот беше прикажан во рамките на програмата Извесен поглед („Un certain Regard“) на Канскиот филмски фестивал во 1985 година.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

28 МАЈ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

КРАТОК МЕТАР: ПОСЛЕДНИТЕ КАМБАНИ

(The last church bells)

Игран филм, Македонија

2017, 13 мин., колор, ДЦП

Режија: Николче Поповски (Nikolche Popovski)

Сценарио: Николче Поповски (Nikolche Popovski)

 

СТУДЕНА ВОЈНА

(Zimna wojna / Cold War)

Игран филм, Полска / Велика Британија / Франција

2018, 90 мин., црно-бел, ДСП

Режија: Павел Павликовски (Pawel Pawlikowski)

Сценарио: Павел Павликовски, Јануш Гловацки (Pawel Pawlikowski, Janusz Glowacki)

Улоги: Јоана Кулиг, Томаш Кот, Борис Шиц (Joanna Kulig, Tomasz Kot, Borys Szyc)

Сторијата на филмот зборува за страсната љубовна приказна меѓу младата и амбициозна пејачка и танчарка Зула (Јоана Кулиг) и музичарот и диригент Виктор (Томаш Кот). Зула излегува од поправен дом и се пријавува на аудицијата на новоформираното културно-уметничко друштво што ги негува традициите на полскиот фолклор веднаш по војната.

Зула и Виктор имаат различно социјално потекло, но започнуваат љубовна врска. Виктор сака да побегнат на Запад, поточно во Париз, но Зула веќе има некаква кариера на фолклорна ѕвезда, па не му се придружува веднаш. Откако ќе го стори тоа, но на легален начин, Зула сфаќа дека слободата не е таква каква што ја замислувале со Виктор, бидејќи тој е само обичен пијанист во еден париски бар, а Зула пејачка што снима плоча, но ја нема славата како во Полска.

Зула решава да се врати дома, а Виктор останува во Париз како политички емигрант, но ја користи секоја можност да ја види Зула на гостувањата на полскиот фолклорен ансамбл низ Европа. Воден од љубовта кон Зула, Виктор се враќа во Полска, но право в затвор, бидејќи бил емигрант. Зула е веќе мажена со директорот на ансамблот, непривлечен кариерист, има и дете со него, но љубовта кон Виктор не престанала да тлее…

СТУДЕНА ВОЈНА освои „Златна палма“ за режија во Кан минатата година и беше еден од најсериозните кандидати за Оскар, со бројни одлични критики низ целиот свет.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

РЕТРОСПЕКТИВА ВИМ ВЕНДЕРС ВО СОРАБОТКА СО ГЕТЕ-ИНСТИТУТ СКОПЈЕ: ЗАМИСЛУВАЊЕ НА МИРОТ ПРЕКУ ФИЛОЗОФИЈАТА И ФИЛМОТ

28 МАЈ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

СОЛТА НА ЗЕМЈАТА (The Salt of the Earth)

Игран филм, Франција

2014 г., 109 мин., колор, црнобел, ДСП

Режија: Вим Вендерс, Хулиано Рибеиро Салгадо (Wim Wenders, Juliano Ribeiro Salgado)

Сценарио: Вим Вендерс, Хулиано Рибеиро Салгадо, Дејвид Розие (Wim Wenders, Juliano Ribeiro Salgado, David Rosier)

Со учество на Себастиао Салгадо, Вим Вендерс, Лејла Ваник Салгадо (Sebastião Salgado, Wim Wenders, Lélia Wanick Salgado)

Во текот на 40 години, бразилскиот фотограф Себастиао Салгадо патува низ повеќе од 120 земји во светот, по трагите на едно човештво кое постојано се менува, документирајќи ја темната страна на човечката состојба во скриените агли на светот. Тој е сведок на некои од најголемите несреќи во блиската историја: меѓународни конфликти, глад и егзодуси. По повеќе години поминати пренесувајќи ги овие слики на другиот крај на светот, тој тргнува на едно ново патешествие – откривајќи недопрени територии на флора и фауна, и на грандиозни предели како дел од еден огромен фотографски проект кој ѝ оддава почит на убавината на земјата – проектот „Генезис“. Животот и делото на Салгадо ни го откриваат неговиот син, Хулиано, кој го придружува на последните патувања, и Вим Вендерс, кој и самиот е фотограф.

Филмот ја освои Специјалната награда во програмата Извесен поглед („Un certain Regard“) на Канскиот Филмски Фестивал во 2014 година и беше номиниран за Оскар за Најдобар документарен филм. Неодминлив филм за секој оној кој ја сака фотографијата и кој верува дека „чинот на гледање“ не е проста даденост, а дека сликите кои траат – за да се најдат, првo треба да се побараат.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

29 МАЈ (СРЕДА), 18:00 ч.

30 МАЈ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

ДВОЈНИОТ ЉУБОВНИК

(L’amant double / Double Lover)

Игран филм, Франција

2017, 107 мин., колор, ДЦП

Режија: Франсоа Озон (François Ozon)

Сценарио: Франсоа Озон (François Ozon)

Улоги: Марин Вакт, Жереми Рение, Жаклин Бисе (Marine Vacth, Jérémie Renier, Jacqueline Bisset)

Клое е млада париска манекенка, разочарана од гламурот на модните писти. Болките во стомакот и создаваат чувство на психосоматско нарушување. како резултат на тоа, воздржаната убавица ќе се најде на каучот кај шармантниот психотерапевт Пол. Неколку месеци подоцна, тие започнуваат да живеат заедно.

Меѓутоа, матното минато на Пол ја наведува Клое дека нејзиниот љубовник крие повеќе отколку што открива пред неа. Клое е втурната во свет на халуцинации…

Филмот беше во официјалната натпреварувачка селекција на Канскиот филмски фестивал пред две години.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

 

РЕТРОСПЕКТИВА ВИМ ВЕНДЕРС ВО СОРАБОТКА СО ГЕТЕ-ИНСТИТУТ СКОПЈЕ: ЗАМИСЛУВАЊЕ НА МИРОТ ПРЕКУ ФИЛОЗОФИЈАТА И ФИЛМОТ

29 МАЈ (СРЕДА), 20:00 ч.

СОБА 666  (ROOM 666 / CHAMBRE 666)

Документарен филм, Германија / САД

1985 г., 45 мин., колор, ДВД

Режија: Вим Вендерс (Wim Wenders)

Сценарио: Вим Вендерс (Wim Wenders)

Улоги: Вим Вендерс, Микеланџело Антониони, Марун Багдади (Wim Wenders, Michelangelo Antonioni, Maroun Bagdadi)

За време на 35-тиот Кански филмски фестивал во мај 1982 година, Вим Вендерс поканува група од 15 интернационални режисери да одговорат на неколку прашања за иднината на филмот, еден по еден, во истата хотелска соба (соба бр. 666, Хотел Мартинез). Главното прашање што неговите колеги треба да го одговорат гласи: „Дали филмот е јазик кој полека исчезнува, уметност која е на патот да изумре?“. Секој режисер има една 16 мм лента, односно 11 минути да одговори на прашањето. Во општествените науки целта на стандардизацијата е дека секој човек е изложен на истото искуство при прашањето, така што разликите во одговорите можат да бидат коректно интерпретирани единствено како разлики меѓу луѓето наместо разлики во процесот на продуцирање на одговорите. Во СОБА 666 се вклучени и европски автори и холивудски режисери, со наративни и експериментални приоди, мажи и жени кои работат во филмската индустрија и кои ги претставуваат своите филмови или се просто присутни на 35-тиот Кански фестивал. Режисерите доаѓаат од Франција, Италија, Бразил, Либан, Германија, Турција, Филипините и САД, а меѓу нив се Антониони, Херцог, Фасбиндер, Годар… Филмот кој беше прикажан на Канскиот филмски фестивал во 2006 претставува продлабочена рефлексија за иднината на филмот од некои од најголемите режисери на нашето време.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

 

РЕТРОСПЕКТИВА ВИМ ВЕНДЕРС ВО СОРАБОТКА СО ГЕТЕ-ИНСТИТУТ СКОПЈЕ: ЗАМИСЛУВАЊЕ НА МИРОТ ПРЕКУ ФИЛОЗОФИЈАТА И ФИЛМОТ

30 МАЈ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

ПИНА (Pina)

Документарен филм, Германија

2011 г., 106 мин., колор, ДСП

Режија: Вим Вендерс (Wim Wenders)

Сценарио: Вим Вендерс (Wim Wenders)

Со учество на Пина Бауш, Реџина Адвенто, Малу Ајраудо (Pina Bausch, Regina Advento, Malou Airaudo)

Пина Бауш претставува икона на современиот танц. Славна како Исадора Данкан (Isadora Duncan) или Марта Греам (Martha Graham), таа го револуционализираше јазикот на танцот. Создадени за да поттикнат емоција кај гледачот, уникатните мултимедијални креации на Пина нудеа неспоредливо визуелно искуство. Идејата на Вендерс, роденa заеднички со Бауш, беше да снимат филм за танцот каков што не сме виделе дотогаш, филм кој би можел да го позајми најдоброто од новата 3Д технологија (која Вим со нетрпение ја очекуваше) за да му ја подари „третата димензија“ на танцот на филмското платно.

Снимањето на филмот беше прекинато од ненадејната смрт на Пина во 2009 година. По извесно двоумење, Вендерс се решава да продолжи со работа на проектот и, зедно со нејзиниот ансамбл Tanztheater Wuppertal Pina Bausch, да сними филм кој нема да биде само филм-омаж за една од најголемите кореографки на нашето време, туку и филм кој низ филмскиот јазик и низ еден филмски поглед најдобро би можел да го „оживее“ светот на танцот. Во време кога на 3Д технологијата примарно беше гледано од комерцијален интерес, Вендерс поставува едно поинакво прашање: На кој начин технологијата може да му служи на погледот и, ако постои разлика помеѓу тоа „да се гледа“ (looking) и „да се види“ (seeing), за каква иднина на гледањето ќе се одлучиме?

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: бесплатен влез

 

ОМАЖ НА РАЈКО ГРЛИЌ

31 МАЈ (ПЕТОК), 20:00 ч.

САМО ЕДНАШ СЕ ЉУБИ

(Samo jednom se ljubi)

Игран филм, Хрватска

1981, 103 мин., колор, 35 мм

Режија: Рајко Грлиќ (Rajko Grlić)

Сценарио: Рајко Грлиќ , Бранко Шемен (Rajko Grlić,Branko Šömen)

Улоги: Мики Манојловиќ, Владица Милосављевиќ, Младен Будишчак, Зијах Соколовиќ, Драгољуб Лазаров (Miki Manojlović, Vladica Milosavljević, Mladen Budiščak, Zijah Sokolović, Dragoljub Lazarov)

По завршување на Втората светска војна младиот партизан Томислав (Манојловиќ) и неговите другари од комунистичката партија се задолжени да го организираат цивилниот живот во гратче недалеку од Загреб. Заради обновата и културното воздигнување на народните маси од Загреб се испратени и театарски актери, меѓу кои и Беба (Милосављевиќ), балерина од буржоаско потекло, во која веднаш ќе се заљуби Томислав. Иако припаѓаат на два света, младиот пар набргу и ќе се венча.

Во гратчето пристигнуваат и родителите на Беба, загрепски господа, кои не ја кријат одбојноста кон новиот политички (комунистички) поредок. Но, освен родителите на Беба, и партиските другари на Томислав не го кријат незадоволството со неговиот избор на Беба за сопруга и го сметаат за предавник на заедничките идеали. Томислав, како искрен комунист без големи политички и кариеристички амбиции, ќе се најде во јазот меѓу приватниот живот и очекувањата на партиските другари…

Насловот на филмот произлегува од истоимената носталгична евергрин мелодија на Иво Робиќ со која е проткаена сторијата. САМО ЕДНАШ СЕ ЉУБИ учествувал на канскиот фестивал во 1981, а Мики Манојловиќ на фестивалот во Валенсија ја освоил наградата за најдобра машка улога.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 50 денари

 

ОМАЖ НА РАЈКО ГРЛИЌ

1 ЈУНИ (САБОТА), 19:00 ч.

ВО ЧЕЛУСТИТЕ НА ЖИВОТОТ

(U raljama života / In the Jaws of Life)

Игран филм, Хрватска

1984, 95 мин., колор,  ДЦП

Режија: Рајко Грлиќ (Rajko Grlić)

Сценарио: Рајко Грлиќ, Дубравка Угрешиќ (Rajko Grlić,  Dubravka Ugrešić)

Улоги: Витомира Лончар, Горица Поповиќ, Богдан Диклиќ, Велимир Бата Живоиновиќ, Миодраг Кривокапиќ, Мира Фурлан  (Vitomira Lončar, Gorica Popović, Bogdan Diklić, Velimir Bata Živojinović, Miodrag Krivokapić, Mira Furlan)

Култната комедија на Грлиќ претставува адаптација на популарниот роман „Штефица Цвек во челустите на животот“. Сторијата паралелно го следи животот на две жени – просечната и осамена девојка Штефица Цвек (Лончар) која мечтае да го најде човекот на нејзиниот живот, и Дуња (Поповиќ), филмска режисерка која снима телевизиска серија за Штефица, но и ги дели истите љубовни проблеми со неа. Пријателките на Штефица или се мажени и веќе разведени, и тоа по неколку пати, или се во складни врски.

Низ нивните животи ќе продефилираат разни мажи, додека не го најдат вистинскиот. Филмот се одликува со остра сатира на состојбата во тогашната држава СФРЈ: предмет на критиката во филмот се интелектуалците, стереотипите за меѓуетничките односи (релациите меѓу Србите и Хрватите), сексуалните слободи и политичкиот притисок…

ВО ЧЕЛУСТИТЕ НА ЖИВОТОТ е меѓу ексјугословенските филмови кои сè уште имаат култен статус меѓу гледачите.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 50 денари

 

ОМАЖ НА РАЈКО ГРЛИЌ

1 ЈУНИ (САБОТА), 21:00 ч.

ЧАРУГА

(Čaruga)

1991, 108 мин., колор, ДЦП

Игран филм, Хрватска

Режија: Рајко Грлиќ (Rajko Grlić)

Сценарио: Рајко Грлиќ, Иван Кушан (Rajko Grlić, Ivan Kušan)

Улоги: Иво Грегуревиќ, Давор Јањиќ, Бранка Трлин-Матула, Ена Беговиќ, Ненад Стојановски, Петре Арсовски (Ivo Gregurević, Davor Janjić, Branka Trlin-Matula, Ena Begović, Nenad Stojanovski, Petre Arsovski )

1918 година, крај на Првата светска војна. По враќањето од рускиот фронт во Славонија, Јово Станивуковиќ-Чаруга станува водач на побунетите селани-надничари кои бараат крај на феудалните односи и имотите на големите земјопоседници да им биде разделена на обработување. По убиството на еден земјопоседник, Чаруга завршува во затвор, но набргу бега во шумата и им се придружува на одметниците кои се борат за социјална правда и еднаквост.

Чаруга го ликвидира нивниот шеф и станува лидер на одметниците, чија идеологија е мешавина од комунистички идеи и своевиден „комитлук“ во стилот на Робин Худ. Иако добива ореол на заштитник на сиромашните, популарниот Чаруга набргу борбата за правдина ја заменува со сè посурови грабежи и свирепи убиства на жандарми и цивили. Алчноста за поголемо богатство и моќ ќе го претвори Чаруга од револуционер и романтичен ајдук во суров разбојник и убиец, кој конечно ќе им падне во раце на властите…

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 50 денари

 

ОМАЖ НА РАЈКО ГРЛИЌ

2 ЈУНИ (НЕДЕЛА), 19:00 ч.

СЕКОЈА ДОБРА ПРИКАЗНА Е ЉУБОВНА ПРИКАЗНА

(Vsaka dobra zgodba je ljubezenska zgodba / Svaka dobra priča je ljubavna priča)

Документарен филм, Словенија / Хрватска

2017, 71 мин., колор, ДЦП

Режија: Рајко Грлиќ, Матјаж Иванишин  (Rajko Grlić, Matjaž Ivanišin)

Сценарио: Рајко Грлиќ, Матјаж Иванишин  (Rajko Grlić, Matjaž Ivanišin)

Улоги: Душан Јовановиќ, Милена Зупанчич, Борис Каваца, Радко Полич (Dušan Jovanović, Milena Zupančič, Boris Cavazza, Radko Polič)

Филм за театарската претстава „Борис, Милена и Радко“ и четирите познати ликови кои учествуваат во нејзиното создавање: актерите Борис Каваца, Милена Зупанчич и Радко Полич, и режисерот Душан Јовановиќ (нам добро познат како писател на некогаш култната драма „Ослободување на Скопје“,  и сценариото за истоимениот филм во режија на Данило и Раде Шербеџија).

Филмот го документира четиримесечниот процес на создавањето на претставата, од нејзината прва проба до премиерата. Се работи за љубовен триаголник меѓу актерите Зупанчич, Јовановиќ и Полич во реалниот живот, кој е буквално пренесен на театарската сцена. Во текот на создавањето на претставата „Борис, Милена и Радко“, која на театарската сцена и во филмот ја режира Борис Каваца, се елиминира приватниот живот на уметниците и почнува универзалната приказна за односите межу реалното и имагинарното, меѓу личната и јавната перцепција на уметноста.

Во реалниот живот пред неколку децении Милена била мажена за Радко, а Борис бил нивниот кум. Милена станала позната актерка, ѕвезда во ексјугословенскиот театар и филм во 70. и 80. години на минатиот век. Како што растела нејзината популарност, така за неа сè повеќе се интересирал режисерот Јовановиќ, инаку другар на Полич од студентските денови. Јовановиќ успеал да му ја преземе Милена на Полич. Неколку децении подоцна сите тројца, плус Каваца (кој го игра Јовановиќ), ќе минат четири месеци заедно, подготвувајќи ја претставата…

Возрасна категорија:  14 години

Влезница: 50 денари

 

ОМАЖ НА РАЈКО ГРЛИЌ

2 ЈУНИ (НЕДЕЛА), 21:00 ч.

НЕКА ОСТАНЕ МЕЃУ НАС

(Neka ostane među nama)

Игран филм, Хрватска / Србија / Словенија

2010, 87 мин., колор, 35 мм

Режија: Рајко Грлиќ (Rajko Grlić)

Сценарио: Рајко Грлиќ, Анте Томиќ (Rajko Grlić, Ante Tomić)

Улоги: Мики Манојловиќ, Бојан Навојец, Ксенија Маринковиќ, Дариа Лоренци, Наташа Дорчиќ (Miki Manojlović, Bojan Navojec, Ksenija Marinković, Daria Lorenci, Nataša Dorčić)

 

Втората соработка меѓу писателот и сценарист Томиќ резултураше со приказна за петмина луѓе кои се меѓусебно поврзани на интересен сентиментален начин. Тоа се браќата Никола и Брацо, нивните сопруги Анамарија и Марта, и само една, но и најважна, љубовницата – Латица. Сопружниците имаат и ќе имаат деца на кои со сигурност не им се знае таткото заради испреплетеноста на сексуалните интереси на двајцата браќа…

НЕКА ОСТАНЕ МЕЃУ НАС е индискретна загрепска сторија за вировите на еротската страст под плаштот на навидум спокојното и тромо граѓанско секојдневие кое, исто така навидум, ги почитува (не)пишаните граѓански и семејни правила.

Никола (Манојловиќ) е успешен и богат адвокат, а неговиот брат Брацо (Навојец) е сликар со боемски живот. Нивните двојни животи и паралелни љубовни врски ќе се измешаат во горко-слатката приказна за неуморната потрага по љубовта и среќата, секако зачинета со многу сексуални мечти…

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 50 денари

 

ОМАЖ НА РАЈКО ГРЛИЌ

3 ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК), 19:00 ч.

И ДА ПУКНЕ, НЕКА ПУКНЕ

(Kud puklo da puklo)

Игран филм, Хрватска

1974, 89 мин., колор, 35 мм

Режија: Рајко Грлиќ (Rajko Grlić)

Сценарио: Рајко Грлиќ, Срѓан Карановиќ, Александер Кенигмарк (Rajko Grlić, Srđan Karanović, Alexandear Koengismark)

Улоги: Младен Будишчак, Јагода Калопер, Феликс Смитка (Mladen Budiščak, Jagoda Kaloper, Feliks Smitka)

Неконвенционалното момче со работничко потекло наречено Будилица (Будишчак) не може да добие пристојно платена работа. Во знак на протест одлучува да остане невработен, но истовремено да ѝ  се претстави на јавноста со помош на филмските камери, кои го снимаат неговиот секојдневен живот. Во неговиот необичен потфат му се придружува и девојката Јагода (Калопер)…

И ДА ПУКНЕ, НЕКА ПУКНЕ е дебитантски долгометражен игран филм на Грлиќ и претставува дел од бранот на општествено-критичкиот филм во 1970-те години на минатиот век. Необичниот и свеж настап на актерот Будишчак му дава посебен шарм на филмот.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 50 денари

 

ОМАЖ НА РАЈКО ГРЛИЌ

3 ЈУНИ (ПОНЕДЕЛНИК), 21:00 ч.

КАРАУЛА

(Karaula)

Игран филм, Хрватска / Македонија / Србија

2006, 94 мин., колор, 35 мм

Режија: Рајко Грлиќ (Rajko Grlić)

Сценарио: Рајко Грлиќ, Анте Томиќ (Rajko Grlić, Ante Tomić)

Улоги: Сергеј Трифуновиќ, Тони Гојановиќ, Емир Хаџихафизбеговиќ, Богдан Диклиќ, Верица Недеска, Игор Бенчина  (Sergej Trifunović, Toni Gojanović, Emir Hadžihafizbegović, Bogdan Diklić, Verica Nedeska, Igor Benčina)

 

Дејството на филмот се случува во 1987 година, на македонско-албанската граница, пред почеток на војната во бивша Југославија. Екипажот на една зафрлена караула не знае што се случува во земјата и влегува во трагикомични ситуации со локалното население од двете страни на границата. Постојано пијаниот и фрустриран поручник Сафет Пашиќ (Хаџихафизбеговиќ) заболува од сифилис и бара помош од единствениот доктор меѓу војниците, сплиќанецот Синиша Сиричевиќ (Гојановиќ). Поручникот, сакајќи да ја скрие својата болест, измислува напад на Албанците врз Југославија и го доведува целиот баталјон во воена психоза.

Синиша влегува во љубовна врска со Мирјана, сопругата на Пашиќ (Недеска), неговиот најдобар другар Љуба (Трифуновиќ) сака да ја напушти војската, па изјавува дека по повод Титовата штафета ќе трча од караулата на македонско-албанската граница до Куќата на цвеќето во Белград. Работите крајно се усложнуваат откако Љуба ќе се откаже од мисијата, што ќе доведе до отворен конфликт со поручникот Пашиќ…

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 50 денари

 

ОМАЖ НА РАЈКО ГРЛИЌ

4 ЈУНИ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

УСТАВ НА РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА

(Ustav Republike Hrvatske)

Игран филм, Хрватска / Чешка / Македонија / Словенија

2016, 93 мин., колор, ДЦП

Режија: Рајко Грлиќ (Rajko Grlić)

Сценарио: Рајко Грлиќ, Анте Томиќ (Rajko Grlić, Ante Tomić)

Улоги: Небојша Глоговац, Ксенија Маринковиќ, Дејан Аќимовиќ, Божидар Смиљаниќ (Nebojša Glogovac, Ksenija Marinković, Dejan Aćimović, Božidar Smiljanić)

Вељко (Глоговац) е професор во средно училиште кој го посветил целиот свој живот на проучувањето на хрватската историја и јазик. Тој живее во простран, но запоставен стан во центарот на Загреб со својот стар татко Хрвоје (91). За време на Втората светска војна, татко му бил усташки  офицер во хрватската фашистичка војска, а сега како тежок инвалид  шест години е врзан за креветот. Згора на сè, пред помалку од една година Вељко трагично ја загубил љубовта на својот живот, Бобо, виолончелист.

Во недостиг на животна радост и со самоубиствени мисли, единственото нешто во што Вељко ужива се прошетки во доцните ноќни часови . Тој талка низ празниот град, нападно нашминкан и облечен во женска облека. Една вечер група на млади луѓе го претепуваат, уринираат врз него и го оставаат да лежи во несвест на улица. Во болницата, Маја, медицинска сестра која живее во подрумот на зградата во која живее и Вељко, го препознава и се грижи за него. Маја му помага да се врати дома, таа почнува да се грижи не само за него туку и за неговиот неподвижен татко . Вељко се согласува да му помогне на нејзиниот маж, полицаецот Анте, во подготовката на испитот за хрватскиот устав. Анте има тешкотии во учењето, живее живот исполнет со страв дека ќе падне на испитот само поради фактот дека е Србин, иако го сменил роденото име. Започнува приказната за три многу различни луѓе кои живеат во иста зграда и кои, неочекувано и против своја волја, се зависни едни од други.

Филмот освои десетина награди на фестивалите низ светот, меѓу кои и наградата за најдобар филм на фестивалот во Монтреал.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 50 денари

 

Leave a comment