Филмофилите синоќа имаа уникатна можност да уживаат во необична филмска вечер под отворено небо.

Во дворот на Кинотеката беа прикажани класичните филмови на 35 мм лента: првите филмови на браќата Лимиер од 1895 , КАБИНЕТОТ НА ДОКТОР КАЛИГАРИ, филм на Роберт Вине од ерата на германскиот експресионизам, и МАКЕДОНСКА КРВАВА СВАДБА на Трајче Попов.

По поздравниот говор на директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов, на посетителите, повеќе од 200 на број, им се обрати и д-р Атанас Чупоски, филмолог-советник во Кинотеката, кој ги запозна присутните со пионерските почетоци на филмот во светот.

Синоќешната ретрокино вечер под отворено небо беше само своевиден „тест“, со надеж дека наредното лето дворот на Кинотеката повторно ќе биде исполнет со зуењето на 35 мм проектор и со презентација на многу други класици на големото платно.

Leave a comment