На 25.01.2023 (среда) со почеток во 19:30 часот, во КИНОТЕКА НА МАКЕДОНИЈА –Библиотека „Другарче“, ќе биде отворена изложбата со наслов ПЕЧАТ НА ЕМОТИВНИОТ ДОПИР од скулпторката Соња Поповска-Трајковска.

Се работи за самостојна изложба на теракотни фигурини на академската скулпторка со керамика Поповска-Трајковска, која е авторка на повеќе самостојни и групни изложби и мултимедијални перформанси.

Поповска-Трајковска е и ликовен педагог.