На 27 април (четврток), со почеток во 20:00 ч., на кинотечната програма е необичниот настан, снимената театарска претстава на Пина Бауш –  КАФЕ „МИЛЕР“ (Café Müller).

Филмот е снимен во 1985, со времетраење од 50 мин., во режија Пина Бауш (Pina Bausch) и со танчерите Малу Аjродо, Пина Бауш, Доминик Мерси, Jан Минарик, Назарет Панадеро, Жан  Лоран Саспорте (Malou Airaudo, Pina Bausch, Domenique Mercy, Jan Minarik, Nazareth Panadero, Jean Laurent Sasportes).

Театарската претстава „Café Müller“ на Tanztheater Wuppertal Pina Bausch е поставена во 1978 година, и се базира на личните детски и младешки спомени на Пина Бауш. Дејството се одвива во празно кафуле каде луѓето кои ја изгубиле надежта во и способноста за љубов ја преживуваат својата осаменост.

Пина танцува токму за оваа осаменост… Танцот станува главното средство за изразување на внатрешниот свет на личноста и нејзините искуства.

Ова е официјалната верзија на филмот на Пина Бауш, снимен на настапот во Вупертал.