Денот на Југословенската Кинотека, 6 јуни, која годинава го слави својот72. роденден, беше одбележан со отворањето на „23. Фестивал на нитратен филм“ и со доделувањето на признанието „Златен печат“ на филмските доајени Слободан Шијан, филмски режисер, Милорад Јакшиќ–Фанџо, кинематографер, и Радослав Зеленовиќ, филмски уредник и долгогодишен директор на Кинотеката.

Актуелниот директор на Кинотеката, Југослав Пантелиќ, истакна дека добитниците на признијата се личности кои со нивното творештво заслужиле да се најдат во фокусот на фестивалот и филмската јавност. Режисерот Слободан Шијан, потписник на култните екс-југословенски филмови КОЈ ТОА ТАМУ ПЕЕ и МАРАТОНЦИТЕ ГО ТРЧААТ ПОЧЕСНИОТ КРУГ, изјави дека и тој бил дел од успехот на Југословенската Кинотека, акинематограферот Милорад Јакшиќ–Фанџо посочи дека неговите колеги вообичаено немаат прилика многу да настапуваат во јавноста, па затоа ја искористи оваа прилика да ја „приграби“ говорницата и во нивно име. Радослав Зеленовиќ не само што бил дел од историјата на Југословенската Кинотека (и уредник на филмската програма на Радиотелевизија Србија), туку речиси четврт век беше нејзин директор – и Југословенската Кинотека ја профилирал како еден од најбогатите филмски архиви во Европа.

Програмата на „Фестивалот на нитратен филм“– уникатна манифестација во регионот и пошироко – на која се прикажуваат архивски филмови од ерата којаѝ претходела на целолуидната филмска лента – содржи 36 филмови од 26 филмски архиови од Европа, Јапонија, Египет и САД. „Фестивалот на нитратниот филм“ трае до 15 јуни, и уште е нарекуван и „Фестивал на запалив филм, заради хемискиот состав на тогаш употребуваната филмска лента која лесно пламнувала поради триењето во проекторите. Ревијата на такви „запаливи“ филмови започна со проекцијата на МОРАН ОД БРОДОТ ЛЕЈДИ ЛЕТИ (Moran of the Lady Letty, 1922), со Рудолф Валентино во главната улога: овој наслов е исклучок во опусот на Валентино,бидејќи во него тој нема стандардна улога на латино-заводник, туку борец на страната на законот против криминалците.

Голем дел од насловите на програмата на годинешното издание на Фестивалот на нитратен филм за прв пат се прикажуваат по нивната реставрација. Уметничкиот директор и селектор на Фестивалот, Александар Ердељановиќ – раководител на Архивот на Југословенската Кинотека –го посочува филмот КАДЕ ШТО СВЕЌИТЕ ЗАГАСНАТО ГОРАТ (Where Lights Are Low, 1922) со некогашната ѕвезда на немиот филм Сесуе Хајакава (Sesue Hajakava), подоцна познат и по улогата во МОСТОТ НА РЕКАТА КВАЈ (The Bridge on the River Kwai, 1957), класикот на Дејвид Лин (David Lean).

  • Копијата на КАДЕ ШТО СВЕЌИТЕ ЗАГАСНАТО ГОРАТ е единствена во светот, пронајдена во нашиот архив. Ние имаме одлична соработка со филмскиот архив во Токио, а нејзината дигитална реставрација е направена во Болоња, потенцираше Ердељановиќ.

Селекторот посочи дека за програмата на годинешното издание на „Фестивалот на нитратен филм“ се значајни копиите кои последниве години ги пронашле и идентификувале во архивот на Кинотеката.

Некои филмови, посебно од почетоците на кинематографијата, немаат шпици, па затоа е тешко да се определи кога и од кого се снимани. Успеавме да пронајдеме 8 филмови кои не се прикажани до сега. Меѓу нив најзначаен е ПРВИОТ ВУКОВ САБОР ВО ТРШИЌ (Prvi Vukov sabor u Tršiću, 1933): од деловите на негативот кои се чуваат во Етнографскиот музеј успеавме да го реконструираме и да го составиме тој триминутен филм за Саборот посветен на Вук Караџиќ, најзначајната културна манифестација кај нас – вели Ердељановиќ.

Меѓу двата родендени на Југословенската Кинотека, раставрирани се повеќе антологиски филмови од српската кинематографија во „онлајн“ формат. Публиката на „Фестивалот на нитратниот филм“ годинава ќе има можност да ги види и ЛЕКАР ЗА ЖЕНИ (Lekar za žene) во режија на брачниот пар Флек, со интернационалната ѕвезда на тој период Светислав Иван Петровиќ (Svetislav Ivan Petrović), кој играл во околу 110 светски филмови. Фестивалот ќе биде затворен со премиерното прикажување на филмот ТРИ ЖЕНИ (Three Women, 1924) на Ернст Лубич (Ernst Lubitsch). Еден од поатрактивните наслови на програмата еКЛЕТНИЦИ (Les Misérables)од 1934 година, во режија на Рајнер Бернар, со Хари Бор (Harry Baur) во улогата на Жан Валжан. Делови од КЛЕТНИЦИ на Бернар со години биле изгубени, но повторно е во кинотечните сали во верзија од 280 минути благодарејќи на истражувањата на компаниите „Пате“ и „Критерион“. Ликот на Валжан подоцна ќе биде предизвик и за актерите Жан Габен, Лино Вентура, Жан Пол Белмондо, Лиам Нисон, Хју Џекмен, но критичарите ја истакнуваат креацијата на Бор како највпечатлива. На програмата е и арапскиот поглед на крстоносните војни САЛАДИН (Saladin)од 1963 во режија на Јусуф Шахин (Youssef Chahine), за кој критичарите велат дека им парира на на најдобрите холивудски спектакли.