„На кино со баба и дедо“ е дел од кампањата „Да ги слушнеме и гушнеме“ на Халкбанк АД Скопје.

Кампањата е за поддршка на повозрасните лица, но и враќање на меѓу генерациските релации, покажувањето почит кон постарите и создавање мигови кои вечно се паметат. Идејата е на овие проекции помладите да ги донесат своите родители, баби и дедовци, повозрасни роднини и со нив да поминат незаборавни моменти. А има ли подобар времеплов од филмот?!

Кинотеката се приклучува на иницијативата со проекција на наслови кои се во духот на семејството, заедништвото, односно на целата кампања „Да ги слушнеме и гушнеме“. 

Серијалот го започнуваме со култниот „Мирно лето“ на Димитрие Османли, безвременска комедија која секогаш буди прекрасни чувства кај публиката. 

Во соработка со неколку домови за култура, слични проекции предвидени се и во другите градови низ земјава. Избравме филмови за кои силно веруваме дека се дел од вашата младост, љубов и најубави спомени.

„Да ги слушнеме и гушнеме“ е кратка пауза од забрзаното секојдневие, од модерното живеење кога забораваме да ги погледнеме дури и оние кои нè пораснаа, од кои ги научивме најважните работи, оние кои нè создадоа. Да им покажеме дека сме тука до нив, правејќи заедно едноставни, убави нешта како што е гледањето добар филм. 

Влезот за проекцијата на „Мирно лето“ е бесплатен.