4 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 18:00 ч. 

5 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч. 

СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА

(Snow White Dies at the End)

Игран филм, Македонија / Кипар

2022, 106 мин., колор, ДЦП

Режија: Кристијан Ристески (Kristijan Risteski)

Сценарио: Кристијан Ристески (Kristijan Risteski)

Улоги: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски, Давид Јанакиев (Natasa Petrovikj, Verica Nedeska, Sashko Kocev, Deniz Abdula, Ivica Dimitrijevikj, Tino Kostadinovski, David Janakiev)

 

Седум луѓе живеат во време и простор кои се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“ на Боби, 20-годишен arkoman. Маја е „волк самотник“, не комуницира „очи в очи“ со луѓе, а Игор е „риба надвор од вода“, има Аспергер синдром. Иако не би требало да имаат прилика да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детство, „маалска екипа“ која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизацијата на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи.

СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА е дебитатнски филм на Кристијан Ристески, а со неговата премиера се затвори годинешново 43-то издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

4 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 20:00 ч. 

5 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч. 

9 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч. 

10 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК), 20:00 ч. 

11 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 20:00 ч. 

КАЈМАК

(Kaymak)

Игран филм, С. Македонија / Данска / Холандија / Хрватска

2022, 106 мин., колор, ДЦП

Режија: Милчо Манчевски (Milcho Manchevski)

Сценарио: Милчо Манчевски (Milcho Manchevski)

Улоги: Ана Стојановска, Камка Тоциновски, Симона Спировска, Александар Микиќ, Сара Климоска, Филип Трајковиќ (Ana Stojanovska, Kamka Tocinovski, Simona Spirovska, Aleksandar Mikikj, Sara Klimoska, Filip Trajkovikj)

 

Неконвенционална љубовна приказна, но и критика на нелибералното лицемерие, КАЈМАК, седмиот игран филм на Манчевски ја следи ситуацијата во две семејства. Едното се млада и добро ситуирана брачна двојка која се обидува да добие дете, а другото се нивните соседи, кои живеат во куќарка подеднакво шарамантно распадната како и нивниот брак. Првите својот проблем ќе се обидат да го решат со роднина од село која ќе се всели кај нив, а вторите со примање на продавачката на кајмак во нивната заедничка постела. И двете семејства си ја бараат среќата, секое на свој начин. Оваа црна комедија под површината се занимава и со помрачни социјални прашања – сурогат родителство, неверство, улогата на жената во семејството и општеството, трговијата со луѓе, сексуалната слобода  итн., а светската премиера ја имаше на Токискиот филмски фестивал во 2022.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

 

 

9 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК), 17:00 ч. 

10 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК), 17:00 ч. 

11 ЈАНУАРИ (СРЕДА), 17:00 ч. 

ОД РАЈОТ 

(Nebesa/Heavens Above)

Игран филм, Србија / Хрватска / Црна Гора / Словенија / Македонија

2021, 120 мин., колор, ДЦП

Rежија: Срѓан Драгојевиќ (Srdjan Dragojevic)

Сценарио: Срѓан Драгојевиќ, Марсел Аиме (Srdjan Dragojevic, Marcel Aymé)

Улоги: Горан Навојец, Ксенија Маринковиќ, Бојан Навојец, Наташа Марковиќ (Goran Navojec, Ksenija Marinković, Bojan Navojec, Nataša Marković)

 

После половина век комунизам и атеизам, во ексјугословенското општество се враќа христијанството. Оваа филмска алегорија со елементи на црна комедија е инспирирана од трите приказни на францускиот писател Марсел Аиме. Приказните за влијанието на чудата врз посткомунистичкото општество во транзицискиот период се одвиваат во 1993-та, 2001-ва и 2026-та година.

Појавата на чуда е одговор на колективната свест на промените, кои ја присилуваат целата заедница светот околу себе, превртен наопаку да го гледа воново светло и чудесна перспектива. Овој филм поставува некои од суштинските прашања на современиот свет – Веруваме ли во Христа или се поклонуваме на Златното теле – идолот кој ги опредметува парите, конзумеризмот и алчноста? Како да го разликуваме Божјиот Дар од Искушението на Ѓаволот? Кога е Божјата милост всушност клетва? ОД РАЈОТ е филм кој поставува бројни прашања, но не нуди едноставни одговори.

ОД РАЈОТ премиерно беше прикажан на Интернационалниот филмски фестивал во Локарно, по што учествуваше на повеќе европски и балкански фестивали: Котбус, СинИст, Балкан Панорама, Острава Камера Око, Валенсија итн.

Во август беше дел од официјалната програма на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола. Директор на фотографијата е Душан Јоксимовиќ, редовен соработник на Срѓан Драгојевиќ, со кого ја снимиле комплетната филмографија на режисерот: НИЕ НЕ СМЕ АНЃЕЛИ (Mi nismo andjeli /We Are Not Angels), 1992, УБАВИТЕ СЕЛА УБАВО ГОРАТ (Lepa sela lepo gore/Pretty Village, Pretty Flame), 1996, РАНИ (Rane/The Wounds), 1998, НИЕ НЕ СМЕ АНЃЕЛИ 2 (Mi nismo andjeli 2/We Are Not Angels 2), 2005, СВЕТИ ЃОРЃИ ГО УБИВА ЗМЕЈОТ (Sveti Georgije ubiva aždahu/St. George Shoots the Dragon), 2009, ПАРАДА (Parada/The Parade), 2011, АТОМСКИ ОД ДЕСНО (Atomski zdesna/Holidays in the Sun), 2014.

 

Возрасна категорија: 14 години 

Влезница: 100 денари 

12 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК)

13:00 ч.: ЛИЛ, ЛИЛ, КРОКОДИЛ (Lyle, Lyle, Crocodile)

19:00 ч.: КОШМАР ПРЕД БОЖИЌ (The Nightmare Before Christmas)

 

13 ЈАНУАРИ (ПЕТОК)

13:00 ч.: ЛИЛ, ЛИЛ, КРОКОДИЛ (Lyle, Lyle, Crocodile)

15:00 ч.: КАШЕЈ: КРАДЕЦ НА НЕВЕСТИ (Koshchey. Pokhititel nevest)

19:00 ч.: КОШМАР ПРЕД БОЖИЌ (The Nightmare Before Christmas)

 

14 ЈАНУАРИ (САБОТА)

13:00 ч.: МИЊОНИ: ПОДЕМОТ НА ГРУ (Minions: The Rise of Gru)

15:00 ч.: АВАНТУРИТЕ НА ФИНИК (Finnick)

18:00 ч.: ЛИЛ, ЛИЛ, КРОКОДИЛ (Lyle, Lyle, Crocodile)

 

16 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК)

13:00 ч.: МИЊОНИ: ПОДЕМОТ НА ГРУ (Minions: The Rise of Gru)

15:00 ч.: АВАНТУРИТЕ НА ФИНИК (Finnick)

18:00 ч.: ЛИЛ, ЛИЛ, КРОКОДИЛ (Lyle, Lyle, Crocodile)

 

17 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК)

13:00 ч.: ЛИЛ, ЛИЛ, КРОКОДИЛ (Lyle, Lyle, Crocodile)

15:00 ч.: КАШЕЈ: КРАДЕЦ НА НЕВЕСТИ (Koshchey. Pokhititel nevest)

18:00 ч.: ЛИЛ, ЛИЛ, КРОКОДИЛ (Lyle, Lyle, Crocodile)

 

18 ЈАНУАРИ (СРЕДА)

13:00 ч.: ЛИЛ, ЛИЛ, КРОКОДИЛ (Lyle, Lyle, Crocodile)

15:00 ч.: МИЊОНИ: ПОДЕМОТ НА ГРУ (Minions: The Rise of Gru)

18:00 ч.: ЛИЛ, ЛИЛ, КРОКОДИЛ (Lyle, Lyle, Crocodile)

 

20 ЈАНУАРИ (ПЕТОК)

13:00 ч.: ЛИЛ, ЛИЛ, КРОКОДИЛ (Lyle, Lyle, Crocodile)

15:00 ч.: МАКС И БЕСНАТА ДРУЖИНА (Max und die wilde 7)

18:00 ч.: МИЊОНИ: ПОДЕМОТ НА ГРУ (Minions: The Rise of Gru)

 

21 ЈАНУАРИ (САБОТА)

13:00 ч.: МИЊОНИ: ПОДЕМОТ НА ГРУ (Minions: The Rise of Gru)

15:00 ч.: МАКС И БЕСНАТА ДРУЖИНА (Max und die wilde 7)

18:00 ч.: ЛИЛ, ЛИЛ, КРОКОДИЛ (Lyle, Lyle, Crocodile)

ЛИЛ, ЛИЛ, КРОКОДИЛ

(Lyle, Lyle, Crocodile)

Игран филм

2022 г., 106 мин., колор, ДЦП

Режија: Џош Гордон, Вил Спек (Josh Gordon, Will Speck)

Сценарио: Вил Дејвис, според романите на Бернард Вабер (Will Davies, Bernard Waber)

Улоги: Хавиер Бардем, Винслоу Фегли, Констанс Ву, Шон Мендез (Javier Bardem, Winslow Fegley, Constance Wu, Shawn Mendes)

 

Крокодилот Лил живее во куќа во Њујорк, во близина на Централ парк, удобно сместен на таванот кај семејството Прим. Помага во извршувањето на секојдневните обврски и си игра со децата од соседството, многу е забавен, мил и добронамерен, а и одлично пее. Меѓутоа, еден од соседите упорно тврди дека местото на Лил не е во куќа каде што живеат луѓе, туку – во зоолошка градина. Господин Грампс и неговата мачка Лорета не сакаат крокодили, а Лил се обидува да докаже дека не е толку лош и опасен колку што на прв поглед изгледа, односно како што другите, кои не го познаваат, очекуваат од него.

Гласот на анимираниот крокодил Лик во играниот филм го позајмува младата канадска музичка ѕвезда Шон Мендес кој ги изведува и сите нумери во филмот.

 

Возрасна категорија: 7 години

Влезница: 150 денари

 

 

 

КОШМАР ПРЕД БОЖИЌ

(The Nightmare Before Christmas)

Анимиран филм

1993 г., 76 мин., колор, ДЦП

Режија: Хенри Селик (Henry Selick)

Сценарио: Тим Бартон, Мајл Мекдауел, Каролин Томпсон (Tim Burton, Michael McDowell, Caroline Thompson)

Улоги: Дани Елфман, Крис Сарандон, Кетрин О’Хара (Danny Elfman, Chris Sarandon, Catherine O’Hara)

 

Во Градот на Ноќта на вештерките живеат сите измислени страшила од приказните — врколаци, вампири, вештерки, зомбиња и други. На страшилото со глава на тиква, Џек Скелингтон, му е дојдено преку глава од постојаните прослави на Ноќта на вештерките, која секоја година, на ист начин, ја организира градоначалникот. Сакајќи нешто да промени, тој добива необична идеја, откако случајно ќе појде во Градот на Божиќ (Christmas Town), каде ќе ги види Дедо Мраз, подароците, песните и сè што таму се случува. Затоа, непосредно пред Божиќ, тој го грабнува Дедо Мраз и ја презема неговата улога. Единствено девојката Сали, која е вљубена во Џек, се обидува да го разубеди, бидејќи претчувствува дека ќе се случат лоши работи.

Креативното и идејно чедо на Тим Бартон – КОШМАР ПРЕД БОЖИЌ – покрај тоа што беше блокбастер во времето кога се појави, стана и култен филм за цела генерација филмофили. Бартон ги обмислил ликовите и приказната уште кога работел како аниматор за Дизни, но компанијата не сакала да реализира таков проект. Пред сè заради контроверзниот пристап на Бартон во третманот на темата (хорор комедија за Божиќ), заради принципите на студиото Дизни  чии анимирани филмови дотогаш се реализирале со класична анимација, а не со стоп-анимација (како што бил замислен проектот), а и отсуството на очи кај главниот лик, што се сметало за хендикеп во смисол на губење на едно од битните изразни средства на главниот анимиран лик.

Кога на почетокот на 1990-ите раководството на Дизни одлучува да ризикува и да финансира филмски проект од овој вид, Бартон веќе не им бил на располагање бидејќи работел на други проекти (ВРАЌАЊЕТО НА БЕТМЕН), па за режисер бил ангажиран Хенри Селик. Но бидејќи целиот концепт, приказната, ликовите, процесот на анимација го носат печатот на Бартон, неговото име се појавува на најавната шпица и целосниот наслов на филмот е “Tim Burton’s Nightmare Before Christmas”.

 

 

Возрасна категорија: 10 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

КАШЕЈ: КРАДЕЦ НА НЕВЕСТИ

(Koshchey. Pokhititel nevest)

Анимиран филм

2022 г., 106 мин., колор, ДЦП

Режија: Роман Артемјев (Roman Artemyev)

Сценарио: Роман Артемјев, Генрик Неболсин (Roman Artemyev, Genrikh Nebolsin)

Улоги: Виктор Добронравов, Екатерина Тарасова, Антон Елдаров, Роман Артемјев, Елизавета Бојарскаја, (Viktor Dobronravov, Ekaterina Tarasova, Anton Eldarov, Roman Artemyev, Elizaveta Boyarskaya,)

 

Од којзнае каква причина Кашеј, вечно младиот и секогаш добро облечен Принц на темнината, веќе триста години не може да си најде невеста. Заплашувал и киднапирал принцези, па потоа и во жаби ги претворал, но никоја не се вљубила во него, не го засакала, и тој е сам и очаен. На другиот крај на светот, убавата принцеза Варвара има сличен проблем – ниту еден додворувач не е доволно добар за неа. Со сите оние кои доаѓаат да ја запросат таа излегува на мегдан и секогаш ги победува и надмудрува. Затоа и таа е сама, немажена, невљубена. Еден ден Кошеј се одлучува да ја киднапира Варвара, бидејќи слушнал за нејзината убавина, но не е свесен дека дома ќе внесе некој што е подеднакво тврдоглав, арогантен, самобендисан, интелигентен  и силен како него. Дали тие двајцата се идеална двојка или се совршени непријатели?

Филмот е сихронизиран на македонски јазик.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

АВАНТУРИТЕ НА ФИНИК

(Finnick)

Анимиран филм

2022 г., 85 мин., колор, ДЦП

Режија: Денис Чернов (Denis Chernov)

Сценарио: Татјана Белова, Денис Чернов, Александр Ким (Tatiana Belova, Denis Chernov, Aleksandr Kim)

Улоги: Михаил Крустаљов, Вероника Голубева, Влад Левскиј, Ида Галич (Mikhail Khrustalyov, Veronika Golubeva, Vlad Levskiy, Ida Galich)

 

Многу луѓе не знаат дека во секоја куќа живеат фини – крзнени суштества кои живеат меѓу луѓето и се грижат за одржувањето на домот, на огништето. Тие се постојано присутни, но се невидливи за човечко око. Еден од нив е и младиот Финик, кој се чини дека многу не е заинтересиран за домот, се шегува со „домашните“ и заради тоа ниту едно семејство не се задржува подолго време во куќата каде што тој „оперира“. Неговиот живот ќе се промени откако во куќата ќе се всели ново семејство, а 13-годишната Кристина, која всушност може да го види Финик, ќе ги разоткрие сите негови трикови и штосови. Заврши тивкиот и анонимен живот за Финик, нема повеќе легачење. Сега, кога Кристина го следи секое негово движење, тој ќе мора да се однесува како вистинки фин, да средува, чисти и помага. Истовремено, во градот почнуваат да се случуваат чудни работи. Финик и Кристина, толку различни, а толку истоумни, ќе се здружат за да ја решат мистеријата и да го спасат градот од непознатиот непријател.

Филмот е синхронизиран на македонски јазик.

 

Возрасна категорија: сите возрасти

Влезница: 100 денари

 

 

 

МИЊОНИ: ПОДЕМОТ НА ГРУ

(Minions: The Rise of Gru)

Анимиран филм

2022 г., 90 мин., колор, ДЦП

Режија: Кајл Балда, Бред Ејблсон, Џонатан дел Вал (Kyle Balda, Brad Ableson, Jonathan del Val)

Сценарио: Метју Фогел, Брајан Линч (Matthew Fogel, Brian Lynch)

Улоги: Стив Карел, Пјер Кофин, Алан Аркин, Тараџи П. Хенсон, Мишел Јео (Steve Carell, Pierre Coffin, Alan Arkin, Taraji P. Henson, Michelle Yeoh)

 

Во средината на 1970-ите, во времето на афро-фризурите и ѕвонестите фармерки, Гру  е младо момче кое живее во предградието. Голем  обожавател на супергрупата на супер-негативци, позната како „Шесторица лоши“ (Viscous 6), Гру планира да стане многу злобен за да го примат за член во озлогласената група. За реализацијата на своите идеи тој добива безрезервна поддршка од неговите лојални и хаотични следбеници – мињоните. Заедно, Кевин, Стјуарт, Боб и Ото – новиот мињон со забна протеза и постојана потреба на сите да им удоволува – ги вложуваат сите свои напори во функционирањето на новата база во која Гру експериментира со нови оружја и смислува злобнички идеи и планови. Кога Шесторицата лоши ќе го соборат својот дотогашен лидер и ќе го исфрлат од групата, Гру ќе појде кај нив на интервју за „работа“, но тие го исмеваат и отфрлаат. Тогаш Гру ќе ги надмудри, ќе украде од нив и со тоа ќе ги претвори во свои смртни непријатели.

МИЊОНИ: ПОДЕМОТ НА ГРУ е приквел и сиквел истовремено – приквел на ПОДЛИОТ ЈАС (2010, Despicable Me), првиот филм за Гру, злосторникот со нежно срце, и сиквел на МИЊОНИ (2015, Minions), првиот филм за малите жолти палавковци кои бараат господар, доволно злобен за да му служат, ама се уште не го сретнале „вистинскиот“, односно Гру.

Филмот е синхронизиран на македонски јазик.

 

Возрасна категорија: 7 години

Влезница: 150 денари

 

 

 

МАКС И БЕСНАТА ДРУЖИНА

(Max und die wilde 7)

Игран филм

2020 г., 87 мин., колор, ДЦП

Режија: Винфрид Елснер (Winfried Oelsner)

Сценарио: Лиса Мари Дикрајтер, Винфрид Елснер (Lisa-Marie Dickreiter, Winfried Oelsner)

Улоги: Јона Ајзенблатер, Уши Глас, Гинтер Мариа Халмер, Томас Тиме, Стела Брикнер, Алвара Хефелс (Jona Eisenblätter, Uschi Glas, Günter Maria Halmer, Thomas Thieme, Stella Brückner, Alwara Höfels)

 

Можете ли да си замислите дека живеете во замок, како Геролдсек? Иако замокот е дом за стари лица, а вие сте 9-годишно момче? На Макс тоа баш и не му се допаѓа, но мора тука да живее бидејќи неговата мајка е медицинска сестра и работи во ноќната смена. Тој е единственото дете меѓу овие збрчакни и неретко намќорести луѓе, па на прв поглед неговиот живот тука се чини сосем „не кул“.

Но, откако ќе влета во возбудлива криминална истрага во обид да го открие мистериозниот крадец кој на сред бел ден краде скапоцености од собите во дворецот, Макс ќе се спријатели со неколкумина од постарите жители на домот – со актерката Вера, фудбалскиот тренер Хорст и истражувачот Килијан, заедно попознати како Бесната дружина. Без нивна помош Макс нема да може да го открие вистинскиот крадец и да го изведе пред лицето на правдата.

 

Возрасна категорија: 8 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

 

 

23 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 17:00 ч.

25 ЈАНУАРИ (СРЕДА) 17:00 ч.

26 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК) 17:00 ч.

31 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК) 20:00 ч.

 

ОД РАЈОТ

(Nebesa)

Игран филм, Норвешка / Франција / Шведска

2021, 127 мин., колор, ДЦП

Режија: Срѓан Драгојевиќ (Srdjan Dragojevic)

Сценарио: Срѓан Драгојевиќ, Марсел Ајме (Srdjan Dragojevic, Marcel Aymé)

Улоги: Горан Навојец, Ксенија Маринковиќ, Бојан Навојец (Goran Navojec, Ksenija Marinkovic, Bojan Navojec)

 

Три приказни за влијанието на трите божји чуда што им се случуваат на главните ликови кои живеат во посткомунистичкото општество во транзицискиот период, а кои ќе се случат во 1993, 2001 и 2026 година.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

23 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

25 ЈАНУАРИ (СРЕДА) 20:00 ч.

30 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 18:00 ч.

 

СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА

(Snow White Dies at the End)

Игран филм, Македонија / Кипар

2022, 106 мин., колор, ДЦП

Режија и сценарио: Кристијан Ристески (Kristijan Risteski)

Улоги: Наташа Петровиќ, Верица Недеска, Сашко Коцев, Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Тино Костадиновски, Давид Јанакиев (Natasa Petrovikj, Verica Nedeska, Sashko Kocev, Deniz Abdula, Ivica Dimitrijevikj, Tino Kostadinovski, David Janakiev)

 

Седум луѓе живеат во време и простор кои се во конфликт со нивните вредности. Откако ќе ѝ вети на својата најдобра другарка, која е на смртна постела, дека ќе се грижи за нејзиниот син, Снежана станува „мајка“ на Боби, 20-годишен наркоман. Маја е „волк самотник“, не комуницира „очи в очи“ со луѓе, а Игор е „риба надвор од вода“, има Аспергер синдром. Иако Боби и Маја не би требало да имаат прилика да се сретнат, тие се сретнуваат и се вљубуваат. Никола, Горазд и Дејан се другари од детство, „маалска екипа“ која се мачи да се прилагоди на овој нов свет, дехуманизиран од виртуелната комуникација, релативизацијата на моралот и агресивната инвазија на политиката врз нивните животи.

СНЕЖАНА НА КРАЈОТ УМИРА е дебитатнски игран филм на Кристијан Ристески, а со неговата премиера се затвори минатогодишното, 43. издание на Фестивалот на филмската камера „Браќа Манаки“ во Битола.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

27 ЈАНУАРИ (ПЕТОК) 20:00 ч.

 

ПРЕЗИР

(Le Mépris /  Contempt)

Игран филм, Франција

1963, 103 мин., колор, ДЦП

Режијa: Жан-Лук Годар (Jean-Luc Godard)

Сценарио: Алберто Моравија, Жан-Лук Годар (Alberto Moravia, Jean-Luc Godard)

Улоги: Брижит Бардо, Џек Паланс, Мишел Пиколи (Brigitte Bardot, Jack Palance, Michel Piccoli)

 

Пол Џавал е писател кој е ангажиран да направи сценарио за нов филм за старгогрчкиот херој Одисеј, кој треба да биде режиран од Фриц Ланг. Ова понуда ќе дојде од страна на сомнителниот американски продуцент Џереми Прокош. Кога при едно патување Пол ќе ја остави сопругата Камил да се вози сама со Прокош, таа ќе помисли дека тој ќе ја искористи како подарок за Прокош со цел да добие подобар хонорар.

 

Возрасна категорија: 16 години

Влезница: 100 денари

 

 

 

26 ЈАНУАРИ (ЧЕТВРТОК) 20:00 ч.

30 ЈАНУАРИ (ПОНЕДЕЛНИК) 20:00 ч.

31 ЈАНУАРИ (ВТОРНИК) 18:00 ч.

 

НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ

(Luckiest Man in the World)

Игран филм, С. Македонија / Хрватска / Црна Гора

2022, 100 мин., колор, ДЦП

Режија: Теона Стругар Митевска (Teona Strugar Mitevska)

Сценарио: Теона Стругар Митевска, Елма Татарагиќ (Teona Strugar Mitevska, Elma Tataragic)

Улоги: Јелена Кордиќ Курет, Аднан Омеровиќ, Лабина Митевска (Jelena Kordic Kuret, Adnan Omerovic, Labina Mitevska)

 

НАЈСРЕЌНИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ е филм кој, всушност, говори за тешкотијата на помирувањето, кое е неопходно за да се може да се продолжи со животот во мир по војна. Сараево четири години беше под опсада и тероризирано со снајперски истрели со огромен број невини жртви. Овој филм говори за Асја, четириесетгодишна жена која се пријавува на организиран настан за барање партнер. Таму се среќава со Зоран, нејзин врсник, кој е дојден да се запознае токму со Асја, но тој не е дојден таму во потрага по љубов.

 

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари