Јубилејот 20 години од премиерата на „Прашина“ на Милчо Манчевски на отворањето на Венецискиот фестивал во 2001, ќе се одбележи со презентација на филмот на три угледни платформи на денот од годишнината, недела, 29 август: Македонската радио телевизија ќе го емитува во 23 часот; во 20 часот ќе биде прикажан под отворено небо во дворот на Кинотека; а на фан страницата на Манчевски на Фејсбук (https://www.facebook.com/Milcho.Manchevski ) ќе биде поставен линк за бесплатен стриминг на филмот.

Билетот во Кинотека чини 100 денари, а секој посетител ќе добие подарок пакет од три ДВД-еа со филмови во режија на Милчо Манчевски – „Пред дождот“, „Прашина“ и „Сенки“.

Како вовед во емитувањето на МТВ, поместен е кус видео есеј од директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов.

Видео од отворањето на Венецискиот фестивал во 2001 со „Прашина“:

КАКО СЕ СНИМАШЕ „ПРАШИНА“; ИСТОРИСКИ ФАКТИ; РОБЕРТ РЕДФОРД, РИЧАРД ГИР И ХАРВИ ВАЈНСТИН; КАКО ВО ВЕНЕЦИЈА РЕАГИРАА ПУБЛИКАТА, РЕЖИСЕРИТЕ АЛФОНСО КУАРОН И КАРЛО КАРЛЕИ И СЛАВНИОТ РОМАНСИЕР АЛЕСАНДРО БАРИКО, И СВЕТСКАТА КРИТИКА; КАКО ФИЛМОТ ВЛИЈАЕШЕ НА ВИСОКАТА МОДА…

(Текст на филмската критичарка Марина Костова)

 

ПРАШИНА

(Dust)

Игран филм, В. Британија / Италија / Германија / Македонија

2001, 127 мин., колор, 35 мм

Режија: Милчо Манчевски

Сценарио: Милчо Манчевски

Улоги: Џозеф Фајнс, Дејвид Венам, Адриан Лестер, Ен Броше, Розмари Марфи, Николина Кујача, Владо Јовановски, Салаетин Билал (Joseph Fiennes, David Wenham, Adrian Lester, Anne Brochet, Rosemary Murphy, Nikolina Kujaca, Vlado Jovanovski, Salaetin Bilal)

 

ПРАШИНА раскажува две приказни истовремено и во заднината прави скокови од почетокот на 20-тиот век до американскиот современ културен момент.

На почетокот на 20-тиот век, на американскиот Запад, двајца браќа се вљубуваат во иста жена. Лилит (Броше) го одбира помладиот Елаја (Фајнс), а Лук (Венам) заминува за Европа, каде неговите демони го водат во Македонија. Македонскиот дел од приказната нè води во Македонија под отоманско ропство и приказната за борбата за гол живот. Учителот (Јовановски) е предводник на комитите, а Неда (Кујача) е пред пораѓање на нивното дете, ќерката Ангела. Сардисани од турскиот аскер, напомош им доаѓа еден каубоец, бркан од друг каубоец… Во временските скокови низ филмот се мешаат раѓањето и смртта на Ангела (Марфи) и нејзиното надмудрување со крадецот Еџ (Лестер).

Филмот е приказна за љубовта, но и за омразата, за Балканот и Америка, која доведува до фатален крај на главните ликови.

 

Дејвид Венам како Лук во Прашина

Јапонскиот постер за Прашина

Николина Кујача како Неда во Прашина

Од снимањето на Прашина, Милчо Манчевски и Розмари Марфи, фото Кико де Луиџи

Од снимањето на Прашина, Џозеф Фајнс и Милчо Манчевски, Фото Кико де Луиџи

Официјален постер за Прашина, дизајн на Дејв Мекин

Разгледница со црквата во Штавица

Црквата во Штавица