Во Кинотека на С.Македонија на 21 и 22 ноември 2022 и онлајн преку посебна фестивалска платформа на Сinesquare.net (од 21 до 27 ноември) во рамки на деветото издание на „Фестивал на тркала“ ќе бидат прикажани четири европски филмови – МАРЕ, СТАКЛЕНО МОМЧЕ, СИГУРНОСТ и ВСЕЛЕНСКО МОМЧЕ.
Фестивалската програма вклучува четири филмови за целото семејство, со што ќе им се овозможи и на децата и на возрасните низ цела Македонија да уживаат во квалитетни филмови од поновата европска кинематографија.
Распоред на филмовите во Кинотека на Македонија:
21.11.2022, 15 часот – проекција на швајцарскиот филм „Маре“
21.11.2022, 18 часот – проекција на детскиот филм „Стаклено момче“
22.11.2022, 15 часот – проекција на швајцарскиот филм „Сигурност“
22.11.2022, 18 часот – проекција на детскиот филм „Вселенско момче“