Замина филмскиот, телевизиски и театарски актер Митко С. Апостоловски.

Родениот битолчанец по дипломирањето на Вишата музичка школа во Скопје (отсек за драмски глумци) работи во театрите во Битола и во Куманово. Во неговата филмографија забележа триесеттина улоги, меѓу кои помаркантни се Аритон во Големата вода (2004) на Иво Трајков, Димитрие во Трето полувреме (2013) на Дарко Митревски и Ристо во До балчак (2014) на Столе Попов.

Театарските штици ги паметат неговите улоги: Фезлиев (“Црнила”), Војдан (“Тетовирани души се враќаат дома”), Креонт (“Медеја”), Дидро (“Развратникот”)… а беше дел и од неколку популарни ТВ серии: “Наши години“, “Илинден“, “Белото циганче“, “Тврдокорни“…

Избрана филмографија:

2004Големата вода ( Главна улога, )
2005Остани исправен ( Споредна улога, )
2007Јас сум од Титов Велес ( Споредна улога, )
2013Трето полувреме ( Главна улога, )