Оваа Политика на приватност се однесува за заштитата на приватноста на личните податоци при посетата и не се однесува за личните податоци што се собираат на други начини ниту на Вашата посета на другите интернет страници до кои пристапувате преку нашата страница.
Од аспект на заштита на обработката на личните податоци, Кинотека на Р. Северна Македонија е Контролор на лични податоци, а субјекти на лични податоци се сите клиенти при посета/регистрација на нашата веб-страницата.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е НУ Кинотека на Р. Северна Македонија (во понатамошниот текст само Kонтролор).
Контакт информации:
Кинотека на Република Северна Македонија
Адреса: Никола Русински бр. 1
Телефон: + 389 2 30 71 814 + 389 2 30 65 968
Телефон кино сала: + 389 2 306 59 68
Факс: + 389 2 30 71 813
E-mail: kinoteka@ukim.edu.mk
Директор: vladoa@maccinema.com
Собирање и обработка на Вашите личните податоци
При посетата на страницата, НУ Кинотека на Р. Северна Македонија ги обработува Вашите лични податоци (лични податоци за идентификација и контакт информации), само доколку доброволно со Ваша согласност ги дадете преку регистрирање на нашата страница, со цел на информирање и користење на нашите услуги и производи.
Личните податоци се прибираат, обработуваат и чуваат целосно во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Податоци за навигација
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на ДЕ-ТА;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Овие информации се дел од серверските колачиња кои се креираат автоматски, и се наменети исклучиво за персонализација на веб страната и се бришат автоматски при затаврањето на веб прелистувачот освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Податоци кои корисниците доброволно се доставуваат
Личните податоци кои ги прибираме се податоците кои Вие доброволни ги доставувате при регистрацијата на нашата веб страна, како би ни овозможиле да ги оствариме нашите услуги и сервиси утврдени согласно со Закон
Цели за кои се користат собраните лични податоци
- Да обезбедиме известување за промена на условите и воведување на нови производи и услуги за клиентите;
- Да се обезбеди мислење од клиентите во врска со нашите производи и услуги и евентуално за спроведување на анкети, преку поставени прашања до клиентите;
- Да се олеснат и проследат пребарувањата на клиентите и барањата за информаци и пријавување од страна на клиентите во врска со врска со нашите производи и услуги;
- Помош при појава на проблем при користењето на врска со нашите производи и услуги,
- Прикажување на персонализирани содржини и промотивниматеријали (реклами) соодветно на интересите на клиентите, врз основа на нивна изречна согласност
Дополнително собраните податоци се користат за:
- Да се создаде анонимна, групна статистика за користењето на нашата веб-страницата, производи, услуги;
- Да се подобрат постоечките и создадат нови производи и услуги, препораки, реклами и други комуникации;
- За поддршка за корисници во случај на проблем при користењето на производите и услугите.
Веб сајтот на НУ Кинотека на Р. Северна Македонија го заштитува протокот на Вашите лични податоц и преку мрежата со https протоколот за заштита на информации.
Прифаќање на условите
Со користењето на интернет страницата на НУ Кинотека на Р. Северна Македонија Вие како корисници се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност. Доколку не се согласувате, Ве молиме да не ја користите интернет страницата. Континуираното користење на интернет страницата од Ваша страна следејќи ги измените и дополнувањата на оваа Политика за приватност се смета за Ваше прифаќање на истите.
Употреба на веб страницата од страна на малолетни лица
Им препорачуваме на сите родители и старатели да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет. Малолетните лица не смеат да даваат лични податоци без дозвола од нивните родители или старатели.
НУ Кинотека на Р. Северна Македонија никогаш нема намерно да земе лични податоци од малолетници, ниту пак истите да ги проследи на трета страна без дозвола од родителот/старателот.
Промена на Политиката за приватност
НУ Кинотека на Р. Северна Македонија го задржува правото да врши измени и дополнувања на оваа Политика за приватност, за кои измени и дополнувања ќе биде поставено извесување на овој веб сајт
Вашите права
Како корисник на нашата интернет страница, имате право на писмено барање упатено електронската адреса: fjollaz@maccinema.com да ги остварите Вашите права:
- Да бидете информирани кои лични податоци сеобработуваат за Вас и кои се целите и правната основа на нивната обработка и/или
- Да пристапите до Вашите лични податоци и
- Да ги дополните, измените, избришете или да побарате запирање на нивната понатамошна обработка
- Да ги промените Вашите преференци за вршење на директен маркетинг во кое било време преку пристап до веб страницата.
Електронската адреса од која ќе не контактирате и останатите лични податоци, како и целата содржина на Вашите барања или предлози, нема да бидат користени за ниту една друга цел освен да одговориме на Вашето барање, прашање односно предлог упатен до нас.
Директен Маркетинг
Доколку се согласувате вашите Лични податоци да бидат користени за цели на директен маркетинг односно за да ви испраќаме информации, вклучувајќи промотивни материјали, во врска со нас или со нашите производи и услуги, од наша страна ќе ви бидат пратени материјали по пат на директна пошта, телемаркетинг, електронска пошта, СМС и ММС пораки. Вашите лични податоци за цели на директен маркетинг се обработуваат единствено со ваша согласност, која можете да ја повлечете бесплатно во секоев реме, преку Образецот за повлекување на согласноста.
Колачиња (анг. Cookies)
На нашата веб-страница користиме колачиња. Колачето претставува мала датотека која што се состои од букви и бројки што се запишуваат на Вашиот компјутер. Колачињата не зачувуваат лични податоци, како што се Вашето име или адреса. Кога следниот пат ќе ја посетите нашата страница, колачињата ни дозволуваат да го препознаеме Вашиот пребарувач. Колачиња та може да ги зачувуваат Вашите преференции и други информации, но не можат да ги читаат Вашите податоци или информации од Вашиот тврд диск или, пак, да читаат други зачувани датотеки за колачиња од други страници. Може да го наместите Вашиот веб-прелистувач да ги одбива колачињата, зашто може подетално да се информирате преку нашата Политика за колачиња.