Проектот „…и Aкција!“ 2022-1-MK01-KA220-SCH-000089397 поддржан од Европската Унија, во рамките на Еразмус+ програмата го имаше својот трет транснационален проектен состанок во Љубљана, Словенија. На координаторот на проектот Кинотека на Северна Македонија му се придружија партнери од EDC EKSEDRA, Здружение за образование во областа на природните науки, уметностите и архитектурата (Словенија), Ириг мој град (Србија), Asociación Extremundo (Шпанија) и Здружение – традиции, образование, историја и култура (Бугарија). Секој партнер ги презентираше неодамнешните активности поврзани со проектот. Беа финализирани развојот на првиот интелектуален производ, истражувачките активности, методологија и анализите на анкетите. Се дискутираше за вториот интелектуален производ , а идеите за веб-платформата беа поставени и споделени меѓу партнерите. Бидејќи структурата на првиот курс за обука беше воспоставена за време на вториот транснационален состанок, последните организациски детали беа дискутирани и финализирани за време на овој трет транснационален состанок.