( Scorri fino in fondo per la traduzione in italiano! )

Од 13 до 18 мај во историската „Кинотека на Република Македонија“ во Скопје ќе се одржи XXIV издание на „Неделата на италијанскиот филм“.

Веќе добро познатиот фестивал ќе понуди избор од шест филма кои ја претставуваат современата италијанска кинематографска продукција – впрочем сите филмови се издадени во 2023 година и се добитници на бројни престижни национални и меѓународни награди – а вториот елемент што ги обединува е темата „промени“ во смисла на непредвидени ситуации, неочекувани врски, лични избори, историски и општествени преобразби и уметнички доживувања.

Отворањето на фестивалот ќе се одржи во понеделник на 13 мај со извонредното филмско достигнување „И утре е ден“, сценарио и режија на Паола Кортелези којашто ја толкува и главната улога во нејзиното режиско деби. Филмот – покрај тоа што забележа рекордна заработка во италијанските киносали во 2023 година – беше високо оценет не само во Италија, туку и во странство за неговата режија, извонредна глума на актерската екипа, но и поради длабочината на прашањата што ги третира кои се однесуваат на патријархалната култура, родовото насилство и правата на жените. Сведок за уметничката и културната вредност на „И утре е ден“ е неговиот триумф на фестивалот на Италијанската филмска академија каде што освои 6 награди Давид ди Донатело – едно од најпрестижните италијански филмски признанија – 3 победи на 18-то издание на Римскиот филмски фестивал, како и награда за филм на годината на фестивалот Сребрени ленти во 2024 година.

Во вторник, 14 мај, ќе биде прикажан „Командант“ – делото што го отвори 80-тото издание на Меѓународниот филмски фестивал во Венеција – во режија на Едоардо Де Анџелис. Филмот ја оживува на големото платно вистинската приказна на Салваторе Тодаро, легендарен херој од Втората светска војна кој во 1940 година бил командант на подморницата Капелини на италијанската Кралска морнарица, фантастично реконструирана токму за снимањето на овој филм, во секој нејзин детал и во природна големина. Се работи за прекрасен блокбастер “made in Italy“ со огромна емотивна моќ што ни предочува дека морепловниот закон преовладува над која било војна. Филмот, чиј протагонист го глуми извонредниот Пјерфранческо Фавино, предизвика позитивни реакции кај јавноста и критичарите.

Во среда, 15 мај, фестивалот ќе продолжи со „Грабнатиот“, најновиот филм на Марко Белокио – познатиот режисер добитник на Златна палма за животно дело во 2022 година и 7 статуетки Давид ди Донатело – кој црпи инспирација од книгата „Случајот Мортара“ на Даниеле Скализе. Играниот филм ја раскажува вистинската приказна за Едгардо Мортара, еврејско дете кое било крстено во тајност, а во 1858 година било одземено од неговото семејство за да биде воспитано во католичката вера, под контрола и старателство на папата Пио IX, што предизвикало интерес и од страна на меѓународната заедница. Преку овој потресен и трогателен настан и внимателната реконструкција на епохата во која се одвива дејството, „Грабнатиот“ се развива во фасцинантна приказна за предвечерието на националното обединување, кога моќта на Црквата се наоѓа во опад.

Четврток, 16 мај, на програмата е „Благодарам, момци“ во режија на Рикардо Милани, режисер на некои од најуспешните комедии издадени во последните години во Италија. Со овој филм се нурнуваме во животот на Антонио, актер кој е во потрага по цел, толкуван од незаборавниот Антонио Албанезе и поддржан од екипа на исклучителни актери. Приказна за надежта која гледа подалеку од неповолните околности, за искупувањето и, пред сè, за јунаците кои имаат храброст да веруваат во трансформативната моќ на уметноста.

Во петок на 17 мај ќе биде прикажан „Нелагодна љубов“, во режија на Бепе Фјорело, во неговото филмско и режисерско деби. Филмот е слободно инспириран од вистински настан кој се случил на Сицилија во 1980 година: наводно самоубиство на двајца тинејџери. Режисерот нè носи во Сицилија во 1982 година. Додека на телевизија се пренесува Светското првенство во фудбал и Италијанците се надеваат дека ќе го освојат светскиот куп, двајцата протагонисти случајно ќе се судрат со нивните скутери, а несреќата ќе стане повод за да станат пријатели, а можеби и нешто повеќе.

Најпосле во сабота на 18-ти мај манифестацијата ќе се затвори со прекцијата на „Сто недели“, во режија на Антонио Албанезе, воедно и главна улога во филмот кој на деликатен и емотивно умешен начин ја раскажува приказната за неправдата којашто ќе погоди многу Италијанци, мали штедачи кои, како и главниот лик, ќе бидат предадени од алчноста на банкарскиот систем. Сепак, филмот ја истакнува не само социјалната драма, туку и силата на семејните врски и пријателството.

 

Сите филмови се со титлови на македонски и англиски јазик и влезот е бесплатен.

Проекциите ќе започнат во 20:00 часот.

Неделата на италијанскиот филм, организирана од Италијанската амбасада во соработка со Институтот за Култура во Белград и Кинотеката на Република Македонија, годинава се реализира благодарение на Проектот ITALIAN SCREENS промовиран од Генералната дирекција за филм и аудиовизуелни уметности на Министерството за Култура на Италија, од италијанското Министерство за надворешни работи и меѓународна соработка, во соработка со Филмската академија на Италија и со организациската поддршка на Чинечита.

 

13 мај, понеделник 20:00 часот
И УТРЕ Е ДЕН (2023, Кортелези)

Делија (Паола Кортелези) е сопруга на Ивано и мајка на три деца. Сопруга, мајка. Тоа се улогите кои ја дефинираат и тоа ѝ е доволно. Дејството се одвива во втората половина на ‘40 години и го следи животот на едно обично семејство кое живее во Рим, град поделен меѓу позитивниот полет на ослободувањето и бедата предизвикана од неодамнешнета војна.
Ивано (Валерио Мастандреа) е глава и врховен водич на семејството, макотрпно работи за да донесе парче леб дома и не пропушта прилика за да го истакне тоа, напати со презриви зборови, а често и директно со удари со ремен.
Има почит единствено кон никаквецот од негов татко, Сор Оторино (Џорџо Коланџели), деспотски настроен и огорчен старец, за кого Делија се грижи како да му е негувателка. Единствената оддишка за Делија е нејзината пријателка Мариза (Емануела Фанели), со која споделува моменти на разонода и понекогаш поинтимно доверување.
Пролет е и целото семејство е возбудено поради претстојната свршувачка на нивната сакана првородена Марчела (Романа Маџора Вергано), која пак очајно се надева дека набрзо ќе се омажи за добро момче од буржоаската класа, Џулио (Франческо Чентораме) за конечно да се ослободи од нејзиното срамно семејство.
Ниту Делија не бара ништо друго, го прифаќа животот што ја снашол, а добриот брак за ќерка ѝ ги отсликува сите нејзини стремежи. Сепак, пристигнувањето на едно мистериозно писмо ќе разбуди во неа храброст за да се откаже од зацртаните планови и да замисли подобра иднина, и не само за неа.
Филмскиот феномен на Паола Кортелези ја освои златната награда за најгледан италијански филм за 2023 година, со 19 номинации за наградата Давид на Донатело, и забележа рекорден успех во кината и бум на гледаност на онлајн платформите.

 

14 мај, вторник 20:00 часот
КОМАНДАНТ (2023, Де Анџелис)

Филмот „Командант“, во режија на Едоардо Де Анџелис, се одвива за време на Втората светска војна и го следи ликот на Салваторе Тодаро (Пјерфранческо Фавино), кој командува со подморницата Капелини на италијанската кралска воена морнарица.
Во октомври 1940 година, додека плови по Атлантскиот окоен среде ноќ, подморницата е нападната од белгиски трговски брод „Кабало“. Тодаро борбено одговара на нападот и го потонува бродот, со што непријателскиот екипаж завршува во морето. Во тој момент, командантот решава да направи херојски гест за да ги спаси и 26-те белгиски војници од сигурна смрт и давење во морето. За да успее во подвигот, мора да се изложи на огромен ризик и да помине пред очите на непријателот.
Филмот кој го отвори Венецискиот филмски фестивал во 2023 година, ја комбинира епско-историската димензија, црпејќи инспирација од вистински настани, со поинтимен и театарски приказ на човечноста која преовладува над воените правила и послушноста.

 

15 мај, среда 20:00 часот
ГРАБНАТИОТ (2023, Белокио)

Во 1858 година, во еврејскиот кварт на Болоња, војниците на папата упаѓаат во домот на семејството Мортара. По наредба на кардиналот го земаат Едгардо, седумгодишниот син на семејството. Според изјавите на една собарка, детето, на шест месечна возраст во тајност било крстено, зошто се верувало дека е на работ на смртта. Папскиот закон е дециден: детето ќе мора да добие католичко образование. Родителите на Едгардо, шокирани, ќе направат сѐ што можат за да си го вратат синот. Поддржана од јавното мислење и меѓународната еврејска заедница, битката на семејството Мортара набрзо ќе добие политичка димензија. Но, папата не се согласува да го врати детето. Додека Едгардо расте во католичката вера, со текот на времето моќта на Црквата слабее, а трупите на Савоја го освојуваат Рим.
Презентиран меѓу кандидатите за престижната награда на Канскиот филмски фестивал, овој игран филм со голема вештина и длабока емоција раскажува еден фундаментален период од историјата на Италија, преку личната и вистинита приказна за грабнувањето. Во двојството помеѓу католицизмот и јудаизмот, меѓу сомнежот и верата, резултатот е едно филмско остварување со неверојатна моќ.

 

16 мај, четврток 20:00 часот
БЛАГОДАРАМ, МОМЦИ (2023, Милани)

Антонио Черами е театарски актер кој не стапнал на сцена веќе три години, живее сам во стан во Чампино од каде го слуша секој авион што минува, а за да врзе крај со крај синхронизира порно филмови. Еден ден, неговиот пријател Микеле, стабилно вработен во мал римски театар, му предлага една необична привремена работа: шест дена часови по глума во затворот во Велетри каде затворениците треба сценски да постават неколку бајки. Се работи за проект финансиран од Министерството, со рамнодушна согласност на директорката на затворот, Лора, но Антонио ќе биде ентузијаст и ќе реши со затворската постава да реализира поголем проект во театарот на Микеле: „Чекајќи го Годо“ од Семјуел Бекет, зашто затворениците најдобро знаат што значи да се чека: тоа е сè што прават!
Оваа неодолива комедија е римејк на францускиот филм Un triomphe (2020), кој се заснова на документарниот филм „Les Prisonniers de Beckett“ од Мичка Сал (2005), што ги раскажува искуствата на шведскиот актер Јан Јонсон во затворите. Филмот црпи инспирација од вистински настани што се случиле во Шведска во 1985 година.

 

17 мај, петок 20:00 часот
НЕЛАГОДНА ЉУБОВ (2023, Фјорело)

Филмот се инспирира од вистинска приказна за двојно убиство што се случило на Сицилија во раните 1980-ти. Џани е 17-годишно момче кое нема пријатели. Жртва на неговите врсници поради неговата хомосексуалност, тој молчеливо ја трпи нивната омраза и предрасудите. Единствена утеха му е мајка му Лина, која го поддржува дури и пред нејзиниот груб и насилен партнер Франко, сопственик на автосервисот во кој работи момчето. Животот на Џани се менува кога ќе го запознае Нино, храбро шеснаесетгодишно момче со чиста душа. Возејќи ги нивните скутери, двајцата случајно ќе се судрат, но од таа несреќа се раѓа длабоко пријателство кое без чувство на срам ќе се претвори во љубов кога двајцата почнуваат да работат заедно како ложачи во фирмата на Алфредо, таткото на Нино, кој ја продолжува античката семејна традиција на приредување огномет за време на на селските фестивали. Но, силната љубов меѓу нив не ќе може да сокрие од очите на конзервативните мештани и на нивните семејства.

 

18 мај, сабота 20:00 часот
СТО НЕДЕЛИ (2023, Албанезе)

Антонио, поранешен работник во бродоградилиште, води кроток и мирен живот: игра бочење со пријателите, се грижи за својата постара мајка, има поранешна сопруга со која е во одлични односи и една ќерка, Емилија, која ја обожува. Кога Емилија еден ден ќе му соопшти дека решила да се омажи, Антонио е радосен, конечно може да го исполни сонот на ќерката така што ќе и приреди свадба за која отсекогаш сонувале, благодарение на неговата животна заштеда. Меѓутоа, банката во која отсекогаш бил клиент се чини како да крие нешто: вработените одеднаш се недостапни а директорот постојано и необјаснува се менува. Сонот за свадбата на неговата ќерка се покажува сè потежок за остварување, а Антонио за жал ќе открие дека оние кои се задолжени да го чуваат нашето богатство, не секогаш се заштитници и на нашите сништа.

 


 

XXIV SETTIMANA DEL CINEMA ITALIANO – “Il cambiamento”

 

Dal 13 al 18 maggio si svolgerà presso la storica “Kinoteka na Republika Severna Makedonija” di Skopje la XXIV edizione della “Settimana del Cinema Italiano”.  La rassegna offrirà una selezione di sei film tra i più rappresentativi della produzione cinematografica italiana contemporanea – si tratta infatti di pellicole tutte uscite nel 2023 che hanno ricevuto numerosi prestigiosi premi nazionali ed internazionali – e sarà declinata attorno al tema del “cambiamento” a partire da situazioni impreviste, relazioni inaspettate, scelte personali, mutamenti storici e sociali ed esperienze artistiche.

Ad aprire la rassegna, lunedì 13 maggio, sarà il film di enorme successo C’è ancora domani, scritto, diretto ed interpretato da Paola Cortellesi, al suo esordio come regista. Il film – oltre ad essere risultato campione di incassi in Italia nel 2023 – è stato molto apprezzato non solo in Italia ma anche all’estero per la regia, la superba recitazione degli attori e per la profondità delle tematiche affrontate legate alla cultura patriarcale, alla volenza di genere e ai diritti delle donne. A testimoniare il valore artistico e culturale di C’è ancora domani, il suo trionfo all’Accademia del Cinema Italiano con ben 6 premi David di Donatello – fra i più prestigiosi premi cinematografici italiani – 3 premi alla 18a edizione della Festa del Cinema di Roma e il premio come Film dell’anno ai Nastri d’argento del 2024.

Martedì 14 maggio verrà proiettato Il Comandante – il film di apertura dell’80esima edizione della Mostra internazionale del cinema di Venezia – diretto da Edoardo De Angelis che fa rivivere sul grande schermo la vera storia di Salvatore Todaro, un eroe leggendario della Seconda Guerra Mondiale che nel 1940 è al comando del sommergibile Cappellini della Regia Marina, ricostruito per l’occasione, in ogni piccolo dettaglio e a grandezza naturale. Un avvincente kolossal Made in Italy carico di potenza emotiva che evidenzia come la legge del mare sia più forte di ogni guerra.  La pellicola, che vede come attore protagonista un formidabile Pierfrancesco Favino, è stata accolta positivamente dal pubblico e dalla critica.

Mercoledì 15 maggio la Settimana proseguirà con Rapito l’ultimo film di Marco Bellocchio – il noto regista Palma d’oro alla carriera nel 2022 e 7 volte David di Donatello – che si ispira liberamente al libro “Il caso Mortara” di Daniele Scalise. Il lungometraggio racconta la vera storia di Edgardo Mortara, bambino ebreo, segretamente battezzato, che nel 1858 fu sottratto alla famiglia per essere allevato da cattolico sotto il controllo e la custodia di Papa Pio IX, suscitando un caso internazionale. Attraverso questa vicenda dolorosa e commovente e una ricostruzione dell’epoca fedele e curata, Rapito sviluppa un racconto appassionante alla vigilia dell’Unità quando il potere temporale della Chiesa era ormai in declino.

Giovedì 16 maggio sarà il turno di Grazie Ragazzi diretto da Riccardo Milani, regista di alcune delle commedie più di successo degli ultimi anni in Italia. Con questo film ci immergiamo nella vita di Antonio, un attore alla ricerca di uno scopo, interpretato da uno straordinario Antonio Albanese affiancato da un cast di attori eccezionali. Una storia di speranza che guarda oltre le circostanze avverse, di riscatto e, soprattutto, di ringraziamento a coloro che hanno il coraggio di credere nella forza trasformativa dell’arte.

Venerdì 17 maggio invece sarà proiettato “Stranizza d’Amuri”, un film sempre del 2023 diretto da Beppe Fiorello, al suo esordio alla regia cinematografica. La pellicola si ispira liberamente a un fatto di cronaca nera accaduto in Sicilia nel 1980: l’apparente suicidio di due adolescenti. Il regista ci porta nella Sicilia del 1982. Mentre le tv trasmettono i mondiali di calcio e gli italiani sperano nella Coppa del mondo, i due protagonisti si scontrano accidentalmente con i loro motorini ma quell’incidente è l’occasione per i due di diventare amici e forse qualcosa di più. Infine sabato 18 la rassegna si concluderà con “Cento Domeniche”, un film diretto e interpretato da Antonio Albanese che racconta con delicatezza e sensibilità una storia di ingiustizia che ha riguardato moltissimi italiani, piccoli risparmiatori che, come il protagonista, furono traditi dall’avidità e dai crack bancari. Il film comunque mette in luce non soltanto un dramma sociale ma anche la forza dei legami familiari e dell’amicizia.

Tutti i film sono sottotitolati in lingua macedone e inglese e l’ingresso è gratuito. Le proiezioni avranno inizio alle ore 20:00.

La Settimana del Cinema Italiano, organizzata dall’Ambasciata d’Italia in collaborazione con l’Istituto di Cultura di Belgrado e la Cineteca Nazionale della Repubblica di Macedonia del Nord, è realizzata quest’anno grazie al progetto ITALIAN SCREENS promosso dalla Direzione Generale Cinema e Audiovisivo del Ministero della Cultura, dal Ministero degli Affari Esteri e della Cooperazione Internazionale, con l’Accademia del Cinema Italiano – Premi David di Donatello, e il supporto organizzativo di Cinecittà.