Бојан Станишиќ – в.д. директор

Бојан Станишиќ е менаџер во културата, дистрибутер и програмски директор со 15 годишно искуство. Од 2009 до 2012 година работи во МКЦ како менаџер на филмската програма, задолжен за подготвување на филмската програма на репертоарот на кино “Милениум” и кино “Фросина”. Воедно учествува во организација на проекти на МКЦ: “Млад отворен театар”, “Бела Ноќ”, “Здраво Млади” и други настани од програмата на МКЦ.

 

Во периодот од 2009 до 2014 година го менаџира и организира фестивалот за современа електронска музика, нови медиуми и технологија “Desonanz” во соработка со Гете-институт Скопје.

Во 2012 се вработува во штотуку отвореното мултиплекс кино Синеплекс како директор на маркетинг, а паралелно работи и во МЦФ МКД, дистрибутер на филмови во регионот каде во периодот од 2013 до 2017 година е задолжен за менаџирање на дистрибуцијата на филмови од “20th Century Fox”, студиото “Sony” и “Walt Disney” во Македонија, . Воедно е и филд менаџер за дистрибуција на филмови во Косово и Албанија.

Во 2013 година учествува на бaлканската конференција на дистрибутери на “20th Century Fox” во Белград, Србија во организација MCF & MegaCom.

Во 2017 се вработува во Кинотеката на Македонија како програмски уредник задолжен за подготовка и реализација на кинотечната филмска програма и организација и супервизија на работата на киносалата и сите придружни активности поврзани со промоција на филмовите и организација на различни филмски настани. Како програмски уредник на Кинотеката на Македонија учествува на повеќе семинари/обуки: “II Cinema Ritrovato Festival” – семинар за развој на филмска публика во Болоња, Италија, 2020 г; Europa Cinemas Audience Development & Innovation Lab” – обука за програмски уредници на “Еuropa Cinemas” во Болоња, Италија; “Transilvania International Film Festival” – семинар за развој на филмска публика во Клуж, Романија, 2021 г.

Продуцент e на “ДОЛУ ОД РАЈОТ” (2015) – краток игран филм. Директор на филм на “МИТОТ ЗА САРА” (2011) – краток игран филм, и др…

Во меѓувреме работи и организира голем број проекти соработувајќи со повеќе национални институции од областа на културата, филмската продукција и граѓанските здруженија.

Соработува со фестивалите: Синедejс, како и со Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки” каде е технички директор од 2021 до 2023 г.

Истовремено е активен на полето на дистрибуција на македонски филмови во Македонија.