В петок, 5 мај, во Кинотека на Северна Македонија со почеток од 20:00 часот ќе се одржи специјална проекција на „Јанsа“, во режија на Никола Калајџиски, првиот долгометражен документарен филм посветен на животот и делото на великанот на македонскиот јазик и култура Блаже Конески.
Овој фантастичен филм на Калајџиски го слави најголемиот чувар на традицијата, историјата и македонскиот јазик.
Своја проекција во рамките на овие настани, филмот „Јанѕа“ ќе има и следниот ден, на 6 мај, во Центарот за култура во Битола, од 20 часот.
Проекцијата е во чест на Денот на македонскиот јазик, под слоганот „Пишувај на кирилица!“. Да ја славиме убавината на македонскиот јазик и да го одржуваме жив во нашата секојдневна електронска комуникација, особено преку мобилните уреди.
Во Музејот на македонската борба, во 18:00 часот, концерт ќе одржи Музичката младина на Македонија, која годинава одбележува јубилеј – 60 години од формирањето. Во 19 часот на „Школка“, во Градскиот парк, концерт ќе одржи рок- бендот „Црно собрание“, кој е составен од ученици од скопското средно училиште „Никола Карев“.

Влезот за сите настани е слободен.

Не пропуштајте го ова неверојатно културно искуство!