МЕСЕЦ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ

1 МАРТ (ПЕТОК), 18:00 ч.

4 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

КОПАЊЕ

(Digging)

Игран филм, Македонија

2018, 76 мин., црно-бел, ДСП

Режија: Ивица Димитријевиќ, Мартин Иванов

Сценарио: Ивица Димитријевиќ, Кристијан Винклер

Улоги: Гораст Цветковски, Ивица Димитријевиќ, Александар Ѓорѓиески

Некаде во селска средина живее Гораст. По години поминати во градот, Ивица конечно се враќа кај својот стар другар. Ивица, за секој случај, со себе го води младиот Алек. Додека евоцираат спомени од детството, Гораст му соопштува на Ивица дека го повикал за да копаат дупка во дворот на куќата.

Копајќи се открива причината зошто двајцата биле разделени 16 години и какви последици има нивното некогашно пријателство. Секој има своја причина зошто не комуницирале толку години, но никогаш не ја споделиле меѓу себе. КОПАЊЕ е филм за минатото и сегашноста, за пријателството и за универзалното правило на едно другарство непробојно за оној кој стои однадвор.

КОПАЊЕ е снимен според истоимената драма на германскиот писател Кристијан Винклер, поставена на сцената на Македонскиот народен театар. Филмот е реализиран во независна продукција.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница:  50 ден.

 

МЕСЕЦ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ

1 МАРТ (ПЕТОК), 20:00 ч.

НАДВОР ОД ГРАНИЦИТЕ НА РЕАЛНОСТА

(Za granyu realnosti/ Beyond the Edge)

Игран филм, Русија

2018, 117 мин., колор, ДСП

Режија: Александар Богуславски, Франческо Чинквемани (Aleksandr Boguslavskiy, Francesco Cinquemani)

Сценарио: Александар Богуславски, Франческо Чинквемани (Aleksandr Boguslavskiy, Francesco Cinquemani)

Улоги: Антонио Бандерас, Милош Биковиќ, Љубов Аксјонова, Алесандра Стар Вард, Евгениј Стичкин (Antonio Banderas, Miloš Biković, Lyubov Aksyonova, Alessandra Starr Ward, Evgeniy Stychkin)

Денешна Москва. Талентиран коцкар составува тим од луѓе со натприродни моќи, сакајќи да освои голема добивка во казино. Но, работите се компликуваат кога ќе наидат на многу силен мистичен ривал…

Бидејќи дејствието на филмот се одвива во неколку европски престолнини, НАДВОР ОД ГРАНИЦИТЕ НА РЕАЛНОСТА е сниман на локации во Русија, Италија и Грузија. Сцените со коцкањето се снимени во вистинско казиново градот Азов, Русија. Филмот е блокбастер во Русија, каде што забележи бројка од половина милион гледачи.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница:  100 денари

 

МЕСЕЦ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ

2 МАРТ (САБОТА), 20:00 ч.

25 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК),

ЛЕТО 93

(Estiu 1993/Summer 93)

Игран филм, Шпанија

2017, 97 мин., колор, ДСП

Режија:  Карла Симон (Carla Simón)

Сценарио: Карла Симон (Carla Simón)

Улоги: Лаија Артигас, Паула Роблес, Бруна Куси (Laia Artigas, Paula Robles, Bruna Cusí)

По смртта на нејзините родители од СИДА, шестгодишната Фрида ќе замине да живее заедно со нејзиниот чичко на село. Но, Фрида се соочува со потешкотии да ја заборави својата мајка и да се приспособи на новиот живот.

Карла Симон го напишала сценариото според нејзината лична драма од детството. Филмот ЛЕТО 93 својата премиера ја имаше на 67-то издание на Берлинскиот фестивал, каде што ја доби наградата за најдобар дебитански филм. ЛЕТО 93 имаше одличен прием кај европската филмска критика и сè уште ја носи препораката за „филм што мора да се види“. Филмот беше и шпански претставник за Оскар од неанглиското говорно подрачје.

Возрасна категорија: 6 години
Влезница:  50 ден.

 

4 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

КРИМСКИ МОСТ: НАПРАВЕН СО ЉУБОВ!

(Krymskiy most. Sdelano s lyubovyu! / The Crimean Bridge. Made with Love!)

Игран филм, Русија

2018, 102 мин., колор ДСП

Режија: Тигран Кеосајан (Tigran Keosayan)

Сценарио: Маргарита Симонјан (Margarita Simonyan)

Улоги: Алексеј Демидов, Елена Хмелницкаја, Сергеј Никоненко (Aleksey Demidov, Elena Khmelnitskaya, Sergey Nikonenko)

Приказната на филмот се одвива во Керч, на Крим, каде што се гради новиот мост, најдолг во Русија. Во топлото лето и покрај нежното море, младиот и одважен градител  Дима го практикува неговото хоби: во секоја смена на студентките по археологија ја избира најубавата девојка и ја освојува!

И овој пат би се случило истото, но Дима има конкурент во еден московски експерт за односи со јавноста. Тој е водич на телевизиска екипа од Америка која прави репортажа на Крим и, како успешен кариерист со бел автомобил кабриолет, се обидува да ја заведе најубавата девојка, Варја. Додека двајцата конкуренти се натпреваурваат за нејзината љубов, а Дима се обидува и да направи договор со конкурентот, третото момче од приказната, Берик, е на добар пат да го оствари животниот сон – да се ожени со Американка и да се пресели во Холивуд…

КРИМСКИ МОСТ: НАПРАВЕН СО ЉУБОВ е сниман на реални локации во Керч во периодот додека е граден мостот.

Возрасна категорија: 12 години

 

МЕСЕЦ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ

5 МАРТ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

29 МАРТ (ПЕТОК ), 18:00 ч.

МОРЕ ОД ЖИТО

(Freckles – Mare di grano)

Игран филм, Италија/Франција

2018, 81 мин. Колор, ДСП

Режија: Фабрицио Гвардучи (Fabrizio Guarducci)

Сценарио: Фабрицио Гвардучи (Fabrizio Guarducci)

Улоги: Орнела Мути, Јохан Шопен, Симона Бориони (Ornella Muti, Yohann Chopin, Simona Borioni)

Осумгодишниот Адам се качува по ридови и се спушта по долини во околината на Тоскана, додека не стигне до едно мало гратче во близина на Сиена. Таму ги запознава Аријана и Мартино, кои ќе го придружуваат во неговата авантура и заедно ќе отпатуваат до морето, местото каде што Адам се надева дека ќе ги најде своите родители.

Трите деца, заедно со патката Пина, неразделното милениче на Мартино, ќе ги одведат гледачите на едно авантуристичко патување полно со емоции, во кое протагонистите ги преживуваат народните приказни од нивното детство.

Возрасна категорија: Сите возрасти

Влезница:  50 ден.

 

5 МАРТ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

МАНАКИ – ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ

(Manaki Story in Pictures)

Премиера на документарен филм за Јанаки и Милтон Манаки и отворање на изложба на реставрирани фотографии од опусот на Браќата Манаки

Документарен филм, Македонија

2017/2018, 70 мин., црно-бел/колор, ДСП

Режија: Роберт Јанкулоски

Сценарио: Илинденка Петрушева, Роберт Јанкулоски

Филмот ја прикажува фотографската работа на Јанаки и Милтон Манаки, првите балкански кинематографери. Со текот на годините браќата Манаки се митологизирани, а додавањето на нови и непотврдени информации со цел да се зголеми нивната важност е непотребно и штетно, бидејќи нивното творештво и онака е од големо културно значење не само во Македонија, туку и во поширокиот балкански контекст.

Поради оваа причина, секој факт и мислење презентиран во филмот „ МАНАКИ – ПРИКАЗНА ВО СЛИКИ се внимателно истражени и потврдени со презентирани артефакти. Приказната се раскажува преку оригинални документарни фотографии следејќи ја нивната работата  од отворањето на  првото професионално студио во 1898 година во Јанина  и подоцнежното селење во Битола, сега познат како град на браќата Манаки.

 

МЕСЕЦ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ

6 МАРТ (СРЕДА), 18:00 ч.

29 МАРТ (ПЕТОК), 20:00 ч.

СИТЕ ЗНААТ

(Todos lo saben/Everybody Knows)

Игран филм, Шпанија, Франција, Италија

2018, 132 мин., колор, ДСП

Режија: Асгар Фархади (Asghar Farhadi)

Сценарио: Асгар Фархади (Asghar Farhadi)

Улоги: Пенелопе Круз, Хавиер Бардем, Барбара Лени, Рикарди Дарин, Инма Куеста (Penélope Cruz, Javier Bardem, Bárbara Lennie, Ricardo Darín, Inma Cuesta)

Лаура и нејзините деца патуваат од Буенос Аирес, Аргентина, до едно лозје во нејзиното родно село во Шпанија, за да присуствуваат на венчавката на нејзината сестра. Низа неочекувани настани го водат овој свечен собир кон криза, која го разоткрива скриеното минато на семејството.

СИТЕ ЗНААТ е психолошки трилер и ја имаше премиерата минатата година во Кан, а учествуваше и беше наградуван на фестивалите во Карлови Вари, Минхен, Сараево, Торонто, Ванкувер, Сан Диего, Чикаго… Сценаристот и режисер Фархади е едно од најпознатите имиња на иранската кинематографија и изминатава деценија на двапати доби Оскар за најдобар странски филм, за РАСКИН (Jodaeiye Nader az Simin / A Separation) и ТРГОВЕЦОТ ( Forushande / The Salesman) во 2016. Фархади не само што е првиот ирански режисер што добил Оскар туку е и еден од ретките автори кои два пати ја освоиле оваа престижна награда, како Акира Куросава и Рене Клеман.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница: 100 денари

 

ВЕЧЕРИ НА ЖЕНСКИ ПРАВА

6 МАРТ (СРЕДА), 20:30 ч.

ТАА ЗАПОЧНА

(She Started It)

Документарен филм, САД

2013, 84 мин., колор, ДСП

Режија: Нора Поги, Инсија Саед (Nora Poggi, Insiyah Saeed)

ТАА ЗАПОЧНА е долгометражен документарец за жените-претприемачи во високата технологија, снимен на локации во Силиконската Долина, Мисисипи и Њујорк во САД, Европа, Виетнам и во други земји. ТАА ЗАПОЧНА е прв филм кој ја прикажува позадината како младите жени  започнуваат бизнис во високоразвиените технологии.

Филмот следи пет млади жени во период од две години и начинот на кој тие ги градат нивните компаниски тимови, развиваат проекти на пазарот, како пропаѓаат во бизнисот, но и како повторно се креваат…

Возрасна категорија: Сите возрасти

 

МЕСЕЦ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ

7 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.

18 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

ТЕРМИНАЛ

(Terminal)

Игран филм, САД

2018, 95 мин., колор, ДСП

Режија: Вог Стејн (Vaughn Stein)

Сценарио: Вог Стејн (Vaughn Stein)

Улоги: Маргот Роби, Сајмон Пег, Декстер Флечер (Margot Robbie, Simon Pegg, Dexter Fletcher)

Двајца платени убијци одлучуваат да прифатат високоризична мисија од анонимен нарачател кој е подготвен многу богато да ги награди.
Во меѓувреме, тие се среќаваат со мистериозна дама која е вмешана во нивната работа многу повеќе отколку што тие се надеваат…

ТЕРМИНАЛ во освртите на филмските критичари е потенциран како филм што нема да ве остави рамнодушни, добивајќи високи оценки, пред сè, заради неговиот супериорен визуелен стил.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница:  100 денари

 

ВЕЧЕРИ НА ЖЕНСКИ ПРАВА

7 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

КОД – ОТСТРАНУВАЊЕ НА РОДОВИОТ ЈАЗ 

(CODE – Debugging the Gender Gap)

Документарен филм, САД

2015, 80 мин., колор, ДСП

Режија: Робин Хаузер Рејнолдс (Robin Hauser Reynolds)

Жените и девојките од светот на информатичките технологии дискутираат за недостатокот на разновидност и родова еднаквост во индустријата и стратегиите за промена на оваа ситуација.

Работните места во информатичката индустрија се зголемуваат трипати побрзо отколку што американските колеџи произведуваат дипломци по компјутерски науки. До 2020 година ќе има еден милион незавршени програми за софтверско инженерство во САД. Преку бројни интервјуа, уметничка анимација и досетливи поенти од популарната култура, документарецот КОД ги испитува причините зошто многу девојки и луѓе што не се белци не бараат можности во компјутерските науки и истражува како културните размислувања, стереотипите, образовните пречки и сексизмот играат улоги во оваа криза од национални размери. Ставовите на експертите од сферите на технологијата, психологијата, науката и образованието се придружени со инспиративни приказни за жените кои се ангажирани во борбата за предизвик во технолошката индустрија и ги слушаат нивните гласови. КОД има за цел да ги поттикне промените во менталитетот, во образовниот систем, во започнувањето сопствен бизнис и во начинот на кој жените се гледаат себеси на тоа поле.

Возрасна категорија: Сите возрасти

 

СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ

8 МАРТ (ПЕТОК), 20:00 ч.

РУИЧИ САКАМОТО: КОДА
(Ryuichi Sakamoto: Coda)

Документарен филм, САД/Јапонија

2017, 100 мин., колор, ДСП

Режија: Стивен Номура Шибле (Stephen Nomura Schible)

Руичи Сакамото е познат како сестран уметник и неговите достигнувања во музиката се светски познати, почнувајќи од поп-изданијата и соработките со уметници како Дејвид Силвијан, Бил Ласвел, Иги Поп, Лори Андерсон, Хектор Зазу, па сè до бројните филмски проекти, како СРЕЌЕН БОЖИЌ, Г. ЛОРЕНС, серијата филмови во соработка со реномираниот режисер Бернардо Бертолучи ‒ ПОСЛЕДНИОТ КИНЕСКИ ЦАР, ЧАЈ ВО САХАРА и МАЛИОТ БУДА. Неодамна тој беше актуелен и со музиката за филмот на Алехандро Инариту ПОВРАТНИКОТ,  со Леонардо ди Каприо кој доби Оскар за својата улога.

Филмот КОДА не е обичен портрет на овој уметник. Колку е Сакамото познат по својата музика, толку е познат и како активист. Бројни се неговите активности за борба против корупција и заштита на околината, како и хуманитарните концерти и проекти. Тој е познат како организатор или поддржувач на бројни протести во Јапонија и САД од најразлична природа – од политичка корупција и човечки слободи па сè до заштита на животната средина. Тој е предводник на протестите за затворање на нуклеарните централи во Јапонија и е организатор на концерти во поддршка на овие напори, познати како No Nukes. Познати се и неговите изданија за поддршка на чистење на светот од нагазни мини како Zero Land Mine и World Citizen. Исто така, овој филм ја слави и креативноста и дава увид во неговиот креативен процес додека работи, во неговото студио во Њујорк или додека патува ширум светот. Истовремено, филмот ја прикажува и неговата борба со ракот на грлото додека се снимал овој филм.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ

8 МАРТ (ПЕТОК), 22:00 ч.

СТУДИОТО ХАНСА, КРАЈ ЅИДОТ 1976-90

(Hansa Studios: By The Wall 1976-90)

Документарен филм, Велика Британија/Италија

2018, 90 мин., колор, ДСП

Режија: Мајк Кристи (Mike Christie)

Филмот СТУДИОТО ХАНСА: КРАЈ ЅИДОТ 1976-90 беше премиерно прикажан на „Скај Артс“ на 10 јануари оваа година, т.е. на годишнината од смртта на Дејвид Боуви. Студиото Ханса во Берлин некогаш било познато како „локација на работ на западната цивилизација“ бидејќи се наоѓало крај самиот Берлински ѕид во времето на Студената војна во поделениот Берлин. Ова студио изнедрило многу изданија и приказни – тука Боуви ги снимил изданијата „Low“ и „Heroes“ од познатата „берлинска фаза,“ Иги Поп ги снимил „The Idiot“ и „Lust for Life“.

По успесите на овие изданија, студиото се здобило со светска репутација за потоа да следат многу изданија, меѓу кои и култните на Nick Cave and the Bad Seeds, Depeche Mode, Einsturzende Neubauten, REM и U2, кои тука го снимија антологискиот „Achtung Baby“. Филмот за Ханса ги обединува сите овие приказни со главните протагонисти кои раскажуваат детали за работата на ова легендарно место.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ

9 МАРТ (САБОТА), 20:00 ч.

БИЛ ЕВАНС: СЕЌАВАЊЕ НА ЕДНО ВРЕМЕ
(Bill Evans
: Time Remembered)

Документарен филм, САД

2015, 84 мин., колор, ДСП

Режија: Брус Шпигел (Bruce Spiegel)

Филмот СЕЌАВАЊЕ НА ЕДНО ВРЕМЕ ја раскажува животната приказна за турбулентниот живот на Бил Еванс и неговиот придонес за џез-музиката. Филмот е самофинансиран од продуцентот кој во период од 7 години патувал и интервјуирал околу 40 луѓе, меѓу кои се познати музичари како Џек Дежонет, Пол Моушан, Тони Бенет, Џон Хендрикс…
Бил Еванс е синоним за џез-пијано и е една од иконите на џез музиката. Бил поранешен член на најпопуларниот состав на Мајлс Дејвис, секстетот со којшто Мајлс го снимил антологискиот Kind of Blue, а неговата кариера е исполнета со брилијантни џез-изданија, но зависноста од дрога довела до негов крај. Филмот изобилува со ретки снимки од настапи и широк опсег на историски информации за оваа џез-легенда.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

СКОПЈЕ СИНЕМА СИТИ

9 МАРТ (САБОТА), 22:00 ч.

БУЕНА ВИСТА СОУШЛ КЛАБ, АДИОС
(Buena Vista Social Club: Adios)

Документарен филм, Велика Британија

2017, 110 мин., колор, ДСП

Режија: Луси Вокер (Lucy Walker)

БУЕНА ВИСТА СОУШЛ КЛАБ, АДИОСе продолжение на популарниот документарен филм на Вим Вендерс, овој пат во режија на Луси Вокер. БУЕНА ВИСТА СОУШЛ КЛАБ, АДИОС ја раскажува целата приказна за овој проект, како од успешен албум и успешен документарен филм прераснал во глобален феномен, притоа раскажувајќи ги животните приказни на членовите на оваа група по постигнатиот светски успех и нивните кариери.

Возрасна категорија: 14 години

Влезница: 100 денари

 

11 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

МИСИЈА КАТМАНДУ

(Mission Kathmandou: The Adventures of Nelly & Simon)

Игран филм, Канада

2017, 84 мин., колор, ДСП

Режија: Пјер Греко, Ненси Флоренс Савар (Pierre Greco, Nancy Florence Savard)

Сценарио: Пјер Греко, Ненси Флоренс Савар (Pierre Greco, Nancy Florence Savard)

Улоги: Силви Моро, Гијом Лемај-Тивиерж, Рашид Бадури (Sylvie Moreau, Guillaume Lemay-Thivierge, Rachid Badouri)

Со помош на амбициозниот филантроп, интуитивниот, но неорганизиран детектив и неговиот опсесивен асистент-истражувач, започнува дивата авантура. Тие се одлучни да го докажат постоењето на страшниот снежен човек – Јети.

Возрасна категорија: Сите возрасти

Влезница:  50 ден.

 

ОМАЖ НА БРУНО ГАНЦ

11 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 20:00 ч.

16 МАРТ (САБОТА), 20:00 ч.

30 МАРТ (САБОТА), 20:00 ч.

КУЌАТА ШТО ЈА ИЗГРАДИ ЏЕК

(The House That Jack Built)

Игран филм, САД

2018 г., 155 мин., колор, ДСП

Режија: Ларс фон Трир (Lars von Trier)

Сценарио: Ларс фон Трир (Lars von Trier)

Улоги: Мет Дилон, Ума Турман, Бруно Ганц, Сиобан Фалон Хоган, Софи Гребол,Рајли Кио, Џереми Дејвис (Matt Dillon, Uma Thurman, Bruno Ganz, Siobhan Fallon Hogan, Sofie Gråbøl, Riley Keough, Jeremy Davies)

САД во 1970-тите години. Го следиме високоинтелигентниот Џек во временски период од 12 години и ги запознаваме убиствата што го дефинираат развојот на Џек како сериски убиец.

Приказната ја доживуваме од гледна точка на Џек, додека тој ни го пренесува секое убиство како уметничко дело само по себе. Како што се ближи неизбежната полициска интервенција, тој зема сѐ поголеми ризици во неговиот обид да го создаде врвното уметничко дело. По пат ги доживуваме описите на Џек за неговата лична состојба, проблемите и мислите преку постојаните разговори со непознатиот Верџ – гротескна мешавина од надмудрување и речиси детско самосожалување и психопатски објаснувања. КУЌАТА ШТО ЈА ИЗГРАДИ ЏЕК е мрачна и зла приказна, која сепак е пренесена преку една филозофска и повремено хумористична приказна.

КУЌАТА ШТО ЈА ИЗГРАДИ ЏЕК е уште еден шокантен филм во низата на контроверзниот автор Ларс фон Трир. Неодамна починатиот актер Бруно Ганц своите последни филмски улоги ги оствари во КУЌАТА ШТО ЈА ИЗГРАДИ ЏЕК на Ларс фон Трир и  СВЕДОК на Митко Панов, како и во најновиот филм на Теренс Малик, кој сè уште е во постпродукција.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница:  100 денари

 

12 МАРТ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

МУЗИКАТА ВО МАКЕДОНСКИОТ ФИЛМ: ОД „ФРОСИНА“ ДО „ЛАЗАР НА АЛЕКСАНДАР ТРАЈКОВСКИ

Промоција на книга во издание на Кинотеката на Македонија

 

МЕСЕЦ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ

13 МАРТ (СРЕДА), 18:00 ч.

30 МАРТ (САБОТА), 18:00 ч.  

ПОМОШ, ГИ СМАЛИВ РОДИТЕЛИТЕ

(Hilfe, ich hab meine Eltern geschrumpft/Help, I Shrunk my parents)

Игран филм, Германија

2018, 93 мин., колор, ДСП

Режија: Тим Трагесер (Tim Trageser)

Сценарио: Герит Херманс (Gerrit Hermans)

Улоги: Оскар Кејмер, Лина Хескер, Ања Кинг (Oskar Keymer, Lina Hüesker, Anja Kling)

Училиштето Феликс повторно е опседнато, само овој пат тоа не е добронамерниот дух на основачот на училиштето Ото Леонард и непријатноста што ја предизвика, туку омразениот и одамна мртов директор Хулда Стингбеард. Феликс, Ела и нивната банда мораат да ги постават лостовите во движење за да го спасат училиштето и повторно да го вратат д-р Шмит-Гесененвејн и неговите родители во нивната оригинална големина.

Возрасна категорија: Сите возрасти
Влезница:  50 ден.

 

13 МАРТ (СРЕДА), 20:00 ч.

ЏУЛИЕТ, ИСКРЕНО

(Juliet, Naked)

Игран филм, САД/Велика Британија

2019, 97 мин., колор, ДСП

Режија: Џеси Перец (Jesse Peretz)

Сценарио: Евгенија Перец (Evgenia Peretz)

Улоги: Крис Одоуд, Итан Хоук, Роуз Брн (Chris O’Dowd, Ethan Hawke, Rose Byrne)

Џулиет е заглавена во долгогодишна врска со Данкан, кој е опседнат со рокерот Такер Кроу. Кога акустичната демо-снимка од пред 25 години ќе излезе во јавност, почнуваат да се случуваат големи промени во животот на рокерот. ЏУЛИЕТ, ИСКРЕНО  имаше премиера на фестивалот на независни филмови Санденс во САД и е снимен според романот „Џулиет“ на Ник Хорнби, комична приказна за втората шанса во животот.

Ник Хорнби е еден од најпопуларните британски писатели на денешнината, чии романи „Хај фиделити“, „Сè за момчето“, „Стадионска грозница“, „Долг пат до дното“ и други се бестселери и според нив се снимени успешни кино-хитови со познати актерски ѕвезди.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница:  100 денари

 

МЕСЕЦ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ

14 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ГЕРМАНИЈА

(Willkommen bei den Hartmanns/ Welcome to Germany)

Игран филм, Германија

2016, 116 мин., колор, ДСП

Режија: Симон Верховен (Simon Verhoeven)

Сценарио: Симон Верховен (Simon Verhoeven)

Улоги: Сента Бергер, Хајнер Лаутербах, Флоријан Давид Фиц (Senta Berger, Heiner Lauterbach, Florian David Fitz)

Неодамна пензионираната професорка Ангелика, и покрај скептичниот став на нејзиниот сопруг Ричард, одлучува тие да посвојат бегалец. Набргу младиот Нигериец Диало се вселува во домот на добростоечката фамилија Хартман и настануваат голем број на компликации. Овие компликации не само што го нарушуваат животот на нивните деца Филип и Софи, туку и создаваат пречки во брачните односи помеѓу нив двајца. И покрај целиот хаос, семејството се надева дека ќе се врати стабилноста, довербата и мирот меѓу нив како и во околината.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ ВО ГЕРМАНИЈА имаше одличен прием кај филмската публика во Германија и забележа приход од 20 милиони евра. Режисерот Симон Верховен потекнува од уметничко семејство: мајка му Сента Бергер (Senta Berger) е позната актерка, а татко му Михаел Верховен (Michael Verhoeven) е филмски режисер препознатлив по дела со антивоен и  политички ангажман.

Возрасна категорија: Сите возрасти

Влезница:  50 ден.

 

ФИЛМ ПО ИЗБОР НА ГЕТЕ ИНСТИТУТ

14 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

ШТО ОСТАНУВА

(Was bleibt)

Игран филм, Германија

2012, 88 мин., колор, 35 мм/ДСП

Режија: Ханс-Кристијан Шмид (Hans-Christian Schmid)

Сценарио: Бернд Ланге (Bernd Lange)

Улоги: Ларс Ајдингер, Егон Мертен, Ева Мекбах (Lars Eidinger, Egon Merten, Eva Meckbach)

Семеен свет кој е здрав на површината, продолжен викенд во лето – а потоа ништо нема да биде исто како што било порано. Гинтер и Гите живеат во луксузна куќа во зеленило и со нетрпение ја очекуваат посетата на нивниот син Марко, кој од Берлин го носи и внукот Цови.

Нешто се променило кај децата: Марко можеби се наоѓа на почетокот на кариерата како писател; неговиот брат Јакоб има современа стоматолошка ординација. Сè изгледа правилно и сигурно – сè додека Гите, која долги години страда од депресија, вели дека е излекувана и престанува да ги зема лековите. Поради ова, интересите на другите се загрозени, фасадите на наводно здравото семејство се распаѓаат, а бабата исчезнува…

ШТО ОСТАНУВА беше дел од натпреварувачката конкуренција на 62 Берлинале во 2012 година.

Возрасна категорија: 12 години

 

ОМАЖ НА БРУНО ГАНЦ

15 МАРТ (ПЕТОК), 18:00 ч.

16 МАРТ (САБОТА), 18:00 ч.

СВЕДОК

(I Witness)

Игран филм, Македонија/Швајцарија/Ирска

2018, 115 мин., колор, ДСП

Режија: Митко Панов

Сценарио: Митко Панов, Владислав Пасиковски (Wladyslaw Pasikowski)

Улоги: Бруно Ганц, Наташа Петровиќ, Падек Дилејни (Bruno Ganz, Natasha Petrovic, Pádraic Delaney)

СВЕДОК е акциона драма за еден помлад истражител од Хашкиот воен трибунал, полн со ентузијазам, кој е во потрага по правдата. Апсењето на Генералот Миро Антиќ става крај на потерата долга една деценија која постојано ги фрустрираше неговите гонители од Западот и оставаше да гние едно од најкрвавите поглавја во поновата историја на Европа.

Тој e обвинет од страна на Трибуналот за воени злосторства на ОН по обвиненијата за геноцид и злосторства против човештвото, но кога претставник од Хаг доаѓа во потрага по клучниот сведок, Никола Радин, познат како Генералот, почнуваат проблемите. Излегувањето од дивината не е лесно затоа што локалните жители не сакаат Генералот да сведочи против Антиќ,  кој тие го доживуваат како нивен национален херој.Крвавата потера ќе му даде животна лекција на младиот претставник кој ќе сфати дека постојат многу повеќе нијанси од она што тој сметал дека е „црно и бело“.

Возрасна категорија: 12 години

Влезница:  50 ден.

 

15 МАРТ (ПЕТОК), 20:00 ч.

ЕЈ

(Hey)

Игран филм, Македонија

2018, 90 мин., колор, ДСП

Режија: Васил Христов-Вуси

Сценарио: Васил Христов-Вуси, Оливер Митковски, Николина Кујача

Улоги: Оливер Митковски, Николина Кујача, Јордан Симонов, Кирил Коруновски, Игор Ангелов, Александар Микиќ

За време на една ноќна забава, група пријатели имаат спиритуална сеанса. На шега се обидуваат да стапат во контакт со духот на Александар Велики. Меѓутоа, наместо духот на античкиот лидер, меѓу нив се материјализира вистинскиот премиер на Македонија. Набрзо, низ целиот свет се шири веста за исчезнувањето на македонскиот шеф на владата. Светските медиуми пренесуваат дека исчезнал од спалната соба, каде што спиел до неговата сопруга. Земјата е во состојба на готовс. Преку ноќ, групата пријатели без намера стануваат грабнувачи на премиерот, а тој нивни несакан заложник.

„ЕЈ“ беше снимен пред 10 години, а неговата реализација не можеше да биде комплетирана заради темата. Премиерата ја имаше дури минатата година на скопскиот фестивал „Синедејс“.

Возрасна категорија: 16 години

Влезница:  50 ден.

 

МЕСЕЦ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ

18 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

СОСЕДСТВОТО НА ЏО

(Un p’tit gars de Ménilmontant/Jo’s Neighborhood)

Игран филм, Франција

2013, 92 мин., колор, ДСП

Режија: Алан Миние (Alain Minier)

Сценарио: Алан Миние (Alain Minier)

Улоги: Оливие Маршал, Смаен, Катрин Маршал (Olivier Marchal, Smaïn, Catherine Marchal)

После 15 години поминати во затвор, Џо се враќа во старото маало, збир од скапи недвижнини во париското предградие. Неговото маало е целосно сменето, нови банди и нови правила сега владеат со ова место. Џо тешко се справува со овие промени, посебно откако ќе дознае дека жената што ја сакаше сега е мајка на 14-годишно момче. Џо мора да се справи со сенките од минатото.
Возрасна категорија: 12 години
Влезница:  50 ден.

 

19 МАРТ (ВТОРНИК), 19 ч.

ЕУРОПА ПАНОРАМА: ДЕНОВИ НА НОРДИСКИ ФИЛМ  

 

20 МАРТ (СРЕДА), 19 ч.

ЕУРОПА ПАНОРАМА: ДЕНОВИ НА НОРДИСКИ ФИЛМ

 

21 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 12 ч.

ПРОМОЦИЈА НА ДВД ИЗДАНИЕТО НА КИНОТЕКАТА НА МАКЕДОНИЈА СО ДИГИТАЛНО РЕСТАВРИРАНИТЕ ФИЛМОВИ НА КИРИЛ ЦЕНЕВСКИ

 

21 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 19 ч.

ЕУРОПА ПАНОРАМА: ДЕНОВИ НА НОРДИСКИ ФИЛМ

 

22 МАРТ (ПЕТОК), 18:00 ч.

ЦРНО СЕМЕ

(Black Seed)

Игран филм, Македонија

1971, 89 мин., колор, ДСП

Режија: Кирил Ценевски

Сценарио: Кирил Ценевски, Ташко Георгиевски

Улоги: Ацо Јовановски, Дарко Дамевски, Мите Грозданов, Павле Вуисиќ, Ристо Шишков, Воја Мириќ

За време на Граѓанската војна во Грција, 1946 година, припадници на кралската грчка војска, во чиј состав влегуваат и Македонците од Егејска Македонија, под обвинение дека се комунисти и непријатели на кралска Грција, се казнуваат со упатување во логор на пуст остров. Поради своите убедувања и етничкото потекло, некои од нив ги совладуваат сите тешкотии, задржувајќи го своето човечко достоинство. Други, пак, не успеваат во тоа, и наместо очекуваниот спас, доживуваат целосен морален пад.

Централни личности се Андон Совичанов, Парис и Христос, кои, секој за себе, претставуваат индивидуална комплексност на самосвоен лик, што е видливо преку страдањата низ кои минуваат и кои ги означуваат разните димензии на човековиот отпор. Голготата започнува со одземањето на оружјето на Македонците од Егејска Македонија, припадници на кралската војска, и со нивно депортирање, најпрвин во воен затвор каде што ги сослушуваат, а потоа, натоварени на брод во тешки и сурови услови, ги носат на пуст и карпест остров. На островот нема вода, така што нудењето и поткупувањето со вода е еден од методите за кршење и уривање на достоинството на жедните затвореници, при што од нив се бара да потпишат изјава за лојалност кон кралот и готовност за откажување од Организацијата.

Влезница:  50 ден.

 

22 МАРТ (ПЕТОК), 20:00 ч.

ЈАД

(Anguish)

Игран филм, Македонија

1975, 119 мин., колор, ДСП

Режија: Кирил Ценевски

Сценарио: Кирил Ценевски

Улоги: Дарко Дамевски, Фабијан Шоваговиќ, Марга Потоцка, Нада Гешовска, Олег Видов, Сабина Ајрула-Тозија, Танасие Узуновиќ

Крај на XI-от век. Охрид, Византија. Силен духовен отпор на словенското население кон византиската власт и христијанската догма, искажан преку ересот на богомилското движење и автентичната самобитност на народот. Прогони, анатеми, убиства, чуми, несреќи… вител во кој ја следиме судбината на семејството на Аврам, како вековен симбол на човековото опстојување на балканските крстопати. Во селото на Аврам владее епидемија на големи сипаници. Сите болни ги фрлаат во вар. Аврам сè уште нема наследник, а тоа неизмерно го посакува. Ноќе, кога селаните изведуваат во шумата ритуали за изгонување на болестите и кажуваат молитви упатени кон природата, Аврам ја забележува младата и убава Далија со која посакува да има син. Правото на старешина тоа му го дозволува. Во исто време и жената на Аврам упатува паганска молитва кон Сонцето за да ја оплоди нејзината утроба. Се раѓаат два сина. Едниот, Вардан, и неговата мајка Далија се сместени во манастир, а другиот, Гаврил, ја има сета таткова љубов. Момчињата израснуваат и се запознаваат на еден црковен празник, кога Аврам со семејството и селаните доаѓаат во манастирот…

Влезница:  50 ден.

 

23 МАРТ (САБОТА), 18:00 ч.

ОЛОВНА БРИГАДА

(Lead brigade)

Игран филм, Македонија

1980, 115 мин., колор, 35 мм

Режија: Кирил Ценевски

Сценарио: Кирил Ценевски

Улоги: Ацо Јовановски, Благоја Спиркоски-Џумерко, Данчо Чевревски, Дарко Дамевски, Илија Џувалековски, Коле Ангеловски, Миља Вујановиќ, Миралем Зупчевиќ, Павле Вуисиќ

Зима во една рударска населба. Во рудникот работата се одвива според вообичаениот ритам. Во окното, заедно со рударите, се симнува и инженерот Лазар. Рударот со прекар Мајор ги распоредува двојките за работа. Злокобното завивање на сирената ја прекинува работата во рудникот. Рударот Шило алармира кај рударите за тројцата завеани рудари кои, доаѓајки на работа од околните села, останале заглавени во снежните наноси. Сите рудари се подготвени да помогнат. Во возилото на рудникот седнува инженерот Лазар и тргнува во потрага. За еден од рударите помошта пристигнува предоцна.

Едно од окната во рудникот е забрането за работа. Во него е наоѓалиштето на талиумовите минерали, потребни за извршување на експериментите со соларна енергија. Инженерот Лазар е млад и принципиелен човек кој ги застапува интересите на рударите. Во Дирекцијата на рудникот тој зборува за несоодветните работни услови на рударите и за малиот паричен надоместок што тие го добиваат. Неговите забелешки не ги засегнуваат присутните, а особено не директорот на рудникот. Во посета на инженерот пристигнува неговата сопруга, која живее во друг град. Нивниот брак нема перспектива. Поради постојаните недоразбирања, Лазар инсистира неговата сопруга веднаш да замине од неговата соба во рударскиот хотел. Како да претчувствува дека причината за нејзиното доаѓање е интересот за ретките минерали со кои таа тргува…

Влезница:  50 ден.

 

23 МАРТ (САБОТА), 20:00 ч.

ЈАЗОЛ

(Knot)

Игран филм, Македонија

1985, 117 мин., колор, 35 мм

Режија: Кирил Ценевски

Сценарио: Славко Јаневски

Улоги: Лазар Ристовски, Ацо Јовановски, Кирил Ристовски, Костадинка Велковска, Петар Арсовски

Дејството на филмот се случува во март 1943 година, кога според планот на геноцидното однесување кон Евреите беа транспортирани и Евреите од Скопје… Хирургот Никола, кому му е одземена дозволата за работа од страна на бугарската окупаторска власт, ги минува долгите монотони вечерни часови во хотелскиот бар. Гости во барот се германските офицери, како и бугарскиот началник Симеонов. Офицерите се забавуваат играјќи руски рулет, кој се разликува од изворната варијанта по тоа што германските офицери стрелаат во главата на затвореникот Симеон, човек од илегалата и познајник на Никола…

Еден од луѓето на Партијата, кој честопати доаѓа во градот за да одржува врски и да пренесува директиви, е Јанко Подгорник. Тој се претставува како деловен човек и отседнува во хотелот. Но, бугарската полиција го открива и тој ранет успева да побегне. Така повреден се поврзува со Симеон, кој бара помош од Никола. Постојано пијан и политички неопределен, Никола се колеба, но сепак му помага на повредениот и му го вади куршумот од ногата на која ѝ се заканува гангрена… Во празниот дом на хирургот Никола го пречекува неговата поранешна девојка Марија. Врската со неа му носи немир, таа бара докази за неговата љубов и притоа пројавува љубомора кон поранешната соработничка на Никола, медицинската сестра Дора, која е Еврејка…

Влезница:  50 ден.

 

25 МАРТ (ПОНЕДЕЛНИК), 18:00 ч.

28 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 20:00 ч.

ДЕВОЈКАТА ВО ПАЈАКОВА МРЕЖА

(The Girl In The Spider’s Web)

Игран филм, Велика Британија/Германија/ Шведска/Канада/САД

2018, 117 мин., колор, ДСП

Режија: Фед Алварез (Fede Alvarez)

Сценарио: Дејвид Лагеркранц(David Lagercrantz)

Улоги: Клер Фој, Бо Гадсдон, Сверир Гуднасон (Claire Foy, Beau Gadsdon, Sverrir Gudnason)

Филмот е заснован на ликовите од познатата книжевна трилогија на шведскиот писател Стиг Ларсон. ДЕВОЈКАТА ВО ПАЈАКОВА МРЕЖА е сиквел на ДЕВОЈКАТА СО ТЕТОВАЖА НА ЗМЕЈ (The Girl with the Dragon Tattoo) на Дејвид Финчер (David Fincher).

Младиот компјутерски хакер Лисбет Саландер и новинарот Микаел Бломквист ќе се најдат фатени во мрежа на шпиони, сајбер криминалци и корумпирани владини претставници.Во Стокхолм, Шведска, хакерот Лисбет Саландер е ангажиран од компјутерскиот програмер Франс Балдер за креирање програма со која може да пристапи до светските нуклеарни кодови кои ги развил за Агенцијата за национална безбедност. Лизбет успешно го презема Firefall од серверите на Националната агенција за безбедност, привлекувајќи го вниманието на агентот Едвин Нидам, но не е во можност да ја отклучи, а програмата подоцна и е украдена од страна на платеници предводени од Јан Холцер, кој исто така се обидува да ја убие Лисбет. Кога таа не присуствува на нивната закажана средба, Балдер погрешно верува дека Лизбет одлучила да ја задржи Firefall за себе и го контактира Габриеле Гране, заменик-директор на Шведската безбедносна служба (Säpo), кој го преместува Балдер и неговиот млад син Август во безбедна куќа…

Возрасна категорија: 14 години

Влезница:  100 ден.

 

МЕСЕЦ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ

26 МАРТ (ВТОРНИК), 18:00 ч.

МЕРСИ СТРИТ

(Mercy Street)

Анимиран филм, Романија

2016, 74 мин., колор, ДСП

Режија: Александру Бузеа, Стефан Бузеа (Alexandru Buzea, Stefan Buzea)

MERCY STREET (Улица на милосрдието) е долгометражен аниминиран филм за пријателството, за пожртвуваноста, за храброста и – последно но не и најмалку важно – за љубовта. MERCY STREET е приказна за едно десетгодишно дете, Лоренц, кое открива таен премин во еден таен свет под оној реалниот. Свет кој ќе го однесе во една голема авантура со цел да ја спаси музиката во светот. За Лоренц, кој е израснат само од неговиот татко, патувањето во шумата се претвора во една неверојатна авантура низ тајниот свет Хавала, каде тој го открива злобниот план на Маркус. Маркус е сопственик на рударска компанија каде што неговиот татко работи како инженер. Меѓутоа, Маркус е злобен гениј кој има идеја да ја украде музиката од нашиот (реален) свет и да ја претвори во огромен извор на енергија со кој ќе проба да стигне да ја создаде бесмртноста.

Возрасна категорија: Сите возрасти

Влезница:  50 ден.

 

МЕСЕЦ НА ЕВРОПСКИ ФИЛМ

26 МАРТ (ВТОРНИК), 20:00 ч.

МИЛЕНИЧИЊА

(Domestic)

Игран филм, Романија/Германија

2012, 82 мин., колор ДСП

Режија: Адријан Ситару (Adrian Sitaru)

Сценарио: Адријан Ситару (Adrian Sitaru)

Улоги: Адриан Титиени, Георге Ифрим, Јоана Флора (Adrian Titieni, Gheorghe Ifrim, Ioana Flora)

Црна комедија за односот на луѓето кон животните и домашните миленици. Во една романска зграда паралелно се одвиваат повеќе „драми“ околу судбината на домашните миленичиња – еден пес, еден зајак, еден гулаб, една мачка и една кокошка. Во едно семејство миленичето е разгалено, во друго семејство на миленичето му подготвуваат божиќен лонец, во трето семејствосе преговара околу судбината на миленичето. Заедно со судбината на миленичињата, на дневен ред во домашните разговори и расправии се и светогледите и ставовите на луѓето во врска со времето во кое живеат.

Режисерот Адриан Ситару ја доби главната награда на фестивалот Астерфест во Струмица во 2010 година за краткиот филм КАФЕЗ (Colivia/The Cage).

Возрасна категорија: 16 години

Влезница:  50 ден.

 

ФРАНЦУСКИ ИНСТИТУТ

27 МАРТ (СРЕДА), 12:00 ч.

СРЕДБА СО ЈОРДАН ПЛЕВНЕШ, ПИСАТЕЛ И РЕКТОР НА УНИВЕРЗИТЕТОТ ЗА АУДИОВИЗУЕЛНИ УМЕТНОСТИ ЕФТА И ПРЕЗЕНТАЦИЈА НА НЕГОВИОТ ФИЛМ ЗА НИКОЛА БУВИЕ

 

27 МАРТ (СРЕДА), 19:00 ч.

ТЕАТАРОТ СКУПИ

(The Theater of Skupi)

Документарен филм, Македонија

2019, 51 мин., колор, ДСП

Режија: Владимир Блажевски

ТЕАТАРОТ СКУПИ е научно-образовен филм што го документира комплетниот процес на обнова на римскиот театар, објект од национално, но и, пред сѐ, цивилизациско значење. Паралелно, се обработува и историјата на градот Скупи. Филмот не ги открива само тајните на амфитеатарот – тој нѐ воведува во археологијата како наука, а и во конзерваторството како занает.

ТЕАТАРОТ СКУПИ, поради колажното ткаење на сегментите, подразбира динамичност и допадливост во раскажувањето. Филмот ја следи работата на тимот од археолози и ги документира сите фази на проектот.Низ процесот, гледачот дознава за раните почетоци на настанувањето на градот, во новоосвоената Дарданија во времето на Тибериј, уште кога Скопје бил легионерска населба со име Colonia Flavia Scupiorum. Додека траат истражувања на римскиот театар, филмот прави осврт на делумно или целосно истражените делови на Скупи. Нарацијата на филмот e истакнато фактографска и научна, испреплетена со интервјуа на еминентни археолози, архитекти, историчари кои придонесуваат за зголемената автентичност и документарност на тоа што се гледа.

 

ФРАНЦУСКИ ИНСТИТУТ

28 МАРТ (ЧЕТВРТОК), 18:00 ч.

ВЕЧЕР ПОСВЕТЕНА НА НИКОЛА БУВИЕ СО ПРОЕКЦИЈА НА ФИЛМОТ „БУВОТ И КИТОТ“ НА ПАТРИЦИЈА ПЛАТНЕР

Филмот е омаж на Никола Бувие, на патеписната книжевност и на патувањата. Во 2019, Никола Бувие (март, 1929 – февруари 1998) би имал 90 години.Во период од педесет години овој француско-швајцарски писател го истражувал светот. Денес е репер за сите писатели патеписци и вљубениците во авантурата и културната размена со другиот.

Во 1953 година Бувие ја напушта Женева и се упатува кон Белград, од каде што заедно со својот пријател Тиери Верне тргнува на пат кон Македонија, Грција, Турција, Иран и Авганистан. Тие неколку недели двајцата пријатели престојуваат во Прилеп, во „еден мал град во Македонија кој се наоѓа западно од Вардарската долина опколен со планинските предели“ – од книгата „Употреба на светот“ (1963).

Признание на овој француско-швајцарски автор ќе му биде одадено во неколку градови во Македонија, во рамките на Празникот на франкофонијата во март 2019 чие одбележување оваа година ќе биде во знакот на книгата, патеписната книжевност, филмот, архитектурата, фотографијата и музиката. До надлежните институции ќе се достави предлог една улица во градот Прилеп да го носи името на Никола Бувие.

 

29 МАРТ (ПЕТОК), 18:00 ч.

30 МАРТ (САБОТА), 18:00 ч.

ЧОВЕК-ПАЈАК: НОВ СВЕТ

(Spider-Man: Into The Spider-Verse)

Анимиран филм, САД

2018, 117 мин., колор, ДСП

Режија: Боб Персикети, Питер Ремзи, Родни Ротман (Bob Persichetti, Peter Ramsey, Rodney Rothman)

Станува збор за светот на новиот Спајдермен и сосема друга приказна која ќе нè натера да се преиспитаме за сè што знаеме досега за најпознатиот човек-пајак во светот…

Возрасна категорија: Сите возрасти

Влезница:  100 ден.

 

3 comments

Leave a comment