ПРОГРАМА АПРИЛ 2024

КИНОТЕЧНИОТ „ЗЛАТЕН ОБЈЕКТИВ“ ЗА 2024 ГОДИНА – ОДИ КАЈ СТОЛЕ ПОПОВ

Дојде и периодот од годината кога Кинотеката го одбележува својот роденден, односно датумот кога во „Службен весник“ е објавен Законот за формирање на Кинотеката – на 29 април, во далечната 1974 година. И, иако Кинотеката формално започнува да работи со полн капацитет и со полна организациска структура дури две години потоа, во 1976 година, кога […]

(Интервју) Бојан Станишиќ, директор на Кинотека: Со поголема дистрибуција, македонскиот филм ќе се доближи до публиката

IN MEMORIAM ВЕЉКО БУЛАЈИЌ

(22. III. 1928 – 2. IV. 2024) Можеби најпознатиот и еден од наценетите југословенски филмски режисери, Вељко Булајиќ, е роден во 1928 година, во малото место Вилуси крај Никшиќ во Црна Гора. Неколку години подоцна, неговата фамилија се сели во Сараево. Во 1943 г. се придружува на партизанските чети во НОБ, а една година подоцна […]

Кинотеката е дел од проектот „ФилмЕД“ („FilmED”) – филмска едукација за сите

Кинотека на Р. Северна Македонија оваа година е дел од проектот „ФилмЕД“ (FilmED) кој има за цел да развива и имплементира тренинг програми за наставници и едукатори кои ќе стекнат знаење и пракса за спроведување на филмска едукација во наставни цели. Координатор на проектот „ФилмЕД“ е Гете-институтот во Прага, Чешка, а партнери во реализацијата на пректот, […]

ГРЧКИ ФИЛМСКИ ФЕСТИВАЛ 2024

РАСПОРЕД НА ПРОЕКЦИИ / PROGRAM SCHEDULE   Скопје, Кинотека на Северна Македонија/ Skopje, Cinematheque of North Macedonia   7ми април, 20:00 часот – ОТВОРАЊЕ / 7th of April, 20:00h – OPENNING „ТИШИНАТА НА РИБАТА ШТО УМИРА“ на Василис Кекатос / ГРЦИЈА, 2019 / 19мин. „НЕ БИ САКАЛ ДА СУМ НЕПРИСТОЕН, НО МОРАМЕ СЕРИОЗНО ДА РАЗГОВАРАМЕ“ […]

ВИШЕГРАДСКА ГРУПА В4 ФИЛМСКИ ВЕЧЕРИ ВО КИНОТЕКА

Во рамки на априлската филмска програма на Кинотеката ќе се одржи циклус филмови ВИШЕГРАДСКА ГРУПА В4 ФИЛМСКИ ВЕЧЕРИ, посветена на кинематографиите на Република Чешка, Република Полска, Република Словачка, и Република Унгарија кои се дел од Вишеградската група. Циклусот ќе започне на 5 април во 20 часот со проекцијата на комедијата ПРАЗНИ ШИШИЊА, во режија на Зденек Сверак, по што ќе следи проекцијата на филмот СТУДЕНА ВОЈНА на […]

ПРОГРАМА АПРИЛ 2024

3 АПРИЛ (СРЕДА) 18:00ч 10 АПРИЛ (СРЕДА) 18:00ч ИН МЕМОРИАМ: АБДУЛАХ СИДРАН СЕ СЕЌАВАШ ЛИ НА ДОЛИ БЕЛ (Sjećaš li se Dolly Bell) Игран филм, Босна и Херцеговина (СФРЈ) 1981 г., 110 мин., колор, 35 мм Режија: Емир Кустурица (Emir Kusturica) Сценарио: Емир Кустурица, Абдулах Сидран (Emir Kusturica, Abdulah Sidran) Улоги: Славко Штимац, Слободан Алигрудиќ, […]

РАЗЛИКИ КОИ НÈ ОБЕДИНУВААТ

Функцијата на уметноста е и тоа да создава визија на кохерентен, унифицирачки модел што мора да биде во основата на фрагментарните слики на настаните кои ни ги открива нашата свест, како и со процесите на социјализацијата и дистрибуцијата на филмот кои во нашата свест обликуваат нов „календар“ – тогаш тоа секако ни налага филмот да […]

НЕДЕЛА НА ФРАНКОФОНСКИ ФИЛМ

Недела на франкофонски филм во соработка со Амбасадите на земјите-членки на Меѓународната организација на франкофонијата и со Кинотеката. Оваа традиционална Недела на франкофонски филм ќе ви овозможи да ја откриете убавината на филмското творештво на франкофонските земји. Сите филмови се со превод на македонски јазик. За филмовите од нефранкофонското говорно подрачје обезбеден е и превод […]

КАТАЛОГ НА МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ